Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 МВР - новости

Go down 
+32
Goust
Birac
1
viko55
Predator1990
Macedonian09
BoyfromKavadarci
РИС
leopard
Braveheart993
darkness
totomkd
Цане
ace89
Mrshajnoski
debarska
Legija91
Rashid
Генерал
икс
assasian
SIG
Smrtnikot
Зоран
Alvar
dzole
Спенсер
Momak od Gjorce
ESN
JKD
Panter
mstislav
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 29 ... 43  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty13/11/2015, 15:14

JKD напиша:
Значи никој нема да го слуша неговиот збор како и да е ?

Ќе видиме, засега МВР функционира како и до сега.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
debarska

debarska


Број на мислења : 83

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty13/11/2015, 18:49

како и да земиме ние навистина имаме добри полицајци досега не се побуниле за ништо во државата
секогаш биле на браникот на татковината ако од 1997 во гостивар па до последното во куманово се борат со истите луге кои ги апсат по цена на жртви и ранети.
и по година две тие ,,бегат,, или некој ги амнестира или извлекува па пак одново истите па истите, ние не слушнавме за нови терористи

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty13/11/2015, 23:35

Ве молам држете се до темава...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty20/11/2015, 15:51

Претходните мислења кои беа напишани во погрешна тема се избришани. За тие работи има посебна тема.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty21/11/2015, 09:24

Во Скопје зајакнати мерките за безбедност
20 November, 2015 - 23:08


МВР ги зајакна мерките за безбедност на одредени објекти или места . Од полицијата за Телма изјавија дека се постапува согласно планот за зајакнати мерки и активности во градското подрачје на СВР Скопје и се постапува по истиот . Поради ваквата одлука забележително е поголемо присуство на полициски службеници. Оваа мерка уследи по неодамнешните бомбашки напади во Париз во кои загинаа 127 лица и по терористичкиот напад во Сараево во кој беа убиени двајца војници.

http://telma.com.mk/vesti/od-vecherva-vo-skopje-zajaknati-merkite-za-bezbednost
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty25/11/2015, 23:06

Анонимно писмо од припадник на безбедносните сили: Спасовски, за почеток треба да се извините!!!
Македонија | среда, 25 ноември 2015, 20:52

Господине Спасовски, не сакам да Ве ословам со функцијата Министер, заради тоа што почитта треба да ја заслужите. За почеток треба да ни се извините за сите навреди и омаловажувања од страна на вашиот лидер и вашите сопартијци. Само така ќе може да си подадеме рака за доброто на Македонија. Ова меѓу другото се наведува во анонимното писмо од припадник на безбедносните сили што го објави порталор Пресс24.

Интегрален текст од писмото на припадникот на безбедносните сили:

Господине Оливер Спасовски,

Намерно не сакам да ви се обратам по функцијата што ја добивте. Не заради политички причини. Мене и на моите колеги не ни менува дали сте биле технички назначен врз основа на политички договор. Знаеме дека не сте ја добиле поддршката на непосредни избори. Ние сме обучени и тренирани да ја почитуваме хиерархијата и да даваме се од себе за Македонија. Ние бевме и ќе останеме професионалци.

Господине Спасовски, не сакам да Ве ословам со функцијата Министер, заради тоа што почитта треба да ја заслужите. За почеток треба да ни се извините за сите навреди и омаловажувања од страна на вашиот лидер и вашите сопартијци. Само така ќе може да си подадеме рака за доброто на Македонија.

Револтот кај мене и моите колеги во единицата е огромен. Вие со Вашиот лидер и вашите сопартијци изразувавте сочуство на загинати цивили во Диво Насеље, а загинати цивили немаше. Срамно, господине Спасовски.

Вие се сомневавте во компетентноста на полицијата и се обидувавте да ја оспорите акцијата и професионализмот кој не краси и мене и моите колеги. Во Париз беа убиени 130 цивили, а ние во Диво Насеље елиминиравме група која можеше да убие многу повеќе македонски жители. Срамно, господине Спасовски.

Наместо да ги посетите колегите кои повредени се лекуваа во болница, со вашиот лидер се затрчавте да се сликате во Диво Насеље на местото каде осум херои ги положија своите животи за Македонија. Срамно, господине Спасовски.

Наместо во Гостивар да ги посетевте вечните почивалишта на Ненад и Горан и да им се пклоневте на нивните семејства, вие првиот ден откако ве назначија за министер проценивте дека е подобро да шетате по продавници низ Гостивар. Срамно, господине Спасовски.

Ви значат ли вам нешто имињата Жарко, Сашо, Бобан и Горан? Сте слушнале ли воопшто за Љубиша, Исамедин, Горан и Ненад? Не? Јас и моите колеги сме доручкувале и вечерале со нив. Сме делеле лекови и сме си помагале и во добро и во лошо. Нашите семејства секојдневно контактираат и ја споделуваат болката со нивните. Затоа господине Спасовски е срамно што не ги споменавте нивните имиња и не се заинтересиравте воопшто како тие живеат.

Срамно е денеска да ни дојдете во посета на Единицата за брзо распоредување и да не се извините за се ова. Освен што сме професионалци, ние сме и луѓе. Не болат навредите и омаловажувањата кои секојдневно ги добивавме од вас и вашите сопартијци.

Срамно е вашето обезбедување да се јавува и да проверува дали оружјето ни било под контрола, пред вие да се појавите. Господине Спасовски, вие можеби не сте имале ден искуство во безбедносниот сектор. Ние сме обучени по највисоките стандарди. Ние сме патриоти и професионалци. Со ваквиот однос само не навредивте.

Не навредивте и во предвечерјето на акцијата Диво Насеље кога насилници и хулигани тешко повредија 40 полицајци. Повторно не застанавте во одбрана на државата, на редот и на законот. Застанавте во одбрана на насилниците кои имаат и по 40 кривични пријави кои лежеле затвор за разбојништва, убиства и други тешки дела. Срамно, господине Спасовски…

Затоа ви порачувам дека и јас и колегите ќе бидеме секогаш тука за државата. Никакви политички закани од вас или вашите блиски нема да не заплашат или поколебаат. Вие сте денеска, а од утре или од април ќе дојде нов министер. Ние ќе останеме да се бориме за граѓаните и за Република Македонија.

Затоа очекуваме извинување и од вас и од вашиот лидер.

Дури тогаш ќе може да ви се обраќаме со Министер.


http://netpress.com.mk/anonimno-pismo-bezbednosnite-sili/
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty25/11/2015, 23:34

Poraka od pripadnik na ESZ ,,TIGAR,,, učesnik vo kumanovskata akcija:

Zorane, točno e deka NIKOJ ne smee da ni izleze na oči posle akcijata i katastrofata što ja preživeavme, a osum moi kolegi zaginaa. Točno e deka nikoj ne saka da go povika na odgovornost kumanovskiot načalnik JAKIMOVSKi koj pred akcijata pobaral nalog za pretres na kućite vo ,,DIVO NASELJE,, so obrazloženie deka bara narkodileri. NIKOJ ne pišuva ni toa deka brutalno ja izbrkavme JANKULOVSKA koga ni dojde vo poseta vo bolnica. Ja smetame za vinovna za ona što ni se sluči.

Ova na javnosta da i go soopštiš:

do denes dva i pol meseci posle akcijata vo ESZ ,,TIGAR,, ne e napraven REBRIFING. Ne sme ja analizirale akcijata, da locirame koj grešel i zošto grešel. Toa go pravevme posle site akcii. Sega izostana! Praktično, poradi ova akcijata seušte ne e završena. Na Ivo KOTEVSKI posle akcijata, na pres konferencija mu izbega eden termin. Reče deka nie sme bile vo borba. Tuka e klučot. Ako beše akcija će beše planirana precizno, ke imavme pregled kade odime i protiv kogo, ke imavme presmetan rizik. IVO KOTEVSKI točno reče deka nie sme bile vo borba. Vo našata terminologija akcija i borba se dva različni termini. Vo akcija se odi so plan, vo borba se odi koga e vo prašanje slobodata na našata takovina, protiv nepoznat neprijatel. Togaš se odi vo borba. Nikoj ne zakaža REBRIFING dva i pol meseci za da ni kaže bevme li vo akcija ili bevme vo borba!? Ako sme bile vo borba, a kumanovskata grupa podolg period bila vo Makedonija, zošto ne otidovme vo isplanirana akcija?

Sekogaš posle akcija sme pravele sostanok na koj sme analizirale što se slučilo. Po ova akcija našiot komandant Slavčo Petruševski molči. Usta ima, jazik nema! Ne stavija vo ,,ler,,. Nešto čekame, a ne znaeme što čekame. I pred sekoja akcija pravevme plan, A sega takvo nešto nemaše. Samo ne sobraa i ne vturnaa.

Osobeno boli soznanieto deka Jankulovska posledniot dokument koj go potpišala kako ministerka e državnata tajna za nagraduvanje na znajni i neznajni za ova akcija. Taen e toj dokument za da ne se vidi kakvi propaliteti se nagradeni so po 10.000 evra. Osven toj taen document, nas pripadnicite na ESZ ,,TIGAR,, ne interesira i ušte eden dokument. Naredbata za akcijata vo Kumanovo. Koj ja potpišal i što predvidel vo analizata na rizikot!? Što predvidel a što se sluči? Toj ke treba da odgovara pred nas i pred javnosta. Osum semejstva čekaat odgovor. Bilans: 8 mrtvi policajci, 37 raneti, 5 teški invalidi…

Ušte dve vakvi akcii vo režija na ovie diletanti i Makedonija ke nema specijalci…

Извор: Фб профил на Зоран Божиновски

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty25/11/2015, 23:36

Исповед на припадник на полициските сили: Кој ги уби нашите колеги !?

“Не знам од каде да започнам но од некаде ќе морам.Слава им на колегите кои беа убиени во Куманово, но зошто !? Најпрво да се запрашаме кои се убиените колеги, станува збор за припадници на единицата “Тигри” но повеќето млади и неискусни, можеби ова и да им беше прва и за жал последна акција. Од разговор со колегите се претпоставуваше да се случуваат вакви монтирани напади, како можни локации беа предочени Куманово и уште неколку села во околината на Скопје каде има мешовито население. Цела ситуација е со многу нејаснотии. Како тоа косовари ја преминале нашата граница, а имаме гранична полиција ? Кој тоа и по чија наредба се пуштени таканаречените терористи ? Од какви рани се починати колегите? Од каде е пукано ? Зошто во вчерашната прес конференција министерката Јанкуловска го лажеше цел народ дека состојбата е ставена под контрола кога утринава имаше повторно акција. Како тоа стануваше збор за униформирани лица во црни одела, а приведените беа во цивилна облека ?

Сега почнуваме и со одговорите на прашањата.

Пред два дена колегите од посебните единици беа донесени во Скопје, под изговор дека има сомнение дека ќе има терористички напади. Па се чекаше околу 10 часа за да започне акцијата. Еден од поврдените колеги ми кажа дека станува збор за добро обучени лица кои што едноставно се спремни за ракување со оружје, имаат и познавање од боречки вештини, што можело да се види од движењето на истите. Говореле на повеќе јазици, српски, руски, албански а мислам дека еден зборувал и на француски, што е јасно дека станува за порачан инцидент со највероватно дебело платено сценарио. Ајде да го подледнеме денешното видео од апсењето кое го објави МВР, како најпрво човек во бела кошула е застанат од кај полицијата, па подоцна истиот човек со лисици на рацето го носат во полициско комбе. Кој е сега будала ? Зошто никој не кажува дека колегите од ДБК цела вечер имаа работа и испрашуваа “терористи” од месното население на кумановското “Диво насеље” ? Кои беа тие гревови кои беа испрашувани ? Тие луѓе немаа ни Т од терористи да бидеме јасни. Имам искуство од 23 години до сега сум видел и сум бил во повеќе ситуации сум учествувал во повеќе акции, но како оваа последнава не сум видел никогаш. Бледа режија, боливудски филм. Би замолил за анонимност поради лудата министерка која што вчера се шминкаше пред да има прес конфренција за да изгледа натажено, иако сите и ја знаат бездушноста, до сега требаше 100 пати да си поднесе оставка, само сега не е моментот за тоа. Во некоја наредна прилика за оружјето во МВР што го има,а понекогаш и го нема … За крај уште еднаш наклон до земја за невините убиени колеги кои што беа само топовско месо сервирано од … се знае кој …”

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty26/11/2015, 00:21

озбилно ли пак со овој пост,стар колку и таа акција,поставен на либертас или буревесник ? првата не вистина е дека биле млади и дека им била прва акција,сите беа постари и почитувани припадници,а еден од нив беше и 10+ години во ЕСЗ тигар...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11122

МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty26/11/2015, 00:52

Не навлегувам дали е вистина или не, исто колку што и "писмото" во постот погоре држи вода дека е од "припадник" на безбедносните сили.
Мене лично ми смрди на курир/инфомакс/сител/нетпрес издркотина, нашкрабана во некој ОК Свирипичино. Smile

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





МВР - новости - Page 15 Empty
ПишувањеПредмет: Re: МВР - новости   МВР - новости - Page 15 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
МВР - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 15 of 43Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 14, 15, 16 ... 29 ... 43  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: