- Legija91 напиша:
- Има ли друга земја систем што може да парира на овој ? Или некоја да е во развој ?
Пошто од овие помоќните знам дека само Русија се занимава на големо со вакви ПВО, додека Кинезите копираат, а Америте само со авиони и со помали ПВО системи.
Па САД всушност го има најкопмплексниот ПВО систем само се состои од мноштво копнени и поморски подсистеми кои соработуваат па не се смета како целина.
Почнува се од Phalanx/Centurion CIWS следено со RIM-116 Rolling Airframe Missile, па оди се до RIM-161 Standard Missile 3. Се состои од едно чудо различни проектили, радари и сателити.
Колку што е познато до сега RIM-161 SM-3 е најдобриот против-балистички проектил. Неговата најнова варијанта би требало да има дострел од 2500+km оддалеченост и 1500+km висина, брзина од Мах 15+ и екстензивно тестирана и подобрувана кинетичка боева глава.
Целата финта со тоа што Русите имаат моќни подвижни копнени ПВО системи а Американците и не баш е во тоа што имаат огромна копнена територија која е од сите страни опколена со моќни противници на чии авиони и балистички ракети им е во дострел.
Американците од друга страна се повеќе сконцентрирани на бродски базиран ПВО систем бидејќи морнарицата им е распоредена по целиот свет а територијата им е воглавно далеку од дострелот на оние кои би можеле да им наштетат.
______________________
Не постојат факти, само добро основани претпоставки.