|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+24debarska РИС Gjole^Stolarot Drettica Zajcef assasian leopard Smrtnikot Panter BABUN Iko Генерал Macedonian Knight Mrshajnoski JKD IgorM Legija91 SIG Спенсер Momak od Gjorce ESN Alvar kocov Зоран 28 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/6/2015, 13:12 | |
| Мртов муџахедин од ИСИС им се заканува на Скопје и Приштина?!Косовскиот Албанец, Лавдрим Мухаџери, кој своевремено им се приклучил на џихадистите од Исламска држава во Ирак и Левантот, е убиен во борбите со курдските воени сили, јави курдската телевизија КННЦ во август 2014 година. Сега, косовските медиуми го воскреснаа и обвинија дека тој наредил терористички напади во Скопје и Приштина. Со ова, уште еднаш се потврдуваат информациите на странските безбедносни служби дека Косово стои позади терористичките напади од последниве месеци во Македонија, а Косово не може да се испере за обидот за дестабилизација на државата по нападите на караулата Гошинце и Диво Насеље во Куманово. http://vecer.mk/makedonija/mrtov-mudzhahedin-od-isis-naredil-teroristichki-napadi-vo-skopje-i-prishtina | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/6/2015, 14:08 | |
| Дај Боже да грешам,ама овие информации идат од косово и/или албанија.Се мислам дека намерно прават,наводно мртви,а кога ќе им дојде задача да се вратат тука и да прават проблеми,да биде како во стил,повратак из мртве. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 16/6/2015, 14:30 | |
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2015, 15:33 | |
| Сепак е ова е подтема на темата Актуелни воено-политички случувања што е дел од воен форум. Би требало барем да се премести во кантината..
П.С И ова бришете после, све комплет. |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2015, 16:28 | |
| - Зоран напиша:
- Alvar напиша:
- Многу ксенофобија на форумов, нема потреба од вакви линкови кој немаат везе со темата. Имаш fb ѕид кај Миленко и Јанко, таму може до 101 и назад за LGBT, али дека се закана по безбедноста на државава... не гледам. на крају краева, што сакаат нек праат, нема ваљда да ги палиме на ломача ради сексуална определба?
Се согласувам дека овде не е тема лГБТ и не им е место овде. Но долгорочно таа филозофија ке је униши нашата нација , веке имаме бела чума! Уште такви слободоумни размислувања живот без обрски и тоа ке е крај ке не нема како нација. Евреите со векови ја немале државта ама нацијата опстојала , кај нас ке пропадн нацијата. Порстете за излегувањето од темата. Пред да се забрише, нешто во контекст на мислењето на Зоки, т.е. за белата чума. Тешко дека... па би рекол неколку промили од населението со поинаква сексуална определба ќе бидат крајот на државава. Кај нас е тоа посложен социолошки и економски процес кој трае повеќе децении (почнат уште за време на YU, но интезивиран последниве две децении секако). Миграцијата село - град; миграцијата државава - надвор (некој шпекулираат со 500,000 луѓе последниве 15-тина години, ште е 1/4 од вкупното население на МК); немањето можност за самостоен живот на младите и кренатиот праг на оние кој живеат со родителите во 3-тата, па и 4-тата деценија од животот; скапотијата на животот каде веќе и со едно дете младите семејства едвам врзуваат крај со крај, па сходно тоа тешко се одлучуваат за повеќе деца; делумно прифаќање на новите трендови од запад каде кариерата се става на прво место, подоцна формирање на фамилија (а тогаш е веќе премногу доцна, особено за жените кои веќе се соочуваат со ризик доколку се одлучат за деца после 3-тата деценија) итн, итн. Тука негде треба да се бара вината за намалениот наталитет кај македонците, но сигурно има и други фактори. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2015, 17:56 | |
| Македонија е античка нација, не заборавајте дека и ние сме биле без држава, и тоа со векови. Ние сме јак народ, што се нема претрпено Македонија па од ова да пропадне... Дај не ме зезај. Ние немаме појма што ќе сличува во иднина, можеби пак ќе се соединиме како неколку пати порано, можеби ќе си ја вратиме територијата за 30 години, а може ќе трпиме уште еден век, ама кога тогаш Македонија ќе си се врати на нозе. Античка нација не ја снемува туку така, си имаме ние култура, уметност, народна музика, Кокино мислам дека беше ТРЕТА, да ТРЕТА обзерваторија во светот по старост, заштитена од UNESCO... Душманите сами ќе си се истераат полека полека, ако не, ние ќе им помогнеме, само дај му време на времето |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2015, 18:41 | |
| Можеби сето ова што го напомена ќе го сториме за едно 20-тина години, кога православното население и официјално ќе стане малцинство во државава... па потоа братски, со албанците, турците, ромите и бошњаците ќе јурнеме кон нашите моќни вековни непријатели и ќе си ја вратиме нашата неправедно одземена дедовина. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2015, 19:18 | |
| Или можеби кога ќе се смени власта ќе почнат да се користат природните ресурси на наша територија и ќе има раст на економијата. |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2015, 19:39 | |
| - MISFIT напиша:
- Македонија е античка нација, не заборавајте дека и ние сме биле без држава, и тоа со векови. Ние сме јак народ, што се нема претрпено Македонија па од ова да пропадне... Дај не ме зезај. Ние немаме појма што ќе сличува во иднина, можеби пак ќе се соединиме како неколку пати порано, можеби ќе си ја вратиме територијата за 30 години, а може ќе трпиме уште еден век, ама кога тогаш Македонија ќе си се врати на нозе. Античка нација не ја снемува туку така, си имаме ние култура, уметност, народна музика, Кокино мислам дека беше ТРЕТА, да ТРЕТА обзерваторија во светот по старост, заштитена од UNESCO...
Душманите сами ќе си се истераат полека полека, ако не, ние ќе им помогнеме, само дај му време на времето Тоа што сме делумно античка нација воопшто не значи дека поради тоа некој ќе се воздржи од тоа да не докусури... снемувално и други нации низ историјата, цивилизациски понапредни од нашата па никому ништо. Мислам и дека токму замарањето со историјата, наместо со сегашноста и градење на иднината ќе не чини глава. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 24/6/2015, 19:52 | |
| Знам една убава поговорка, дека богати се луѓето кои имаат избор. Во таа смисла ние сме сиромав народ, единствениот избор ни е да слушаме што ќе ни се каже или да бегаме од државата. А "богатите" прават што сакаат и си го ладат... Очигледно неможе туку така да се опраи државава, туку мора да има некој пресврт, а за тоа, за жал, прво мора да дојде до тешка криза, за да се освести целиот народ. |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|