Дечки нели е малку чудно што до ден денес се користат М1911 во САД и Макаров во РФ насекаде во војската и полицијата? Ај што е стар дизајнот, ама и по 9 куршуми собираат и двата ако не грешам, а денешен стандард е 15+. Или бидејки им е само резервно оружје па не им е толку важно да имаат којзнае колку муниција во рамката. Или па можеби дека повеќе акцент маваат на обука, незнам за Американците, ама во Русија има цела филозофија само за Макаров...
Од една страна чудно што меѓу сите нови модерни дизајни уште користат старо, ама од друга страна, пиштол си е пиштол, добро обучен војник со Макаров ќе направи многу поголема штета отколку аматер со Strike One...
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 21/6/2016, 16:25
Вооружените сили на САД (Армија, Марински Корпус, Воздухопловство и Морнарица) како службено оружје - пиштол ја користат италијанската Beretta 92 (M9) веќе 30 години. М1911А1 иако сеуште се користи во некои, пред се специјални единици... тоа е во далеку помал број на примероци, пред се M45 MEU/SOC во употреба кај USMC MEU (Marine Expeditionary Unit), како и MARSOC (Marine Corps Forces Special Operations Command) кој ја користат најновата верзија на М1911, M45A1 CQBP (Close Quarter Battle Pistol). Како и да е, вооружените гранки на САД (пред се Армијата и Воздухопловството) веќе имаат програма (Modular Handgun System - MHS) во која се испитуваат нови решенија за иден пиштол кој би се нашол во употреба првично кај овие две, а потоа и кај останатите две вооружени гранки кој евентуално би го прателе нивниот избор. Описот како и главните конкуренти во овој тендер кој беше во прекин, па одново продолжи можеш да ги видиш на линкот подолу. https://en.wikipedia.org/wiki/Modular_Handgun_System
Кога станува збор за Руската Армија и нејзините вооружени сили, и таму е прилично шаренолико. Да, сеуште се користи во голем број Макаровот, но полека се заменува со новиот службен пиштол во 9mm Parabellum, MP-443 Грач. Специјалните единици на Руската Федерација (еден куп нели, да не ги набројуваме сите) покрај Макаров и новиот Грач, се повеќе го користат австрискиот Glock 17 кој за нивните домашни потреби, и лиценцно го произведува нивната компанија ОРСИС.
По мене, како нема некој голем исчекор во технологија кај службените оружја од секундарна примена како пиштолот, сеуште уште многу долго ќе ги гледаме овие оружја во арсеналите кај големите (и воопшто) армии. Едноставно нема потреба да се преворужуваат стотици илјади (некаде и милиони) војници со нови оружја за кои треба одново и да има преобука, со оружје кое и онака не го користат како примарно. Па една богата држава како Данска, која купува најсовремени системи како F-35 на пр... сеуште користи 70 години стар пиштол за службено армиско оружје (SIG M/49 Neuhausen.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Гостин Гостин
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 21/6/2016, 21:49
Случајно у меѓувреме разлистав на нет, човек да се зачуди колку инфо можеш да добиеш на Руски, што не ни можеш да го најдеш на Англиски или воопшто Латиница... По ТТецот, доаѓа Макаров(за кого сеуште имаат многу високо мислење), а за негова замена го вовеле ОЦ-27 "Бердыш" 9x19mm, исто многу популарен кај нив, а по него и во меѓувреме имало и доста други пиштоли, ама се разбира тешко се добиваат тие информации.
Искрено, еве не сум искусен со пиштоли, ама пиштол си е пиштол, да имам на пример Макаров исто би ми завршил работа како било кој друг пиштол.. А тоа Русите каква обука имаат поврзана со него немам коментар...
П.С. Пред малку видов полковник од Крапове Беретки како вика дека Глок им е најпопуларен
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 1/7/2016, 15:28
Само да ве поздравам момци. А во врска со темата во моментов само Strike One има потенцијал да му парира на Glock. Но да видиме како ќе се покаже во пракса.
______________________ Потта штеди крв!
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 1/7/2016, 23:07
Генерал напиша:
Само да ве поздравам момци. А во врска со темата во моментов само Strike One има потенцијал да му парира на Glock. Но да видиме како ќе се покаже во пракса.
Pozdrav i do tebe !
______________________ Мијак 100 %
Гостин Гостин
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 2/7/2016, 00:22
Генерал напиша:
Само да ве поздравам момци. А во врска со темата во моментов само Strike One има потенцијал да му парира на Glock. Но да видиме како ќе се покаже во пракса.
Искрено не ми се свиѓа многу Глокот. Ама ова доаѓа од човек што пукал со него само еднаш. Памтам дека ракофатот беше дебел и не лежеше во рака како ЧЗ-75. А и на изглед некако многу коцкаст ми изгледа. Имаше малку(но доволно за да забележи почетник) поголем трзај од другите 9мм пиштоли заради тежината(поточно леснината).. Ама буквално на сите места кај што сум читал и гледал, сите го фалат како прекрасен пиштол. Ќе морам следен пат на Камник него да го земам па да видам што е работата. Верувам дека е супер пиштол, чим нај елитните единици го носат и веруваат во него. Сепак нив практично им се докажал, а јас само 10 куршуми сум испукал од него. А многу добар впечаток ми остави CZ-75(SP-01). Прекрасно лежеше во рака, прецизен, а и ми се свиѓа тој метален осет кој го нема кај Глокот. Па здравје со прва плата ќе ги споредам G-17, CZ-75 и CZ-999 со малку поголемо количество муниција . Третиот го додадов бидејки тој ќе го должиме.
Зоран
Број на мислења : 3805
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 2/7/2016, 00:40
MISFIT напиша:

Спортски нишан , доро лежи во рака . НО клоца ко бена кобила! 17 е соственост на другар @ LEOPARD во исто време пукав со ЦЗ -999 компакт . Не е ргономски незграпен тежок ама трзајот се контролира !
И за крај ипакот Глокот е подобар со него имав 9 ки во метата со 999 најдобар погодок ми беше 6 на 15 метри да нема забуна !
______________________ Мијак 100 %
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 2/7/2016, 05:43
Misfit пријателу. Има една стара која вели за вкусови не се расправа. Ако тебе подобро ти лежи ЧЗ тогаш тоа е пиштол за тебе. За него имам само пофални зборови. Во почетокот јас бев голем скептик во врска со него. Знам се прашував што им е на момците од тогашната ЕСН сега бСН. И често дебатирав со нив за ова. Но кога првпат имав прилика да го имам во рака ми требаше дел од секундата да ми стане јасно. Феноменално лежи во рака. Што се однесува за Глокот, тој е мој избор затоа што е дефинитивно најмногу докажан насекаде во светот а и кај мене лично. Нема каква муниција не сум користел и едноставно нема застој. За коцкастиот момент треба да знаеш дека токму тоа му овозможува полесно вадење од футрола и најважното брзо наоѓање на нишанската линија. За трзајот не сакам ни да коментирам. Деца можат да го користат.
______________________ Потта штеди крв!
Гостин Гостин
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 2/7/2016, 13:18
Јас па баш осетив обратно, помал трзај кај ЧЗ, најверојатно дека е потежок. Ме интересира каков е ЦЗ-999, знам дека е базиран на P226(кој го користат Фоките и SAS), а тој е пиштол со реноме. Прашувам пошто тој се должи после завршена 6 месечна обука во пСО. На селективен некои од инструкторите носеа ЧЗ-75(значи уште им одговара), а Глок не видов. А и пред некое време видов полковник од Спецназ како кажува дека Г-17 им е најпопуларен
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 2/7/2016, 14:00
Инструкторите не носат Глок затоа што не е службено оружје во АРМ, а верувај дека мноооогу од нив ќе бидат среќни со него. Со ЦЗ999 исто имав можност да се сретнам. Далеку подобар од ЦЗ99. Потенок и подобро лежи во рака. Во пСО може да се сретнеш и со ЦЗ99 и со ЦЗ999. За споредба со СИГ немам коментар затоа што не сум се сретнал со СИГ.