Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воена географија

Go down 
+6
Profesionalec
Momak od Gjorce
Desperado
Тачка
AlexGreat
kocov
10 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
Desperado

Desperado


Број на мислења : 70

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty9/11/2011, 09:40

Kocov na koj nacin mislis da napravis ezerca so pomos na rekite? Mislam deka toa e neizvodlivo a i mnogu komplicirano. Dodeka polesno bi bilo da se minira celiot prostor bidejki ke go napravis em potesko prooden za napagjacite em nema da moras da stacioniras vojska na toj reon da dejstvuva so tie PCFR kako sto gi narece.
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty9/11/2011, 16:44

Па да ке имаа доста мини и доста места ке бидат минирани, додека овие пцфр ке бидат нешто како артилерија која цело време треба да удира на непријателот, и тој да не можи да ги пребраува мините или да се групира, а за езерата како да се направат па нека се ископа една голема дупка па зидовите на овие езерца да бидат премачкани со глина со цел да се спречи бегањето на водата, додека со водата овие езера да се снабдуват со водата во случајто во Битола од Црна Река и Елешка река.
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty9/11/2011, 22:28

Премногу комплицирано брат а и неизводливо навистина.

Најдобро би било да се урнат мостовите ако ги има , и барем така да се спречи поминување на реката од страна на непријателот..а обалите на реките да се минираат...

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty11/11/2011, 01:39

Па затоа мислев да се зголемат реките преку заезерување со цел да бидат поголеми препреки а за минирање тое не избежно
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty12/11/2011, 23:32

Кочов,ајде постави слики од стапиците што ги вети баш ме интересира какви би изгледале.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty20/11/2011, 18:29

мислев на вакви системи да бидат поставувани и да се подесуват по азимут или елевација по пат на дистанца или со електоника со цели ако бидат уништени сепак нема да загини некој војник само ке бидат уништени овие повеке цевни лансери на ракети кој ке бидата изработени од композит



https://2img.net/r/ihimizer/img268/1669/nd40001.jpg
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty21/11/2011, 12:23

За што служат овие кочов? мислам дека навистина тешко е да погодиш било што со вакви... silent

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty26/11/2011, 00:18

ВОЕНА ГЕОГРАФИЈА II дел (релјеф и временски услови)

Воена географија - Page 5 Arm3462111

ПЛАНИНСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ОПЕРАЦИИТЕ

Планинскиот терен се карактеризира со значителни разлики во однос на стрмните падини и долините низ големи површини (области). Планинскиот терен може да вклучува урбани средини и долини меѓу планинските гребени, висорамнини, како и самите планини.Кои се важни воени карактеристики на планинските области?
Големите висински разлики на теренот обезбедуваат одлични позиции за набљудување или може целосно да замаскираат големи копнени области.
Структурата на теренот обично има еден карактеристичен изглед со патна и железничка мрежа која ги следи теченијата на реките и другите водотеци. Ова има големо влијание на маневарот бидејќи најголемиот дел од силите ќе бидат принудени да дејствуваат во согласност со структурата (изгледот) на земјата.Патната мрежа ќе биде ограничена и движењето низ шумите, низ долините и низ останатите топографски карактеристики во повисоките региони, често ќе биде екстремно тешко или невозможно. Многу планински области се пошумени, посебно пониските падини.
Планинското земјиште ја ограничува употребата и ги намалува ефектите за дејство на современата борбена техника. Поради непроодноста надвор од патиштата, недостатоците на обработливо земјиште и водата, тоа, најчесто е слабо населено, со што го прави изведувањето на операциите посложено. Борбените дејства, посебно непријателските, се канализирани на правците, долините и котлините, најчесто во зафатот на планинските реки, со слаби можности за содејство меѓу силите што се ориентирани на другите правци. Подготовката за маневар, посебно за непријателскиот, е
мошне отежната.Планинското земјиште влијае врз операциите, особено врз употребата на оклопните, механизираните и артилериско-ракетните состави.

Дејствата се насочени кон мал број патишта, проодни гребени, ледини,долини и висорамнини, кои помалку или
повеќе се одвоени едни од други. Отежнато е движењето и доведувањето на еди-
ниците, како и развојот и групирањето за борба.
Единиците во текот на операциите ќе изведуваат борбени дејства на поголеми
меѓусебни растојанија и отстојанија, на одвоени правци, самостојно и со подлабок
борбен поредок, најчесто без непосредна огнена врска. Прегрупирањето на силите по фронтот е отежнато, честопати и неизводливо. Почетното групирање има решавачко значење за резултатот на операцијата. Резервите,начелно се посилни и се распоредени по групи. Дејството на главните сили најчесто ќе се пројавува во долините, по должина и преку гребените. За забрзување на дејството и за преместување на тежиштето, силите често ќе се доведуваат од длабочина.Успехот на операциите во планините обично се постигнува со единици кои ја постигнале контролата врз клучниот терен како што се самите планини и планинските гребени, долините, клисурите и патиштата. Некои од овие ќе имаат ефект на канализирање и може да бидат контролирани од единици кои се наоѓаат на височини кои доминираат над нив. Затоа, битката за врвовите ќе биде главен фактор кој ќе го води текот на операцијата во планинските средини. Заради ограничената мобилност на теренските возила, од решавачка важност е употребата на хеликоптери за извидување, за повторно доставување на продукти и за евакуација.На планинско земјиште се применува уфрлање во противничкиот борбен распоред и во неговата заднина.

Одбраната во вид на одвоени отпорни точки на помалите групи им овозможува, (особено ноќе), да се пробијат меѓу отпорните точки во противничката заднина, а потоа, користејќи го ударот на главните сили од фронтот, однатре да го разбијат противничкиот систем на одбрана.

СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ОПЕРАЦИИТЕ ВО ПОШУМЕНИ ОБЛАСТИ

Воена географија - Page 5 Arm235

Темпото на операциите во шумите е многу намалено. Зоните кои се набљудуваат и оние кои се штитат со огнена поддршка се ограничени и затоа борбите често се водат со оружје со краток дострел. Дрвјата овозможуваат прикривање со што се зголемува можноста за изненадување.Шумите ја намалуваат ефективноста на огнената моќ. Заради проблемите со набљудувањето и одредувањето на цели-
те, оружјата со долг дострел многу губат од своите предности. Оружјата кои може да ги носат војниците стануваат многу значајни и кога целите ќе се појават, најважно е да се дејствува брзо и соодветно. Високата траекторија на минофрлачите ги прави многу погодни за операции во пошумени места бидејќи можат да се употребуваат од која било мала чистинка.
Ефективноста на конвенционалната високоексплозивна муниција против незаштитениот персонал е зголемена со ефектот на распрснување на помали делови и со експлозиите во гранките на дрвјата.Ограничената видливост има психолошки ефект врз трупите кои се ангажираат во операции во шуми за подолг временски период.
Ќе има малку можности за масовна употреба на оклопни сили. Во зависност од големината на дрвјата, од нивниот распоред и од теренот, оклопните возила може да се пробијат надвор од утврдените патишта иако ова ќе биде бавно. За одбрана и за напад е потребен поголем дел од трупите кои се надвор од возилата отколку што е вообичаено.

Пошумените области имаат ефект на разделување и канализирање на единиците за напад. Тие области се погодни за оние трупи кои се ангажирани во одбраната или во одложување на операциите. Типично, операцијата ќе биде серија на изолирани акции на помали единици. Одржувањето на кохезијата ќе биде многу скапа за трупите и затоа командантите можеби ќе мораат да прифатат празни простори кои нема да бидат покриени. Поради одличното прикривање за операциите, постојат зголемени можности за излегување надвор од крилните позиции, за инфилтрација и за поставување заседа, и со помали единици може да се има влијание врз операцијата споредено со големината на силите.

СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ОПЕРАЦИИТЕ ВО УСЛОВИ НА ЕКСТРЕМНО СТУДЕНО ВРЕМЕ

Воена географија - Page 5 Arm23515

Оперативното опкружување и влијанието на метеоролошките појави и времето како атмосферска појава на изведување на операции во услови на екстремни студови во зима, може сериозно да влијаат на подготовката, на организирањето и на водењето на операциите.Зимата има големо влијание поради снегот, мразот, студот и должината на денот. Ниските температури и обилните снежни врнежи повеќекратно влијаат на однесувањето на луѓето и на техниката, отежнувајќи го и забавувајќи го, а честопати и оневозможувајќи го движењето.Планирањето го карактеризираат зголемените временски норми, посложената содржина на подготовките, зголемената потрошувачка на материјално-технички средства, интезивното следење на метеоролошките услови, посложената процена на ситуацијата и посложеното планирање на логистичката поддршка.
Поради ограничена можност за движење потребно е повеќе време за подготовка на операциите. При изведувањето на дејствата зиме, треба да се смета на опасноста од замрзнување, од снежно слепило и брзо истоштување на луѓето бидејќи деновите се кратки, односно се зголемува времето на ноќни дејства.

Ниските температури, снежната покривка и силните ветрови ги истоштуваат луѓето, особено при подолго задржување на отворен простор. Како последица на ова кај луѓето доаѓа до замрзнување, до снежно слепило и до губење на ориентацијата поради привидни промени на релјефот на земјиштето. Ниските температури негативно се одразуваат на борбената техника, посебно на автоматските средства и системи, на моторните возила, на електрониката и на изворите на напојување, а поради ладењето на материјалите деловите често се абат и се кршат.Прецизноста на гаѓањето е помала поради непрецизното одредување на далечината, а во снегот се намалува ефектот на дејството на гранатите и на мините.
Многу ниските температури (под –20 C) влијаат на психофизичката состојба на борбените единици, односно ги намалува нивните работни и борбени способности. Настинките можат да поминат во епидемија, што во одредени услови може да исфрли цели единици од борба, додека смрзнатините можат да остават трајни последици. Поради отежнатото снабдување, единиците се пополнуваат со муниција и со други средства над нормата, а заднинските единици се распоредуваат поблизу до распоредот на другите елементи на борбениот поредок, во помалку населените места, во шумите и слично. Единиците преку зима се разместуваат по куќите, по колибите и по импровизирани засолништа што ја наметнува потребата за ангажирање на поголеми сили за осигурување и за преземање на други мерки заради спречување на изненадувања. Кога тоа е можно позициите треба да се бираат на места кои се заштитени од студ, од ветер и од виулица. Треба да се преземат мерки против смрзнување на воените состави, а секогаш треба да се обезбедат пијалоци и топла храна. Неопходно е да се преземаат мерки за зачувување на борбената и физичката способност на единиците и за функционирањето на вооружувањето,на нишанските справи, на работата и функционирањето на возилата и на другите технички средства.
Неопходно е да се организира често менување на борбениот распоред,загревање и одмор на единиците, за позициите и реоните кога е можно да се избираат места заштитени од студ, од силни ветрови и снежни наноси, да се обезбеди топла храна и напивки за луѓето, а за возилата и вооружувањето да се обезбеди зимско масло, течност за разладување, синџири и друга зимска опрема, заштита на нишанските направи, направите за набљудување и друго. Потребно е често менување на дежурните единици и организирање на одмор и загревање на луѓето.
Командите и штабовите мора да посветат поголемо внимание на подигањето на свеста на старешините и на единиците и на сознанието дека и најтешките задачи можат успешно да се извршуваат ако се спроведени соодветни подготовки и ако составите се обучени за дејство во вакви услови. Единиците кои дејствуваат во екстремно студени услови треба да бидат способни за ефективно водење на сите типови на операции за кои добиле сеопфатна и со одветна обука, но треба да се знае дека извршувањето на тие операции ќе биде исклучително тешко.
Најважниот аспект за операциите во екстремно студени услови е дека единицата мора да биде способна да живее и да опстане во средината ако сака да биде ефикасна во борбата против непријателот. Во најголема мерка, успехот ќе зависи од соодветната обука и од опремата. Операциите во студено време бараат поголема застапеност на единици за поддршка за оддржувањето на оперативната способност. Операциите вообичаено ќе се изведуваат од помали единици и организацијата на задачите треба да биде поставена пред почетокот на дејствувањето. Тешко ќе биде во текот на операцијата да се извршат приспособувања.


Извор: ШТИТ
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty26/11/2011, 14:24

kocov напиша:
мислев на вакви системи да бидат поставувани и да се подесуват по азимут или елевација по пат на дистанца или со електоника со цели ако бидат уништени сепак нема да загини некој војник само ке бидат уништени овие повеке цевни лансери на ракети кој ке бидата изработени од композит

https://2img.net/r/ihimizer/img268/1669/nd40001.jpg

Кочов ова не ми се верува дека може да успее,тешко дека со ова може да се погоди нешто што лета,повише ми делува како некое артилеристо среттство во стилот на Пламен М-63 отколку ПВО систем...освен ако има можност да испалува Топлотно следечки или Имфрацрвено следечки ракети...еве ги мојте предлози за вакви системи...

Воена географија - Page 5 Iron+Dome+Defense+System+Rafael+DTN

Воена географија - Page 5 0d3abdc1-a868-4c51-bd7d-6c85a3f1739d.Large

Воена географија - Page 5 Iran-Shahin-Missiles4
Вратете се на почетокот Go down
Тачка

Тачка


Број на мислења : 48

Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty26/11/2011, 16:30

Ovaj sistemot Izraelski navistina e efektiven i se pokazuva odlicno protiv proektilite koi gi lansira Hezbolah. Na koj princip raboti?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воена географија - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   Воена географија - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воена географија
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 6Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
 Similar topics
-
» Воена географија
» Прва Воена Парада
» АРМ - новости
» Кинеска воена морнарица
» Баталјон на Воена Полиција

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Инженерија-
Отиди до: