Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 37 ... 71, 72, 73 ... 86 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty22/7/2014, 19:22

Вазали во својата држава

Минатонеделните демонстрации во Скопје и другите градови потврдија некои констатации во кои граѓаните на Македонија се соочуваат во оваа пост-рамковна Македонија.

Сè почна кога албанскиот блок преку албанските медиуми, според едно испробано косовско сценарио од времето на „здружените одреди“ извади своја теза дека Албанците се жртви во својата земја. Албанските политички партии на свој начин сакаа да ќарат, па даваа контроверзни изјави пред да повикаат на мирни демонстрации. И на крај имаме и најави на формирање на нова албанска партија која нормално ќе биде уште понационална зошто досегашниве партии не се грижат многу за албанските национални интереси во Македонија.

Начинот на комуникацијата во земјава на албанскиот и македонскиот политички блок само потврдува дека Македонците дефинитивно живеат како потстанари во својата земја, вазали на албанскиот политички фактор, заложници од истиот. Присутно е цврсто чувство дека македонските институции ама баш ништо не можат да направат законски доколку во целата приказна е вмешан албанскиот политички фактор.

Кога имаме албански политички фактор во која било приказна и кога регуларно и законски се постапува, почнуваат да се поставуваат барања за преговори со албанскиот фактор, а не преку словото на законот и се чека зелено светло од албанска страна за да ние понатаму здивнеме дека нема да има понатамошни проблеми. Чекам да видам каква пресуда ќе донесе апелација во Монструм?

Обично ваквите ситуации завршуваат штетно по наша страна. Примери има еден куп - настаните на Калето, кршењето на споменикот на Цар Душан, никнување на незаконски албански меморијални споменици низ Македонија, незаконско веење на албански знамиња низ Македонија, давање на студенти Македонци да одговараат тестови напишани на албански јазик на државниот универзитет во Тетово...

Албанците во Македонија доминираат во сите сфери на животот во кои тие мислат дека треба да доминираат, а македонската страна е нема, плашлива и повлечена. Без разлика колку пратеници има и колку и да е силна партијата на власт или пак опозицијата на македонскиот блок во парламентот, во пост-рамковна Македонија македонските партии постапуваат плашливо и кукавички, не стојат позади законите кои се заколнале дека ќе ги бранат и не ги бранат државните интереси и интересите на електоратот кој го избрал. И токму на ова ниво се штимаат меѓуетничките односи кои подоцна се пресликуваат во обичниот живот во Македонија.

Од друга страна, пост-монструм случувањата само потврдија дека Македонија е лесно запалива земја и дека екстремниот албански национализам е број еден закана по битието на оваа држава.

Менаџирањето на овој ризик е број еден приоритет на нашата држава и логично би било дека имплементацијата на законите кои албанската политичка заедница ги донела во согласност со македонската, би било исправна политика која води кон еден соживот на сите заедници во Македонија. Небаре дадени се зелени светла од албанска страна и сега при имплементацијата на истите закони не би требало да има отпор.

Но тоа не е случај во Македонија, националистичкото слепилото на дел од Албанците од Македонија е голема пречка за соживотот, мирот и стабилноста на нашата држава. Потребно е само погодни услови, пред се регионални за да овој национализам пламне и негативно влијае врз суверенитетот на Македонија.

Цврсти институции, силни врски со влијателни надворешни пријатели и одлучно политичко водство кои решително ги спроведува законите изгласани консензуално се предиспозициите кои би ни овозможиле да се справиме со потенцијалните безбедносни ризици кои демнат како резултат на деструктивноста на албанскиот национализам врз Република Македонија.

Институциите како македонската армија треба да биде димензионирана за да се справи со ваков вид потенцијални ризици, а целта за да се влезе и да се дава слепа подршка на НАТО треба да бидат секундарни. Но како резултат на следење на политиките на НАТО и нашата одредба да се биде член на организацијата, македонската армија е мала и содржи околу 21 % албански деца кои би дезертирале во случај на меѓуетнички конфликт кој би бил подржан од Косово и Албанија. Армијата под вакви услови не би можела да црпо војници од цивилното население зошто истото не е оспособено за воени дејствија зошто никогаш не било тренирано за таа цел. Затоа потребно е менување на системот на регрутација и воведување на задолжителна воена обврска за во кризни ситуации армијата да има можности и способности од човечка гледна точка да се справи со предизвиците пред себе. За жал во Македонија за ова малку се разговара.

Имајќи блиски и цврсти односи со влијателни надворешни пријатели кои би нè подржале во услови на потенцијален меѓуетнички конфликт кој би бил закана по македонскиот суверенитет е исто така важно. Според целиот македонски политички блок, САД се нашите најголеми и најблиски пријатели во кои ние гледаме сојузник и пред кои се колнеме во сојузништво.

Но, дали САД нас ни возвраќаат со иста мерка? Одговорот е половичен. САД ја поддржува територијалната целовитост на Македонија, но исто така го поддржува и албанскиот национализам во Македонија и со тоа ни штети како народ и на нашата држава. Во ниту еден од годишните извештаи или прес конференции што ги издава Стејт Департманот, американската амбасада во Скопје, или пак американски невладини организации кои се финансирани од американската влада како Фридом Хоус и други не се критикува политиката на албанските партии во Македонија против соживотот. А вакви примери има секоја година и сè почесто. Наместо осуда, имаме молк од американска страна, а со тоа се поттикнува меѓуетничката нетрпеливост кај нас. Каква е гаранцијата дека Америка нема да ја смени својата сегашна политика на подршка на целовитоста на Македонија во случај на пошироки регионални меѓуетнички конфликт? А да потсетам дека во конфликтот од 2001 Ахмети прво беше терорист пред да стане борец за човекови права.

Премногу се потпираме на Американците и тоа не прави зависни од нивното влијание и политика, а со тоа и се зголемува нивото на политички ризик на нашата земја.

Како против тежа на ова влијание, знаејќи дека безбедноста, мирот и стабилноста се примарни, на министерот за одбрана прва дестинација за официјална посета требаше да му биде Москва, каде со Русите би потпишал договор за воена соработка, размена и школување на воени кадри. Втора станица требаше да му биде Пекинг каде што исто таков договор би потпишал и со Кина. Од тука министерот би одлетал во Вашингтон каде на средбата со сенаторот МекКејн би ја дал истата порака - „Македонија е кредибилен, достоен партнер кој знае да возврати кон искажаното стратегиско партнерство и пријателство и секогаш ќе биде со САД онаму каде што е најпотребно“. Истото би ѝ се кажало и на госпоѓа Нуланд овде во Скопје.

Тогаш изјавите од наша страна би имале на тежина. Без остварување поголема соработка со Москва и Пекинг изјавите кои нашите политичари ги даваат кон САД се поданички, вазалски и слепи од кои штета на долг рок имаат поголемиот број граѓани на Македонија со тоа што се поттикнува политиката на доминација на Албанците врз Македонците.

Во оваа ситуација кога малцинството доминира над мнозинството, нашите патишта кон запад се комплетно блокирани, непризнаени и уценувани за она што сме, а имајќи предвид случувањата со БРИКС, наша цел треба да биде енергетско, економско и воено поврзување со истокот каде што сме прифатени за она што сме и каде што потенцијалот за економски раст се поголеми зошто источните економии имаат поголем потенцијал за економски раст отколку западните.

Уште поголем мотив за приклучок е и новоформираната Банка за развој на БРИКС. Македонија би требало да биде помеѓу првите кои би се зачлениле и така би се балансирало влијанието што сега доаѓа од запад и да се диверзифицираат можните приливи на финансиски средства кои потенцијално би се користеле за развој на нашата држава. Така, наместо да зависиме ексклузивно од ММФ, ЕБРД, Светска Банка и други западни политизирани институции кои секогаш имаат во себе политичка порака која не ретко е уценувачка, ќе се отворат нови авении за посамостоен развој на Македонија и соработка со нови пазари од кои сите граѓани ќе имаат корист.

Појавувањето на новите меѓународни институции се само потврда дека светот динамично се менува и Македонија треба да ја искористи шансата во новата реалност која е мултиполарна, а не униполарна. Колку побргу македонските политичари донесат одлука и дејствуваат за да ги намалат ризиците од уценувачко западно влијание, толку подобро. Во спротивно потстанарскиот и вазалски пристап на соживот кој Македонците го имаат со Албанците на домашно поле и кон Американците на надворешно поле ќе продолжи и понатаму.

Сашо Маневски
http://www.mkd.mk/kolumni/vazali-vo-svojata-drzhava

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2581

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty22/7/2014, 20:11

Едиствен начин да ги зантересираш големите за себе е собраниот данок од народот е да го потрошиш на работните места во САД , Русија , Кина, а тоа практично значи за да ја заентересиравме САД за нас наназад 20 години требаше да потрошиме бар пола милијарда долари купувајќи војна техника од нив , тогаш работите ќе имаа сосема друг тек на нештата . Истото се однесува и за Русија и за Кина .
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty23/7/2014, 21:23

Шо би било кога би било... Заеби тој муабет и сличните на него, остануваме у слеп колосек затрупани со муабети околу тоа колку сме сје*ани без да се преземат било какви мерки околу таа ситуација. Клише муабет.

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty24/7/2014, 20:24

24.07.2014 | 18:15
Експлодираше фабрика за пиротехника во Сопиште – има повредени!

абрика за пиротехника се случила околу 17:10 во скопско Сопиште.

Според првичните информации повредени се 4 лица, кои се упатени кон разни медицински установи за укажување лекарска помош.

За сега нема информации за нивната здравствена состојба, а повеќе детали за експолизијата ќе бидат познати подоцна.

http://lider.mk/2014/07/24/eksplodirase-fabrika-zaq-pirotehnika-vo-sopiste-ima-povredeni/




Од кога има фабрика за пиротехника во Македонија? Знае некој дека има во Македонија?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty25/7/2014, 14:41

Полицијата не им дозволува на демонстрантите да одат до Музејот на холокаустот

Стотина демонстранти се спречени од полицијата да протестираат за насилствата во Газа пред Музејот на Холокаустот и покрај уредното пријавување на протестот во МВР, изјави за НОВА Зејд Реџепи од невладината организација „Клуб Елита“, кој е еден од организаторите на маршот.

Како што јавува репортерот на НОВА Дехран Муратов, Реџепи побарал писмен одговор од полицијата зошто не се дозволува да протестираат пред Музејот, туку движењето им е ограничено само до Стоковната куќа Мост, обвинувајќи ја полицијата:

-Македонската полиција ја врши улогата на израелската армија која врши терор врз децата.

Рецепи вчера во интервју за НОВА ги објасни мотивите за овој протест:

-Ние со овој мирен марш сакаме да упатиме апел да престане воената интервенција во Газа, да не се убиваат деца и цивили. Без разлика дали се работи за Муслимани, Христијани или Евреи, ние организираме мирен марш да ја покажеме нашата човечност, вели за НОВА, Зејд Реџепи од невладината организација „Клуб Елита“, кој е еден од организаторите на маршот.

Во склоп на овој Марш, освен програма посветена на настанот, се одржува и изложба на реални слики од Газа кои се направени изминатите денови. Маршот ќе тргне од Мурат Пашината Џамија до музејот на Холокаустот.

Реџепи вели дека маршот го организираат над 15 невладини организаии.

Протестите кои што беа најавени дека ќе се одржуваат секој петок за случајот „Монструм“ се откажани поради празникот Бајрам.
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=15671

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty25/7/2014, 16:00

Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty25/7/2014, 16:01

А они нас кога ни тепаа цивили?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty25/7/2014, 16:19

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО ПРОБИШТИП
ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски молчеше пред антимакедонските изјави на европратеникот Ангел Џамбаски

За време на формирањето на огранокот на Македонско-бугарското здружение во Пробиштип ниту еден член на ВМРО-НП не реагираше на отворените антимакедонски изјави на европратеникот Ангел Џамбаски кој присуствуваше на основањето. Според граѓаните на Пробиштип целата логистика за овој настан од 16 јуни во нивниот град ја дадоа членовите на партијата на Љубчо Георгиевски. МКД.МК веќе еден месец чека одговори од ВМРО-НП на неколку прашања поврзани за овој настан.

„Во врска со основањето на огранокот на Македонско-бугарското здружение во Пробиштип на 16 јуни, не интересира каква беше улогата на ВМРО-НП во организацијата на овој настан? Според информациите од Пробиштип, организатор на настанот бил советник на вашата партија во градот. Какви се вашите односи со ВМРО-БНД на Каракачанов? Дали се согласувате со изјавите дадени на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по настанот во Пробиштип? Дали е точно и тоа дека во Пробиштип се сретнале и Љубчо Георгиевски и Каракачанов?“

Ова се прашањата на кои повеќе од еден месец чекавме одговор од ВМРО-НП. Не добивме одговор за овој настан и поврзаноста на македонската партија чиј лидер е поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.

Џамбаски вели дека ова писмо го напишал поради две причини: „Да ве информирам за тоа што се случува денес во поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ) и да ви дадам до знаење за историските причини и околности што доведоа до сегашната проблематична иднина на оваа земја... Треба да ви стане несомнено јасно дека Македонија историски отсекогаш била претежно населена со Бугари... Затоа, географски, етнички и историски Македонија е тесно и неотповикливо поврзана со Бугарија, бугарскиот народ и бугарската историја. Меѓутоа, денес, поради промени низ времето и разни политички комбинации зад сцената на соседните земји и нивните политички старатели во странство, Бугарите во Македонија сè уште не ги имаат правата што ги заслужуваат“, пишува бугарскиот европратеник од партијата на Каракачанов.

Џамбаски им посочува на своите колеги во ЕП дека „и покрај репресиите на актуелниот политички естаблишмент во Македонија, Бугарите ја слават 111-годишнината од своето востание, Илинденското востание и ова е најмногу охрабрувачки факт”.

На крајот од писмото, обраќајќи им се на своите „почитувани колеги во Европарламентот”, бугарскиот национал-шовинист Џамбаски им објаснува која е причината што им се обраќа на останатите 750 членови на ЕП.

„Го правам ова бидејќи во Европа се уште има случаи на брутално прекршување на основните човекови права и слободи. Денес, во Македонија сè уште се малтретира секој Бугарин со репресија, цензура во медиумите, постапки на вандализам, напади и бес, како ментално, така и физички. Ова мора да се смени и ние, како претставници на сите 28 земји-членки, не смееме да толерираме таква неправда што случува на вратата до нас“, пишува Џамбаски.

Ако не по 16 јуни, време е сега ВМРО-НП и Љубчо Георгиевски да одговорат што мислат за овие ставови на нивниот пријател Џамбаски.
http://www.mkd.mk/makedonija/partii/vmro-np-na-ljubcho-georgievski-molcheshe-pred-antimakedonskite-izjavi-na


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty27/7/2014, 15:54

МЕГАЛОМАНСТВО И KАЈ ИСЛАМСKИТЕ ХРАМОВИ
Новата џамија во Топанско Поле ќе биде најголема во Македонија?

Новата џамија и исламски центар, чиј камен-темелник за градба беше положен минатиот вторник со населбата Топанско Поле во скопската општина Чаир, ќе бидат најголем верско-просветен центар на Исламската заедница во Македонија.

Ова произлегува од големината на комплексот, во кој првпат во праксата за градба на исламски верски објекти на едно место ќе се изградат како голема џамија така и повеќе други придружни објекти.

Kако што беше најавено на свеченоста, на која присуствуваа поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи, и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, новата џамија ќе има трапезоидна форма, која ќе има и четири минариња. Освен ова, составен дел од комплексот ќе бидат и образовен и научен центар со амфитеатар, библиотека, читалница... Предвидено е овие содржини да се користат за едукација на студентите кои ја изучуваат исламската теологија.

Изградбата на толку голем верски комплекс се вклопува во трендот на градењето големи исламски објекти како во нашата земја така и во непосредното соседство. И покрај обидите вчера во ИВЗ и во Општина Чаир не успеавме да добиеме информација за тоа колку ќе изнесува вкупната површина на новиот исламски центар во оваа скопска општина. Непознато е исто така од кои с` извори ќе бидат обезбедени средства за неговото завршување. ИВЗ досега градеше главно само индивидуални верски објекти – џамии, без да се форсира градбата на комбинирани комплекси. Ова верска заедница, познато е, има свои образовни институции во скопското село Kондово каде што веќе повеќе децении функционираат Исламскиот теолошки факултет и Медресата како средно верско училиште.

Според објавените планови за изгледот на комплексот, лесно може да се забележи дека тој ќе зафаќа поголема површина отколку што ја имаат големите џамии како во Скопје така и во внатрешноста на земјата – Мустафа-пашината џамија, Султан-Муратовата џамија, Јахја-пашината џамија или, пак, џамијата во Битола и во други градови.

Инаку, Општина Чаир последниве години е место каде што често се организираат разни исламски теолошки предавања, често и на отворениот простор на чаирскиот фудбалски стадион.

Инаку, во нашата земја има околу 1.900 православни цркви и околу 600 џамии. Во последните направени анкети мнозинство од граѓаните изјавуваа дека во земјава веќе имаме доволно верски објекти.

Реис Реџепи: Алах да ги прими нашите добри дела

Семоќниот Алах да ги прими нашите добри дела и нашите молитви направени во текот на рамазан. Го молам семоќниот Алах да н` чува од злото на злонамерните, порача во својата рамазанска порака поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи.

- Го завршуваме месецот на постот и целосно се чувствуваме горди и радосни затоа што со послушност, со молитви, со добрина, победувајќи над злото, успеавме да бидеме побожни и поблиску до нашиот господар. Месецот на рамазан е почетна точка на нашето вечно патување кон нашиот извор. Светлината што ја допревме во овој месец постојано треба да свети во нашиот живот - потенцира тој.

- Го прославуваме Фитр Бајрам. Ќе му се заблагодариме на Алах за она што ни овозможи да го постигнеме во овој месец. Но, да не заборавиме: во нашата радост да ги вклучиме и луѓето што имаат потреба за помош како и сиромашните, сираците, но и нашите верски образовни институции - нагласи тој.

Натпревар со најголемите џамии на Балканот

Почетокот на градбата на новиот исламски комплекс се надоврзува на градбата на големи исламски верски објекти во регионот. Познато е, пред две години во Приштина, Kосово, беше поставен камен-темелник за изградба на, како што се тврди, најголемата џамија на Балканот. Мегаџамија се планира да се гради и во Нови Пазар, Србија. Голема џамија исто така се гради во Сараево, БиХ, при што и за неа се наведува дека ќе биде меѓу најголемите на Балканот бидејќи ќе се простира на 4.500 квадратни метри. Но, и таа ќе биде комплекс што ќе вклучува и административни простории за Ријасетот на ИВЗ на БиХ. Во Сараево веќе постои една од најголемите џамии изградена како донација на саудискиот крал Фахд, по кој е и наречена.

Пред неколку месеци медиумите во Србија објавија дека во Белград, пак, ќе се гради најголемата џамија на Балканот во рамките на проектот „Белград на вода“, кој го финансираат Обединети Арапски Емирати. Според пишувањата, градбата на џамијата било услов да се финансира овој голем проект. Темелите за една од најголемите џамии на Балканот се поставени и во Тирана, Албанија.
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=014EA6648740D7468577DA0B2E8617C6

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty28/7/2014, 00:33

Тивко, полека тонеме...

______________________
"Through discipline comes freedom"
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 72 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 72 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 37 ... 71, 72, 73 ... 86 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: