Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воена географија

Go down 
+6
Profesionalec
Momak od Gjorce
Desperado
Тачка
AlexGreat
kocov
10 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6
АвторПорака
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Воена географија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 6 Empty28/2/2012, 23:13

ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЕНАТА ГЕОГРАФИЈА ВРЗ ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ - III дел

Од пустините до урбаните предели

Воена географија - Page 6 Ussoldiersafghanistan

ВОЈУВАЊЕТО ВО ПУСТИНАТА

Пустина поради климатските и геолошките фактори се смета за мошне тежок и комплициран терен за изведување на воени операции. Нејзиниот денешен релјеф,хидрографијата, па во значителна мера и вегетацијата, се одраз на геолошкиот состав на теренот. За релјефните облици во пустината е карактеристично дека во помала мера настануваат со хемиско дејствување на водата, а во значително поголем дел со механичка ерозија како последица на дејствувањето на ветрот (еолска ерозија) или на дневните амплитуди на температурата.

Пустината е сурова: условите за живеење можат да бидат екстремно лоши и пустината може многу лесно да ги убие неподготвените трупи. Трупите кои се ангажираат во вакви услови мора да бидат физички, ментално и професионално подготовени за да одговорат на овој предизвик. Тие, исто така, мора да бидат потполно аклиматизирани пред започнувањето на операциите со највисок интензитет.
Пустината и подрачјата со екстремно топли временски услови се слични во смисла на амбиентот и температурата, но се разликуваат во однос на структурата на теренот и вегетацијата. Пустините се суви, безживотни региони и варираат од високопланински до песокливи солени полиња кои не можат
да обезбедат нормален живот поради недостиг на свежа вода. Населените подрачја се широко распространети и концентрирани околу водените извори.

Постојат многу малку патишта и железници. Во пустините температурите можат да бидат екстремни. Преку лето нараснуваат помеѓу 50оC (122оФ) и 70оC ( 158оФ), а во зима паѓаат до –45о C. Дневните температурни разлики можат да достигнат 20оC. Екстремно топлото време и пустината можат да влијаат на нормалното движење на борбените возила и на функционирањето на оружјето и комуникациските системи. Во пустина видливоста е често одлична што дозволува добро наблудување и долго поле на оган. Вегетацијата во пустината е слаба па така камуфлирањето главно ќе биде со средства од опремата. Во ретки случаи паѓа дожд и истиот е многу силен. Обилни и прашливи буици ги досегнуваат сувите подрачја по водотеците (вадиси) и истите се многу опасни во овие случаи. Пустинските ветрови можат да достигнат сила на ураган. Прашина и помешан песок можат да го направат животот речиси невозможен, движењето и одржувањето многу тешко, а видливоста може да биде
крајно ограничена. Во пустина операциите ќе се изведуваат со оклопни и механизирани сили, а во некои случаи, со воздушномобилни и воздушно- десантни сили. Операциите најверојатно ќе се изведуваат на многу широк простор и во принцип можат да бидат маневарски битки, со цел концентрација на доволни сили за пораз на непријателот. Способноста за борба во вакви услови ќе зависи од способностите на логистиката.

Воена географија - Page 6 Ussoldiers3

Организацијата на единиците во пустински услови е слична на операциите во променливи климатски услови на маневарското земјиште. И покрај тоа што оклопните и механизирани сили за задача составени од механизирани возила на тркала, вклучувајќи ги воздушномобилните елементи ќе бидат ефикасни во вакви услови, приспособеноста на лесните возила на тркала, оклопни или не, во песокливи подрачја, не треба да биде потценета. Со цел да се одржи операцијата на бараното ниво, борбено-сервисната поддршка првенственото снабдувањето со вода и одржувањето, се многу важни.
Во подготовка на операциите во пустина се појавува и феномен на собирање информации за теренот и процена за теренските фактори на военото поле низ проучување на компилацијата помеѓу топографските и геолошките карти.Кога француските трупи под заповедништво на Наполеон во 1798 година се
растовариле во Египет, во нивниот состав се наоѓала група на инженери и научници. Еден дел од нив им давал поткрепа на француските трупи во рамките на својата струка, а еден дел вршел исклучиво научни истражувања. Клучен елемент за движењето и маневарот на француските трупи во Египет биле географските карти. На Наполеон во Египет му се спротивставила турска војска од 6.000 коњаници, 1.500 пешаци и 40 топови, која подобро
опремената и извежбана, технички значително понапредната француска војска ја поразила во судирот под име „Битка кај пирамидите“. Французите го разбиле турскиот напад ранувајќи или убивајќи 5.000 турски коњаници, при што француските загуби броеле околу 300 луѓе.

По поразот на италијанската војска во Либија во 1940 година, италијанскиот диктатор Бенито Мусолини го молел Адолф Хитлер за помош на неговата војска во Африка. Германскиот главен заповедник го испратил во Либија „Африканскиот корпус“, а за негов заповедник го поставил искусниот и способен генерал, Едвин Ромел. Ромел со својот команден состав почнал да собира информации за теренот, а посебно за подрачјето во кое очекувал борбени операции. Тој заповедал извидување и анализа на просторот за да има податоци кои ќе и користат на германската војска. На почетокот неговите подредени ги анализирале информациите од различни публицирани трудови за северот на Африка. Информациите од тие трудови имале мошне
мала или никаква вредност за процена на военото поле зашто биле преоптоварени и не содржеле детални информации за те- ренот а кои би биле корисни за единиците на тактичко ниво. Од поголема помош биле заробените британски карти. Како резултат на воздушно извидување на теренот (снимање со авиони) и негово методичко расчленување се создадени карти кои Ромел можел да ги употреби за изведување на воените операции. Успешното изведување на воените операции предизвикало постојано повлекување на британските трупи, па Ромел го добил прекарот „Пустинска лисица“. Тој знаел
дека само на прооден терен може да дојде до израз германската доктрина на употреба на тенкови, односно движење, стрелба и маневар. Ја сфатил и добро ја научил лекцијата од италијанскиот пораз во кампањата на генералот Грацијани. Врз основа на тој пораз Ромел заклучил дека
во пустинското војување единици кои не се моторизирани немаат никаква шанса наспроти моторизираните единици на противникот. Водата во пустината, а посебно во текот на воени операции, има непроценлива вредност. Снабдувањето со вода им било доверено на инженерските единици кои имале пумпи и опрема за дупчење на бунари. Историчарите и воените стратези главно се согласуваат дека Ромел ја изгубил завршната битка кај Ел Аламејна поради значително помалите воени сили од британските, како и поради преголемата развлеченост на германските снабдувачки линии. По тој пораз Ромел ја изгубил иницијативата и постапно се повлекувал кон Триполи иподоцна кон Тунис, настојувајќи да ги консолидира своите сили. По сојузничкото
растоварување во северна Африка, во офанзивата против американските трупи ја забележува и ја напаѓа слабата одбранбена точка на американските единици во клисурата Кесерин, во планинскиот синџир Дорсал. Ромел мудро се користел со теренот и со две оклопни дивизии ги разбил амери-
канските одбранбени линии и ја зазел клисурата Кесерин и гратчето Тал.


Искуствата на „Африканскиот корпус“ се искористени за подготовка на операциите „Пустински штит“ и „Пустинска бура“ во 1990 година за американската војска да ја подобри воената способност за успешно дејствување на единиците во пустински услови. Еден сегмент од тоа настојување се однесува и на примената на геолошките знаења. Службата на американските воени геолози (Section of Military Geology/US Geological Survey) имала четири темелни задачи:

– употреба на географски карти;

– откривање на извори и снабдување со вода за пиење;

– процена на проодност на тенкови и процена на теренот;

– лоцирање на лежишта на градежен материјал.


ВЛИЈАНИЕ НА ОПЕРАЦИИТЕ ВО УРБАНИТЕ ОБЛАСТИ

Операциите во урбаните области ќе бидат, како и во поранешните војни, честа појава и во современи услови. Тоа се однесува и на помалите населени места кои, како и градовите, имаат згради од камен, тули и армиранобетонски елементи, како и развиена инфраструктура. Урбаните области, посебно градовите, влијаат врз операциите со: големината, економското, општественото и политичко значење; положбата во однос на земјиштето и зоната на дејството; големината, составот и квалитетот на зградите. Урбаните области обично се центри на патната мрежа. Како што расте потребата за патишта како правци за движење на возилата и специјалната опрема, па дури и потребата за одржување на линиите на комуникација, покрај мобилноста на копнените единици, низ целата земја, од клучно значење е да се одржи контролата на урбаните области. Овие области често содржат значајни економски и политички објекти и многубројно население. Населените места, зависно од големината, поврзаноста со другите места (патишта, водени токови), економското и политичко значење и положбата во однос на земјиштето, можат да имаат поголемо или помало значење за непријателот и за сопствените сили. Во градовите каде што се развиени стопанството, урбанизацијата и комуналните објекти, непријателот е принуден да одвојува моќни сили – оперативни и специјални, коишто, во тие услови најчесто не се доволни да обезбедат окупациски систем и успешна одбрана.

Воена географија - Page 6 6a00d8341c90b153ef014e892e4900970d-500wi

Во градовите треба да се развиваат сите форми и облици на вооружен и невооружен отпор. Операциите во градовите начелно се изведуваат во услови на поволен однос на силите. Во определени услови на простор и време, напад може успешно да се изведува и при неповолен однос на силите. Без разлика дали се работи за напад или за одбрана, потребна е многубројна пешадија. Ако урбаната област се брани, можеби ќе биде подобро за напаѓачот да ја заобиколи областа отколку да ја освои областа што ќе го чини време и човечка сила.

Операциите во урбаните области се карактеризираат со:

– ограничена зона на борбено дејство и набљудување;

– одлична заштита, покривање и прикривањена трупите и опремата, со што се отежнува можноста за процена на големината на единицата;

– намалени можности за маневар, посебно за механизираните единици, но и зголемени можности за инфилтрација и заобиколување. Контролата можеби ќе треба да биде децентрализирана;

– блиска борба (гради во гради), вклучувајќи и зголемена можност за напади со возилата од кратко растојание;

– присуство на цивилно население кое многу сериозно може да ги ограничи воените акции;

– тешкотии во командувањето, контролата и врските;

– високо ниво на потрошувачка на муниција и борбени резерви;

– битка која веројатно ќе може да се води на три нивоа: на површина, по улици, над земја, на покриви и на згради и под земја, во системи на подземни железници и други подземни системи (одвод/канализација);

– навремено и темелно се извршени сите подготовки за изведување на дејства;

– учесниците во операцијата, во операциона област се запознаени со реоните за употреба, со задачите и начинот на дејство;

– содејството детаљно е организирано и извежбано со сите учесници;

– за непријателот, врз основа на собраните разузнавачки податоци, главно се знае она што е неопходно за водење на успешна борба;

– брзо и тајно изведување на сите движења и маневри; одржување на постојан борбен допир со непријателот; ефикасно и брзо отстранување на последиците.


Операциите во урбаните области најчесто се состојат од поединечни судири со противникот што многу го отежнува командувањето со единиците, а ограниченоста на видикот, набљудувањето и огненото дејство, како и стеснетиот маневар, го отежнуваат и водењето и обезбедувањето на бојот и борбата. Одлуката дали поголема урбана област ќе се нападне или не или дали да се брани или не, ќе биде донесена од највисоката команда. Со одлуката за одбрана, а во услови на надмоќност на непријателот, мора да се земе предвид и негативниот ефект за моралот, ако треба да се напушти важ-
на урбана област со нејзината популација. Во согласност со ова, командантот треба да има предвид и тоа дека во одбраната на областа ќе употреби непропорционален број на трупи, вклучувајќи и цивилно население во зоната на борбените дејства.
Додека бранителот се обидува да го врзе за себе напаѓачот во одбранбената област, напаѓачот треба да одлучи како да се справи со ситуацијата. Тој има три опции:

– да ја нападне позицијата;

– да го неутрализира бранителот во урбаната област;

– да ја затвори и да ја заобиколи областа,користејќи ги трупите кои доаѓаат за да се овладее и да се исчисти истата област да се избегнува напад на големи градови, ако за тоа не се создадени сите неопходни услови. Помалку населените места,што послабо се бранети, треба да се заземаат ненадејно, најчесто ноќе, со концентричен напад.
Тежиштето на дејството се насочува кон крилата и боковите со постојано настојување едновремено да се дејствува врз сите елементи на борбениот поредок на непријателот во целата длабочина на зоната.Постојана активност е основен предуслов за одржување на иницијатива и за наметнување на сопствената волја над непријателот. Ефектите кои ги има секоја операција врз цивилното население, секогаш мора да бидат земени предвид при планирањето и водењето на борба во урбани области, во овој контекст и Женевскиот протокол. Треба да се имаат на ум особено оние аспекти кои се однесуваат на цивилното население и одговорностите за заштита на националната култура.

Воена географија - Page 6 43827

„ВОЛЧЈА ЗАМКА„ - ОПЕРАЦИЈАТА ЗА ЗАВЗЕМАЊЕ НА ГРОЗНИ

Подготовките и организарањето на операцијата од страна на руската војска се реализирани навремено и темелно, односно во потполност.
За таа цел претпазливо се проучени планот на градот и неговите приоди, како и водоводните тунели и канализационите мрежи кои чеченските борци успешно ги користеле во 1995 година. Во средината на ноември во градот под закрила на ноќта биле уфрлени групи на војници за градско извидување со цел да го забележат движењето на терористите, нивните локации и да ја забележат ситуацијата за подобра корекција на огнот.
За водење на информативна војна, во Моздок е оформен информативен центар кој пренесувал информации од фронтот. Заради постигнување на тактичко
изненадување вешто се користени дезинформации и се создал впечаток дека руската интервенција е ограничена. Во почетните изјави надлежните не спомнувале за заземање на Грозни, туку само за состојбата во неговото опкружување и за артилериските удари. Контролата над протокот на информации била олеснета затоа што руските и странските новинарски тимови биле повлечени од Чеченија заради опасноста од нивно киднапирање.
Користењето на артилеријата е децентрализирано на моторизираните стрелечки чети или, пак, на чета падобранци им се доделувала батерија минофрлачи или самоодни минофрлачи НОНА 2С9. За непосредна поддршка се формирани воздухопловни тактички групи составени од два до четири Ми-24 и и еден до два Ми-8. Интересно е да се спомене и тоа дека за првпат борбено е употребен и Ка-50. Првата фаза започнала на крајот од сеп- тември а завршила во средината на октомври 1999 година. За разлика од 1995 година сега Грозни бил опколен во цврст обрач, а артилериските и тенковските сили ги заземале сите доминантни коти од кои дејствувале по точките на отпорот. За самата одбранбена операција на чеченските сили, истите подготвиле две одбранбени линии за разлика од 1995 година кога Чеченците примениле еластична одбрана без јасни линии со мобилни тимови и бројни заседи.

Воена географија - Page 6 2

Воена географија - Page 6 250px-Evstafiev-Chechnya-BURNED

Првата чеченска линија се состоела од помалку искусни борци, кои за успешно преместување по точки во градот ископале мрежа на меѓусебно поврзани ровови. Чеченските борци не носеле панцири и биле доста подвижни и не користеле светлечка муниција за да не ги откријат позициите. Снајперистите запоседнале високи и ниски позиции со однапред утврдени линии на повлекување, огнените положби ги прекривале со бетонски блокови на кој под првата ивица ставале автомобилска дигалка, кога сакале да дејствуваат ја подигале едната страна и после тоа ја спуштале во првобитна маскирна положба. Влезовите во зградите и прозорите од приземјата ги затвориле со даски, па затоа руските војници носеле со себе јажиња со куки и даски за влез на погорните катови. Првиот обид да се влезе во градот од страна на руските трупи бил неуспешен, за потоа во повеќе наврати Грозни биде грана-
тиран со БМ-21, ГРАД, ТОС-1, тежок пламенофрлач СМЕРЧ, и тактички ракети ТОЧКА. Од 25 декември 1999 година до средината на февруари 2000 година траела третата фаза на борбите за Грозни. Целта на Чеченците била да ги истераат руските војници на улиците додека Русите тежнееле кон обратното. Руските единици ја користеле тактиката на Чеченците од 1995 година, дејствување со мали тимови од 3 /три/ војници, снајперист, митралезец и нишанџија на РПГ. За остварување на меѓусебна огнена поддршка движењата на тимовите биле синхронизирани и контролирани. Руските сили нападот го насочувале во пет правци. Жестоки борби со чеченските сили започнале на 17 јануари 2000 година. Противниците наизменично заземале важни објекти во деловите на градот. Отпорот на Чеченците постепено слабеел поради огромните губитоци и им се заканувало потполно уништување.

Воена географија - Page 6 1995011GL

Операцијата „Волчја замка“ започнала во текот на ноќта на 29 јануари, со заеднички напори на руските разузнавачи, одделенијата за прислушување и со вешто користење на лажни радиоврски со непостоечки единици, што било познато уште во Втората светска војна како „маскировка“. Истовремено чеченските терористи исцрпени од борбите и со помош на нивните информации од разузнавањето, тргнуваат во општо повлекување од Грозни во југозападниот дел, бидејки мислеле дека тој е најбезбеден правец. Заклучокот го донеле врз база на прислушувањето на врските. Меѓутоа тој правец го контролирала руската артилерија кој водел кон безброј мински полиња и кој бил резултат на руската тактика „маскировка“.

Воена географија - Page 6 300px-Chechnya9268

Извор: „Штит„

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воена географија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 6 Empty21/3/2012, 15:10

Нели ќе добиевме и други мапи за останатите граници?

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воена географија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 6 Empty26/3/2012, 17:11

Interesna modernizacijaВоена географија - Page 6 Bmp-2m_w_kornet_115_of_123
Вратете се на почетокот Go down
Hivemind

Hivemind


Број на мислења : 52

Воена географија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 6 Empty19/4/2013, 22:18

kocov напиша:
Desperado напиша:
А зошто мислиш дека хеликоптерски десант не е можен преку планините?

Тоа е можно но ке ти требат голем број на хеликоптери еве да речиме Грција најголем дел од транспортанта комопнета му се bel-212, e сега да транспортира 200 луге ке му требат 20 хеликоптери, а сепак 200 луге се малку ако се сака еве да се земи да речиме Велес како град ако во тој град го браниме ние со едно 1500 до 2000 луге, потоа нашите планини се доволно високи, да со еден пренослив систем кога ке ја прелетуват планините да ги собориш оти како за пример пелистер е висок 2600 метра а еден белл -212 можи да се крени максимално до 4000 метри на тоа мислев, дека непријателот ке треба да употреби голем број на хеликоптери за десант преку планините кој треба да ги сфатиме како еден вид на голем ѕид мегу нас и нив.

Чекај малку Грција има и Блек Хок околу 40, има апачи исто така и секако РЕК битола која произведува 85% од енергијата на државава, значи погрешна ти е тезата дека ќе праќаат 200-600 луѓе во град, туку напротив првен ќе бидат обезбедени патиштата очигледно специјалните нуркачки сили ќе делуваат но исто и хеликоптерите како и падобранците и ако за една вечер го зазенмат само Е-75 и ја уништат или оштетат РЕК Битола ние ќе бидеме во Мрак, стратегиските мостови кои ние би ги срушиле за да неможат Леопардите и абрамсите како и војската да помине т.е да ги натераме таму кај што сакаме и да имаат загуби од пасиввни методи, но сепак ова сценарио е потешко изводливо можеби за бугарија и србија, но за Грција која има појако Воено Воздухопловство од Италија и Шпанија почнувајќи од Ф-16 блок 52 до мираж2000, фактички откако ќе бидат заземени патните правци а ние ќе бидеме во мрак тогаш ќе настапи бомбардирање на касарни, апачи ќе ништат се пред себе и ќе треба да се спремаме за Герилска војна.

Со 30 Т-72 како и 12 МИЛАН системи ништо на земја против непријателскиот оклоп, во воздух со 10 игла околу 50 Стрела(која лесно се мами) и неколку СА-13 ние нема да покриеме ниту 20% од територијата што значи очигледна ќе биде нивната воздушна супериорност, секако и беспилотни ќе употребуваат бидејќи на инфраред и во шума и во дупка се гледа човек,цигара, истрел возило.

Потребно е за ова да се спречи да имаме сили за брза реакција но и САМ бариера од Југ кон Север токму со модифициран МИМ23, кој има солиден домет Тунгуска или панцир да спречат пенетрација а потоа нза секој случај пасивна одбрана како против тенкови така и противавионска поточно стар т-34 запали го извади муниција и ете мета која ќе ја гаѓаат грците, џип маскирно обоен со ќунец кој за пилотот ќе биде тенк, а маверик чини од 16 000 долари се до 100 000 во зависност од системот за наведување, понатаму обавезно макети и на хеликоптерите и макети на авиони, на САМ системи нека промашуваат.

Сепак најдобро е да влеземе во НАТО и конечно да добиеме еден нов економски циклус така да економијата постигне повторно едно рамниште, но на повисоко ниво. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воена географија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 6 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воена географија
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 6Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6
 Similar topics
-
» Воена географија
» Прва Воена Парада
» АРМ - новости
» Кинеска воена морнарица
» Баталјон на Воена Полиција

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Инженерија-
Отиди до: