| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+24debarska РИС Gjole^Stolarot Drettica Zajcef assasian leopard Smrtnikot Panter BABUN Iko Генерал Macedonian Knight Mrshajnoski JKD IgorM Legija91 SIG Спенсер Momak od Gjorce ESN Alvar kocov Зоран 28 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/11/2015, 15:53 | |
| | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/11/2015, 16:13 | |
| Деновиве се вадеа 6 месеци на загинатите од Куманово...нека почиваат во мир ! | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 9/11/2015, 23:53 | |
|
Последната промена е направена од SIG на 14/11/2015, 01:18. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Мислењето под видеото е избришано поради навредлива содржина.) | |
|
| |
Macedonian Knight
Број на мислења : 325
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/11/2015, 00:37 | |
| Мада искрено, беше во право коа спомна, дали Македонец со Македонец има соживот, зошто се знае дека ние сами меѓусебе знаеме да си вадиме очи. | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 14/11/2015, 01:17 | |
| Ве предупредувам свесно да не ширите меѓуетничка омраза! Припазете на речникот. Ова не е улица. | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 15/11/2015, 15:34 | |
| | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2015, 22:34 | |
| Нов Рамковен - или Охридски договор со уставни измени? Додека во Клубот на пратениците паралелно со преговорите за медиумиски реформи се дебатира и на темата Рамковен договор, документот со кој ДУИ идниот месец ќе побара уставни и законски измени за статусот на Албанците е веќе готов. Документот до кој дојде Телма, кој е во форма на анализа и препораки, но неговите носители го именуваат и како Нов рамковен договор, е потпишан од страна на вицепремиерот Муса Џафери и Питер Фејт, како претставник на Европскиот институт за мир, инаку посредник во конфликотот од 2001 година. Албанскиот јазик треба да стане официјален на целата територија на земјата. На Албанците ќе им биде гарантирана комуникацијата со државните и општинските институции на мајчиниот јазик, независно дали се работи за општини каде нивниот број е над 20 проценти од вкупното население, или пак за општини каде тој број е помал или во незначителен број. Со уставни измени би требало да се избрише критериумот 20 проценти од населението на локално ниво, кој, според предлагачите, не само што на Албанците им создава чувство на навредливост туку и дека еден ден би можеле да ги загубат правата доколку нивниот број во државата падне под 20 отсто. Документот со бројните одредби практично ја издигнува албанската заедница над другите помали заедници. Анализата ќе им биде доставена на партиите, кои ќе бидат првиот филтер пред евентуалната одлука, најави минатата недела вицепремиерот Џафери. Дали за македонските партии ќе бидат прифатливи ваквите измени на Охридскиот договор или пак во нив ќе прочитаат вовед во федерализација, останува да се види. Инаку, за да можат сите институции да одговорат на комуникација различна од македонската, се препорачува основање на преведувачки центри во општините и основање на нова инспекцска служба за спроведување на Законот за јазиците. Воедно, ќе се стимулира образованието на поголем број преведувачи и ќе се водат кампањи кои ке објаснуваат дека повеќејазичноста е придобивка. http://telma.com.mk/vesti/nov-ramkoven-ili-ohridski-dogovor-so-ustavni-izmeni ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 18/11/2015, 22:42 | |
| Додека ние се расправаме за бомбите на зајко или за криминалите на грујчо,они си работат,потпомогнати од надвор,како и секогаш.
Покрај ова,замисли и да ги затворат границите Франција,а со тоа и сите држави пред неа сигурно ќе ги затворат,а турска се спрема да ги пушти сите емигранти што се на нејзина територија(мислам дека се неколку милиони),грција со отворени раце ќе ги пушта навака,а што ќе правиме ние ? | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 19/11/2015, 11:48 | |
| Македонија се оградува, Србија селектира бегалци Трослојна жичена ограда долга 1,5 километри е поставена од двете страни на кота 59 кај првиот бегалски камп на македонско-грчката граница. Од другата страна на автопатот, од пограничното село Богородица долж граничната линија кон селото Селемли, багери на АРМ веќе го подготвиле теренот за поставување на таква ограда, а таа треба да биде поставена во следните два дена. - Багерот кој е фотографиран на граничната линија има задача да го подготви теренот за евентуално поставување на ограда - извести АРМ. Станува збор за терен во должина од неколку километри. Оградата во котури се пренесува во раните утрински или во вечерните часови. Иако официјално нема информација од владиното Координативно тело зошто АРМ поставува ограда кога беше најавено дека за тоа ќе биде одлучено во иднина и Ѓорге Иванов ќе треба да ја издаде наредбата на армијата за таквата операција, на терен сликата е сосема поинаква. Како што беше и официјално соопштено, после последната седница на националниот Совет за безбедност, ограда ќе се поставува за да се заштити земјава од нетрасното минување на бегалците од блискиот Исток, Азија и Африка и ќе имала за цел тие да можат да влегуваат и да побараат времен азил само ако влезат преку кота 59 и потоа се сместат во бегалскиот камп кај старите ниви на „Винојуг“ пред Гевгелија. Додека Македонија тивко ја зголемува, проширува и зајакнува безбедносната ограда кон Грција, официјален Белград започна со селекција на бегалците. Од синоќа, уште на самата граница со Македонија, српските погранични власти започнаа селекција кој е вистински бегалец од кризните региони, а кој од економски причини ја користи целата ситуација да избега во ЕУ. Српската полиција и жандармерија им дозволува пат кон бегалскиот камп во Прешево само на бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан. Во меѓузоната кај „Табановце“ се останати повеќе од 300 бегалци на кои не им е дозволен влез во Србија. Српското МВР повикало претставниците на УНХЦР да ги згрижат тие мигранти. http://plusinfo.mk/vest/47909/makedonija-se-ograduva-srbija-selektira-begalci ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 20/11/2015, 14:02 | |
| Исто така и кај нас е почната селекција на бегалци, со тоа што се селектираат бегалци од подрачја кои се зафатени со воени дејствија, како што се Сирија, Ирак и Авганистан. На истите им се врши некаква проверка според документите издадени во Грција и претрес најверојатно, по што им се издава соодветен документ и се пуштаат во Република Македонија. Сепак, мислам дека државата полека се спрема за затварање на границата. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
|
| |
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|