Sikorsky Aircraft Corporation“ како една од водечките компании за производство на хеликоптери во светски рамки своите темели ги базира врз два модели кои се веќе докажани на бојното поле. Станува збор за хеликоптерите наречени „Black Hawk“ за потребите на армијата на САД и „Sea Нawk“ за потребите на американската морнарица. Оваа компанија е главен изведувач на хеликоптери од типот UH-60 за американската армија и тоа врз основа на програмата UTTAS – „Utility Tactical Transport Aircraft System“ со која од страна на американскиот Пентагон е добиено овластување за производство на повеќе од 1.200 модели од најновата генерација летала од типот „Black Hawk“ во текот на следните 25 години. Победата во програмата UTTAS се пресликува и на конкурсот при избор на морнарички хеликоптер под името „Sea Hawk“ (во превод морски јастреб) со ознака SH-60B, наменет за противподморничка и противбродска борба.
ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ХЕЛИКОПТЕР„Black Hawk“ е повеќенаменски хеликоптер кој е адекватен за извршување на општи мисии како транспорт на
војници, снабдување со товар (продукти и муниција) и обезбедување огнена поддршка. Според побарувањата на
програмата UTTAS хеликоптерот морал да биде така конструиран за да може да се транспортира со авионот
С-130 (две парчиња во една тура) или со транспортниот авион „Галаксија С-5А“ (пет парчиња во една тура). Во основа „Црниот сокол“ е практичен, сенаменски хеликоптер кој може да изведува повеќе видови посебни операции,меѓу кои и операции за инфилтрација и ексфилтрација на војници, потоа барање и спасување (SAR) и борбено барање и спасување (СSAR) за кое се користи верзијата HH-60G „Pave Hawks“, медицинска евакуација (една од подобро опремените санитетски варијанти), транспорт на повредени војници, електронско и противелектронско војување до 960 km), интернационални телефонски и телеграфски безбедни дигитални MRF-трансивери и безбеден интерком користен за интерна меѓу екипажна комуникација.
WEAPONS CONTROL SYSTEMОвозможува идентификација на цели и контакти. Во себе ги вклучува следните потсистеми: Тactical Data Management Terminal, Armament Controls Indicator Set и Laser Target Designator.
DEFENSIVE COUNTER-MEASURES & IFF SYSTEMSСистем кој овозможува поголема будност на екипажот и негово алармирање во случај на опасност, како и давање помош при опасност од проектили. IFF-системот овозможува препознавање на воздухопловите, односно дали тие се пријателски или непријателски. Системот во себе ги вклучува следните потсистеми: инфрацрвен „counter-measures“ сет, инфрацрвен систем за супресија, електрооптички систем за алармирање од ракети, специфичен
рисивер за алармирање за определена закана, бикон за идентификација на пријател/ непријател и т.н. „Tracor
Chaff/Flare Dispenser Radar-Jamming Cartridges“.
STANDARD SURVIVAL KITСетот за заштита и преживување, покрај пилотското одело и шлемот, опфаќа и елек со неопходна опрема за преживување.
Останатата опрема вклучува пиштол и доволно муниција, водоотпорно радио, доволно количина на вода, батерии, две рачни ракети, еден ракетен падобран, компас, мало огледало за сигнализација, нож, мал корисен сет (куки за ловење риби, запалка и сл.) специјална храна доволна за снабдување на една личност до пет дена и основен комплет за прва помош (аспирин и други лекови, завои, средства за дезинфекција и слично).
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА:OUTBOARD ELECTRIC UTILITY / RESCUE HOISTДигалка за спасување со челично јаже во должина од 60 m и максимална тежина за кревање товар до
270 kg;
DOOR-MOUNTER UTILITY SEARCH-LIGHTХеликоптерско светло со поголем дострел наменето за барање и спасување;
ECM SYSTEM(само за верзијата EH-60C) – систем за лоцирање, мониторинг и попречување на непријателски комуникации, како и детекција на движење на непријателските трупи на оддалеченост од најмногу 240 km.
MEDICAL TREATMENT SYSTEMS(само за верзијата UH-60Q). Системот содржи широка палета медицинска опрема за укажување медицинска помош на лице место (во хеликоптерот), на пат при поголеми далечини или во итни ситуации.
SPECIAL WARFARE SYSTEMS(достапен е за верзиите HH-60K & MH60G). Воздухопловите за барање и спасување треба да бидат оперативни
на поголеми далечини и за подолго време. Токму затоа како дел од овој систем се и системот за дополнување на гориво во лет, дополнителното интерно гориво и др.
COMMAND SYSTEMS(само за верзијата VH-60A). Хеликоптерите за т.н. VIP-превоз треба да има одредени доопремувања во согласност со нивната мисија. Системот во себе вклучува специјален систем за комуникации, удобен ентериер, звучна заштита, дополнителна оклопна заштита, надградена авионика, опрема за дополнување на гориво во лет, систем за видеоснимање и трансмисија и др.
ASW SYSTEMS(само за верзијата SH-60R). Овие системи ги користи воената морнарица за противподморничко војување. Системот во себе ги вклучува следните потсистеми: сонар-сензор (до длабочина од 200 m), дополнително интерно гориво, радар за површинско пребарување, т.н. dipping-сонар, интерен детектор на магнетни аномалии, систем за видеоснимање и трансмисија т.н. DAF Indal RAST-систем и др.
ИЗВОР: „Штит„