Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воената Академија на АРМ - дискусија

Go down 
+21
JKD
kralimarko
assasian
IgorM
Legija91
BABUN
Smrtnikot
Vojnik122
Nikola32
KikoTE
Alvar
dzole
aleksandar talevski
beowulf
Momak od Gjorce
Profesionalec
Генерал
Зоран
SIG
Subzero
AlexGreat
25 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 20 ... 39  Next
АвторПорака
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty10/3/2012, 19:11

Па како шо ми се чини за нај сигурни информации ќе треба да се јавам во касарната Гоце Делчев и да прашам.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty10/3/2012, 19:14

Subzero напиша:
Па како шо ми се чини за нај сигурни информации ќе треба да се јавам во касарната Гоце Делчев и да прашам.

Мора да помине низ службени канали , таква е процедурата.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty10/3/2012, 19:16

Subzero напиша:
Па како шо ми се чини за нај сигурни информации ќе треба да се јавам во касарната Гоце Делчев и да прашам.

Ќе ни биде од корист Smile

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty10/3/2012, 19:17

Дада. А и не ми се верува да биде Јуни затоа што тогаш средношколците полагаат матура. Па ќе се совпаднат овие две
работи многу наеднаш ќе им дојде. Laughing

______________________
ARM MOJ VISTINSKI DOM!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty10/3/2012, 19:59

Subzero напиша:
Ја не би да бидам досаден али ме интересира уште нешто. Во август годинава знам дека
ќе се распишува нов конкурс за нови питомци на академијата. А знае ли некој колкава ќе биде
таа бројка. Исто како минатиот конкурс ли ќе примаат 40 луѓе? Или сега ќе бидат повеќе-помалку?
Ако може некој да одговори би му бил благоадрен.

Такво нешто на форуми не постои Very Happy

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty20/3/2012, 02:28

Некои новости во врска со ВА?

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty25/3/2012, 17:09

КОМАНДАНТОТ НА КОПНЕНИТЕ СИЛИ НА САД ВО ЕВРОПА ЈА ПОСЕТИ ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

23/02/2012

На 15.02.2012 година Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип ја посети Командантот на копнените сили на САД во Европа, генерал-потполковник Марк Хертлинг. Високиот гостин од армијата на САД беше придружуван од Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котески.

Во рамките на посетата, прво беше реализирана средба со Деканот на Воената академија полковник. проф. д-р Росе Смилески. Во согласност со програмата, во продолжение генералот Хертлинг пред питомците и наставниците од Воената академија, како е претставниците од Генералштабот на АРМ, одржа предавање на тема „Воената професија“. Во интерактивното предавање, генералот Хертлинг како искусен воин несебично го сподели своето долгогодишно војничко искуство со сите присутни. Тој ги акцентираше предизвиците со кои се соочува секој војник, подофицер и офицер од сојузиничките сили во текот на извршувањето на борбените задачи во мултинационалните мисии. Генералот Хертлинг ги нагласи секојдневните промени кои се случуваат во начинот на извршување на поставените борбени задачи. Токму оваа ситуација од секој припадник на офицерскиот кор бара нови, пошироки и современи знаења и вештини. На крајот од своето предавање генералот Хертлинг на питомците од Воената академија јасно им порача да студираат мултидисциплинарно и да работат на својот развој доколку сакаат да бидат успешни и ефикасни современи воени лидери.

На крајот на посетата, во знак на благодарност за посетата и одржаното предавање на Командантот на копнените сили на САД во Европа, генерал-потполковник Марк Хертлинг, од страна на Деканот на Воената академија полковникот проф. д-р Росе Смилески му беше врачена голема плакета од Воената академија.

Галерија

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty31/3/2012, 00:32

КОНКУРС за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ„ – Скопје

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за Воената академија („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија во Скопје објавува

КОНКУРС
за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на лица со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија


Скопје, 30.03.2012

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува конкурс за запишување на осум слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Стручно оспособување и усовршување за родот авијација е со времетраење од осумнаесет месеци.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС
На конкурсот може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови и тоа:
ОПШТИ УСЛОВИ
- да се државјани на Република Македонија;
- да имаат завршено прв циклус на студии, односно стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- да не се постари од 28 (дваесетиосум) години;
- да се психофизички способни (го утврдува воено -лекарска комисија).

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации, што утврдува надлежен орган во министерството за одбрана;

Право на учество на конкурсот имаат и кандидатите државјани на Република Македонија кои првиот циклус на студии го завршиле во странство.
Кандидатите државјани на Република Македонија кои првиот циклус на студии го завршиле во странство треба да достават документ за нострификација на дипломата добиена во странство, издаден од надлежно министерство.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ

При изборот за запишување на кандидатите на стручно оспособување и усовршување на кандидати со завршен прв циклус на студии за офицери од родот авијација за потребите на Армијата на Република Македонија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје покрај општите и посебните услови, при почетното рангирање, во предвид ќе се земат општиот успех на кандидатите од првиот циклус на студии и проверката на физичката подготвеност.
При приемот на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Армијата, ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците.

По завршеното почетно рангирање, кандидатите ќе бидат упатени на понатамошна селекција.

Натамошната селекција се состои од селективни проверки и тоа:
- проверка на познавање на англиски јазик (освоени минимум 70 поени по American language course placement test – ALCPT тест);
- проверка- селекција на земја;
- посебна здравствена способност, што го утврдува надлежна лекарска комисија за воздухопловен персонал; и
- проверка- селекција во воздух;
Сите селективни проверки имаат елиминаторен карактер. Кандидатот кој нема да помине на една селективна проверка го губи правото да учествува на следните проверки а со тоа го губи и статусот на кандидат.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот го спроведуваат Конкурсна комисија што ја формира деканот на Воената академија.

Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оценка од надлежна Воено -лекарска комисија во Воено – медицинскиот центар во Скопје.
По добивањето на резултатите од Воено – лекарската комисија, кандидатите кои се оценети како психофизички способни се упатуваат на проверка за физичка способност.
Проверката за физичка способност се врши според Тест програмата за проверка за физичката способност.
Проверката за психофизичка способност и проверката за физичка способност имаат елиминаторен карактер.

Вреднување на успехот при почетното рангирање

Вреднувањето на критериумите од општиот успех и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност се изразува во поени.
Максималниот број поени што кандидатот може да ги освои по критериумите од општиот успех и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии учествува со најмногу 80 поени.
При проверката на физичката подготвеност кандидатите треба да имаат документ за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).

Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија.
Во рок од 24 часа по реализацијата на проверката на физичката подготвеност, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла на Академијата почетна прелиминарна ранг листа на добиените резултати за кандидатите.
Во почетна прелиминарна ранг листата се истакнуваат бројот на поени од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии, бројот на поени од проверката на физичката подготвеност и вкупниот број на поени, за секој кандидат.
Кандидатот има право на приговор до Деканатската управата на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од објавувањето на прелиминарната ранг листа.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на Академијата, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Почетната прелиминарната ранг листа станува конечна и по истекувањето на рокот за поднесување на приговор.
По завршеното почетно рангирање кандидатите продолжуваат со селективните проверки по англиски јазик, проверка- селекција на земја, посебна здравствена способност и проверка- селекција во воздух.
По завршување на секоја селективна проверка комисијата определена за вршење на селективната проверка, до конкурсната комисија доставува листа на лица кои ја поминале селекцијата.
Во рок од 24 часа по реализацијата на секоја селективна проверка, Конкурсната комисија објавува на огласната табла на Академијата листа на кандидати кои ја поминале проверката.
На секоја листа од селективните проверки, кандидатот има право на приговор до Деканатската управата на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на Академијата, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Листите од селективните проверки стануваат конечни и по истекувањето на рокот за поднесување на приговор.
По објавување на конечната ранг листа, Наставно-научниот совет на Академијата доставува предлог мислење за истата и ја доставува до министерот за одбрана, кој врши избор на кандидатите.

РОКОВИ
Заинтересираните кандидати за упис на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје можат да ги достават потребните документи за пријавување во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот.
По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност и физичката подготвеност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Кандидатите кои конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следниве документи:
• пријава (пополнет формулар кој се добива во Воената академија);
• диплома и уверение за завршено високо образование;
• уверение за државјанство;
• извод од матичната книга на родени;
• уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност.
• Кратка биографија (CV).
Кандидатите државјани на Република Македонија кои високото образование го завршиле во странство треба да достават документ за нострификација на дипломата издаден од надлежно министерство.
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ

Кандидатите кои се примени на Конкурсот за стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се стекнуваат со статус на слушател.
Посебните права и обврски на слушателите за офицери од родот авијација за потребите на Армијата на Република Македонија ќе бидат уредени со договор.
По завршување на стручното оспособување и усовршување слушателите согласно закон се произведуваат во соодветниот чин од родот авијација и се примаат на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.

Со почит,

ВОЕНА АКАДЕМИЈА

cop@morm.gov.mk


http://www.morm.gov.mk/portal/?oglas=konkurs-za-zapisuvanje-na-slusateli-na-strucno-osposobuvanje-i-usovrsuvanje-za-rodot-avijacija
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty31/3/2012, 20:31

Планираат да купуваат школски авиони?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty31/3/2012, 20:32

Subzero напиша:
Планираат да купуваат школски авиони?

Зашто кога имаме веке...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воената Академија на АРМ - дискусија   Воената Академија на АРМ - дискусија - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воената Академија на АРМ - дискусија
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 39Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 20 ... 39  Next
 Similar topics
-
» Фото:Воената Академија низ историјата
» Тероризам - дискусија
» Дискусија за студиите на Факултетот за безбедност
» Топ 10 најмоќни армии на светот - дискусија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Образовни институции на безбедносните сили-
Отиди до: