Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 НАТО-во бомбардирање на СР Југославија

Go down 
+7
beowulf
Alvar
Legija91
SIG
Goust
Генерал
filip555
11 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
filip555

filip555


Број на мислења : 94

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty4/4/2012, 16:55

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија

Дел од косовската војна

Деловниот центар Ушќе (поранешен ЦК СКЈ) на Нов Белград гори погоден при бомбардирањето
Датум: 24 март - 10 јуни, 1999
Место: СР Југославија, главно во Србија и нејзината покраина Косово и Метохија
Исход: Победа на НАТО. Без формално-правни промени на границите. Повлекување на војската на СРЈ и српската полиција од Косово. Де факто одвојување на Косово од државниот систем на СРЈ како протекторат под надзор на ООН. Масовен егзодус на етничките Срби заедно со војската и полицијата.

Војсководци
генерал Весли Кларк
Хавиер Солана (генерален секретар на НАТО) Слободан Милошевиќ (врховен командант на оружените сили на СРЈ)
Драгољуб Ојданиќ (начелник на генералштабот на војската на СРЈ)
Сила
околу 400 авиони на почетокот, до преку 1.000 на крајот од бомбардирањето 85.000–114.000 припадници на регуларната војска;
20.000 полицајци;
15.000 доброволци;
14 военоспособни МиГ-29;
Стотици ракети земја-воздух;

Жртви на НАТО-Пактот
2 загинати војника во несреќа на AH-64 „Апач“ надвор од зоната на воени дејствија;
1 F-117A „Ноќен Јастреб“ стелт авион соборен;
1 F-16 „Борбен Сокол“ соборен;
околу 30 беспилотни летала соборени;
„Десетици“ италијански војници умреле после војната како последица од употребата на „оружја со осиромашен ураниум кои предизвикуваат рак“;
Жртви на СР ЈУГОСЛАВИЈА
462 загинати војници;
114 загинати припадници на специјалната полиција;
299 ранети војници;
11 МиГ-29 соборени;
1 J-22 „Орел“ соборен;
14 оклопни возила и артилериски орудија уништени на Косово;
489-528 цивилни жртви потврдени од страна на Human Rights Watch. Повеќе од 1.200 загинати според југословенскиот комитет за соработка со УНИЦЕФ;
НАТО-вото бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција Сојузничка сила или «Operation Allied Force» според НАТО) е воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.[1] Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.
НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно,со добро посакувана хуманитарна причина. Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации,каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, истотака ова бомбардирање немаше согласност и од Американскиот Конгрес којшто ги отфрлил идеите од тогашниот Американски претседател Клинтон,да се предложи да се нападне СРЈ,иако Американскиот претседател реагирал неконстутивно според Американскиот внатрешен закон.


НАТО целите за да се нападне СРЈ биле кажани на нивната средба во Брисел на 12 април 1999 година.
Крај на сите воени акции и итен крај на насилство и насилни активности
Повлекување на сите непријателски сили,армија,полиција и парамилитарни сили од Косово.
Стационирање на мировни мисии од О.Н во Косово
Безусловно и безбедно враќање на сите бегалци и раселени лица.
Воспоставување на политички договор воспоставен врз договорот од Рамбуе,во согласност со меѓународните закони и Повелбата на Обединетите Нации
Американскиот конгрес го одбил предлогот на Американскиот претседател Бил Клинтон за напад врз СРЈ'
„ ...„Во драматично гласање против војната во Југославија, Долниот Дом на Конгресот ,со 213 гласови од 213, не му дозволи на претседателот конститутивно да побара дозвола која му требаше за да ја бомбардира СРЈ. Конституцијата му даде на Конгресот моќ да прогласи војна. Но конгресот мораше да даде дозвола дали да се бомбардира СРЈ или не.Конгресот сепак не даде.Во спротивност од обраќањето на претседателот дека тој ќе ја продолжи војната, тој немаше никаков авторитет да го прави тоа. Ќе биде упадлив акт на грубост и истотака илегално ако се продолжи со бомбардирањето. Тоа е сериозна повреда на конституционалната структура (и може да доведе до претседателски импичмент).Единствената опција на претседателот е да го заврши воздушното бомбардирање и преговарање за мирно решение на спорот.“... “

Причини за војната

Уште од времето на СФРЈ на Косово условите за живот биле најлоши во земјата. Косово останало неразвиено, со ниска стапка на образование и голема економска емиграција, пред сѐ во Западна Европа. Првите масовни изблици на незадоволство од состојбата на Косово се случиле со студентските демонстрации во Приштина од 1981.[2][3][4] Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт најпрво во Србија, а подоцна и во СР Југославија, состојбата во Косово уште повеќе се влошила, како поради целосниот економски колапс, така и поради редуцирањето на правата на Албанците од страна на српскиот режим.[5]
Во текот на 1998. и 1999., на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.
Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не беше донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.
Директен повод за интервенцијата според НАТО е одбивањето на Југославија да постигне договор со политичките претставници на косовските Албанци на преговорите во Рамбује. Според понудениот предлог-договор суверенитетот на СРЈ сериозно бил доведен во прашање: се барало влегување на трупите на НАТО во Косово и нивно слободно движење по целата територија на СРЈ, како и референдум по три години на Косово со цел утврдување на неговиот конечен статус. Многу аналитичари, вклучувајќи го и Ноам Чомски, сметаат дека овој договор имаше карактер на ултиматум и дека се сметало тоа дека југословенската делегација нема да сака да го потпише. Конечно, југослоевенската страна ги прифатила сите услови, освен оној за слободно движење на НАТО војниците по југословенска територија по што преговорите пропаднале.

текот на операциите

Доминантна сила во операциите биле САД, но во нив во одреден степен биле вмешани сите членки на НАТО, дури и Грција, и покрај тоа што таа јавно се противеше на бомбардирањето, и Германија за која ова е прва неодбрамбена воена акција по втората светска војна. Бомбардирањето било главно сконцентрирано на територијата на Србија (особено на спорното Косово), додека другата членка на федерацијата, Црна Гора, речиси и не била бомбардирана, бидејќи НАТО сакал да ја зајакне позицијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ наспроти позицијата на Слободан Милошевиќ.
По почетокот на бомбардирањето започнал масовен бран на бегалци од Косово. Постои несогласување дали бегалскиот бран бил предизвикан од бомбардирањата, или со прогонување од страна на српските полициски и паравоени сили на цивилното население. Во април ОН извести дека 850.000 лица – главнината од нив Албанци – ги напуштиле своите домови. Голем дел од нив пребегнаа во Албанија и Македонија. Во Македонија пребегнале околу 360.000 бегалци, од кои најголемиот дел биле сместени во бегалски кампови.[6]
НАТО тврдел дека поседува високо-софистицирано оружје („паметни бомби“ и слично) кои ќе ги минимизираа цивилните жртви, но неспорен факт е дека во текот на бомбардирањата имало голем број цивилни жртви токму поради бомбардирањата. Помеѓу инцидентите предизвикани од страна на НАТО се воздушниот напад од почетокот на мај врз бегалски конвој од етнички Албанци, при кој беа убиени 50 лица, бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград на 7 мај, бомбардирањето на зградата на Радио Телевизија Србија и друго. При нападите биле користени и касетни бомби, како и бомби со осиромашен ураниум.
Нато инциденти

На 28 Април 1999 година, Бугарскиот главен град Софија беше погоден од воздушен напад по грешка од страна на НАТО. НАТО призна дека една од бомбите завршила во Бугарскиот главен град Софија, одкако беше планирано да погоди цел во Југославија. Бугарските власти рекоја дека бомбата удри во куќа во дистриктот Горна Бања. Според информациите едно дете беше во шок, но никој не беше повреден во експлозијата. Софија е само 50 километри (3о милји) источно од Југословенската граница. Претседателот Петар Стојанов, кој побрза да го посети местото кадешто падна бомбата, му порачал на жителите да не паничат. "Ситуацијата е секако лоша", додаде тој. "Никој не очекуваше дека вакво нешто ќе се случи". Портпаролот на НАТО Џејми Шеј рече дека инцидентот се случил одкако авионот беше фатен на радарот од Српската војска. "Бомбата беше запалена во самоодбрана како одговор на оваа закана од земја воздух бомба", додаде тој. "Одкако радарот на земјата беше исклучен, бомбата се дислоцира од целта, и ненамерно удри во Бугарија". Три Натовски бомби веќе паднаа во Бугарија во текот на петнеделната воздушна кампања против Југославија, и авионите од НАТО алијансата и претходно го нарушија Бугарскиот воздушен простор.
Бугарската армија рече дека не беше во состојба да го идентификува авионот кој го наруши Бугарскиот воздушен простор. Авионот беше забележан во близина на градот Варшец, северозападна Бугарија, околу 50 километри северно од Софија. Во таа пригода Бугарскиот претседател Петар Стојанов му препорача на НАТО да му даде на Бугарија софистициран радарски систем за да ги идентификува авионите. Тој рече дека Бугарија истотака ќе ја обележи западната граница со светла со цел да му се помогне на пилотите. Тогашниот министер за внатрешни работи, Богомил Бонев беше цитиран како вели дека Бугарија ќе го тужи пилотот од авионот кој ја активира бомбата за штета предизвикана на сопствениците од куќата. "Досега немаше драстично прекршување на воздушниот простор", рече тој. Сепак еден жител за Ројтерс изјавил дека ја слушнал експлозијата и се уплашил. За НАТО тоа е само статистика ако бомба падне од едно место на друго, но за нас тоа значи страдање.
Бугарската политичка сцена беше поделена во врска дали да ја поддржи воената акција во СР Југославија. Про западниот тогашен кабинет го подржал НАТО, додека левицата отворено одбил било каква поддршка и организира улични протести. Јавното мислење е истотака поделено меѓу оние кои тогаш имаа желба да ја видат Бугарија во НАТО и ЕУ, и оние кои симпатизираа за нивните браќа Словени и Христијанско православните Срби.
НАТО истотака по грешка исфрли проектил врз Албанска воена база на границата меѓу Југославија и Албанија во регионот околу караулата Кошаре.
Познато е дека и НАТО проектилите при грешка завршиле во фарма во Унгарија на 27 Мај. Слични инциденти се случиле во Хрватска, Босна, Албанија и Македонија. Имено Српската информативна агенција Тањуг, информираше дека најмалку еден авион се урнал во Македонија, во падините на планината Ведро, во близина на Скопје на 29 Април 1999 година. Тањуг тогаш го цитираше градоначалникот на Богомила, велејќи дека две Натовски бомби предизвикале голем пожар во неговото село. Беше нејасно дали бомбите беа фрлени од страна на Нато авионот кој беше оштетен и дали тој го предизвикал пожарот. Некои погранични региони меѓу Македонија и СР Југославија беа истотака бомбардирани. Свети Николе во источна Македонија беше погодено од две неексплозирани направи.
кумановскиот договор

На 9 јуни СРЈ и НАТО во Куманово потпишуваат договор за примирје со кој се стави крај на бомбардирањата. Според договорот на територијата на Косово треба да се разместат 45.000 војници предводени од НАТО и со мандат од Обединетите Нации. Во врска со тоа се постигнува согласност Советот за Безбедност на ОН да донесе соодветна резолуција. Врз основа на тоа, на 10 јуни е усвоена Резолуцијата 1244.

Политички последици

Со повлекувањето на српската полиција, југословенската војска и другите паравоени единици од Косово, тоа практично станало протекторат под управа на Обединетите Нации, а воено обезбедуван од НАТО.
Една од главните последици била што косовските Албанци по војната им возвратиле на косовските Срби, протерувајќи ги од нивните домови. Десетици илјади Срби биле протерани и раселени.
САД и Европската Унија практично го финансираат живеењето на Косово, бидејќи економијата и понатаму останува многу слаба.
По прогласувањето на независност на Косово, на 17 февруари 2008., Европската Унија го презела надзорот во управувањето со Косово преку свои цивилни мисии.
Србија, поддржана од Русија, и понатаму останува во спор со САД и ЕУ околу суверенитетот врз Косово, тврдејќи дека прогласената независност не е во склад со меѓународното право.

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty17/4/2013, 08:27

Како су Срби уништавали невидљивог

Руководство НАТО-а у Бриселу 27 . марта 1999. године дуго није могло да дође себи. Први пут у историји експлоатације најтајнији авион ратног ваздухопловства САД Ф117А био је не само детектован радарима ПВО Југославије, већ и оборен недалеко од Београда. то је био снажан ударац америчком војно-индустриском комплексу и корпорацији Локид.
Пентагон је уверавао да се десила техничка грешка и да је авион једноставно пао негде у шумама Србије. Амерички војници нису признавали до 25. новембра да је Ф117 А био уништен совјетском ракетом. Истину су крили не само од обичних америчких грађана, већ и од многобројних наручилаца, који су већ склопили уговоре са Локидом. Невидљиви је тада био врло популаран у свету. А уништена гордост америчке авионске индустрије, летелица која кошта око 50 милиона долара, била је оборена српских противавионским комплексом са ознаком Мејд ин УССР. И први је притиснуо лансирно дугме Драган Матић. Тада ми је испричао детаље опреације.

24. марта 1999. године смо напустили нашу војну јединицу, где смо се преместили у предграђе Београда. Три дана смо провели релативно мирно. Радили смо по команди, обична процедура коју смо обављали по задатку нашег командира. Најважније је не доспети под радар Авакса, који су обично пратили НАТО авионе. Посебно такве као Ф117А. Ми смо стајали код села Шимановци. 27. марта увече сва наша бригада је била дежурна. Колега из службе за праћење је саопштио да постоје снажне сметње у етру. И да је сваку секунду сигнал све ближи и ближи нашем положају. Буквално 5 минута касније радиоизвиђање је пренело да се према нама приближава циљ. Наш командир је пажљиво гледао монитор и добијао указе радиоизвиђања. Циљ је ишао према нама. Ми смо га пронашли. Гледао сам монитор и видео јасни сигнал циља. Почели смо да пратимо циљ, он је био јасно видљив. Рапортирао сам команданту да је циљ фиксиран на нашим уређајима и ми смо готови за гађање. После команде Пали за 17 секунди циљ је био погођен нашом ракетом. Прва ракета је откинула Стелсу крило, а другој смо оборили сам авион. Пилот се катапултирао, а авион је пао на земљу.

То је фантазија америчких инжењера и пилота да је Ф117А невидљив. Све технологије Стелс осигуравају његову невидљивост само у високофреквентном радио дијапазону. За радиолокаторе који раде на ниским фреквенцијама он је сасвим видљив. Зато смо га приметили још на 50 километара и чекали када ће пролетети изнад нашег положаја, да га оборимо.

Да, он има слабији сигнал него обични авиони, али све једно се појављује на мониторима радара. Можда је пилот погрешио, можда је залутао, али летео је свега 5 километара изнад земље и доспео нам на нишан. Ми смо оборили страшну, фантастичну летелицу – најтајнији авион ратног ваздухопловства САД. Пилот се катапултирао, скривао се у шуми. Пет сати касније група америчких специјалаца је долетела на неколико хекокоптера и одвела га. Већ наредног дана он је био у бази Авијано у близини Венеције. Када нам је пошло за руком да оборимо авион, напустили смо положај заједно са техником. Што се брже преместиш, то је већа шанса читаве посаде да преживи. Тако смо радили 24 пута за ова три месеца агресије. И то је спасло нашу посаду. Нико није пострадао. Мада у нашој бригади ПВО погинуло је 9 особа.

Наставак следи.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Goust

Goust


Број на мислења : 134

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty17/4/2013, 11:29

Овој кажува како убиле македонски војник со самострел
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty17/4/2013, 12:01

Не верувам дека бил македонски, можеби амерички ако тие ги обезбедувале хеликоптерите? Македонците само повремено иделе ..ако сфаќам убаво..
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty29/4/2013, 19:49

Немаше подобра резолуција, ама еве го ‘‘Милосрден ангел‘‘

[You must be registered and logged in to see this image.]

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty3/6/2013, 12:17

Tenkovi na Kosovu i Metohiji

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty20/6/2013, 19:11

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10949

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty23/7/2013, 00:59



На сета трагедија имаше и смешни моменти како овој.
Ах пуста шљивовица.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty23/7/2013, 15:43

Alvar напиша:


На сета трагедија имаше и смешни моменти како овој.
Ах пуста шљивовица.
Главниот лик ете уште не е отрезнат.....јер није у могучности. Абе цар.Very Happy 
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty22/8/2013, 02:14

[You must be registered and logged in to see this image.]

Употребувано од страна на НАТО за намалување на моралот на војниците на нашите соседи.. Evil or Very Mad 

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија   НАТО-во бомбардирање на СР Југославија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
НАТО-во бомбардирање на СР Југославија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
 Similar topics
-
» Распадот на Југославија
» Напалм бомбардирање во Виетнам
» НАТО морнарица
» НАТО Авијација
» НАТО членки и Сојузнички сили

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: