|
|
| МВР - новости | |
|
+32Goust Birac 1 viko55 Predator1990 Macedonian09 BoyfromKavadarci РИС leopard Braveheart993 darkness totomkd Цане ace89 Mrshajnoski debarska Legija91 Rashid Генерал икс assasian SIG Smrtnikot Зоран Alvar dzole Спенсер Momak od Gjorce ESN JKD Panter mstislav 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: МВР - новости 22/9/2015, 15:43 | |
| Полицаец во самоодбрана застрелал возач кој сакал да го прегази Во Свети Николе синоќа во близина на Стопанска банка се случило убиство. Жртвата е триесетгодишен жител на Свети Николе, во кого во самоодбрана од службено оружје пукал полицаец. Основното јавно обвинителство-Штип во врска со убиството во Свети Николе, соопшти дека го истражува настанот во кој по напад на овластено службено лице беше употребено службено оружје. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, се наведува во соопштението, ги презема потребните дејствија за да ги расветли причините за употребата на огнено оружје од страна на полицаецот од Полициската станица Свети Николе, кој вечерта при вршење на службени дејствија со пиштол лиши од живот едно лице. Според првичните сознанија, стои во соопштението од ЈО, полицаецот при вршење на службени дејствија, забележал возило „Лада“ кое се движело со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „Ладата“, видно лут од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал вербална и физичка расправија. Полицаецот пристапил, ги одвоил лицата и започнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој пак давал отпор и започнал со тегнење и туркање да се спротиставува на службеното лице. Потоа, се појаснува во соопштението од ЈО, возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот. Возачот на „Ладата“, триесетгодишен жител на Свети Николе, потоа во два наврата, движејќи се по патот и вртејќи полукруг се враќал кон полицаецот обидувајќи се да го прегази. Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и притоа му нанел огнострелна рана, од која лицето починало. Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот. http://a1on.mk/wordpress/archives/532157Полицаец со службениот пиштол застрела маж во Свети Николе (видео) http://www.telma.com.mk/vesti/policaec-so-sluzhbeniot-pishtol-zastrela-mazh-vo-sveti-nikole ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: МВР - новости 8/10/2015, 13:12 | |
| Почна обуката на новите 660 кандидати за полициски службеници Во Центарот за обука на кадри при Министерството за внатрешни работи во Идризово од денеска започна едногодишна обука на 660 кандидати за полициски службеници кои беа селектирани по објавениот оглас за прием на 600 полициски службеници, кој беше објавен на 10 јули 2015 година. Како што е познато на конкурсот објавен на 10.07.2015 за прием на 600 извршители на работното место „полицаец“ беа пријавени околу 3.000 кандидати, стои во денешното соопштение од МВР. Кандидатите, се потсетува, беа избрани по завршување на неколку фази на проверки по принципот на рангирање. Опфатени се тестирања на физичките способности на пријавените кандидати, потоа психо-образовни тестирања и здравствени проверки. Притоа, со овие кандидати, се наведува во соопштението, е потпишан договор за основна обука за полицаец во траење од една година започнувајќи од 07.10.2015 година. Интернатската обука на кандидатите ќе се одвива во три образовни модули- јавен ред и мир, сообраќај и гранични работи. Секој од модулите, се подвлекува, трае четири месеци, од кои три месеци кандидатите ќе имаат теоретска обука, а по еден месец практична, теренска обука. По завршената основна обука, Договор за вработување во МВР потпишуваат 600 кандидати согласно ранг листата изготвена од Центарот за обука. http://sitel.com.mk/pochna-obukata-na-novite-660-kandidati-za-policiski-sluzhbenici ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Rashid
Број на мислења : 80
| Предмет: Re: МВР - новости 27/10/2015, 12:11 | |
| Вчера починал полицаец од Прилеп од втората генерација од обуката во Идризово, Србиновски 94'. Се збори дека вежбајки во теретана на вратило му се слошило и паднал. Најверојатно нешто со крвта или бубрезите. Нека му е лесна земјата. ______________________ For alt vi har. Og alt vi er. Unanimi cum ratione.
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: МВР - новости 27/10/2015, 12:18 | |
| Лесна му земја, нека почива во мир. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: МВР - новости 27/10/2015, 12:36 | |
| Жално , лесна му земја. А и на комисија како не приметиле проблем. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: МВР - новости 27/10/2015, 12:41 | |
| - Rashid напиша:
- Вчера починал полицаец од Прилеп од втората генерација од обуката во Идризово, Србиновски 94'. Се збори дека вежбајки во теретана на вратило му се слошило и паднал. Најверојатно нешто со крвта или бубрезите. Нека му е лесна земјата.
Му се скршило вратилото на кое вежбал, паднал лошо, скршил коска и добил масна емболија, и му се искомлицирало така што добил сепса на крвта и починал. Нека почива во мир |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: МВР - новости 27/10/2015, 13:56 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: МВР - новости 27/10/2015, 20:11 | |
| Аууу човече, жално Нека почива во мир. | |
| | | Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: МВР - новости 27/10/2015, 22:20 | |
| Лесна му земја. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: МВР - новости 29/10/2015, 01:48 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: МВР - новости | |
| |
| | | | МВР - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|