Еве ги,во 18:00 ги поставија на сајтот а вежбата беше сабајле во 10:00
Припадниците на АРМ во Радожда прикажаа врвна обученост при изведување на комбинирани активности на копно, вода и воздух
Денес, 16-ти јули, во караулата Радожда, Струга, се изведе методско-показна тактичка вежба ,,Неутрализирање на непријателски пловен објект“. На вежбата присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески и други високи гости.
Вежба беше со замислено сценарио каде терористичка група од соседна земја по воден пат влегува во Република Македонија и има намера да предизвика немири и да се спои со одредени делови на населението во земјава.
Припадниците на пСО, во координација со припадниците на воздухопловната бригада, ја презедоа операцијата „Харпун“ во која беа прикажани повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник. Пред вежбата, пред гостите беше презентирана нуркачката опрема и друг вид на опрема и вооружување за извршување на борбени дејства во вода.
"Ова што го видовме е импресивно и ние заедно со АРМ ќе направиме се што е во наша моќ да ги имате најдобрите услови" им порача на припадниците на полкот, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски
Специфичноста на оваа вежба произлегува од потребата за добра координираност во подготовката, организацијата и изведувањето на една вежба од ваков тип. Во вежбата учествуваа копнените сили, воздухопловните сили и припадниците на езерицата на АРМ. Со вежбата сакавме да ја покажеме и координацијата на меѓу АРМ и МВР, додаде Котески.
Командантот на пСО, бригаден генерал Ѓурчиновски оцени дека овие операции се со многу висок ризик и бараат екстра тренинг и подготовка за да може успешно да се одговори, притоа изјавувајќи дека на денешната вежба беше демонстрирана целокупна оспособеност и комбиниран капацитет за одговор на секаков вид закана со поддршка и содејство на силите на армијата од воздух и од копно, како и на нуркачките единици преку спасување давеник .
За изведување на оваа вежба, во текот на изминатите денови, припадниците на АРМ се подготвуваа во Центарот за обука на вода во Охрид.
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/07/obuka_pso_radozda.html