Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Создавање на Македонското Воено Воздухопловство

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Создавање на Македонското Воено Воздухопловство - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Создавање на Македонското Воено Воздухопловство   Создавање на Македонското Воено Воздухопловство - Page 2 Empty16/6/2017, 15:17

СОЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ВОЕНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО (11)
Петковски станува Летачка Ѕвезда
НОВА МАКЕДОНИЈА

На почетокот, пилотирањето со авиони на Никола Петковски му беше само хоби и задоволство да се вивне во височините. Но потоа му стана занимање, професија со која ја обезбедува егзистенцијата, која трае со децении до денешни дни. Идната година (2018 год.) ќе одбележи редок јубилеј - 45 години од првиот самостоен лет. Иако професијата се вбројува меѓу најризичните по животот на пилотот, врз него тоа не влијаеше да се поколеба и да се откаже од пилотирањето.

Петковски е храбар, вљубен во летањето со воздухоплови, тоа го исполнува, го прави среќен. Како што ни вели, со зборови не може да ги опише задоволствата, доживувањата во височините, во облаците, кога ја надлетува земјата и кога од височина ги надгледува природните убавини, планините, полињата, долините, реките, езерата, градовите... ужива во задоволствата, особено кога со авионот изведува акробации.

Во речиси четири и полдецениското пилотирање, професијата му има донесено многу успеси, радости, задоволства, материјални добивки, квалитетен и исполнет живот.
Со восхит Петковски ни раскажуваше за доживувањата на првите летови, кога се наоѓал во воздух и од земјата бил оддалечен неколку стотина метри.

- По добивањето дозвола за управување со едрилица и за спортски пилот ми се отвори патот слободно да летам низ воздушниот простор над нашата држава. Се сеќавам како тоа да беше вчера, не се забораваат задоволствата што ги доживеав кога го постигнав големиот успех, со едрилица пет часа се одржував во воздух и притоа прелетав 135 км на релација: Куманово - Штип - Пробиштип - Куманово. Кога се приземјив, публиката ме награди со огромен аплауз, а организаторот ме закити со сребрена значка Ц и ми додели диплома за постигнатиот резултат. Душата ми беше исполнета со најубави нешта што ми се случија во животот. Чувствата и задоволствата само се доживуваат, за нив немам зборови со кои можам тоа да ви го доловам, да го опишам - се сеќава тој.

Никола, Коле, како што го нарекуваат другарите и пријателите, првиот лет со авионот „аеро 3“ го имаше на 16-годишна возраст, во далечната 1973 година, со Трајче Стефановски, пилот-инструктор, на аеродромот „Аџитепе“ во Куманово. Доживувањата што ги имаше на првиот лет, беа пресудни да се одлучи неговата професија да биде пилот на авион. Целосно се посветува и пристапува со голема љубов и сериозност, континуирано го продлабочува теоретското знаење, редовно тренира, ништо не остава на случајност, тоа е неговата формула за успесите што ги остварува во плодната воздухопловна кариера.

За краток временски период по првото качување во авион, со одличен успех ги завршува теоретскиот и практичниот дел за пилот. Голема му беше радоста кога на 7 јуни 1977 година, на 20-годишна возраст, ја доби дозволата за спортски пилот. Потоа ги минува обуките за пилот на ЈНА, пилот-инструктор и пилот-акробат, со што го добива прекарот Летачка Ѕвезда. Како едриличар лета од 1973 година, во 1974/75 година успешно го полага испитот за падобранец, а потоа станува моторен пилот, што му е животна определба и професија.

На неколку страници на една од неколкуте папки во личната архива на Петковски се наоѓаат пилотските дозволи: за акробатско летање (7.1.1980 год.), за обука за спортски пилот (8.9. 1980 год.), за професионален пилот (10.7.1981 год.), за авиотретирање (5.11.1981 год.) итн.

На многу државни првенства што се одржуваа низ некогашната заедничка држава, на балкански првенства, на македонски државни првенства, Петковски, никогаш дома не се враќаше со празни раце. За блескавата пилотска кариера, за успесите, наградите и признанија, Никола со задоволство ни говореше.

- Обуката за падобранство (152 скока) ја завршив 1974/75 година. На 16 години го имав првиот самостоен лет со „аеро 3“, авион на мојот незаборав. Пред да заминам на отслужување на воениот рок во Југословенската народна армија, имав над 200 часа лет. По враќањето во 1977 година, учествував на републичко првенство во моторно летање. На 10-те натпревари освоив дури 7 први места. Во 1980 година, положив за наставник за летање, за едриличарство и за акробатско летање на „Злиа 526“ и станав прв наставник во Македонија - се сеќава тој.

Што се подразбира под акробатско летање?
- Акробатското летање е врвна техника на пилотирање. Пилотот треба да има дарба, талент, да не се плаши и затоа е мал бројот на пилоти-акробати. Во бивша Југославија бевме регистрирани само 12 пилоти-акробати, а во Македонија бев само јас. Аеромитинзите завршуваат со акробатско летање. Тоа му доаѓа како шлаг на торта. На височина од околу 300 метри со авион се изведуваат невообичаени атракции, неколкупати вртење на авионот, летање по вертикала, изведување различни акробации, со кои за неколкупати се зголемува адреналинот на пилотот, а гледачите ги остава без здив.

Во богатата пилотска кариера, како пилот-акробат тој има настапувано на голем број аеромитинзи: Скопје, Ниш, Белград, Бања Лука, Порторож, Охрид и на други места. Од 1980 година, Петковски почна активно да спортува и да се натпреварува во спортско моторно летање: на рели-натпревари, во дисциплините прецизно и акробатско летање. Оттогаш повеќе од десетина пати го освојува првото место на Македонија. Во периодот 1982-1990 година, беше стандарден член на југословенската репрезентација. Во дисциплината прецизно летање секогаш беше меѓу првите тројца на натпреварите.

Пилотот Петковски покрај големите ангажмани, наоѓа време да се сретне со колегите, пријателите, деловните соработници и со блиските. Секогаш е расположен за разговори на кои со задоволство говори за своите пилотски вештини и успеси.

(Продолжува)
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Создавање на Македонското Воено Воздухопловство - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Создавање на Македонското Воено Воздухопловство   Создавање на Македонското Воено Воздухопловство - Page 2 Empty20/6/2017, 11:24

СОЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ВОЕНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО (12)
Успеси и со позајмени авиони
НОВА МАКЕДОНИЈА

Од многу учества на меѓународни, државни, сојузни, и на републички натпревари, Петковски, како посебен го издвојува следниот настап:

- Во траен спомен ќе ми остане настапот на пилотско-акробатскиот митинг што се одржа во 1983 година, во Краљево (Србија). Кога влегував во авионот марка „злин 526“, авиомеханичарот Стеван Вучковиќ ми рече: „Детиште голобрадо излегувај, кој те донесе тука да се ашкаш?!“. Зборовите како да не ги слушнав, бев концентриран на натпреварот, на летот и на акробациите што планирав да ги изведам.

Се вивнав во небото, по изведен круг-два, почнав со акробациите, бев дополнително мотивиран од авиомеханичарот, сето тоа се одвиваше како на филмска лента, без грешка. Очите на високите воени гости и на посетителите беа вперени во небото, со внимание, без да трепнат, без здив ме следеа и се воодушевуваа од глетката што им ја приредував. Кога го приземјив авионот, излегов од кабината, а публиката ме поздрави со громогласни извици „бравооооо“ и аплаузи што траеја доста долго. Без конкуренција го освоив првото место, а генералот Вучичевиќ се крстеше. И авиомеханичарот Вучковиќ ми честиташе, беше изненаден од моите вештини и ми се извини.

Петковски го оддели учеството на Балканијадата одржана 1989 година, во Солун, Грција.
- Како државен репрезентативец на Југославија, во поединечна конкуренција освоив пет први места, а во екипна конкуренција го освоивме првото место. На Балканијадата покрај учеството на врвни пилоти од сите балкански држави настапија и врвни пилот на Италија, Холандија, Франција, Германија и на Англија - ни рече тој.

Во 1998 година, учествува на Европскиот шампионат во авиорели-натпревари во Краков, Полска. Македонската репрезентација го освои 8-то место, меѓу 17 држави.

- Во долго сеќавање ќе ми остане учеството на ова првенство. Полјаците мислеа дека сме Руси и нѐ сметаа за најголеми непријатели, поради нивната историја и актуелната политичка состојба. Мислењето брзо го сменија, кога на организаторите им рековме дека сме Македонци и се натпреваруваме за репрезентацијата на Република Македонија, ни се извинија, се спријателивме, се дружевме, воспоставивме одлични пријателски односи. За пријателство и за разрешувањето на дилемата дека не сме Руси, за натпреварувањето со нивните авионите не ни зедоа ниту злота, нѐ честеа - се сеќава Никола Петковски.
Од 30 август до 12 септември 1999 година, во Римини, Италија, се одржа 11-то Светско првенство, а за македонската репрезентација настапија Никола Петковски, заедно со Борко Давидовски, Бобан Милановски и Дејан Трајановски-Кузо. Македонците го освоија 11-то место, од вкупно 52 репрезентации, пред репрезентациите на САД и Руската Федерација. И на ова првенство настапот им беше неизвесен бидејќи немаа авион со кој ќе се натпреваруваат. Неколку дена пред натпреварот, Никола Петковски од пријателите на аероклуб од Љубљана, Словенија, под наем обезбеди авион и тие без тренинзи остварија забележителен резултат.

Петковски идната година ќе одбележи редок јубилеј, 45 години активен пилот на моторен авион. Според неговата прецизна статистика, која грижливо ја води, за овој период има управувано со над дваесетина типа авиони, реализирано над 3.000 часа летање со авион, 20.000 полетувања и слетувања и над 1.000 часа летачко искуство со едрилица. Како инструктор по летање има обучено многу млади пилоти, кои работат во неколку авиокомпании во светот.
Неколку дена со часови, разговаравме со пилотот Никола Петковски, го запрашавме дали има страв од летање?

- Сите ние пилотите сме суетни, посебно во военото воздухопловство. Нема човек што не се плаши. Тоа е природно и нормално. Едноставно стравот исчезнува со искуството, а гонењето на судбината е судбоносно. Најчесто авионот е беспрекорен, а човечкиот фактор непредвидлив. Некој посебен ритуал, пред да заминам на работа немам. Секое утро, пред да го напуштам домот се крстам, му се молам на господ, да ме чува, здрав и жив да се вратам. Пред да влезам во авион, вршам визуелна проверка на леталото, иако по протокол детален технички преглед вршат авиомеханичари и со потпис потврдуваат дека леталото е техничко исправно и може да лета. Кога ќе го активирам моторот концентрацијата е целосна во извршување на задачата со леталото.

Позитивните искуства од употребата на земјоделската авијација, го поттикнуваат пилотот Никола Петковски, во 1996 година, да ја основа авиокомпанија „Бониер“. Целта му беше и му остана современо третирање на македонските полиња: сеидба, ѓубрење, хемиска заштита и сл.

- За кратко време со авион може да се завршат потребните агротехнички третирања на плодните површини и се добиваат поголеми приноси, нагласува Петковски и дообјаснува: се заштедуваат пари, време, работна рака, енергија, ефикасноста е поголема во споредба со традиционалното третирање. Во сеидбата рамномерно се распределува семето, приносите се повисоки за 10 отсто, а и сушата полесно се поднесува.

Долготрајните есенски дождови негативно влијаат во одложување на сеидбата, а поради зголемената влага на почвата, тракторот со редосејалка не може да влезе во нивата и да ја заврши сеидбата. Но, затоа, улогата ја преземаат авионите и со нив без проблеми ја извршуваме оваа значајна земјоделска задача. Авионите летаат ниско, секое зрно во всејуваат многу подобро од редосејалката - ни објасни тој.

Витрините на Петковски, не само што ги красат пехари, медали, дипломи туку и голем број општествени признанија со што му беа валоризирани спортските успеси. За 1990 година беше избран за најдобар меѓу најдобрите спортисти на Куманово. По поводот денот на ослободувањето на Куманово, 11 ноември, во 1997 година, му беше врачено највисокото општинско признание Единаесетноемвриската награда на општината Куманово.

Никола Петкоски, кога се наоѓа во временски теснец, со авион оди на работа, од Куманово во авиобазата во селото Пеширово, Свети Николе. Го пали авиончето и за неколку минути стигнува на работното место. Инаку, на работа редовно оди со автомобил или со комбе, оддалеченоста од 40 км ја минува за педесетина минути.

- Во сегашни услови во Македонија со приватен авион да се оди на работа е несекојдневно, многумина сметаат дека е атракција, за мене е потреба. Пред неколку децении поседувањето автомобил и одењето на работа беше луксуз, а денес не може да се замисли без автомобил. Одењето на работа со авион набрзо ќе биде нормално - ќе констатира Петковски.

Во осумдесеттите години на минатиот век, како член на аероклубот „25 мај“ од Штип, Никола Петковски постојано престојуваше во градот на реката Отиња и станува негов жител. На штипскиот спортски аеродром беше преку ден, а вечерните часови ги минува на игранки, на кино и на драмски претстави, се забавуваше како секој млад човек.

- На една од забавите се запознав со мојата животна сопатничка, се вљубивме и како што одминуваше времето одлучивме да стапиме во брак. Кога ја побарав за жена ѝ предложив да ја земам бегалка со авион, да направиме мала и несекојдневна атракција. Дојде на спортскиот аеродром во Штип, авионот за оваа околност посебно го украсив, беше подготвен и заедно летнавме за Куманово - ни открива тој.

(Крај)
Вратете се на почетокот Go down
 
Создавање на Македонското Воено Воздухопловство
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2
 Similar topics
-
» Руско воено воздухопловство
» Југословенско воено воздухопловство (ЈРВ и ПВО)
» Ми-24 во Македонското ВВ
» Историја на авионот F-20 во Македонското ВВ
» Хрватско полициско воздухопловство

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: