Владата на Република Северна Македонија на седница донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на заедничка обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“.
Заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ е дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерство за национална одбрана на Соединетите Американски Држави. Специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија со 12 (дванаесет) припадници учесници на активноста, во период од 20 август до 01 септември 2023 година активно ќе учествува во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ на територијата на Република Северна Македонија.
На вежбата е предвидено учество на 10 (десет) припадници од специјалните сили на вооружените сили на САД и 12 (дванаесет) припадници на вооружените сили на Република Албанија, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства.
Локација за учество на вежбата ќе бидат полигоните за обука и стрелиштата за изведување на гаѓања во касарните „Илинден“ – Скопје, „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Ѓорче Петров“ – Скопје.
______________________ Si vis pacem, para bellum
РИС
Број на мислења : 2585
Предмет: Re: Вежби на АРМ 16/8/2023, 15:51
Денес видов ОШКОШ камион , бар како таков ми изгледаше , на булеварот во Автокоманда , одеше во правец на касарна Илинден .