17.06.2013 Од денес во наредните пет дена
Јавен повик за волонтери во МВР
Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2013 година, има потреба од ангажирање на волонтери, дипломирани економисти и дипломирани правници, поради што објавува, објави Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во МВР. Притоа, на јавниот повик се повикуваат сите заинтересирани кандидати – исклучиво студенти во завршна година на студирање од областа на правните и економските студии, и тоа:
Студенти од областа на правните студии - 20 волонтери
- во седиштето на МВР - 12 волонтери
- во Сектор за внатрешни работи Скопје - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Битола - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Велес - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Куманово - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Тетово - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Охрид - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Струмица - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Штип - 1 волонтер
Студенти – од областа на економските студии - 11 волонтери
- во седиштето на МВР - 3 волонтери
- во Сектор за внатрешни работи Скопје - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Битола - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Велес - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Куманово - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Тетово - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Охрид - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Струмица - 1 волонтер
- во Сектор за внатрешни работи Штип - 1 волонтер
Во седиштето на МВР - 2 волонтери,
- исклучиво студенти во завршна година на студирање на електротехнички факултет или природно-математички факултет-информатика.
МВР ги повикува сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:
-потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира;
-мотивационо писмо;
-кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење).
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период заклучно до 15.09.2013 година, без можност за продолжување на волонтирањето.
Кандидатите кои аплицираат за волонтер во седиштето на Министерството за внатрешни работи и во Секторот за внатрешни работи – Скопје потребните документи да ги достават во писарницата на Министерството за внатрешни работи (ул .„Димче Мирчев“ бр.9);
Кандидатите кои аплицираат за волонтер во Секторите за внатрешни работи - Битола, Велес, Куманово, Тетово, Штип, Струмица и Охрид, потребните документи да ги достават во писарниците на наведените сектори.
НАПОМЕНА:
- доставувањето може да биде лично или по пошта;
- доставувањето на апликациите на кандидатите за волонтер потребно е да бидат со назнака „За јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи“.
Рокот за доставување на документите е 5 (пет) дена од денот на објавување на повикот.
Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Министерот за внатрешни работи. По завршување на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи
www.moi.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.
http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12408&mid=1367&tabId=358&tabindex=0