Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+24
debarska
РИС
Gjole^Stolarot
Drettica
Zajcef
assasian
leopard
Smrtnikot
Panter
BABUN
Iko
Генерал
Macedonian Knight
Mrshajnoski
JKD
IgorM
Legija91
SIG
Спенсер
Momak od Gjorce
ESN
Alvar
kocov
Зоран
28 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
АвторПорака
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 00:17

Alvar напиша:
ПЛУСИНФО Е БЛОКИРАН ВЕЌЕ ЕДЕН ЧАС. ИМАМ ПРИЧИНА ДА ВЕРУВАМ ДЕКА ПРИЧИНАТА ЗА ТОА Е ОВОЈ ТЕКСТ:

Лица од Петтата управа на МВР контактирале со луѓе од терористичката група, која во саботата и во неделата водеше вистинска војна со македонските безбедносни сили, дознава Плусинфо од добро упатен извор. Во акцијата загинаа осуммина специјалци, а 37 беа ранети.

За овој фрапантен податок дознале пријателски странски разузнавачки служби. Странски дипломати за своите сознанија синоќа ги известиле министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Како што е познато, Плусинфо утрово извести дека Јанкулоска и Мијалков доцна синоќа биле викнати во една западна амбасада „на рибање“. Но, „рибањето“ всушност било соочување со болната вистина дека лица од нивната најблиска околина директно контактирале со терористите.

Неофицијално дознаваме дека целта на овие контакти била да се преговара со терористичката група, за да прекинат борбите. Но, терористите тоа го препознале како знак на слабост на безбедносните сили и нападнале со уште поголема жестина. Со тоа, всушност, било надополнето фијаското на лошо испланираната полициска акција, за која објективно се одговорни Јанкулоска и Мијалков.

Исто така, неофицијално, дознаваме дека за оваа трагична епизода денеска бил запознат и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Упатените велат дека шокантното сознание дека странците знаат за комуникацијата на луѓе од Петтата управа со терористите го објаснува чудното однесување на Ахмети по денешната средба со амбасадорската петорка во седиштето на ЕУ во Скопје.

Соочени со сознанијата и во страв од последиците, министерката Јанкулоска и директорот Мијалков му поднеле оставка на премиерот Никола Груевски и тој ги прифатил.

Истовремено, за целата работа да добие некаква смисла, Груевски решил оставките да ги претвори во своевиден предлог за реконструкција на Владата, па оттаму и повлекувањето на Миле Јанакиески и најавената оставка на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Упатените велат дека во владата владее комплетна збунетост од потезите на потесниот државен врв и дека овие оставки, всушност, ќе ја потврдат објективната одговорност на Груевски за состојбите во земјата и дека неминовно ќе доведат до негов брз пад.
https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/743074645814233?fref=nf

Не би било чудно да контактирале,мислам дека тоа е нормално,за да ги натераат да прекинат со дејствијата,бидејќи можело да страда и цивилно население.

А тука се отвара едно големо прашање-како тие "пријатеслки" служби,знаеле за тие контакти ? кого следеле,луѓето од 5та управа или терористите ?

и не знам што има да ги плаши ако контактирале за да ПРЕКИНАТ со борбата ? ако контактирале за да договараат што-како-зошто да прават,тоа е друг муабет,ама тука не е наведено тоа,така да очигледно ова е уште едно срање од медиумиве,како лажните писма од непостоечки припадници на МВР за 17ти мај и за акцијата.
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 00:21

ako jas imam soznaija deka ima nekade teroristicka grupa cela godina ipol dali toa treba da i go kazam na policijata ili da molcam. a potoa da se falam na tv deka sum znael 18 meseci za niv
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 00:45

Сега магично ќе исчезнат сите Пленуми, и сл., волшебно од главите на Албанците ќе "исчезнат" идеите за Голема Албанија, соживотот "ќе се врати" во Арачиново, Чаир и останати места каде Македонците ќе купат куќи и ќе се доселат, платата на секој жител "ќе биде" приближно 2000 евра, "ќе се укинат" даноците за сиромашните, "нема да има социјалци", "нема да има" партиски вработувања, "ќе се вратат" 200 000 млади од странство итн. Ќе живееме во еден свет ослободен од режимот и диктатурата на Грујо. Абе Македонија "ќе биде" Швајцарија на Балканите. Aбе Милина, солзи радосници ми потекоа Winkziveli
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 00:51

Нене,сеа ако има нови терористички напади,или дојде сдсм на власт,и ако тогаш има терористички акции,ќе кажат дека грујо мијалков и компанија,сето свое богатство го дале за да створат војна во Македонија,за да се одмаздат...

а најсмешно ќе биде ако има избори и пак тепа вмро...не знам што тогаш ќе кажат lol!
Вратете се на почетокот Go down
Macedonian Knight

Macedonian Knight


Број на мислења : 325

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 00:58

Нешто тука многу смрди за Куманово, за оставкиве, многу е сомнително, ама тоа е политика е курвинска работа.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 01:03

ЈКД никогаш до сега лично не сум се обратил на некого ама овојпат ќе направам исклучок затоа што мислам дека треба да почнеш да правиш проценки каде и за што треба да коментираш. Почнуваш да ги минуваш границите а и навлегуваш во коментирање на теми за кои немаш поим. Не сакам да бидам груб кон тебе ама твоите навреди кон госпоѓа Ангелова ги преминаа сите граници. Во последно време во твоите коментари чувствувам доза на арогантност. Порано ти простував затоа што имаше желба да учиш и имав трпение да ти одговарам на сите прашања и потпрашања. Сега гледам дека коментираш на сите теми и дебатираш без аргументи со повеќето членови кои имаат далеку поголемо искуство. Ова ти е најдобронамерна забелешка од мене како форумски колега. Мојот совет е да почнеш повеќе да слушаш/читаш а помалку да се контраш.


______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 01:07

Генерал напиша:
ЈКД никогаш до сега лично не сум се обратил на некого ама овојпат ќе направам исклучок затоа што мислам дека треба да почнеш да правиш проценки каде и за што треба да коментираш. Почнуваш да ги минуваш границите а и навлегуваш во коментирање на теми за кои немаш поим. Не сакам да бидам груб кон тебе ама твоите навреди кон госпоѓа Ангелова ги преминаа сите граници. Во последно време во твоите коментари чувствувам доза на арогантност. Порано ти простував затоа што имаше желба да учиш и имав трпение да ти одговарам на сите прашања и потпрашања. Сега гледам дека коментираш на сите теми и дебатираш без аргументи со повеќето членови кои имаат далеку поголемо искуство. Ова ти е најдобронамерна забелешка од мене како форумски колега. Мојот совет е да почнеш повеќе да слушаш/читаш а помалку да се контраш.


Еве кажи ми што лошо пишав,само дадов мислење дека не видела терен,бидејќи е жена и тоа е нормално.Од каде она би знаела такви информации ? била ли во Куманово ? сигурно не.

Тука сите даваат мислења за секакви ситуации/луѓе,не знам што ендемски вид е она па да не смеам да кажам збор за неа...?

Сметаш дека е вистина сето она што го има кажано ?
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 01:17

За акцијата нема да коментирам многу. Ќе кажам дека некој треба да одговара ( не со оставка туку со бесилка ).
Ангелова побара да се видат лицата на сите терористи, постави конкретни прашања на кои требаше да добие одговор не од тебе и од мене туку од релеванти извори. Не си бил таму, не си видел ништо, немаш основ за таков став. Ако знаеш нешто повеќе од нејзе можеш да и одговориш а не да плукаш по форуми. Прво не е џентлменски а второ време е да престанеш со муабети од типот жена е нема терен. Во МВР има женски лица кои имаат поголемо срце од половина полицајци.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 01:26

Генерал напиша:
За акцијата нема да коментирам многу. Ќе кажам дека некој треба да одговара ( не со оставка туку со бесилка ).
Ангелова побара да се видат лицата на сите терористи, постави конкретни прашања на кои требаше да добие одговор не од тебе и од мене туку од релеванти извори. Не си бил таму, не си видел ништо, немаш основ за таков став. Ако знаеш нешто повеќе од нејзе можеш да и одговориш а не да плукаш по форуми. Прво не е џентлменски а второ време е да престанеш со муабети од типот жена е нема терен. Во МВР има женски лица кои имаат поголемо срце од половина полицајци.

Јас зборам за делот дека само што излегле,ги погодило РПГ.За другиот дел не ни зборев а и нема што да се збори,и јас сакам да ги видам,ама веројатно како вработена во МВР и маж екс ТИГАР,знае што се дешава со такви фаци,кои утепале нивни 8 колеги а еден куп раниле.Сигурно фаците не им се за пред камери.Со тоа само ќе се дигне тензија кај 'мирниот" народ.

Како може она да знае или јас,дека само што излегле тигрите од возило или ебр не битно,ги погодило РПГ ? тоа може да го знае само тој што бил во непосредна близина,дури и оние што биле на терен,ама не на таа улица,не можат да го знаат тоа,бидејќи не го виделе со свои очи.Јас за тоа се напнав,бидејќи она имаше и изјави за други работи дека наводно ги пуштиле во вкрстен оган,да изгинат луѓето...не знам дали е точно,но нормално дека луѓето ќе се напалат и ќе кажат АХА ЕТЕ ВИСТИНА Е,ИМА 8 ЗАГИНАТИ И 38 ПОВРЕДЕНИ,но ако слушаме поголеми експерти од неа,кажуваат дека борбата била пре тешка,а и од видеата се гледа за каков терен се работи,од секое прозорче може да ти излезе будала и да те испука,башка што дел биле цивил,а ако утепаат цивил се знае што ќе биде,за монструм ако имаше 20 илјади на улици,за вакво убиство ќе имаше 100 илјади.

Не сум јас паталец,туку гаталец,ама по моја логика,успешноста на акцијата се мери така што се става ризикот на една страна од вагата и жртвите на другата страна.Просветли ме дали е така..пример,ако во град со 50 милиони жители има земјотрес со степен од 9 по рихтерова скала,и погинат 100 луѓе,веројатно медиумите ќе соопштат дека немало многу жртви...не дека не е жално за тие 100 души,но ризикот бил преголем а жртвите премалку...пак ќе кажам,само размислувам логички.
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty13/5/2015, 01:27

Uz ovoj dobronameren sovet na pochituvaniot kolega-user "General" - eve ti i ushte eden lichno moj...kako sakash percepiraj go drago moe dete, no e daden vo najdobronameren, "tatkovski" iskren manir...

Prestani vekje ednash da bandata na DPMNE - ja oslovuvash so chetirite sveti bukvi vo Makedonskata nacionalna istorija...niti imaat ikakva vrska so niv - osven beden, pet-parachki populizam koj uspeva kaj prosta i needucurana masa - niti mozhe na istite tie heroi od toa iskonsko VMRO - da im se fatat za mal prst...tie junaci - odreda dadoa se shto imaa...majchino mleko cel zhivot proplukaa i dushata na slamche si ja izvadija...na kraj i svoja krv proileaa i ja podnesoa najsvetata zhrtva - go dadoa svojot zhivot na oltarot na tatkovinskata sloboda na svojata zemja i na ovoj prost i tup narod...so toa - istite se nesrazmerno NAD - vo se, vo odnos na ovaa shabanska banda na apashki probisveti i gnasni barabi - koi majka rodena kje prodadat za grst zlatnici...

Nikogash vo zhivotot ne sum mozhel da go podnesam ni SDSM...odvratni mi bile od sekogash bidejkji se povikuvaat isto na nekakvo bozhemsko "nasledstvo" na nekogashna herojska KPM - koja isto redum izgina za slobodata na ovaa zemja...

So se toa...kako lichnost koja nikogash ne kriela deka gi mrazi od dnoto na dushata i SDSM i DPMNE podednakvo - jasno i glasno ti kazhuvam...eve jas sum chovek koj nema chisto etnichki gledano - kapka Makedonska krv vo sebe...a sekogash sum bil, postojano sum i zasekogash do svoj posleden zdiv vo zhivotot kje bidam - STO PATI pogolem Makedonec i VMRO-vec od cela DPMNE-ovska banda...i pogolem Makedonski komunist i partizan - od cela SDSM-ovska banda...

Tie gnasni bitangi (i ednite i drugite) - MENE kje me uchat za Ilinden i ASNOM?!?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: