Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+28
BABUN
trpe grozni
MarkoMKD
Macedonian09
mstislav
MakWarrior
HoLfElDeR
shady3
dzole
Panter
Iko
loran11
Legija91
Mrshajnoski
darkness
kocov
assasian
РИС
koki.skopje
Зоран
JKD
Цане
Alvar
Smrtnikot
Momak od Gjorce
Генерал
Macedonian Knight
SIG
32 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 67 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty12/2/2015, 18:52

Кој измислува дека Косовци се доселуваат во западна Македонија?

Обид да се дефокусира јавноста од актуелните настани и проблеми е тврдењето дека Косовци кои ја напуштаат својата земја се доселуваат во Македонија и купуваат имоти, коментира политичкиот аналитичар Мерсел Билали, откако во јавноста проструи информација дека Косовци неконтролирано купуваат имоти во западна Македонија.

Дека нема купувачи на недвижен имот од Косово, тврдат и агенциите за недвижнини од Тетово, Гостивар и од Куманово, кои посочуваат и на законските одредби според кои во земјава странци не можат да купуваат недвижен имот. И од Министерството за внатрешни работи во последниов месец не забележале зголемен број премини на странци преку граничните премини, ниту пак пријава на гости од Косово.

- Ваквите информации се чиста глупост. Овие луѓе бегаат од сиромаштијата што владее во Косово и се прашувам што би барале овде, кога ние сме уште посиромашни. Нема никаква логика во сето тоа. Мислам дека со пласирањето на вакви информации се прави уште еден обид за дефокусирање на јавноста од актуелните настани и проблемите. Се користи една навистина застрашувачка информација од Косово, каде што поради лошата гарнитура на власт, која мисли само на криминалните дејствија и на богатењето, 150.000 луѓе продаваат се и се селат преку Србија и Унгарија во западна Европа, за да обезбеди нормален живот. Нема никакво друго логично објаснување за создавањето проблем онаму каде што го нема, освен како што реков класично дефокусирање на јавноста - вели Билали.

И агенциите за недвижнини и граѓани од Тетово, Гостивар и Куманово со кои контактираше Плусинфо тврдат дека немаат клиенти од Косово кои купуваат недвижен имот, ниту пак има поголема раздвиженост на странци по трговските објекти.

- Нема странци или ако сакате Косовци, кои купуваат имоти во Гостивар и не може да ги има, бидејќи според македонските закони, странец не може да купи недвижнини во земјава. Не сме регистрирале ниту пак некој граѓанин на Косово да бара стан или куќа да изнајми под кирија. Ако би сакале да се доселат во Гостивар, Косовците прво би барале деловни простории, за да отворат сопствени работилници, бидејќи голем дел од нив знаат занаети, па потоа би купувале куќи или станови. Такво нешто нема - вели Агим Стафаи, сопственик на агенцијата за недвижнини „Агим“ од Гостивар.

Тој посочува и дека не забележал зголемен број на Косовци кои престојуваат во Гостивар.

- Да има, како што велите, зголемен број на гости од Косово во Гостивар, би забележал. Би ги имало кај мене, кај брат ми, кај комшиите или во чаршијата, дење да купуваат, а ноќе да се забавуваат по кафулињата. Нема такво нешто во Гостивар. Сите се знаеме и се е вообичаено - вели Стафаи.

Тетовци се чудат што би барале сиромашните Косовци во Тетово, каде што нема работа ниту за неговите жители.

- Цело Тетово и околината е по западна Европа, бидејќи нема работа овде. Што би работеле Косовците кога би се доселиле овде? Да станат уште посиромашни отколку што се сега? - коментира Тетовец.

Исти информации добивме и од агенции за недвижнини и граѓани од Куманово.

- Во Куманово не се издаваат објекти под кирија, а продажбата на недвижнини оди слабо. Досега не сум имал клиент од Косово кој сака да купи стан или куќа, но и да сака, според нашите закони, како странец не може да купи недвижен имот. Нема некоја раздвиженост меѓу граѓаните и во трговскитео објекти. Не се зборува ниту пак дека се доселуваат Косовци, најверојатно е шпекулација - вели Виктор Величковски, сопственик на агенцијата за недвижнини „Премиум лукс“ од Куманово.

Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо изјавија дека последните два месеци не е забележано зголемено присуство на граѓани од Косово во Тетово, Гостивар и Куманово и нема зголемен број на премини на странци на граничните премини.

- Последните 10 дена во земјава преку граничнот премин Блаце влегле меѓу 2.000 и 3.000 странци, во кои можеби има и косовски државјани. Бројката е вообичаена за овој период од годината и нема зголемување на премини во однос на јануари. Нашите служби не забележале ниту зголемен број на пријавен престој и движење на државјани на Косово во Тетово, Гостивар и Куманово - вели портпаролот на МВР, Марија Јаковлевска.
http://plusinfo.mk/vest/14696/koj-izmisluva-deka-kosovci-se-doseluvaat-vo-zapadna-makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty12/2/2015, 19:13

Smrtnikot напиша:
Во една од темите во кои се дискутираше за овој проблем, дадов една теорија која делумно се потврдува со последните настани Very Happy

дај линк од твоето мислење сакам да го прочитам/
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty12/2/2015, 22:05

kocov напиша:
Smrtnikot напиша:
Во една од темите во кои се дискутираше за овој проблем, дадов една теорија која делумно се потврдува со последните настани Very Happy

дај линк од твоето мислење сакам да го прочитам/

Побарај го ако сакаш во некоја од темиве беше, навистина не се сеќавам каде.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty12/2/2015, 22:33

Вратете се на почетокот Go down
Цане

Цане


Број на мислења : 87

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty13/2/2015, 02:38

Alvar напиша:

- Нема странци или ако сакате Косовци, кои купуваат имоти во Гостивар и не може да ги има, бидејќи според македонските закони, странец не може да купи недвижнини во земјава. Не сме регистрирале ниту пак некој граѓанин на Косово да бара стан или куќа да изнајми под кирија. Ако би сакале да се доселат во Гостивар, Косовците прво би барале деловни простории, за да отворат сопствени работилници, бидејќи голем дел од нив знаат занаети, па потоа би купувале куќи или станови. Такво нешто нема - вели Агим Стафаи, сопственик на агенцијата за недвижнини „Агим“ од Гостивар.

Овај сопствеников на агенцијата нека си ги приучи македонските закони, затоа што според нив странско физичко лице во Република Македонија може да купи стан или станбена зграда, а станот и станбената зграда спаѓаат во недвижнини. Wink


Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty14/2/2015, 00:05





Особено интересно е интервјуто со Слободан Богоевски.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Цане

Цане


Број на мислења : 87

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty14/2/2015, 04:47

Богоевски сега што статус има мислам притворен, затворен, ослободен не сум во тек со тој случај, а ова гледам во 2015 е објавено ?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty14/2/2015, 10:51

Цане напиша:
Богоевски сега што статус има мислам притворен, затворен, ослободен не сум во тек со тој случај, а ова гледам во 2015 е објавено ?

http://plusinfo.mk/vest/6356/apelacija-potvrdi--od-dve-godini-zatvor-za-poraneshniot-razuznavac-sloboden-bogoevski

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty14/2/2015, 13:43

Македонското знаме победи во избор на најубавото на светот

Македонското знаме освои најмногу гласови во изборот за најубаво знаме во светот што го спроведе канадскиот весник „Тhe Province“.

Во трката учествуваа националните обележја на 64 земји, а македонското знаме во финалето го победи британското знаме.

Ова знаме е создадено во 1995 година по потпишувањето на спогодбата со Грција, како замена за симболот на шеснаесеткракото сонце, попознат како Сонцето од Кутлеш.

http://kajgana.com/makedonskoto-zname-pobedi-vo-izbor-na-najubavoto-na-svetot

http://blogs.theprovince.com/tag/best-looking-flag/
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty14/2/2015, 13:56

Грујо и Мијалков ова платиле,нема врска дека е најубаво,намерно се тоа за да се тргнат очите на јавноста од сиромаштијата и вистинската слика lol!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 34 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 34 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 67 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: