На свети никад... од словенечките до нашите закони за набавка и поседување оружје, бог и шеширџија. Патем, во Словенија за разлика од САД, може сосем легално и без посебни дозволи да се купи придушувач, како и краткоцевни полуавтоматски пушки.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Macedonian Knight
Број на мислења : 325
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 14/7/2022, 19:53
Зашто би барале дозвола за додатоци ако веќе имаш дозвола за оружје??
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 14/7/2022, 22:27
Според ATF и NFA, придушувачите се посебна категорија на додаток и за нив треба посебна дозвола за која се чека и до една година. Но има и сојузни држави каде истите воопшто не се дозволени (како и кај нас). Сепак мислам дека во последнава година две ги олабавија доста законите на федерално ниво. Во ЕУ истите чинам дека се дозволени во повеќето држави каде ги користат претежно при лов.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 14/7/2022, 22:31
Инаку во САД минимална дозволена должина на цевка за пушка е 16 инча, за се пократко од тоа треба посебна дозвола... или да ја користиш пушката како "пиштол", без кундак... или со оние смешни кундаци кои се прицврстуваат на подлактица т.н. pistol brace.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 19/7/2022, 14:09
Кога сме кај такмичења ова во Полска е доста интересно,не би било лошо и кај нас да организираат нешто вакво,па да се пробаат МВР и АРМ,Гран При е статично треба нешто поактивно...
Револвери и автомати ми се посебна слаба точка. Иначе Питонот и Анакондата ги рестартираа со производство ради голема популарност.
ESN
Број на мислења : 1595
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 1/4/2023, 15:20
Со години не сум го посетил форумот,сега имам причина затоа што ми стаса одобрение за пиштол,па да се пофалам. Чекам да стаса новата пратка во Таргетс и одам да земам Г19X.