Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+32
Goust
Birac
1
viko55
Predator1990
Macedonian09
BoyfromKavadarci
РИС
leopard
Braveheart993
darkness
totomkd
Цане
ace89
Mrshajnoski
debarska
Legija91
Rashid
Генерал
икс
assasian
SIG
Smrtnikot
Зоран
Alvar
dzole
Спенсер
Momak od Gjorce
ESN
JKD
Panter
mstislav
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 33 ... 43  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty20/7/2016, 10:45

Полициска акција „Којот“ во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија, осомничени и полицајци

Во оперативна акција под називот „Којот” која се одвивала во текот на вчерашниот ден па се до утринските часови од Одделот за сузбивање сериозни криминал при МВР, приведени се повеќе лица и извршени се претреси на неколку локации во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија.
mvr
Како што потврдија за МИА од МВР, акцијата е извршена поради основи за сомневање за сторени повеќе кривични дела злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба.

Според првичните информации, осомничени се и полициски службеници од СВР Велес.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што објави на веб страницата, раководи со предистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал од утринава ја спроведува акцијата „Којот”.

– Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл.418-в, Криумчарење мигранти од чл.418-б, Разбојништво од чл.237 ст.4 в.в. со ст.1, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.3 в.в. со ст.1 и 2 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ОЈО објавено на веб страницата.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува, продолжува со преземањето дејствија, за кои јавноста ќе биде дополнително известена.​

Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот.

http://www.libertas.mk/politsiska-aktsija-kojot-vo-veles-negotino-skopje-i-gevgelija-osomnicheni-i-politsajtsi/

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11097

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty20/7/2016, 17:06


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty22/7/2016, 15:30

МВР со нов мобилен систем за снимање со камери: Ќе се заштитат правата на граѓаните, ќе се подобри квалитетот на работа

МВР денеска на граничен премин Табановце го промовираше новиот мобилен систем за снимање со камери, чија цел е да се подобри квалитетот на полициското работење, да се заштитат правата на граѓаните, да се спречат сите можности за корупција и непрофесионално однесување на полициските службеници, да се заштитат полициските службеници и да се обезбеди еднаквост на сите граѓани пред законот.

На промоцијата на системот присуствуваа министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски. Началникот на мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, Боби Ѓорѓиев, објасни дека полицискиот службеник е обврзан да го информира граѓанинот дека ќе се снима постапката, која потоа се внесува во базата на податоци на МВР која е заштитена и до која пристап имаат само одредени службеници, како и дека материјалот по 45 дена автоматски се брише. Доколку е потребен одреден материјал за судска или интерна постапка, тогаш се запазува процедурата предвидена во законот.

Министерот Чавков изјави дека станува збор за проект поврзан со снимање на службените дејствија од страна на сообраќајната полиција.

-Интенцијата на операционализацијата на овој проект е подигање на интегритетот на полициското постапување, односно обезбедување на законитост во преземањето на секое службено дејствие и тоа е практично на иста линија како и многуте политики кои што во рамките на МВР, досега ги имаме донесено, утврдено и операционалиозирано преку различни стандардни оперативни процедури. Крајната цел е постигнување на две комплементарни цели – обезбедување на безбедноста на граѓаните и на заедницата во исто време и почитување на човековите права и слободи, рече Чавков.

Тој изрази благодарност на програмата ИЦИТАП од САД и Министерството за правда, кои го помогнаа овој проект кој ќе придонесе за подигање на интегритетот и професионалниот однос на полициските службеници во своето постапување и непосредното применување на законските овластувања. Чавков изрази надеж дека проектот е само почеток за ширење во другите полициски структури кои работат на терен и кои имаат директна комуникација со граѓаните на РМ.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стаменковски појасни дека проектот придонесува за остварување на правата на граѓаните, а истовремено е и чекор напред во транспарентноста во работата на полициските службеници

-Го поддржуваме овој проект и се надеваме дека тој ќе даде значааен придонес во зголемувањето на безбедноста во сообраќајот на патишатата, а со тоа и намалување на бројот на сообраќајни незгоди во текот на летото, додаде Стаменковски.

Во однос на сообраќајките во текот на месец јули, рече дека се забележува зголемен број жртви во сообраќајни незгоди, но дека споредбено со 2015 година бројката се движи во тие рамки. Нагласи дека за првите шест месеци од 2016 година 65 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патишата.

Одоговарајќи на новинарско прашање, до каде е постапката за отварање на гранични премини кон Србија и кон Косово, барање кое го упатуваат жителите на Лојане и Миратовце, министерот Чавков вели дека интензивно се работи на овие цели, дека се преземени сите активности и иницијативи кои се завршени и тоа за различни делови од државата, со цел, како што рече, да се зголеми пропусната моќ на движење на граѓаните во и надвор од Македонија.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-nov-mobilen-sistem-za-snimane-so-kameri-ke-se-zashtitat-pravata-na-graganite-ke-se-podobri-kvalitetot-na-rabota/

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty24/7/2016, 00:14

Вратете се на почетокот Go down
Panter




Број на мислења : 452

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty24/7/2016, 03:00

Ohridskata ekipa od PEP eks lavovi i ima i eden od ESZ sega se plavci toj vo sredina e turcin Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11097

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty31/7/2016, 01:53

УБИЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО КУМАНОВО

Полицаец од СВР Куманово е прободен со нож додека интервенирал за семејно насилство во кумановската населба Средорек. Од задобиените повреди полицаецот починал.

Убиството се случило пред 23 часот во сабота во семeјство каде било пријавено дека насилник ги малтертира домашните. Кога полицаецот влегол во куќата насилникот се нафрлил врз него и го пробол со нож во грбот. Од задобиените повреди полицаецот починал на лице место.

Од Основното јавно обвинителство Куманово информираат дека дежурен јавен обвинител врши увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили.

Имено, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.

Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош.

Увидот е во тек, а напаѓачот е приведен.
http://sdk.mk/index.php/naslovna/ubien-politsaets-vo-kumanovo/

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty31/7/2016, 11:02

Полицаец убиен во Куманово!

Полициски службеник од Секторот за внатрешни работи Куманово вчеравечер пред 11 часот бил убиен со нож во ромската населба Средорек, при интервенција за семејно насилство.

Во СВР Куманово било пријавено семејно насилство, а кога полицаецот се обидел да го приведе насилникот тој го прободел со нож во пределот на грбот, повреда која била фатална по неговиот живот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство извршил увид во населбата Средорек, а напаѓачот бил приведен.

http://kumanovskimuabeti.mk/policaec-ubien-vo-kumanovo/

Задолжително мора да се промени Законот за внатрешни работи и Законот за полиција во делот на овластувањата на полициските службеници особено во делот за употреба на оружје. Исто така мора да се спроведе комплетна реобука на сите полициски службеници.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty31/7/2016, 11:16

Нема потреба од РЕобука на полициските службеници, доволно е како што кажа да се извршат промени во ЗП во делот на овластувањата за употреба на средства за присилба и огнено оружје. Поради нефлексибилноста на законот во тој дел, како и желбата на правосудниот систем да покаже дека и претставниците на законот можат да завршат во затвор, поради тоа никој не ни помислува за употреба на огнено оружје, па дури ни во ситуации кога имаме нужна одбрана.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty31/7/2016, 11:46

Реобука е нужна од многу причини. Една од нив е дека полициските службеници пристапуваат на ситуациите премногу лежерно и со ниска доза на претпазливост. На 90% од нив доколку им сугерираш дека треба да бидат повнимателни ќе ти одговорат дека нема ништо да се случи. Со сите оние со кои сум имал шанса да зборува за одредени ситуации, кога ќе ги прашам зошто не направи ова или она како превентива, СИТЕ одговараат: Не очекував дека тоа ќе се случи. Затоа е потребна реобука.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty31/7/2016, 12:00

Реално, кај нас сеуште полициската работа и не е толку опасна, тоа е останато во нашиот менталитет и затоа така се постапува. Патем, голем дел од полициските службеници исто така избегнуваат да преземат одредени мерки, како и употреба на средства за присилба, само поради обемната документација и притисоците од внатрешна контрола кои следат како резултат на тоа.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 23 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 23 of 43Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 33 ... 43  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: