|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+24debarska РИС Gjole^Stolarot Drettica Zajcef assasian leopard Smrtnikot Panter BABUN Iko Генерал Macedonian Knight Mrshajnoski JKD IgorM Legija91 SIG Спенсер Momak od Gjorce ESN Alvar kocov Зоран 28 posters | |
Автор | Порака |
---|
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 15:06 | |
| - JKD напиша:
- по некоја логика,тој резервен состав би требало да носи штит и пендрак,наместо пушка,во ваква ситуација...е сеа,колку би знаеле да се справат со пендрек и штит ? мада не би требало да е филозофија,ама ќе им треба некоја недела обука за такво нешто,бидејќи у друга работа не гледам дека би биле корисни на граница...
Сериозно? Војник без формациско оружје? Тогаш нема потреба од резервен состав, нека мобилизираат припадници на СГС... Со самото прогласување на вонредна состојба се наметнува и стандардна оперативна процедура која со себе носи и низа на одредени мерки. Армијата моментално ја поставува оградата, врши патролирање и обезбедување на зелениот граничен појас како поддршка на граничната полиција која има многу мал број на припадници во овој дел на државата. Додека обезбедувањето на кампот, прифаќањето на бегалците кои доаѓаат од грчката граница кон Македонската, спроведување на бегалците во воз и контрола на толпите (незадоволните мајмуни шо фрлаат со камења), го вршат припадници на МВР, односно ПЕП и ЕБР. Патем и МВР имаат резервен состав. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 15:11 | |
| Ц,нормално дека ќе носат пушки на рамо,ама ќе ги користат ли ? по корисни ќе бидат во кордон,неголи само да се шетаат по границата...еве и да начекаат некои да кинат ограда,што ќе им прават,ќе ги пукаат ? или со кундак ќе ги маваат ? тоа ми беше поентата на муабетот.АРМ и резрвниот состав по мене треба да ја превземат границата,и гранична,а ЕБР и ПЕП да се остават како крајна опција...а во меѓувреме да имаат време за други работи,наместо да чуваат граница. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 19:22 | |
| Доколку има било каква мобилизација на резервен состав тоа по сите норми прво треба да биде полицискиот резервен состав. Околу употребата. Резервниот состав може да ги растерети активните припадници на МВР и АРМ од останати задачи: Патроли, заднинско обезбеување. Не мора да бидат актинвни учесници во кордон. Во краен случај резервниот состав може да ги пополни полициските станици додека активните полицајци бидат распоредени на граница. ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 19:57 | |
| - JKD напиша:
- Ц,нормално дека ќе носат пушки на рамо,ама ќе ги користат ли ? по корисни ќе бидат во кордон,неголи само да се шетаат по границата...еве и да начекаат некои да кинат ограда,што ќе им прават,ќе ги пукаат ? или со кундак ќе ги маваат ? тоа ми беше поентата на муабетот.АРМ и резрвниот состав по мене треба да ја превземат границата,и гранична,а ЕБР и ПЕП да се остават како крајна опција...а во меѓувреме да имаат време за други работи,наместо да чуваат граница.
Да, тоа и го прават. Патролираат, затекнуваат бегалци кои нелегално ја преминуваат државната граница, ги спречуваат и ги враќаат назад во кампот. Патем наместо резервен состав кој би седел во полициските станици, доколку дозволува договорот за обука, би можело истото да се направи со кандидатите за полициски службеници кои се при крај на нивната обука (првата класа од 2015/2016), при што би можело дирекнто да им се подели решение за работа со кое би биле ОСЛ и би се испратиле по полициските станици само онаму каде што се најпотребни со што не би имало потреба да се активира цел резервен состав. Меѓутоа тука би имало мал проблем со недостатокот на искуство на тој кадар, бидејќи истите луѓе се прилично млади и неискусни. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 20:06 | |
| Погубно би било резрвиста да ти биде полицаец у општината/градот...најпаметно е резервниот состав да се обучи колку толку за управување со штит и пендрак,сигурно не е голема филозофија,и да вршат патроли,покрај АРМ и гранична...а генерацијата 2015/2016 исто така да се однесе некој месец на граница,колку што знам 3тиот модул им е гранична работа,ете таман ќе вежбаат у пракса таму... | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 20:38 | |
| - JKD напиша:
- Погубно би било резрвиста да ти биде полицаец у општината/градот...најпаметно е резервниот состав да се обучи колку толку за управување со штит и пендрак,сигурно не е голема филозофија,и да вршат патроли,покрај АРМ и гранична...а генерацијата 2015/2016 исто така да се однесе некој месец на граница,колку што знам 3тиот модул им е гранична работа,ете таман ќе вежбаат у пракса таму...
На првите 3тиот модул им е Сообраќај (можда ќе имаат и нешто граница), 2рата генерација имаат трет модул граница, меѓутоа тие едвај ги имаат поминато основите на обуката, не сум сигурен ни дали имаат ракувано со огнено оружје. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 20:40 | |
| Од излезот на Скопје кај Хиподром, до последниот надвозник кај Катланово пред влезот во клисурата, и кон Куманово на секој километар има специјалци вооружени со автоматски пушки, во полна опрема придружувани од унифромирани полицајци од сообраќајна полиција кои исто така се опремени со панцирни елеци.
Засега немаме информација дали иста е ситуацијата и на останатите автопатишта низ Македонија, но по последните информации дека во Сити Мол било запленето БМВ во кое имало оружје за што ниту една државна институција не се потруди да демантира, освен Сити Мол, секојдневно по улиците низ Скопје, трговските центри како и пред речиси секој училишен двор може да се забележат специјалци под полна опрема.
Досега никој не се обрати на јавноста да соопшти за што се работи, освен информацијата дека насекаде во државата се засилени мерките на безбедност по терористичкиот напад во Париз, но тоа објаснување е недоволно, без содржина, опширно и генерално.
Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов пак, пред два дена соопшти дека во Македонија се кријат околу 69 повратници од боиштата во Сирија, а Албанската телевизја Коха Диторе соопшти дека во Скопје се крие еден од најопасните терористи на ИСИС на Балканот Лавдрим Мухаџери. Дали овие безбедносни мерки, засилувањето на полицијата по автопатишата се превентивно преземени мерки за некоја закана по граѓаните досега не добивме одговор. Затоа и прашуваме, што се случува, и надлежните од МВР сеуште не соопштуваат некаква информација со која на граѓаните ќе им ја објаснат ситуацијата како и специјалците по улиците? декември 3, 2015 / By iNFOMAX
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 20:46 | |
| Точно,баш прееска ги видов,припадници на ЕБР,ПЕП,и обичната полиција,се распоредени на секој 10-15 метри...мислев дека ќе поминува некој,мада не верувам да е таква процедурата ако поминува некој...возев до првиот надвозник и назад,за понатака не знам. | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 21:05 | |
| Можеби имаат некои оперативни информации и се очекува некој или нешто. У секој случај, подобро е така, наместо да глумиме оаза на мирот ко пред војната 2001 и пред инцидентите во Куманово. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 3/12/2015, 21:15 | |
| Ништо страшно,имаа траса денеска,поминуваше важна особа | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|