|
|
| Гранична полиција | |
|
+13Macedonian09 Rashid fantom1 Alvar BoyfromKavadarci РИС darkness Smrtnikot Momak od Gjorce Генерал SIG Зоран JKD 17 posters | |
Автор | Порака |
---|
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Гранична полиција 2/4/2016, 19:46 | |
| а и веќе откако почнаа со повеќе закони за безбедноста,нека им текне у тоа главите да го сменат законот да може да прифаќаме и старо оружје и опрема и возила од други држави,односно користено...па ако не ти се свиѓа мајку му,не го користи,а вака не може никој ништо да ни донира,освен ново,а ретко кој донира ново,а и да донира е во мала не значителна бројка како на пример Кобрата на ВП што е доделена од Турција... | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: Гранична полиција 2/4/2016, 20:15 | |
| Нема да ме чуди ако дознаам дека имало надворешно влијание во донесувањето на законот... |
| | | РИС
Број на мислења : 2579
| Предмет: Re: Гранична полиција 2/4/2016, 21:01 | |
| Моментално најдобро би било Хермалините кои ги има АРМ кои всушнос се дизајнирани и направени за Германската гранична полиција да се дадат на граничната полиција а за АРМ да се побара да се купи некое БВП од вишковите кои им се јавуваат на побогативе европски земји кои со нивната рационализација им стануваат вишок. Мислам дека некаде прочитав дека на пример на Шведска вишок ќе и бидат CV9040 или пак некое друго БВП од некоја друга земја . | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Гранична полиција 3/4/2016, 01:49 | |
| а што ќе користи армијата ако и ги даде хермелините на гранична ? | |
| | | РИС
Број на мислења : 2579
| Предмет: Re: Гранична полиција 3/4/2016, 08:26 | |
| Па напишав , да се набави некое БВП кое кај појакиве земји станува вишок , од постарите CV90 , PATRIJA или нешто слично на нив . Еве сдно време се шпекулираше Полска да ни продаде од РОСОМАЦИТЕ користени во Авганистан . | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Гранична полиција 28/4/2016, 12:08 | |
| Незадоволство во граничната полицијаРеволт и незадоволство помеѓу полицајците во граничната полиција од станиците Танушевски, Гошинце, Маздрача и Стрезимир кои веќе една година работат по системот четири дена на работа четири дома и со преполовени дневници. Од минатиот месец усно им бил наложен како што велат нов и уште полош систем за работа три со три со кој биле опфатени и станиците Чашка Блаце и Белановце. Колективниот договор според Независниот синдикат на полицијата, го потпишал Репрезентативниот полициски синдикат и тогашната министерска за внатрешни работи Јанкуловска, кој како што велат е спротивен на законот и Уставот. Слободните часови кои граничните полицијаци ги минуваат на работа неевидентирано, е ризик за полицајците кој мора да биде отстранет, велат од Независниот полициски синдикат. Претседателот на репрезентативниот полициски синдикат Тихомир Климовски вели дека е запознен со проблемот но тој во договор со полицајците предложил до министерот Оливер Спасовки предлог решение за враќање на стариот систем за работа кој предвидува 3 дена на работа, а девет дена слободни. „Како што беше договорен предлогот од нашите колги така изворно го доставивме до министерот за внатрешни работи Спасовски, но само од нему познати причини веќе две недели нема никаков одговор. Ако нема договор по празниците ќе направиме засилен притисок околу спроведување на предлогот-вели претседателот на Македонскиот полициски синдикат.“ Од МВР велат дека Министерот Оливер Спасовски изразил подготвеност да им излезе во пресрет на барањата на вработените полициските службеници во граничните станици и издал наредба за формално враќање на стариот систем на сменска работа кој предвидува 3 дена непрекината работа, 9 дена одмор, кој порано функционирал, но бил укинат од тогашниот министер Митко Чавков. Меѓутоа овие активности заради настаната состојба на вештачко произведување хаос во МВР од страна на Владата се стопирани. Апсурдноста да биде поголема при поништувањето на решенијата што ги донесе министерот Оливер Спасовски од страна на Владата се поништија и решенијата со кои се зголемува додатокот на плата за граничната служба од 5 на 10 %. - велат од Министерството за внатрешни работи. http://24vesti.mk/nezadovolstvo-vo-granichnata-policija ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: Гранична полиција 29/5/2016, 16:19 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | РИС
Број на мислења : 2579
| Предмет: Re: Гранична полиција 29/5/2016, 16:43 | |
| Хм , би можело во рамките на инженеријата на АРМ да се формира едно оделение со дупчалкиве за жива вода .. | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Гранична полиција 28/7/2016, 12:16 | |
| Донирани нови 24 возила за Граничната полиција од ИОМГраничната полиција денеска доби донација од 24 нови возила од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) со што ќе бидат зајакнати нејзините капацитети во справувањето на бегалско-мигрантската криза. Вкупната вредност на донацијата е околу 700 илјади евра. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој заедно со заменик министерот Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, присуствуваа на предавањето на донацијата, нагласи дека ќе се продолжи со зајакнување на персоналните и материјално-техничките капацитети, како и со соработката со меѓународните организации и невладиниот сектор. – Од денот на затворањето на Балканската рута, ние не бевме во заблуда дека ќе завршат проблмите со бегалската криза или со отворањето на нови рути. Нашите проценки беа дека ќе се активираат организирани криминални мрежи од Македонија и меѓународно. Сведоци сме на таква интензивна активност, но успеваме на висок професионален начин да ги превенираме преку откривање и враќање на мигрнатите кои илегално влегуваат во Република Македонија, изјави Чавков, заблагодарувајќи се на поддршката од ЕУ, на земјите од Вишеградската група, ИОМ и НВО. Тој најави дека се очекуваат нови материјално-технички средства донации од ЕУ и од Чешка за Граничната полиција, со што ќе има севкупно околу 100 возила за различни намени. Според Соња Божиновска, раководител на канцеларијата на ИОМ за Република Македонија, овие возила значително ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на Граничната полиција во справувањето со комплексната миграциска состојба. – Преку оваа програмска активност ИОМ поддржа и други активности како што е донација на опрема за поддршка на капацитетите за регистрација на мигрантите. Обезбедена е поддршка во опремување на транзитните прифатни центри со услови за привремено сместување на мигрантите, донирана е и опрема за медицинскиот сектор, а реновирани се болниците во Гевгелија и во Куманово, изјави Божиновска. Додаде дека се спроведени и обуки за припадниците на Граничната полиција и за други релевантни субјекти кои се вклучени во идентификацијата и асистенција на мигрантите. http://kurir.mk/makedonija/vesti/donirani-novi-24-vozila-za-granichnata-politsija-od-iom/ ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Гранична полиција 29/7/2016, 17:09 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Гранична полиција | |
| |
| | | | Гранична полиција | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|