Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)

Go down 
+16
leopard
Legija91
Hivemind
Iko
beowulf
filip555
Генерал
Зоран
Alvar
Wolf
AlexGreat
maco
Profesionalec
Makedon
SIG
Momak od Gjorce
20 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 27 ... 45  Next
АвторПорака
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty21/4/2012, 22:21

Беседа на гората.........2000 и кусур години покасно......на израелски начин lol!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty21/4/2012, 22:47

beowulf напиша:
Беседа на гората.........2000 и кусур години покасно......на израелски начин lol!

Е добар си нема што. lol!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty16/5/2012, 11:28

НАСЛЕДНИКОТ НА „ХИТЛЕРОВАТА ПИЛА„ , МИТРАЛЕЗ МГ-42 (М-53)

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Arm3252111

Митралезот МГ-42 7.9 mm (МГ-за Maschinengewehr 42) претставува еден од најпознатите митралези на сите времиња. На бојното поле е претставен во Втората светска војна како наследник на МГ-34. Уште во 1937 година германската армија има потреба од универзален митралез, проект на кој работат три производители од Германија: „Јоханес Гросфус“, „Штубген“ и „Рајнметал“ (Johannes Grossfuss AG, Stubgen AG, Rheinmetall-Borsig AG). Комисијата за избор
во 1939 година одлучила дека понудата на Ј.Гросфус е најповолна, а моделот кој е понуден го носи името МГ-39. Подоцна прототипот е произведен во 1500 единици и е поделен за тестирање на Источниот фронт кој ги минува тестовите во реални услови и на крајот во 1942 година масовно се произведува под ознаката МГ-42. Овој модел веднаш е ставен во употреба на Источниот фронт. Најголемото и најжестокото боиште на сите времиња спо-
ред сите мерила – Рускиот фронт, не простувало грешки или недостатоци во техниката на германските армии на Истокот. Тука нацистичката супериорна техника се судира со најсилното оружје – волјата нa војникот кој се брани на своја територија. Токму ова сознание, крваво платено за обете страни, е главен мотиватор за развивање на митралез кој ќе биде доволно ефикасен и со голема брзина на стрелба за да ги елиминира советските јуришници при масовен напад. Следното објаснување ќе даде дел од одговорот на прашањето зошто МГ-42 (или подоцна М-53 од југословенско производство)
е направен „таков каков што е“, со поголема маса и со други карактеристики со кои ќе се сретнете понатаму во текстот. Токму Германците во Втората светска војна на Рускиот фронт го создаваат терминот „General Purpose Machine Gun“, односно повеќенаменски универзален митралез – „МГ-34, 7.9 mm х 57 mm Маузер“.
Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Mg421
Иако веќе имале таков универзален митралез, МГ-34, сакале да направат нов, полесен за одржување, попрактичен и со помала цена на чинење за изработка. Имено, имале потреба од митралез кој без особена подготовка можел да се трансформира во противавионски митратралез и да може да одговори на ненадејните бочни напади на советските партизани, односно на советската армија врз германските позиции. При вакви напади германските линии биле прегазувани заради недоволната огнена моќ која не можела навремено да се пренасочи од очекуваниот правец на напад каде што најчесто се
поставува помоќното орудие на одбраната. Навиканти на „блиц-криг“ војување, бели знаменца и кренати раце ширум Европа, Германците се соочиле со опасни напади и започнале со копање на ровови за првпат од почетокот на нивните офанзиви. За вакви „флеш“ (брзи) дејства била потребна поголема
брзина на стрелба. Германските конструктори го дизајнираат митралезот МГ-42 со калибар 7.9mm со голема брзина на стрелба. Германските податоци од тоа време укажуваат на брзина на стрелба до 1.500 куршуми во минута, иако тоа било само на хартија, додека 1.200 куршуми во минута е брзината која реално можеле да се постигне. Од своето борбено крштевање до денес тој е еден од најпознатите митралези на сите времиња. Произведен е со намера да го замени МГ-34, но сепак до крајот на војната не е произведен во доволни количини за да ја исполни предвидената квота. Првата борбена употреба му е на советскиот фронт и во борбите во Северна Африка. Сојузничките војници го именуваат како „Хитлеровата пила“, поради звукот при пукањето, ефектот и брзината на стрелбата. По Втората светска војна, на територијата на поранешна Југославија останале голем број на МГ-42 со калибар 7.9 mm и големи количини муниција 7.9 х 57 „Маузер“. Поради ова затекнато и пред сè запленето „воено богатство“, практичната и искусна партизанска војска на крајот од војната го усвојува токму овој модел како основен за поддршка на пешадијата. Заради обновување на техниката југословенската воена индрустрија
изработува голем број домашно произведени копии под ознаката М-53,7.9 mm. Се работи за копија на оригиналниот германски митралез која фабриката „Застава“ од Крагуевац започнала да го произведува од 1954 година. Германските оригинали МГ-42 исто така се користат во југословенската федерална армија до средината на седумдесеттите години. Откако домашната индустрија го изработува М-84 кој се покажал како подобро решение во поглед на тежината, моделот М-53 се повлекува од територијалната одбрана и од армиските магацини на воените резерви. Повторно е „повикан“ на служба со почетокот на југословенските војни.


Поголемата тежина го прави идеален за „бункерски“ одбранбени задачи или како оружје за поддршка на пешадијата, најчесто монтиран на возило. М-84 не е најсреќното решение за употреба во пешадиските одделенија од неколку причини: поради го- лемата брзина на гаѓање, не е доволно прецизен на поголеми далечини и „тресе“ при дејство. Потребно е искуство за да се контролира должината на рафалот и силен војник за да го носи од позиција на позиција. Македонската армија го употребува од осамостојувањето. Бил употребуван во повеќе единици, а и денес се употребува во единиците на АРМ каде што може да се забележи, пред сè, на оклопните возила. Ова оружје беше дел од вооружувањето кое беше употребувано за одбрана на безбедноста на Р.Македонија во 2001 година. Во употреба во АРМ се наоѓа митралезот М-53 од југословенско производство кој ì е добро познат особено на постарата генерација која војничкиот занает го започнала во федералната армија (копија на МГ-42 ) со калибар 7.9 mm и новиот МГ-3 во НАТО-калибар 7.62 mm (7.62 х 51 mm). По војната со приклучувањето на Германија во НАТО, се стандардизира куршумот 7.62х51 за митралези и пушки кој до појавата на 5.56 mm бил стандарден за автоматските пушки. Бидејќи чаурата од куршумот 7.9mm не била многу различна од 7.62 mm (8х57), германската армија го адаптира МГ-42 во калибар од 7.62 mm. Јадрото на германската армија било составено од ветеран од Втората светска војна така што позитивните искуства со МГ-42 заживеале во форма на МГ-3. Покрај германскиот модел, по лиценца се изработува во голем број земји, меѓу кои и Австрија (МГ74), Италија (берета МГ42/59), Швајцарија (СИГ-710-3), Шпанија (Cetme ameli) итн.


Куршумот 7.9 х 57 mm „Маузер“ Маузеровиот куршум 7.9 х 57 mm е прифатен во германската империјална армија уште во 1905 година. Оттогаш претставува едно од најраспространетите оружја во светот што се употребува до денес. На територијата на Р. Македонија, освен за воено-полициски потреби, овој калибар се адаптира и за ловечки карабини. Безбедносните сили овој тип на муниција го употребуваат за пушката–репетирка М-48, за полуавтоматскиот снајпер М76, за митралезите М-53 и МГ-3. Дел од овие видови на оружје (М-48 на пример) не се употребуваат повеќе за службени потреби, но можат да се најдат како ловно и како спортско оружје. Куршумот 7.9 mm еволуирал од германскиот „М/88 патрон“ наменет за пушки репетирки од тоа време. Овој куршум има заоблен врв со послаби балистички карактеристики, па во 1905 добива т.н. „spitzer“ (1905 „S“), односно заострен врв на зрното. За ловни карабини се користи варијантата на куршумот 7.9 mm која е со калибар 8 mm со иста чаура од 57 mm. Не смее да се меша воениот куршум со цивилниот ловен карабин или со ловечката 8 х 57 mm муниција за воено оружје. Универзалниот куршум 7.9 mm кој се произведуваше и сè уште се произведува за пушката М-48 7.9 mm и за митралезот (пушкомитралезот) М-53 за југословенската армија е со следниве карактеристики:

Кај универзалното зрно модел М-49 (на „Игман“ Коњиц), врвот на зрното не е обележан со боја.

– брзина на зрното V25 е околу 720 m/s
– тежина на зрното 12,85 g
– тежина на чаурата 11 g
– тежина на барутното полнење 3 g (0.34 g е тежината на барутното полнење во капислата)
– должина на зрното 34 mm
– должина на чаурата 57 mm
– вкупна должина на куршумот 80,6 mm
– вкупна тежина на куршумот 27,19 g

Кај oбележувачкото зрно модел М-70, врвот на зрното е обележан со црвена боја.

– брзина на зрното V25 е околу 705 m/s
– тежина на зрното 12,55 g
– тежина на чаурата 11 g
– тежина на барутното полнење 2,9 g
– должина на зрното 38,8 mm
– должина на чаурата 57 mm
– вкупна должина на куршумот 80,6 mm
– вкупна тежина на куршумот 26,79 g

Вежбовниот куршум е без зрно и на врвот е обележан со црна боја. Куршумите се пакувани по 15 парчиња во картонски кутии. Истата муниција може да
се користи и за „ПАСП М-76“, за М-48 и за М-53.

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Zrnamg42

НАМЕНА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА МИТРАЛЕЗОТ

Митралезот М-53 (МГ-42) е наменет за неутрализирање на жива сила и огнени средства на непријателот до 800 m. Краен ефикасен дострел му е околу 1000 m. Со него може да се дејствува од ногарки, од триножен постамент („Lafette 42“), монтиран на возило или како пар противавионски митралези за цели во воздух („zwilling MG42“). При ненадеен оган од ногарки најдобри резултати постигнува до 500 метри. Може да дејствува рафално, со кратки рафали од 5-10 куршуми и со непрекинат оган. Брзината на гаѓање му е голема па затоа е потребно искуство за да се контролираат споменатите бројки на испукана муниција во рафал. Практичната брзина се препорачува да се ограничи на 300 до 400 куршуми во минута. Митралезот М-53 се полни со реденик од 50 куршуми (односно 250 куршуми) кој може да се продолжува (50-250…) или од барабан со капацитет од 50 куршуми. Постои и оригинален германски барабан од 75 куруми за МГ-42. Митралезот М-53 го опслужува митралезец (нишанџија) и помошник-митралезец. При дејство, цевката на М-53 треба да се
менува на 150 испукани куршуми. Комплетот доаѓа со резервна цевка која секогаш се носи, а за безбедно менување потребен е сет на азбестни ракавици.
Митралезот МГ42 односно М-53 во калибар 7.9 mm работи на принцип на т.н. „кратко повлекување“, ја користи енергијата на испуканиот куршум преку чаурата за да се врати затворачот во задна положба. Затворачот работи на принципот на забравување со ролери, односно затворач кој е опремен со цилиндрични „лагери“ кои излегуваат од телото на затворачот за да го забрават во предна положба, а по испукувањето се ослободуваат и влегуваат навнатре кон телото со што го ослободуваат (одбравуваат) затворачот да оди во крајна задна положба за да започне нов циклус на полнење и испукување на куршумот.
Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Karaktmg42
На врвот од цевката се наоѓа т.н. „бустер“, односно засилувач на повлекувањето, кој има цел да ја зголеми силата на повлекување наназад, односно да дејствува на цевката кон затворачот. Работи на принципот на зафаќање на дел од гасовите кои се насочуваат да дејствуваат наназад. МГ42, односно М53, се полни со реденик од левата страна. За да се наполни потребно е да се одбрави капакот на сандакот и да се смести реденикот, односно да се стави барабанот со муниција со 50 (или 75 ) куршуми. Челичниот реденик не се распаѓа (исто како и кај МТ М84). При потреба од промена на цевката, добро обучена посада на М53 (МГ42) може да ја заврши комплетната промена на цевката за 6 секунди.
Цевката се вади со притисок на рачката од десната страна при што цевката излегува од десната страна. За разлика од фиксните ногарки на МГ42 и М-53, на моделот со калибар 7,62 mm кој го користи македонската армија денес, ногарките може да се постават на две позиции при врвот на цевката поблиску до сандакот на митралезот. Сите наведени типови на митралези користат механички нишани, преден и заден. На МГ-3 може да се монтираат оптички и рефлексни нишани, а се изработени и реденици кои се распаѓаат по испукувањето. Митралезот МГ-3 може да се опреми со 2 видови затворачи, 600 грамски, кој е полесен за поголема брзина на стрелба и 900-грамски за побавна стрелба.

ИЗВОР: „Штит„
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty16/5/2012, 12:36

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty16/5/2012, 12:43

Под итно да се набави king

Цитат :
“The LWMMG is an affordable weapon that closes a current operational gap, providing .50 caliber-like firepower in range and effect at the same weight and size of currently fielded 7.62mm machine guns,”

Цитат :
“By employing the larger .338 NM round, the LWMMG delivers twice the range and dramatically increases lethality above the 7.62 round,” said Elgin. “In addition, the LWMMG goes beyond providing suppressive fire and gives warfighters the ability to attack point targets at significantly extended ranges.”
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty16/5/2012, 13:02

Уште е во прототип фаза (судејќи по сликите), ќе помине уште многу време додека го видиме по боиштава. Smile
Но како и да е, интересен концепт на среден митролез.

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 TfTh1
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty17/5/2012, 19:34

Frogfoot напиша:
За ловни карабини се користи варијантата на куршумот 7.9 mm која е со калибар 8 mm со иста чаура од 57 mm. Не смее да се меша воениот куршум со цивилниот ловен карабин или со ловечката 8 х 57 mm муниција за воено оружје.
Станува збор за еден ист калибар така да тоа дека ловечките куршуми не смеат да се користат во воено оружје и обратно, односно воените куршуми не смеат да се користат во ловно и цивилно оружје, не е точно.За цивилна и комерцијална употреба оваа муниција носи има 8мм маузер, 8x57ИС, 8x57маузер.....додека за воената муниција најчесто се означува како 7.9, 7.92, 7.9x57.....Иначе калибарот на зрното е 8.2мм.Оваа муниција, било комерцијална било воена, не смее да се користи во оружјето направено до 1905 година бидејќи оваа иста муниција(7.9, 7.92, 8мм или како сакате викајте ја) до тогаш се правеше со зрна со калиобар од 8.08мм, додека денес калибарот на зрната(и жлебовите во цевката) е 8.2мм.
Значи, се на се, доколку некој има некој карабин во 7.9мм маузер, било тоа да е оригинален маузер произведен послем 1905 или заставин М48 или било кој модел на ловечки карабин во овој калибар ич не треба да се секира за муницијата.Секоја муниција, било воена било ловечка, може да се пука.Ловечката односно комерцијалната се препознава по тоа што на главата на чаурата(околу капислата) секогаш е испишан калибарот на муницијата и произведителот.За воената муниција карактеристично е тоа што никогаш не е испишан калибарот на муницијата туку годината на производство и произведителот, но во кодифицирана форма.Кај нас најчесто се среќава муниција која е кодифицирана како 10, 11, 12 и 14.Ако на чаурата освен годината има и број 10 тоа значи дека се работи за бугарска муниција(нез нам во која фабрика но знам дека е бугарска).Ако на чаурата е бројот 11 тоа значи дека производител е ППУ(Први Партизан Ужица).12 е коден број за фабриката за муниција Победа од Горажде, а бројот 14 значи дека муницијата е произведена во босанската Игман Коњич.За 13 не знам. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty19/5/2012, 18:17

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 PqLSx

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 8eIDJ

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 2pyhV
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10947

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty19/5/2012, 18:18



Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty20/5/2012, 00:17

beowulf напиша:
Frogfoot напиша:
За ловни карабини се користи варијантата на куршумот 7.9 mm која е со калибар 8 mm со иста чаура од 57 mm. Не смее да се меша воениот куршум со цивилниот ловен карабин или со ловечката 8 х 57 mm муниција за воено оружје.
Станува збор за еден ист калибар така да тоа дека ловечките куршуми не смеат да се користат во воено оружје и обратно, односно воените куршуми не смеат да се користат во ловно и цивилно оружје, не е точно.За цивилна и комерцијална употреба оваа муниција носи има 8мм маузер, 8x57ИС, 8x57маузер.....додека за воената муниција најчесто се означува како 7.9, 7.92, 7.9x57.....Иначе калибарот на зрното е 8.2мм.Оваа муниција, било комерцијална било воена, не смее да се користи во оружјето направено до 1905 година бидејќи оваа иста муниција(7.9, 7.92, 8мм или како сакате викајте ја) до тогаш се правеше со зрна со калиобар од 8.08мм, додека денес калибарот на зрната(и жлебовите во цевката) е 8.2мм.
Значи, се на се, доколку некој има некој карабин во 7.9мм маузер, било тоа да е оригинален маузер произведен послем 1905 или заставин М48 или било кој модел на ловечки карабин во овој калибар ич не треба да се секира за муницијата.Секоја муниција, било воена било ловечка, може да се пука.Ловечката односно комерцијалната се препознава по тоа што на главата на чаурата(околу капислата) секогаш е испишан калибарот на муницијата и произведителот.За воената муниција карактеристично е тоа што никогаш не е испишан калибарот на муницијата туку годината на производство и произведителот, но во кодифицирана форма.Кај нас најчесто се среќава муниција која е кодифицирана како 10, 11, 12 и 14.Ако на чаурата освен годината има и број 10 тоа значи дека се работи за бугарска муниција(нез нам во која фабрика но знам дека е бугарска).Ако на чаурата е бројот 11 тоа значи дека производител е ППУ(Први Партизан Ужица).12 е коден број за фабриката за муниција Победа од Горажде, а бројот 14 значи дека муницијата е произведена во босанската Игман Коњич.За 13 не знам. Smile

aplauz aplauz aplauz благодарам за информацииве Бео! ziveli
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) - Page 9 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)
Вратете се на почетокот 
Страна 9 of 45Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 27 ... 45  Next
 Similar topics
-
» Тешки митралези (12.7мм +...)
» Хамас добивал пушки и митралези од Македонија?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: