Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+23
икс
leopard
MISFIT
Macedonian09
1
momo
ESN
Momak od Gjorce
Mrshajnoski
kocov
Macedonian Knight
BoyfromKavadarci
Legija91
darkness
m-r.niceguy
JKD
Panter
РИС
debarska
dzole
Alvar
Зоран
SIG
27 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23 ... 48 ... 75  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty28/11/2016, 16:48

Укази за поставување на генерали на нови должности и за назначувања на воени претставници на Република Македонија во странство
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2016/11/ukazi_za_postavuvanje.html

Претседателот Иванов изврши нови формациски поставувања во АРМ
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/282/133457456
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2576

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty28/11/2016, 23:29

Назначувањето на генералите е полесниот дел од работата , опремувањето со нова техника и опрема е потешкиот кој никако да мрдне од нула .
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty30/11/2016, 16:27

Фото вест: Учество на АРМ во акцијата за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2016/11/zasadi_idnina.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty22/12/2016, 14:48

Како „напредува“ проектот „АРМ мој вистински дом“

https://www.facebook.com/profesionalen.vojnik/videos/1259908617381045/
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty22/12/2016, 19:19

АРМ - новости - Page 22 CiIfZFh

Не ми ги отвора сликите. Иако, може да замислам до каде се со проектот. Very Happy

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty22/12/2016, 19:31

Видео не е слика,не го отвара пошто страната е од затворен тип,видео е извадок од емисијата 360 степени...

https://youtu.be/DbSqcEHsIiI?t=40s
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty22/12/2016, 19:48

Да, така и мислев, работава е... "дупка". Very Happy

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty23/12/2016, 13:59

Соседите ја засилуваат воената авијација,македонското небо го бранат хеликоптери
нова македонија

Повеќе земји од соседството почнаа да ја зголемуваат и да ја подновуваат својата воена авијација. По неколкугодишните преговори за набавка на авиони од типот „миг-29“, таа e во процес да биде финализирана, барем според најавите на српскиот премиер Александар Вучиќ. Според она што се пишува во тамошните медиуми армијата на Србија ќе добие 6 воени авиони „миг-29м2“ и дополнително два авиона - летачки радари, како и уште 12 други беспилотни летала што ќе пристигнат подоцна во текот на годината. Соседна Србија набавува и противавионски системи „бук“.
- Борбените летала од Русија пристигнуваат во Србија во форма на донација за која примачот, односно Белград плаќа ремонт и истовремено и модернизација што не е невообичаена практика за Москва во последните години - пишува Б92.

Според текстот на белградскиот медиум, главниот интерес на Русија за ваквиот договор е зацврстување на нејзините интереси на Балканот каде што повеќето земји се веќе членки на НАТО.
- Со постојната финансиска ситуација на српскиот воен буџет и фактот што „миговите“ што се во моментов дел од српската воена авијација се набавени пред речиси 30 години, ваквиот договор е шанса за зајакнување на одбранбениот потенцијал на земјата - заклучува Б92.
Српскиот премиер Вучиќ, за време на овонеделната посета на Москва, изјави дека Србија од Русија добила „многу добра цена“ за оружјата.

Според српскиот премиер, Србија како воено неутрална земја, со набавката на авионите и на противавионските системи сака да ја осигури безбедноста на своите граѓани.
- Нашата доктрина е да ги заштитиме нашиот народ и меѓународно признаените граници. Во услови на сè поголеми опасности, моравме да размислуваме како да ја унапредиме нашата борбена готовност - вели Вучиќ.
Во меѓувреме, бугарското министерство за одбрана неодамна на адреса на произведувачите на воени летала во повеќе земји од светот испрати барање за понуди за набавка на нови борбени летала.

Барањето за доставување понуда било потпишано од министерот за одбрана Никола Ненчев и министерот за економија на Бугарија, Божидар Лукарски.
- Барањето било испратено до Италија, Португалија, САД и до Шведска на 9 декември, а содржината на писмото не може да биде објавена во јавност бидејќи содржи тајни одбранбени податоци - пишува софиски „Аеропрес“.
Медиумот повикувајќи се на изјава на повереник на Министерството за одбрана на Бугарија информира дека барањето за понудата на набавка на воени авиони се подготвувало повеќе од три месеци, а документот содржел повеќе од 200 страници во кои биле наведени сите технички, оперативни, финансиски и правни барања односно сите критериуми, за да се пресмета која понуда е подобра.

Софискиот весник во својата информација на оваа тема истакнува дека сите информации биле објавени во „Службениот весник“, а според процените на медиумот сите тендерски документации треба да бидат завршени до крајот на 2017 година, а авионите да пристигнат во Бугарија во текот на 2018 година.
„Аеропрес“ вели дека од моделите што најмногу одговараат на потребите на бугарската војска, Софија најверојатно може да ги купи авионите од моделот „ф-16 млу“, „ф-16 А/Б“ (американско производство), „еурофајтер тајфун“ (ЕУ-производство), „сааб грипен“ (шведско производство), а чии модели потекнуваат од пред 8-10 години.
- Бугарија за оваа цел издвои 1,5 милијарди лева со кои очекува да набави осум повеќенаменски борбени авиони. Доколку сѐ се одвива според планираните чекори во наредните две години Софија ќе купи уште 8 други летала за дополнителни 1,5 милијарди лева со што со двете фази на набавката ќе ја опреми борбената авијација според предвидениот план на Министерството за одбрана насловен како „агенда 2022-2023“ - заклучува „Аеропрес“.

Натаму, на почетокот од годинава властите во Тирана одлучија да продадат 40 застарени авиони и хеликоптери од советско и од кинеско производство бидејќи за леталата се заинтересирани музеи и колекционери, а истите тие немале воена вредност.
- Министерството соопшти дека ќе бидат продадени 40 авиони и хеликоптери меѓу кои се и советските борбени авиони од типот „јак-18“, „миг 15“, „миг 17“, „миг 19“ и „миг 21“, како и хеликоптери од типот „ми-4“ - информира новинската агенција АФП.
Неколку месеци по продажбата, во август годинава Министерството за одбрана на оваа земја информира дека собраните пари од старите летала дополнително со финансии од буџетот на земјата Албанија ги искористила за купување два борбени хеликоптера од марката „еурокоптер ец145“ и уште еден од истиот тип наменет за превоз на ВИП-личности.
Додека нашите соседи со исклучок на Грција, која е во должничка економска криза купуваат борбени летала, кај нас нема најава за слични активности. Македонската армија, по воениот конфликт во 2001-та, според договорот со НАТО се обврза своето воено воздухопловство да не го опремува со авиони, туку само со хеликоптери, но за нови летала во буџетот нема пари.
За разлика од Србија, Бугарија, па дури и Албанија, македонската авијација и противвоздушна одбрана имаат слаб арсенал оружје.

Првите и досега единствени борбени авиони на АРМ веќе 15 година стојат препуштени на временските услови на стојалиште во базата на воздухопловната единица на АРМ кај скопскиот аеродром. Запустени и подзаборавени, со избледена маскирна боја и со ознаки, заматени стакла, четирите „сухои“ почиваат на гробиштата на отпишана опрема на воениот аеродром. Ниту АРМ ниту Министерството за одбрана нема одговор каква ќе биде нивната понатамошна судбина. Воени извори тврдат дека, во теорија, е можно леталата да се оспособат за оперативна употреба, но со оглед на нивната состојба, тоа би бил скап проект.
Во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, Македонија купи четири борбени авиони „сухој су-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата. Во оперативна употреба во силите на Советскиот Сојуз биле од 1978 година, а најмногу дошле до израз во Советската војна во Авганистан. Авионите на АРМ имаа неколку борбени летови во конфликтот во 2001 година како поддршка на копнените дејства на безбедносните сили.

Во пролетта 2003 година Македонија декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени и конзервирани. Следната година Министерството за одбрана и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ. Последниот официјален став на Министерството за одбрана е дека борбените авиони не се опфатени со плановите на одбраната, ниту за модернизација ниту за враќање во формацискиот состав на армијата. Со години ваквата ситуација за леталата беше константна сѐ до декември 2011 година кога во јавноста беа пласирани информации дека во Министерството за одбрана се размислува „сухоите“ да бидат модернизирани и да се вратат во употреба како дел од Балканската регионална иницијатива за обезбедување на воздушниот простор (БРААД) преку која НАТО сака земјите од регионот да ги вклучи во единствен систем за набљудување и патролирање на небото, компатибилен со тој на Алијансата. Но досега Министерството за одбрана не донесе таква одлука. Досега се разгледуваа неколку варијанти за судбината на авионите. Набргу откако беа прогласени за вишок, првата идеја беше авионите да се продадат на пазарот за половно оружје, но оваа варијанта набрзо отпадна. Се разгледуваше можноста авионите да ѝ се вратат на Украина во замена за транспортен авион „ту-74“ или за неколкугодишно сервисирање на хеликоптерите на АРМ. Но ни оваа опција, до денес не се реализира. Во преговори со западни сојузници една од варијантите беше „сухоите“ да ѝ се дадат како донација на трета земја од партнерските држави, а АРМ за возврат да добие повратна донација на транспортен авион од западен сојузник.

Воен-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски смета дека нашата земја треба да одвои повеќе пари за финансирање на одбраната без разлика дали станува збор за купување на нови борбени средства или модернизација на постојните.
Стефаноски го аргументира тоа со фактот дека поради проблемот што го имаме за името, најверојатно подолг период нема да станеме членка на НАТО, и ние самите наместо да се надеваме на помош од сојузниците треба да си ја осигуриме својата безбедност.
Пензионираниот полковник, пак, Благоја Марковски вели дека недостигот од борбени авиони е комплетно решен со новиот концепт на паметна одбрана на НАТО.
- Во согласност со стратегиската одбрана на НАТО и одбраната на Македонија, нам не ни требаат авиони и авиоодделение, односно воздухопловството ќе се сведува само на противвоздушна одбрана и на хеликоптери. Токму поради тоа и четирите „сухои“ се конзервирани во магацините на АРМ - објаснува Марковски.
Тој е дециден дека, сепак, во натамошниот развој Македонија мора да размислува да ги обнови веќе и онака потрошените ресурси на нашата авијација.
- Токму затоа треба да размислуваме и да набавиме такви летала (хеликоптери) што нам стратегиски ни требаат, иако реално тешко е остварливо тоа, бидејќи знаеме дека буџетот на АРМ е многу мал. Па, затоа и не верувам дека во иднина ќе се случи зделка што би личела на онаа што сега ја направи Србија - вели експертот.

Историјат на македонското воено воздухопловство
Историјатот на македонското воздухопловство почнува две-три години по осамостојувањето. АРМ дури на 28 јуни 1994 година ги доби првите хеликоптери, генерално транспортни, популарниот „хјуи“ од американско и „ми8“ од руско производство. Последните руски модели беа купени од украинското воено воздухопловство. До денес не е објавена сумата што е платена за нив. Според некои шпекулации, дадени се по 500.000 евра за хеликоптер, според други и до два милиона евра. Само во почетокот од конфликтот екипажите беа украински посади, а потоа беа заменети со македонски пилоти, кои на дело покажаа дека можат да се рамнат со нивните украински колеги.

Со какви летала располага АРМ
Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ поседуваат четири борбени авиони „су-25“ (од Украина), 6 школски авиони „злин-242л“, 12 борбени хеликоптери „ми-24В/К“, 4 борбено-транспортни хеликоптери „ми-8мт“, 3 транспортни хеликоптери „ми-17“ и два повеќенаменски хеликоптера „ух-1х хјуи“. Единиците за противвоздушна одбрана се опремени со мобилни системи за противвоздушна одбрана „стрела-10м“, преносни системи за противвоздушна одбрана „игла-1“ и „стрела-2м“, како и со противавионски топови со калибар од 20 мм и од 40 мм.

АРМ - новости - Page 22 23122016093639_main_web_grafik_1
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty23/12/2016, 16:00

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty23/12/2016, 19:49

Momak od Gjorce напиша:
Со какви летала располага АРМ
Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ поседуваат четири борбени авиони „су-25“ (од Украина), 6 школски авиони „злин-242л“, 12 борбени хеликоптери „ми-24В/К“, 4 борбено-транспортни хеликоптери „ми-8мт“, 3 транспортни хеликоптери „ми-17“ и два повеќенаменски хеликоптера „ух-1х хјуи“. Единиците за противвоздушна одбрана се опремени со мобилни системи за противвоздушна одбрана „стрела-10м“, преносни системи за противвоздушна одбрана „игла-1“ и „стрела-2м“, како и со противавионски топови со калибар од 20 мм и од 40 мм.

Вака на хартија изгледа солидно, во реалност....

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 22 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 22 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 22 of 75Отиди на страна : Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23 ... 48 ... 75  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: