Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 НАТО-во бомбардирање на СР Југославија

Go down 
+7
beowulf
Alvar
Legija91
SIG
Goust
Генерал
filip555
11 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty15/10/2014, 15:23

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty29/10/2014, 11:11

Бидејќи е тесно поврзано со бомбардирањето на СРЈ, мислам дека е соодветно место за текстов.


Кристофер Хил за палењето на амбасадата во Скопје: Бевме во бункер и снемуваше воздух

Мемоарите на амбасадорот Кристофер Хил, кој беше првиот американски амбасадор во Македонија, а потоа служеше и во Полска, Јужна Кореја и Ирак, значителен простор посветуваат на воената 1999 година во Косово, како и на палењето на американската амбасада во Скопје.

Книгата е насловена „Упориште - живот поминат на бојното поле на американската дипломатија“, која неодамна беше објавена во САД.

Хил вели дека на денот на палењето на Амбасадата, 25 март 1999 година, немало никакви знаци дека се подготвуваат протести, освен мала група студенти кои ја пееле Give Peace a Chance пред амбасадата и не го препознале амбасадорот додека тој протрчал покрај нив на својата утринска прошетка. Во меѓувреме, вели Хил, Скопје беше преплавено со портокалови џипови на набљудувачката мисија на ОБСЕ, вратени од Косово и сконцентрирани околу хотелот Александар Палас, во непосредна близина на Aмбасадата.

„Како набљудувачи на спортски настан, сите се туркаа преку малиот скопски аеродром за да седнат на трибините. Странските известувачи, кои беа навикнати на состојбата во Босна, сега им доделуваа улоги на завојуваните страни: Србите си се Срби. Албанците се новите Босанци. Македонците можеби се нешто како Хрватите?“, пишува Хил, опишувајќи ги и првичните тензии меѓу набљудувачката мисија и другите дојденци, и Македонците, припишувајќи го тоа на тековниот спор со Грција и внатрешните меѓуетнички тензии.

Амбасадорот инсистира дека се крајно нефер коментарите дека Македонија, на некој начин, ја поддржувала политиката на Милошевиќ, и вели дека протестите во земјата се должеле на загриженоста од доаѓањето на војната.

„До раното попладне, малата група распеани студенти се повлече, а ја замени доста поголема група која не беше заинтересирана да пее, туку да фрла јајца преку оградата. Заедно со јајцата ќе долеташе и по некој камен. Главен проблем беше што македонската Влада не обезбеди поголемо полициско присуство. Автобусите со демонстранти се истоваруваа кај хотелот „Александар Палас“, но кога ќе го видеа застрашувачкиот полициски кордон таму, се вртеа назад, и одеа надолу по Илинденска кон амбасадата“, пишува Хил.

Околу 17.15 часот прозорците почнале да попуштаат под налетот на камењата, а поради отсуството на полицијата, службеникот Чарлс Стоунцифер, кој бил задолжен да бара поголема заштита од полицијата, препорачал дека е време да се искористат специјално подготвените простории во подрумот на амбасадата, бидејќи влегувањето на демонстрантите во Aмбасадата е само прашање на време.

- Им наредив на сите вработени да се симнат внатре, лично проверувајќи ги собите да не заборавиме некого. Имаше вкупно 42 лица, повеќето Македонци вработени во Aмбасадата. Дотогаш веќе влезната порта беше урната, а толпата беше во дворот на Aмбасадата. Сцената беше ужасна, демонстрантите ги палеа нашите возила. Видов еден демонстрант, не многу млад, со долга волнена наметка, како зема голем камен и удира по задниот прозорец на автомобил додека не го скрши, а потоа запали молотов коктел и го фрли на задното седиште“, вели Хил и додава дека заедно со преведувачот Бикс Алиу последен влегол во „бункерот".

Бункерот, составен од неколку простории заштитени со дебела челична врата, имал директна врска со Стејт департментот, од каде го следеле секој момент на драмата, а функционирала и мобилната телефонска врска со вработен од обезбедувањето на Aмбасадата, кој бил вмешан меѓу групата демонстранти и го информирал амбасадорот Хил за тоа што му се случува во дворот.

Преку трета линија, службеници на амбасадата барале интервенција на македонската полиција, а од четврта страна во тек биле разговори со генералот Весли Кларк, кој на барање на државниот секретар Медлин Олбрајт подготвил единица од 75 американски маринци од базата кај Петровец, која би интервенирала во случај на крајна нужда.
Може да запалам?

Хил опишува како дел од вработените, како Рикер и Кајданов, се обидувале да го одржат моралот на колегите кои биле на крај со нервите. Во подрумот, освен вработените, била и Клара, една од ќерките на амбасадорот, но и Биљана Секуловска, новинарка на А1 телевизија со нејзиниот камерман, кои дошле за претходно договорено интервју.

- Биљана делуваше незаинтересирана за тоа што се случува, освен што постојано прашуваше: "Може да запалам?" Не!, сите и одговаравме“, се сеќава Хил.

Амбасадорот додава дека главна причина за загриженост во бункерот било снабдувањето со воздух, и што би се случило со системот доколку целиот објект над нив биде запален. Во случај да останат без воздух, вработените во Aмбасадата имале опција да искористат и тунел кој ќе ги одвел до паркингот, точно каде што во тој момент демонстрантите ги палеле нивните автомобили.

Околу 18 часот, демонстрантите го скршиле јарболот и почнале да го користат како орудие за уривање на влезната врата. „Средновековно", Рикер забележа. Петнаесет минути подоцна, преку нивниот службеник во групата демонстранти, во бункерот дознале дека полицијата интервенира и ги брка демонстрантите од дворот на Aмбасадата.

„Го брифирав генералот Весли Кларк за тоа. Тој ми кажа дека и од неговата единица за брза реакција, распоредена во близината, имаат информација дека полицијата влегува во Aмбасадата. Му реков дека сме подготвени да излеземе надвор. Додека се качував по скалите, Биљана, се уште држејќи ја цигарата во рака, праша, „може сега да запалам?“, продолжува Хил.

Генералот Бенц Кредок, задолжен за американските сили подготвени за распоредување на Косово, преземал контрола над безбедносната ситуација и наредил поставување на боцкава жица на влезот и ѕидовите, додека група маринци биле распоредени околу зградата.

„Прашав еден од нив кои им се наредбите? Ми рече дека ако се случи неколкумина демонстранти повторно да се пробијат, да ги врземе и да им ги предадеме на македонските власти. Ако поголема група се пробие, да пукаме предупредувачки во воздух. Ако продолжат да навлегуваат... не би сакале да го сторат тоа, гласел одговорот“, пишува вос воите мемоари првиот американски амбасадор во Македонија.

Стејт департментот донел одлука Aмбасадата да остане отворена, исто како и сите други амбасади во Европа кои се соочувале со демонстрации поради нападите врз Југославија. Амбасадорот Хил вели дека главна задача потоа била што поскоро да се исчистат навредливите графити на ѕидовите, и да се крене нов јарбол со американското знаме, за да се испрати порака дека САД остануваат присутни во Македонија.
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty22/2/2015, 16:22

Путим го прави во Крим, тоа што американците го правеа во Косово, а сега се бунат...

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty28/12/2015, 02:50


Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty9/7/2018, 16:26

Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty16/12/2018, 19:59

Доста интересен серијал, треба да им текне на некој од нашиве тв, да напраат слични докуметарци со наши борци за Тетовско, Кумановско, Радуша и итн...



Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty16/12/2018, 20:02



Вратете се на почетокот Go down
ESN

ESN


Број на мислења : 1574

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty27/12/2018, 14:01

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија - Page 3 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
НАТО-во бомбардирање на СР Југославија
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 3Отиди на страна : Previous  1, 2, 3
 Similar topics
-
» Распадот на Југославија
» Напалм бомбардирање во Виетнам
» НАТО морнарица
» НАТО Авијација
» НАТО членки и Сојузнички сили

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: