Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+24
debarska
РИС
Gjole^Stolarot
Drettica
Zajcef
assasian
leopard
Smrtnikot
Panter
BABUN
Iko
Генерал
Macedonian Knight
Mrshajnoski
JKD
IgorM
Legija91
SIG
Спенсер
Momak od Gjorce
ESN
Alvar
kocov
Зоран
28 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 19 ... 35, 36, 37 ... 68 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 11:37

Ја има цела фотка (колку е долг и широк) на буревесник, ај да не ја постирам тука ради графичката содржина. Wink

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 12:29

Безбедносните служби на штрек – се очекуваат терористички акции во средината на август!

Македонските безбедносни служби, полициски и воени, се во состојба на засилена подготвеност и раздвиженост, поради зачестените разузнавачки информации дека во северните и западните погранични региони, може да се очекуваат терористички акции, дознава Кирилица од доброупатени извори блиски до безбедносните структури.

Според изворите на Кирилица, македонското разузнавање располага со информации дека се подготвуваат терористички инциденти веќе од почетокот на август, а најверојатно во периодот од 8 до 18 август.

Како можни локации се спомнуваат Липковско-кумановскиот крај, а се посочува и на сомнителни раздвижувања во реонот на Танушевци, изолирано погранично село на границата со Косово, каде почнаа и првите воени активности во кризата од 2001 година. Според истите извори во Липковско и во Танушевци, има значително раздвижување на вооружени паравоени групи, па дури и се спомнува дека функционираат вистински воени кампови, каде милитантите престојуваат и одржуваат обуки.

Во меѓувреме, не запира пишувањето во српските медиуми дека во Македонија може да се очекуваат инциденти. Така, српски Телеграф и други весници пишуваат дека во Липково, на само неколку километри од границата со Србија, група вооружени екстремисти, главно ветерани на ОВК, дошле пред дваесетина дена од Косово и тука формирале воен камп, со цел да им се закануваат на Македонија и Србија!

Поради опасноста од влошување на безбедносната состојба во Македонија, наводно, припадници на специјалните сили на Република Србија веќе подолго време биле распоредени на нивната јужна граница, а гарнизонот во Ниш е под повисока борбена готовност.

Тука биле распоредени делови од специјалната единица „Кобра“ , како и делови од посебната единица “Жандармерија“, што не може да се објасни со најавеното засилување на пограничната контрола поради напливот на мигранти, воведена неодамна, зашто станува збор за специјални единици со поинаква намена.

Околу мотивите за наводните теористички напади постојат неколку претпоставки. Прва е дека дел од милитантни структури на Косово и во Македонија сакаат да се одмаздат за акцијата во Куманово, во која најмалку 10 нивни припадници беа убиени. Веднаш по акцијата беа објавени наводни соопштенија од албански паравоени оргазниации, УЧК, Гарда на Илирида и слични, но нивната автентичност беше сомнителна.

Друг мотив за ваквите акции предочува српскиот генерал Момир Стојановиќ, претседател на комисијата за контрола на безбедносните служби на Србија. Според него, целта е да се отстранат опасните сведоци што може да обезбедат клучни докази против поранешните лидери на ОВК, кои сега се на високи политички позиции во косовските институции. Со ваква мотивација терористи од Косово планирале да спроведат акции во Србија и во Македонија, а според Стојановиќ, таквата заднина е можна и во случајот на кумановскиот инцидент.

Трета и најопасна претпоставка е дека паравоените активности и наводните акции во Македонија се дел од пошироките активности по линија на исламски екстремизам и радикализам. Српски весници со недели наназад пласираат информации за опасностите од исламски радикализам на просторите на Балканот, повикувајќи се и на руски разузнавачки и експертски извори. На овие пишувања неодамна им се придружи и британскиот весник Сандеј Мирор. Весникот, повикувајќи се на разузнавачки извори, објави дека радикалните милитанти од Исламска држава создаваат свое засолниште среде Европа, во Босна и Херцеговина, и дека претставуваат закана за поширокиот балкански регион.
http://kirilica.com.mk/vesti/bezbednosnite-sluzhbi-na-shtrek-se-ochekuvaat-teroristichki

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 583

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 12:41

Кај нас со години наназад работата е статус кво,од ратот па наваму,и треба ли некој мене да ми каже дека се очекувало или не се очекувало нешто,ако се деси нешто ок,ако не никому ништо и тоа е тоа.Еве и во моментов може да се случи нешто.Ја незнам кај излегоа вакви сигурни разузнавачки извори по сајтовиве,дај да го видиме кој е тој експерт,интелектуалец,стручњак,јасновидец,што знае се а не пријавува каде што треба.Ене Српскион генерал стои позади изјавата со име и презиме,и сега ја вртат истата.,во разни варијации.Верувам дека сите сме свесни дека проблем постои и неможе да биде решен кој год да дојде на власт.Криза со помали размери може да се направи за две секунди,почнувајки од тепачка на две деца во градинка па до апсење на препродавачи на цигари на бит пазар.Колку што знам последното беше на 2от ден од празникот Бајрам требаше да има големи напада..така?еве Бајрам помина..па ќе дојде и 2ри Август...ако не е 2ри август.ќе биде 18ти август..ако не 18ти ќе биде 1ви септември ..па 8ми септември..што да ви кажам полни раце работа за експертите од порталите,од толку датуми еден ќе погодат.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 21:07

Вратете се на почетокот Go down
Drettica




Број на мислења : 2

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 22:13

SIG напиша:
Мирсад Ндрецај - „Командант НАТО„

Не е Нато туку Џафер Зимбери. Погрешна информација има Зоран Буревесник.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 22:27

Можно е, сега кога ги гледам сликите личи на него... од Ндрецај ваљда нема фотка Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 22:28

А кој е џафер ?

и ете уште еден пример дека буревесник не е за верување...не е никој тоест,за мене единствен новинар кој што го гледам и слушам и читам со мерак и со делумно верување,е Васко Ефтов,после него може да дојде Снежана Лупевска,и толку.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 22:37

ЈКД, значи по 100-ти пат, престани со тролување, шест пати е напишано крај на ОФФ-ТОПИК значи крај на дискусија надвор од темава. Не е темата Зоран или Ефтов или Чомовски. Може да дискутираме за терористите, а не за новинарите.
Вратете се на почетокот Go down
Panter




Број на мислења : 455

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 22:37


bUREVESNIKOT SLUCAJNO ILI NAMERNO IMA OBJAVENO DEKA E NATO OVA NA SLIKATA KAKO STO GO OBJAVIVTE I NA FB STRANATA ADMINISTRATORITE NA FORUMOV E Xhafer Zymberi EVE SLIKA A TOA ZA TIGRITE STO GO IMA OBJAVENO TOCNO PISAV SO NEKOLKU UCESNICI VO AKCIJATA SO KOI RAZGOVARAV MI GO POTVRDIJA.

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Acg9b6
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty26/7/2015, 22:51

и овој загинал во куманово или е од војните на косово ?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 36 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 36 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 19 ... 35, 36, 37 ... 68 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: