Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Касетна (cluster) муниција

Go down 
5 posters
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Касетна (cluster) муниција Empty
ПишувањеПредмет: Касетна (cluster) муниција   Касетна (cluster) муниција Empty18/10/2011, 22:59

КАСЕТНА МУНИЦИЈА

Касетна (cluster) муниција Iojij


Конвенцијата за забрана на употреба, производство, складирање и трансфер на касетна муниција беше потпишана во Даблин во 2008 година, а истата досега е ратификувана од 56 држави, меѓу кои и Република Македонија. Конвенцијата стапи на сила на први август 2010 година.
Конвенцијата ги обврзува земјите-потписнички во рок од осум години да ги уништат постоечките резерви на касетна муниција. Исто така се обврзани и да ги исчистат подрачјата загадени со неексплодирана касетна муниција, како и да обезбедат помош за жртвите.
Основна цел на касетната муниција е да биде ефикасна. Со нејзината употреба треба да се обезбеди превласт на борбеното поле. За жал војната во своите размери како заложници на своето постоење многу одамна ги зела цивилите, дури и децата. Стравотни разурнувања, човечки страдања,задавање болка и закани дека може да биде уште полошо – сето тоа создава неподнослива атмосфера на страв. Сето ова го имаат почувствувано народите на Виетнам, на Либан, на Камбоџа, на Ирак,на Југославија и многу други народи во досегашните војни.
Ако го исклучиме нуклеарното оружје кое само по себе е закана за човештвото, останатите видови оружје не се глобална закана, но претставуваат предмет за анализа. Касетната муниција, која долго време е присутна и позната по големото зло што го предизвикува, е добар избор за анализа, а причини има безброј.

Касетната муниција останува закачена во гранките на дрвјата, се „расфрлува“ на широка територија, а со самото тоа факторот прецизност можеме да го ставиме под знак прашање. Потребно е да се совпаднат многу фактори за да нејзиниот ефект биде оправдан со загубите на противникот. Фактот дека голем процент останува неексплодиран, ја претвора оваа муниција во подмолен убиец кој долго и упорно чека, најчесто невини жртви.
Касетната муниција се растура грмушки,полиња,ливади, во трева... Понекогаш оваа муниција изгледа наивно и е привлечна за децата и за неупатените луѓе. Падобранците со весели бои уште повеќе ја зголемуваат љубопитноста за ненадејни откривања. Кога ќе се посегне по падобранците, настанува пекол. Шрапнелите носат сe пред себе. Сцените се стравотни и не треба да се прераскажуваат. Особено болно е да се гледаат деца без делови на телото, слепи, уплашени, а некои, пак, завршуваат со смртни последици.
Страдаат дури и оние кои треба да го спречат страдањето. За минерите се вели дека опасноста е нивно занимање. Обучени, психофизички подготвени и опремени со голема пожртвуваност, тие трагаат, откриваат и ја уништуваат неесплодираната муниција. Меѓутоа, содржината на касетните бомби е ноќен кошмар дури и за нив. Иако тие детаљно ги проучуваат касетните бомби и ја унапредуваат својата опрема и средства, тоа сепак не е доволно бидејќи секоја средба со подмолните убијци е приказна за себе и блиска средба со смртта.


Дејство и последици

Kога некој авион ќе го исфрли смртоносниот контејнер (касета), тој се отвора во воздух, а од него паѓаат стотици мали бомби (бомблети) кои „покриваат“ простор од 200 до 400 метри. Во секој бомблет се наоѓаат околу 300 шрапнели кои се распрскуваат во пречник од околу 70 метри. Притоа продираат во земјата до 17 сантиметри длабочина. Дури ако погодениот и преживее, му остануваат тешки рани и трајни последици. Касетните бомби се многу непрецизни, а околу 30 проценти остануваат неексплодирани.

Некои делуваат привлечно со падобранчиња во боја, па неупатените, најчесто деца, лесно посегнуваат по необичната „играчка“. Некои запалки се познати, но многу од нив се држат во тајност.
Фантазијата на конструкторите и барањата на нарачателите се необјасниви. Како да се објасни фактот дека можат да се активираат и по неколку месеци или години на мирување. Освен на механички допир, некои реагираат на промена на температурата, на влажноста на воздухот, на најмал потрес итн.
Касетните полнења не се само специјалност на авионските бомби. Може да се лансираат и со ракети и со некои артилериски орудија.

Касетната бомба, „кутијата на злото“, ја направиле и ја отвориле Американците за време на Втората светска војна, а потоа со децении е усовршувана во Камбоџа,источен Лаос, особено во Виетнам, сe до Ирак, Југославија и Авганистан.
Денес арсеналот на касетни бомби е голем и разновиден, ги има од различни типови, видови, категории, намени, концепции, облици, димензии, цени, дејство и тежина.
Што претставува касетната бомба? Тоа е контејнер, касета, кутија од 50 до 250 килограми, дури и од 454 килограми. Контејнерот се полни со неколку десетици до неколку стотици потпроектили или таканаречени бомблети. Димензиите на бомблетите може да бидат различни, што зависи од намената. Контејнерот се фрла од авион, на некоја одредена височина тој се отвара, а бомблетите се расфрлаат на површина со облик на елипса, чија помала оска може да изнесува од 30 до 100 метри, а поголемата од 50 до 250 метри.

Касетна (cluster) муниција Afqwefg

Поентата е во тоа што со касетната бомба се гаѓаат површински, групни воени цели, како што е воена единица: пешадиска,оклопно-механизирана или тенковска единица. Оној којшто користи касетни бомби, таа единица ја подразбира како површина која ја напаѓа како воена цел. Ако таквата површина се гаѓа со класична бомба, би погодила само мал дел од целта, па ефикасноста би била мала, а кога се гаѓа со касетна бомба која се растура во неколку стотина бомблети, се погодува и се уништува значително поголема површина.Бомблетите се полнат со експлозив и имаат стабилизатори за да паднат онаму каде што треба и запалка за да се активираат кога треба. Некои бомблети имаат и падобранци. Одредени видови бомблети екплодираат веднаш по паѓањето, а некои, намерно, подоцна. Некои бомблети експлодираат кога некој ќе ги помести. Тоа се мини кои личат на конзерва (од грашок, на пример), и кога ќе паднат веднаш се исправуваат. Се оставаат, на пример,по разурнување на авионски писти: тие спречуваат пистата веднаш да се поправи, бидејќи штом некој ќе дојде да ја поправи, мините се активираат. Со нив се дочекуваат и спасителите на ранетите кои и сами стануваат жртви.
Касетните авиобомби се така конструирани што во својата внатрешност носат бомблети со најразлично дејство: распрснувачко, пробојно, запаливо или комбинирано. Масата на овие мали бомби се движи од неколку стотици грамови, па до неколку килограми.
Касетните авиобомби може да се расфрлаат одеднаш или програмирано. Бомблетите се наменети за уништување на жива сила и на оклопени цели, за запречување на одредени тактички приоди, за уривање на полетувачко слетувачките писти и слично. Покрај тоа,една касетна бомба може да се појави и во облик на „коктел“ од сите овие бомблети и мини со додаток на специјални запаливи елементи (бел фосфор или циркониум) за предизвикување пожари.Бомблетите може да се активираат веднаш по падот, може да бидат обични мини со различно време на забавување или специјални мини опремени со различни типови сензори (ИЦ, акустични и сеизмички) за детекција и самонаведување кон објектот на дејството.

Основен дел на касетната авиобомба е касетата наполнета со повеќе стотици бомблети и уредот за програмирано исфрлување на касетните бомблети.
По отфрлањето од авионот, можно е,во зависност од конструкцијата, касетата да се отвори со користење на следните принципи: ротациона сила, воздушна струја, пиромеханизми и барутни гасови, со темпирни запалки и временски механизми. Постојат и контејнери од постојан тип (диспензери), кои може да се користат повеќепати.


КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАБРАНА НА КАСЕТНАТА МУНИЦИЈА

Големиот број жртви на разни делови од планетата стана прашање на највисоките светски форуми, организации и институции, проблем за кој се расправало меѓу владите на најразвиените и највлијателните држави, во нивната јавност, меѓу експертите. Се слушна и гласот на оние кои не се богати и моќни,но ги трпат последиците од расфрланата касетна муниција. Заслугите за барањето на решение и остварување на конечната цел му припаѓаат на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, чиј член е и нашата држава. Нивното ангажирање, доследност, хуманост и храброст претставува светол пример во светот кој не се грижи премногу за туѓата мака.Потпишаната Конвенција ја ограничува и ја регулира употребата на касетната муниција. Со неа се забранува производството, употребата, складирањето и трансферот на касетната муниција.
Исто така конвенцијата ги обврзува државите-потписнички да укажуваат секаква помош на жртвите и на нивните семејства – материјална, лекарска, па сe до рехабилитација.
Како исклучок од забраната е касетната муниција која содржи помалку од десет парчиња на подмуниција (бомблети).Секоја од овие бомблети мора да биде така дизајнирана да има за цел само еден објект и да биде опремена со електронски уред за самоуништување или самодеактивирање. Помал број на слични системи денес може да се најдат во воениот арсенал и не е познато дали предизвикале хуманитарни проблеми кои се поврзуваат со касетната муниција.
Од државите-потписнички се бара да настојуваат да ги убедат државите кои не се потписнички на Конвенцијата да не користат касетна муниција. Ова особено важи при преземање заеднички воени операции со држави кои не се потписнички на Конвенцијата.

Со нормите кои се воспоставени со Конвенцијата ќе се влијае на практиката и на позицијата на сите држави, бидејќи касетната муниција е забрането оружје кое никој не би требало да го користи.

Касетна (cluster) муниција Eowifj2



ФАКТИ ЗА КАСЕТНИТЕ БОМБИ

– касетните бомби сериозно го нарушуваат животот на 400 милиони луѓе во светот;

– 85 % од жртвите на касетните бомби се цивили, а од тоа 23% се деца;

– една касетна бомба содржи стотици бомблети кои обично се распрскуваат на површина со
големина на 2 до 4 фудбалски игралишта;

– бомблетите се мали, често со големина на тениско топче и 30% од нив не експлодираат. Неексплодираните бомблети стануваат нагазни мини;

– најмалку во 75 земји во светот се складираат касетни бомби, додека за 34 земји се знае дека
произведуваат повеќе од 210 видови касетни бомби;

– касетните бомби го попречуваат економскиот развој, го ограничуваат пристапот до вода и не им дозволуваат на децата безбеден приод до училиштата;

– касетните бомби биле употребени во најмалку 30 земји и територии;

– глобалните резерви на субмуниција за касетни бомби изнесуваат околу 4 милијарди, а една четвртина од овие средства се во рацете на САД;

– неексплодираните бомблети се одговорни за смртта на речиси 10% од американските жртви во војната во Заливот;

– САД фрлиле 19 милиони касетни бомблети во Камбоџа, 70 милиони во Виетнам и 208 милиони бомби во Лаос;

– САД извршиле 580.000 мисии за бомбардирање во Лаос или, во просек, на секои осум минути во текот на 9 години биле извршени мисии за
бомбардирање;

– најзагадени со касетни бомби се Авганистан, Ирак, Лаос, Косово и Виетнам.

Касетна (cluster) муниција 898yb



Извор: „Штит„

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Касетна (cluster) муниција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Касетна (cluster) муниција   Касетна (cluster) муниција Empty4/4/2012, 21:52

Имам гледано на филм, али ова праи таква штета што не сте виделе Буквално ги "РЕШЕТА" !

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Касетна (cluster) муниција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Касетна (cluster) муниција   Касетна (cluster) муниција Empty4/4/2012, 23:13

Од лим добиваш решето за репа.
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Касетна (cluster) муниција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Касетна (cluster) муниција   Касетна (cluster) муниција Empty5/4/2012, 17:45

Те "Буши" како "ЦЕДАЛКА"!

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
lider1

lider1


Број на мислења : 12

Касетна (cluster) муниција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Касетна (cluster) муниција   Касетна (cluster) муниција Empty29/7/2013, 16:40

Касетна (cluster) муниција 1193921822_hoyre_450
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Касетна (cluster) муниција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Касетна (cluster) муниција   Касетна (cluster) муниција Empty30/7/2013, 12:52

Процентот за опасност од касетни бомби е највисок онаму каде што имаат војувано САД. САД како "Најдемократска" земја е незамисливо да изврши инвазија на некоја држава (Виетнам, Лаос, Ирак, Афганистан, Камбоџа) без да притоа да "засади" неколку милиони касетни бомби во таа земја. И секојдневно гледаме на вести за тоа како САД се обидува да внесе "демократија" во земји каде што има воени судири за да се намали бројот на жртви, а никој не спомнува јавно за енормниот број на жртви кои се последица на касетните бомби.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Касетна (cluster) муниција Empty
ПишувањеПредмет: Re: Касетна (cluster) муниција   Касетна (cluster) муниција Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Касетна (cluster) муниција
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Муниција - врсти, калибар и начини на обележување

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воздухопловство и ПВО :: Воздухопловно вооружување и опрема-
Отиди до: