Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Клубот за специјална обука “Регрут“

Go down 
+14
BABUN
Macedonian Knight
Subzero
tose
Зоран
beowulf
shady3
Kire1993
Stamenov
Alvar
IgorM
Генерал
SIG
Momak od Gjorce
18 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 11, 12, 13  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty14/4/2013, 23:59

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 00:00

Клубот за специјална обука “Регрут“ организира основна воена обука

За сите кои не биле во војска а сакаат да поминат воена обука, но и за тие кои биле a сакаат да научат повеќе...

За сите со добра кондиција, но и за тие без кондиција...

За мажи, но и за жени...


Клубот за специјална обука “Регрут“, под раководство на генерал Стојанче Ангелов, организира основна воена обука и обука за ракување со пиштол.


Во пресрет на летото затегнете го Вашето тело, намалете ги масните наслаги, подобрете го Вашиот изглед, зголемете ги Вашите физички и ментални способности, зголемета ја Вашата самодоверба...

Доколку сте заинтересирани, разгледајте ги информациите за нашиот клуб и прочитајте ја нашата програма, во неа ќе најдете одговор на сите Ваши прашања.

КЛУБ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОБУКА “РЕГРУТ“

Вовед

Клубот за специјална обука Регрут е здружение на воени ветерани кои работат на унапредување и усовршување на борбените вештини на своите членови. Клубот своите права, должности и одговорности ги остварува во согласност со Уставот, законите и статутот.


Цели на клубот

Стекнување и развивање на борбена дисциплина
Стекнување и развивање на навики за точно и потполно извршување на команди и наредби
Стекнување, развивање и усовршување на индивидуалните борбени вештини
Стекнување и развивање на чувство за тимска и усогласена работа
Зголемување на храброста, самодовербата, довербата во останатите членови на клубот и навикнување на опасност

Активности на клубот

Изведување на строева обука
Организирање на обука за развој, одржување и усовршување на физичките способности
Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на напад и самоодбрана
Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на ракување со огнено оружје (пиштол, пушка, снајперска ловечка пушка)
Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на разни видови на индивидуални командоски техники

Членување во клубот

Член на клубот може да биде секое полнолетно лице кое гоприфаќа статутот на клубот.

Малолетно лице со наполнети 14 години може да се зачлени во клубот само доколку неговиот законски застапник (татко, мајка, старател) даде писмена изјава за согласност за зачленување.

Одлука за зачленување во клубот донесува претседателот на клубот попретходно пополнето писмено барање на кандидатот за членство во клубот.


П Р О Г Р А М А

за организирање и реализација на

ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013“

Вовед
Основната воена обука “Регрут 2013“ оваа сезона ќе се изведува само во Скопје.
Се состои од вежби за развој на физичките способности, вежби за напад и самоодбрана и вежби за стекнување на воени вештини.

Овие вежби ја зголемуваат мускулната маса и мускулната дефиниција, ги намалуваат масните наслаги и ги развиваат еластичноста, силата, експлозивната сила, издржливоста, брзината, прецизноста, координацијата и рамнотежата.

Содржина на обуката

Строева обука
Вежби за развивање на физичките способности
Техники на напад и самоодбрана
Основна обука за ракување со пиштол
Елементи на прецизно пукање
Индивидуални техники на совладување на простор
Техники на совладување на разни видови на препреки
Техники за навикнување на крв, вода, оган, височина, тесен и затворен простор
Вежби за развивање на чувство за тимска и усогласена работа
Обука за давање на прва помош

Пријавување

Сите заинтересирани кандидати треба најпрво добро да ја разгледаат оваа програма, а потоа да се пријават лично, во периодот од 15-ти до 19-ти април (од понеделник до петок), во 17.00 часот, пред стрелиштето Магнум кое се наоѓа во склоп на СРЦ Кале во Скопје.

Сите заинтересирани, без разлика дали ќе се зачленат или не, можат да присуствуваат на воведните предавања кои ќе започнат од понеделник, 15-ти април.

Подетални информации за основната обука може да се добијат на воведните предавања.

Информации околу технички прашања можат да се добијат на 078 368 813 или на меил generalangelov@yahoo.com

Пожелно е сите кандидати да го најават своето присуство во инбокс на фејсбук страната Генерал Стојанче Ангелов (https://www.facebook.com/general.stojance.angelov)


Времетраење

Основната воена обука “Регрут 2013“ ќе трае два месеци и тоа од 22 април до 21 јуни 2013 година. По потреба времетраењето на обуката може да се продолжи.


Термин за одржување и времетраење на тренинзите

Тренинзите ќе се одржуваат секој работен ден (од понеделник до петок) од 17.00 до 18.30 часот. По потреба тренинзите може да траат подолго.

Учесниците на обуката се должни да дојдат најмалку 15 минути пред почетокот на тренингот.


Место на изведување на тренинзите

Тренинзите ќе се одржуваат во Скопје, во близина на спортската сала Кале (на кејот од левата страна на реката Вардар), во парк-шумата Гази Баба, на Водно, на затвореното стрелиште Магнум, на отвореното стрелиште Камник и на неколку други локации.


Раководител и инструктори

Непосреден раководител и главен инструктор на основната воена обука “Регрут 2013“ ќе биде генерал Стојанче Ангелов - претседател на Клубот за специјална обука Регрут.

Делови од обуката ќе се изведуваат во соработка со Полициски клуб за боречки и други спортови “Тигар“ под раководство на Д-р Страшо Глигоров.

Пукањето со пиштол ќе се изведува во соработка со Градскиот Стрелачки Сојуз и стрелачкиот клуб “Магнум“.


Опрема за изведување на обуката

Првата фаза од обуката ќе се изведува во спортска опрема.

Втората фаза од обуката ќе се изведува во униформа.


Тестирање

Во текот на обуката ќе се вршат тестирања на учесниците за утврдување на моменталните физички способности, степенот на совладаност на воената обука и прецизноста при пукање со пиштол.


Уверение

Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе добие уверение за завршена “Основна воена обука“ и “Основна обука за ракување со пиштол“. Овие уверенија се наменети исклучиво за потребите на клубот “Регрут“.


Предупредување

Во текот на обуката учесниците ќе треба да извршуваат разновидни наредби и команди
Учесник кој ќе се однесува недисциплинирано ќе биде исклучен од обука
Делови од обуката ќе бидат проследени со зголемен ризик за учесниците
Делови од обуката ќе се изведуваат со огнено оружје и боева муниција
Делови од обуката ќе бидат обработени на ниво на елементарно запознавање на учесниците
Секој учесник мора да биде во добра здравствена состојба за тренинг

Членарина

Членарината за учество на основната воена обука “Регрут 2013“ чини 6.000 денари, уплатени на сметка на клубот.

Во оваа сума се опфатени месечна членарина за два месеци, основна воена обука и три боеви пукања со пиштол.

За лица кои веќе се најавени и со кои имаме постигнато усен договор за обука, основната обука ќе биде со попуст или бесплатна.



Услови за учество

Секој кандидат за учество на обуката, најдоцна до 22 април, задолжително треба да приложи:

пополнето барање за зачленување во клубот “Регрут“
пополнето барање за учество на основната обука “Регрут 2013“
потврда од специјалист по спортска медицина за способност за тренинг
уплатница со уплатена најмалку половина членарина

Очекувани резултати од обуката

развивање на менталната дисциплина
зголемувања на физичките способности
подобрување на физичкиот изглед
совладување на техники на самоодбрана
совладување на индивидуални воени вештини



СОДРЖИНА НА ОСНОВНАТА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013“


1) СТРОЕВА ОБУКА

Цел на строевата обука
Основни поими (строј, редица, колона)
Строеви работи

Ставови без оружје
Ставови со оружје
Строево движење
Свртување

Приоѓање и поздравување
Строеви и строеви распореди на тим или група

Зборни строеви (еднореден и двореден строј, колона по еден и двајца)
Престројување (во место и во движење)
Свртување на тимот или групата во лево и во десно

2) ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ФИЗИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ

Растегнување
Трчање
Скокови
Склекови
Згибови
Стомачни
Чучнувања

3) ТЕХНИКИ НА НАПАД И САМООДБРАНА

Техника на напад

Удари со раце
Удари со нозе
Фрлања
Лостови

Техники на самоодбрана

Падови (напред, назад, во страна)
Одбрана од удар со рака
Одбрана од удар со нога
Одбрана од напад со пиштол, нож, стап, шише, стол и сл.
Одбрана од фат за коса, врат, облека, рака, преку раце и сл.

4) ОСНОВНА ОБУКА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПИШТОЛ

Намена, борбени особини, техничко-тактички податоци, главни делови, расклопување и склопување, начин на чување и одржување, калибри, муниција
Мерки на безбедност при ракување со пиштол
Техника на правилно држење на пиштолот со двете раце
Полнење и празнење на рамката (магацинот) на пиштолот
Административно полнење, полнење (репетирање), проверка, закочување и празнење на пиштолот
Повторно полнење на пиштолот (тактичко и брзинско)
Борбени ставови за пукање со пиштол:

Стоечки
Клечечки
Калифорнија
Седечки
Лежечки
Лежечки на грб

Бирање и користење на засолниште
Заземање на борбен став од било која претходна позиција
Менување на позицијата со превртување во лево и во десно
Свртување од стоечки борбен став во место

На лева и десна страна
Полукружно (преку лево и десно рамо)

Вежбање на прецизно пукање во празно (без муниција) или со вежбовен пиштол
Постапка при појава на застој на пиштолот за време на пукање
Изведување на презицно пукање во кружна мета на растојание од 10 метри

5) ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕЦИЗНО ПУКАЊЕ

Ставови за прецизно пукање

Бирање на став за прецизно пукање
Начин на заземање на ставот
Грешки при користењето на ставот

Правилно држење на оружјето

Држење со една рака
Држење со две раце
Потпирање на рацете
Грешки при држењето или потпирањето на оружјето

Нишанење

Општо за нишанењето
Начини на нишанење
Грешки при нишанењето

Дишење

Значење на дишењето
Начин на дишење при пукање
Дишна пауза

Повлекување

Техники на повлекување
Грешки при повлекување

Фактори кои влијаат врз прецизното пукање

Објективи
Субјективни

6) ИНДИВИДУАЛНИ ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА ПРОСТОР

Видови на индивидуално движење

Исправено движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
Поднаведнато движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
Движење клекнат (свртен во правецот на движење, свртен странично во однос на правецот на движење - на лева и десна страна, свртен со грб во правецот на движење)
Ползење (стомачно, четвороножно, странично, грбно, во склек, “црв“)
Комбинирано движење

Совладување на простор од страна на поединец со врзани раце и (или) нозе со сите видови на движење
Кондициони маршеви со различна должина, со различно темпо, по различен терен, без опрема, со полна опрема или со товар
Совладување на тактичка патека со комбинирано движење – натпревар помеѓу членовите на клубот

7) ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА РАЗНИ ВИДОВИ НА ПРЕПРЕКИ

Пешадиски препреки
Oгнени препреки
Водени препреки
Агли, врати и прозори
Сајли и јажиња

Cool ТЕХНИКИ НА САМОКОНТРОЛА ВО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ

Контакт со крв
Совладување на водени препреки (реки, бари, езера)
Совладување на огнени препреки
Совладување на височини
Совладување на тесен и затворен простор

9) ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ЧУВСТВО ЗА ТИМСКА И УСОГЛАСЕНА РАБОТА

Изведување на тимски строеви работи
Тимско кревање и носење на греди
Тимско влечење на возило

10) ОБУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ

Средства за давање на прва помош
Укажување на прва помош во разни ситуации

Престанок на дишење
Појава на крварење
Настанување на скршеници
Каснување од змија
Струен удар
Давење во вода
Труење со алкохол
Труење со гасови
Хемиски повреди

Транспорт на повредениот



14.03.2013 година

Клуб “Регрут“

Генерал Стојанче Ангелов
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 00:02

Дали ви делува како некоја пара воена формација... ?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 00:11

Сега ќе објавував...

Не бе брат, паравоена формација, Генералов со тимот нуди обука, би рекол војничка ама напредна..ова ти е „Тигри„ - школа Smile Што учел тој ќе учиш и ти..

Ако има од септември во други градови како што вика обавезно се пријавувам, ќе одвојам 100евра ама ич нема да жалам.

Браво од генералот, ова е одлична идеја и фали во Македонија!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 11:32

Добра идеја е. Нема тука паравојска. Во светот и во соседството има многу вакви или слични примери, така има моја целосна поддршка.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
IgorM




Број на мислења : 60

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 12:53

Ја поздравувам идејава, време беше да се направи вакво нешто и кај нас. На балканов слчен клуб има во Словенија Polenar Tactical но таму повеке акцент се става на ракуванје со оржје, можете да ја погледнете нивната страна на ФБ а имаат и channel на youtube.

https://www.youtube.com/user/PolenarTactical?feature=watch


https://www.facebook.com/PolenarTactical?fref=ts
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: "Регрут 2013"   Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 13:09

https://www.facebook.com/stojance.angelov/posts/435349869885644
За сите кои не биле во војска а сакаат да поминат воена обука, но и за тие кои биле a сакаат да научат повеќе...
За сите со добра кондиција, но и за тие без кондиција...
За мажи, но и за жени...

Клубот за специјална обука “Регрут“, под раководство на генерал Стојанче Ангелов, организира основна воена обука и обука за ракување со пиштол.

Во пресрет на летото затегнете го Вашето тело, намалете ги масните наслаги, подобрете го Вашиот изглед, зголемете ги Вашите физички и ментални способности, зголемета ја Вашата самодоверба...

Денес во 17.00 часот, заинтересираните кандидати можат да дојдат на првото воведно предавање. Збирно место пред стрелиштето Магнум (се наоѓа во склоп на СРЦ Кале, гледа на главната улица, во насока на ресторанот “Под Кале“).

Најпрво добро разгледајте ги информации за нашиот клуб и нашата програма за основана обука.

КЛУБ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОБУКА “РЕГРУТ“
Вовед
Клубот за специјална обука Регрут е здружение на воени ветерани кои работат на унапредување и усовршување на борбените вештини на своите членови. Клубот своите права, должности и одговорности ги остварува во согласност со Уставот, законите и статутот.

Цели на клубот
1) Стекнување и развивање на борбена дисциплина
2) Стекнување и развивање на навики за точно и потполно извршување на команди и наредби
3) Стекнување, развивање и усовршување на индивидуалните борбени вештини
4) Стекнување и развивање на чувство за тимска и усогласена работа
5) Зголемување на храброста, самодовербата, довербата во останатите членови на клубот и навикнување на опасност

Активности на клубот
1) Изведување на строева обука
2) Организирање на обука за развој, одржување и усовршување на физичките способности
3) Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на напад и самоодбрана
4) Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на ракување со огнено оружје (пиштол, пушка, снајперска ловечка пушка)
5) Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на разни видови на индивидуални командоски техники

Членување во клубот
Член на клубот може да биде секое полнолетно лице кое го прифаќа статутот на клубот.
Малолетно лице со наполнети 14 години може да се зачлени во клубот само доколку неговиот законски застапник (татко, мајка, старател) даде писмена изјава за согласност за зачленување.
Одлука за зачленување во клубот донесува претседателот на клубот по претходно пополнето писмено барање на кандидатот за членство во клубот.

П Р О Г Р А М А
за организирање и реализација на
ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013“

Вовед
Основната воена обука “Регрут 2013“ оваа сезона ќе се изведува само во Скопје.
Се состои од вежби за развој на физичките способности, вежби за напад и самоодбрана и вежби за стекнување на воени вештини.
Овие вежби ја зголемуваат мускулната маса и мускулната дефиниција, ги намалуваат масните наслаги и ги развиваат еластичноста, силата, експлозивната сила, издржливоста, брзината, прецизноста, координацијата и рамнотежата.

Содржина на обуката
1) Строева обука
2) Вежби за развивање на физичките способности
3) Техники на напад и самоодбрана
4) Основна обука за ракување со пиштол
5) Елементи на прецизно пукање
6) Индивидуални техники на совладување на простор
7) Техники на совладување на разни видови на препреки
8.) Техники за навикнување на крв, вода, оган, височина, тесен и затворен простор
9) Вежби за развивање на чувство за тимска и усогласена работа
10) Обука за давање на прва помош

Пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба најпрво добро да ја разгледаат оваа програма, а потоа да се пријават лично, во периодот од 15-ти до 19-ти април (од понеделник до петок), во 17.00 часот, пред стрелиштето Магнум кое се наоѓа во склоп на СРЦ Кале во Скопје.
Сите заинтересирани, без разлика дали ќе се зачленат или не, можат да присуствуваат на воведните предавања кои ќе започнат од понеделник, 15-ти април.
Подетални информации за основната обука може да се добијат на воведните предавања.
Информации околу технички прашања можат да се добијат на 078 368 813 или на меил generalangelov@yahoo.com
Пожелно е сите кандидати да го најават своето присуство во инбокс на фејсбук страната Генерал Стојанче Ангелов (https://www.facebook.com/general.stojance.angelov)

Времетраење
Основната воена обука “Регрут 2013“ ќе трае два месеци и тоа од 22 април до 21 јуни 2013 година. По потреба времетраењето на обуката може да се продолжи.

Термин за одржување и времетраење на тренинзите
Тренинзите ќе се одржуваат секој работен ден (од понеделник до петок) од 17.00 до 18.30 часот. По потреба тренинзите може да траат подолго.
Учесниците на обуката се должни да дојдат најмалку 15 минути пред почетокот на тренингот.

Место на изведување на тренинзите
Тренинзите ќе се одржуваат во Скопје, во близина на спортската сала Кале (на кејот од левата страна на реката Вардар), во парк-шумата Гази Баба, на Водно, на затвореното стрелиште Магнум, на отвореното стрелиште Камник и на неколку други локации.

Раководител и инструктори
Непосреден раководител и главен инструктор на основната воена обука “Регрут 2013“ ќе биде генерал Стојанче Ангелов - претседател на Клубот за специјална обука Регрут.
Делови од обуката ќе се изведуваат во соработка со Полициски клуб за боречки и други спортови “Тигар“ под раководство на Д-р Страшо Глигоров.
Пукањето со пиштол ќе се изведува во соработка со Градскиот Стрелачки Сојуз и стрелачкиот клуб “Магнум“.

Опрема за изведување на обуката
Првата фаза од обуката ќе се изведува во спортска опрема.
Втората фаза од обуката ќе се изведува во униформа.

Тестирање
Во текот на обуката ќе се вршат тестирања на учесниците за утврдување на моменталните физички способности, степенот на совладаност на воената обука и прецизноста при пукање со пиштол.

Уверение
Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе добие уверение за завршена “Основна воена обука“ и “Основна обука за ракување со пиштол“. Овие уверенија се наменети исклучиво за потребите на клубот “Регрут“.

Предупредување
- Во текот на обуката учесниците ќе треба да извршуваат разновидни наредби и команди
- Учесник кој ќе се однесува недисциплинирано ќе биде исклучен од обука
- Делови од обуката ќе бидат проследени со зголемен ризик за учесниците
- Делови од обуката ќе се изведуваат со огнено оружје и боева муниција
- Делови од обуката ќе бидат обработени на ниво на елементарно запознавање на учесниците
- Секој учесник мора да биде во добра здравствена состојба за тренинг

Членарина
Членарината за учество на основната воена обука “Регрут 2013“ чини 6.000 денари, уплатени на сметка на клубот.
Во оваа сума се опфатени месечна членарина за два месеци, основна воена обука и најмалку три боеви пукања со пиштол.
За лица кои веќе се најавени и со кои имаме постигнато усен договор за обука, основната обука ќе биде со попуст или бесплатна.

Услови за учество
Секој кандидат за учество на обуката, најдоцна до 22 април, задолжително треба да приложи:
- Пополнето барање за зачленување во клубот “Регрут“
- Пополнето барање за учество на основната обука “Регрут 2013“
- Потврда од специјалист по спортска медицина за способност за тренинг
- Уплатница со уплатена најмалку половина членарина

Очекувани резултати од обуката
- Развивање на менталната дисциплина
- Зголемувања на физичките способности
- Подобрување на физичкиот изглед
- Совладување на техники на самоодбрана
- Совладување на индивидуални воени вештини

СОДРЖИНА НА ОСНОВНАТА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013“

1.СТРОЕВА ОБУКА
1)Цел на строевата обука
2)Основни поими (строј, редица, колона)
3)Строеви работи
- Ставови без оружје
- Ставови со оружје
- Строево движење
- Свртување
4)Приоѓање и поздравување
5)Строеви и строеви распореди на тим или група
- Зборни строеви (еднореден и двореден строј, колона по еден и двајца)
- Престројување (во место и во движење)
- Свртување на тимот или групата во лево и во десно

2.ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ФИЗИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ
1) Растегнување
2) Трчање
3) Скокови
4) Склекови
5) Згибови
6) Стомачни
7) Чучнувања

3.ТЕХНИКИ НА НАПАД И САМООДБРАНА
1) Техника на напад
- Удари со раце
- Удари со нозе
- Фрлања
- Лостови
2) Техники на самоодбрана
- Падови (напред, назад, во страна)
- Одбрана од удар со рака
- Одбрана од удар со нога
- Одбрана од напад со пиштол, нож, стап, шише, стол и сл.
- Одбрана од фат за коса, врат, облека, рака, преку раце и сл.

4.ОСНОВНА ОБУКА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПИШТОЛ
1) Намена, борбени особини, техничко-тактички податоци, главни делови, расклопување и склопување, начин на чување и одржување, калибри, муниција
2) Мерки на безбедност при ракување со пиштол
3) Техника на правилно држење на пиштолот со двете раце
4) Полнење и празнење на рамката (магацинот) на пиштолот
5) Административно полнење, полнење (репетирање), проверка, закочување и празнење на пиштолот
6) Повторно полнење на пиштолот (тактичко и брзинско)
7) Борбени ставови за пукање со пиштол:
- Стоечки
- Клечечки
- Калифорнија
- Седечки
- Лежечки
- Лежечки на грб
8.) Бирање и користење на засолниште
9) Заземање на борбен став од било која претходна позиција
10) Менување на позицијата со превртување во лево и во десно
11) Свртување од стоечки борбен став во место
- На лева и десна страна
- Полукружно (преку лево и десно рамо)
12) Вежбање на прецизно пукање во празно (без муниција) или со вежбовен пиштол
13) Постапка при појава на застој на пиштолот за време на пукање
14) Изведување на презицно пукање во кружна мета на растојание од 10 метри

5.ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕЦИЗНО ПУКАЊЕ
1) Ставови за прецизно пукање
- Бирање на став за прецизно пукање
- Начин на заземање на ставот
- Грешки при користењето на ставот
2) Правилно држење на оружјето
- Држење со една рака
- Држење со две раце
- Потпирање на рацете
- Грешки при држењето или потпирањето на оружјето
3) Нишанење
- Општо за нишанењето
- Начини на нишанење
- Грешки при нишанењето
4) Дишење
- Значење на дишењето
- Начин на дишење при пукање
- Дишна пауза
5) Повлекување
- Техники на повлекување
- Грешки при повлекување
6) Фактори кои влијаат врз прецизното пукање
- Објективи
- Субјективни

6.ИНДИВИДУАЛНИ ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА ПРОСТОР
1) Видови на индивидуално движење
- Исправено движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
- Поднаведнато движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
- Движење клекнат (свртен во правецот на движење, свртен странично во однос на правецот на движење - на лева и десна страна, свртен со грб во правецот на движење)
- Ползење (стомачно, четвороножно, странично, грбно, во склек, “црв“)
- Комбинирано движење
2) Совладување на простор од страна на поединец со врзани раце и (или) нозе со сите видови на движење
3) Кондициони маршеви со различна должина, со различно темпо, по различен терен, без опрема, со полна опрема или со товар
4) Совладување на тактичка патека со комбинирано движење (натпревар помеѓу членовите на клубот)

7.ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА РАЗНИ ВИДОВИ НА ПРЕПРЕКИ
1) Пешадиски препреки
2) Oгнени препреки
3) Водени препреки
4) Агли, врати и прозори
5) Сајли и јажиња

8.ТЕХНИКИ НА САМОКОНТРОЛА ВО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ
1) Контакт со крв
2) Совладување на водени препреки (реки, бари, езера)
3) Совладување на огнени препреки
4) Совладување на височини
5) Совладување на тесен и затворен простор

9.ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ЧУВСТВО ЗА ТИМСКА И УСОГЛАСЕНА РАБОТА
1) Изведување на тимски строеви работи
2) Тимско кревање и носење на греди
3) Тимско влечење на возило

10.ОБУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ
1) Средства за давање на прва помош
2) Укажување на прва помош во разни ситуации
- Престанок на дишење
- Појава на крварење
- Настанување на скршеници
- Каснување од змија
- Струен удар
- Давење во вода
- Труење со алкохол
- Труење со гасови
- Хемиски повреди
3) Транспорт на повредениот

14.03.2013 година
Клуб “Регрут“
Генерал Стојанче Ангелов

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 13:16

Интересен проект и иницијатива од Ген. Англеов.
Епа дечки, ако не сте служеле во армија, еве ви одлична прилика да горе долу се стекнете со некакво искуство кое не дај боже можеби и ќе ви затреба еден ден.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 13:56

Ако има од септември во другите градови како што е кажано, обавезно ќе се запишам.
Вратете се на почетокот Go down
Stamenov

Stamenov


Број на мислења : 58

Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: "Регрут 2013"   Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty15/4/2013, 14:36

Сето тоа е добро ама 6000 ден во моментот за давање немам,а иначе со задоволство би отишол!!!!!

______________________
Воената победа се завршува со карневал во црнина...!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Клубот за специјална обука “Регрут“    Клубот за специјална обука “Регрут“  Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Клубот за специјална обука “Регрут“
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 13Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 11, 12, 13  Next
 Similar topics
-
» Центарот за обука во Идризово
» Специјална антитерористичка единица - САЈ
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» Гордан Акрап - Специјална војна
» Безбедносни сили на Мексико

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: