|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+24debarska РИС Gjole^Stolarot Drettica Zajcef assasian leopard Smrtnikot Panter BABUN Iko Генерал Macedonian Knight Mrshajnoski JKD IgorM Legija91 SIG Спенсер Momak od Gjorce ESN Alvar kocov Зоран 28 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2015, 14:55 | |
| - JKD напиша:
- море море деца на комунизмот што ти се вика
Тие деца на комунизмот ви ја формираа државата во која денес живеете, ја изградиле комплет... кључ на рака. Додека денешниве деца ја раскурцаа истата држава до ниво на непрепознавање... па затоа денес имате привилегија да учите во училишта кои носат имиња на УЧК херои, имате право да не смеете да мафтате со македонски знамиња среде Скопје без да ве бркаат со коли и да јадете ќутек и по некој нож. Па сеа ти види кога било подобро. Битно како народ сме херои на митинзи, во локалните ОК, пред гранап седнати на гајба со ѕидарско во рука, како и во Whirpool (машина за перење) колбас-емисиите на Шител, Anal 5 и МТВ. - Macedonian Knight напиша:
- Но импресивна ми е југословенскава пропаганда, до ден денес имаат следбеници.
Зависи кога си роден и во која држава си живеел. Доколку си имал можност да живееш во држава каде имало нормални услови за живеење и развој, можеби нема да си со тој mindset. Доколку за жал единствениот државен систем со кој си израснал е оној македонскиот (а не си бил во можност да извлечеш паралела со минатиот систем, или пак со друга поразвиена држава) тогаш јасна е и скепсата. Никој од нас (освен поединци) не плаче по старата држава заради тоа што ни фали Тито, ЦК СКЈ и ЈНА, сите сакавме да живееме во самостојна, независна и просперитетна држава со сите нишани. Арно ама таква не излезе. Излезе држава на апаши, на политичари без национален и државотворен сенс, држава во која не функционира е*ана институција и орган, држава со која секој си игра ку*ташак... и одвнатре и однадвор. Од таму е револтот. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2015, 16:00 | |
| Или револтот е во тоа што не успеале во животот и не се пронашле,па едино што им останува е плукање по се,а најубаво е да плукаш по своето,пошто само така можеш да најдеш спротивности и да извадиш се што имаш од себе,барем за момент да се исчистиш од гневот.Али јбг,мора некако. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2015, 16:29 | |
| Ако мислеше на мене, фала му на бога, и сум успеал во животот (не сум Свето Пивара, но не се жалам), а ниту сум се изгубил негде за да се најдам. Ако тебе ти се чини дека живееш во држава која е средена како што треба, која ги има сите услови за нормален живот, дека е едно демократско, економски развиено и просперитетно општество... тогаш со среќа и секое добро. Кешки да е таква каква што ти ја перципираш. P.S. Летово гледај да тркнеш на некоја тура до Чешка, Австрија, Италија или Словенија, има ефтини тури сега. Собери некој впечаток од таму па да праиме муабет. Дали они живеат подобро, или ние. Дали нивните држави се средени, или нашата. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2015, 16:40 | |
| Не,далеку сме од средена држава,но јас за разлика од тебе не гледам толку површно на работите.Според тебе САМО и САМО ние сме криви,НИШТО и НИШТО друго не ни е криво за ситуацијава во државава.Има мал милион работи за кои сме биле немоќни како држава да ги направиме,а поради кои се влечат еден куп проблеми,како црево,и тие ги знаеш и ти сигурно,но не знам од која причина ти е по убаво да плукаш по се што е твое,и да го кривиш само својот народ,како никоја друга "виша" сила да нема удел во нашата моментална ситуација. И,од една тура ништо нема да видиш.Прашај ти некој од Холанџанине што идат у охриТ,или туристиве низ Скопје,како им се чини Македонија,ќе ти кажат се најубаво.Ама дали е така ? | |
| | | Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2015, 18:39 | |
| Tie sto ja oslobodija Makedonija nikogas nebile komunisti. Goce Delcev, Jane, Pitu, Pere.... i taka natamu ne bile komunisti. A ako vie smetate na osloboditelite vo `45 godina, tie se "osloboditeli" no vo istorijata napisana vo vremeto na komunisticka jugoslavija, sepak slava im i na niv bidejki i tie go dale svojot zivot herojski. A germancite sakale ili nekjele sekako moraa da se povlecat za da go odbranat Berlin. A denesniot poredok i denesnata pazarna ekonomija i se odbrojani denovite, i racunajte na nekoj vid na komunizam vo idnina no ne onakov kakov sto go znaeme site od minatoto. | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2015, 18:45 | |
| Јас само едно ќе кажам-историјата ја пишуваат победниците.Така да,да идеш у Бугарија,ќе ти кажат дека сите овие се бугари,да идеш во Србија,ќе ти кажат дека они го измислиле писмото и ние сме провинција нивна,да идеш у грција ќе ти кажат дека Александар бил грк,и дека Македонија не постоела никогаш како држава.
Е сега,ако отидеш и им кажеш дека биле Македонци,или дека Косово не е нивно,очи ќе ти извадат.А тука,имаш мал милион луѓе кои чекаат само прилика да се препукуваат со тебе за сите овие работи,не баре ДПМНЕ ни ги ставило во глава тие работи,а јас само се прашувам,зошто не постојат такви луѓе и во србија,грција,бугарија ? зошто ние не се држиме цврсто до она што ни е на нас најповолно за да веруваме,бидејќи и онака,не можеш да си 100% сигурен со историјата,пошто ја пишуваат победниците ?
веројатно,пак ДПМНЕ и СДСМ ни се криви...или можеби нашиот менталитет ? | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 25/6/2015, 19:20 | |
| - JKD напиша:
- Не,далеку сме од средена држава,но јас за разлика од тебе не гледам толку површно на работите.Според тебе САМО и САМО ние сме криви,НИШТО и НИШТО друго не ни е криво за ситуацијава во државава.Има мал милион работи за кои сме биле немоќни како држава да ги направиме,а поради кои се влечат еден куп проблеми,како црево,и тие ги знаеш и ти сигурно,но не знам од која причина ти е по убаво да плукаш по се што е твое,и да го кривиш само својот народ,како никоја друга "виша" сила да нема удел во нашата моментална ситуација.
И,од една тура ништо нема да видиш.Прашај ти некој од Холанџанине што идат у охриТ,или туристиве низ Скопје,како им се чини Македонија,ќе ти кажат се најубаво.Ама дали е така ? Јас сум против било каков тоталитарен режим, па и југословенскиот, кој на некој начин бил таков. Иако тоа било далеку од ропство за граѓаните, меѓутоа во политичка смисла може да се третира како едноумие. Но од друга страна не може да се негира фактот дека Македонија за првпат извојува државност токму со Втората светска војна, односно по неа. Второ, мислам дека токму ти гледаш ептен површно на работите и голташ тоа што ти се сервира, без да пробаш аналитички малку да ги гледаш работите. Би сакал да го видам твојот револт кога ќе сфатиш дека нема (лесно) да просперираш во Македонија, а тогаш ќе ти текне на тој форумџијата Алвар. Ама чекај... ќе поминат уште неколку години за тоа. Еве еден пример за тоа дека се некој друг ни е крив. Дали ако татко ти те тепа тебе и мајка ти дома, крив ви е комшијата? Не, криви сте или вие или татко ти, а дури и да е крив комшијата, МОРА да постои начин проблемот дома да се реши за комшијата да не може да ви прави проблеми. Кога ние овој муабет не би го правеле, кога би имале консензус за некои прашања и кога би знаеле со кој дел од историјата треба да се гордееме,а од кој да се срамиме, верувај дека ниту Србите ниту Бугарите, а најмалку Грците ќе можат да ни прават сплетки. Сплетките успеваат онаму каде што нема слога внатре. Толку од мене. Mrshajnoski, Гоце и Јане имаат голем придонес за независноста на Македонија но за жал тие не успеаа да ја изборат, и да го дочекаат тоа. За тоа дека на пазарната економија и се одбројани деновите, малку морген. | |
| | | Macedonian Knight
Број на мислења : 325
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 26/6/2015, 00:31 | |
| Најинтересно е што се плука по национализмот како нешто лошо да е, зошто да е грев да си сакаш и да се гордееш за нешто македонско? Не викам дека е се најсјасно, само тука нема да се изразам се баш како што треба затоа што не е тема тука, иначе имам многу да кажувам. | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/6/2015, 08:07 | |
| - Mrshajnoski напиша:
- Tie sto ja oslobodija Makedonija nikogas nebile komunisti. Goce Delcev, Jane, Pitu, Pere.... i taka natamu ne bile komunisti. A ako vie smetate na osloboditelite vo `45 godina, tie se "osloboditeli" no vo istorijata napisana vo vremeto na komunisticka jugoslavija, sepak slava im i na niv bidejki i tie go dale svojot zivot herojski. A germancite sakale ili nekjele sekako moraa da se povlecat za da go odbranat Berlin. A denesniot poredok i denesnata pazarna ekonomija i se odbrojani denovite, i racunajte na nekoj vid na komunizam vo idnina no ne onakov kakov sto go znaeme site od minatoto.
Да, во право си, не биле комунисти. Биле социјалисти и имале доста напреден поглед на светот. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 27/6/2015, 09:45 | |
| - Macedonian Knight напиша:
- Најинтересно е што се плука по национализмот како нешто лошо да е, зошто да е грев да си сакаш и да се гордееш за нешто македонско? Не викам дека е се најсјасно, само тука нема да се изразам се баш како што треба затоа што не е тема тука, иначе имам многу да кажувам.
Друже, колку години имаш, ако не е тајна? Гледам дека имаш малку проблем со терминиве, како и повеќето млади дечки што сум ги сретнал, „националисти„. Во што си ти поголем националист, да речеме од еве тука некој што мислиш дека не е националист? сериозно вака ме интересира како би го образложил тоа? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|