Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 58 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 13:40

Албанците знамето го употребуваат за да обележат територија

Секоја година се навикнавме да го „славиме" Денот на албанското знаме, иако тоа е знаме на друга држава. Секоја година со нетрпение и возбуда чекаме да видиме дали албанското знаме со кое вообичаено ја обвиткуваат стоковната куќа Мост ќе биде уште поголемо од претходната година. Да, годинава е во Дебар.

Албанците во земјава успеаја да го протнат знамето на државата Албанија како нивно национално знаме, но секаде во светот знамето е симбол на држава - албанското знаме е симбол на албанската држава и тоа може да биде поинаку само во нашава земја каде што многу работи се изместени и не соодветствуваат на тоа што е нормално во повеќето земји во светот.

Еве што пишува на Википедија во страницата посветена на националните знамиња:„Национално знаме е знаме кое симболизира земја. Знамето се вее од страна на владата, но исто така и од граѓаните на земјата. И приватните и јавните згради како што се училишта и судови може да го веат националното знаме..."

Во Енциклопедија Британика може да прочитаме: „Боите и дизајнот на националните знамиња не се случајно избрани, туку произлегуваат од историјата, културата или религијата на одредена земја."

И покрај овие факти, подолг временски период во земјата никнуваат јарболи со големи албански знамиња, такви знамиња се поставени во околината на Зајас, Кичевско, но и низ други места во земјава, сега имаме најава за поставување на 20-метарски столб со албанското државно знаме и во Лабуништа, Струшко, кадешто населението го зборува македонскиот јазик и е со исламска вероисповед. Албанското државно знаме се истакнува на училишта, прослави по повод почеток на академска година на државни универзитети, по улици ...

И не само тоа, покрај албанското знаме никнуваат и разни споменици како споменикот на „Албанската мајка" кај Зајас, споменици на двоглави орли (како што е тој на Бит-пазар во Скопје)...

На овој начин се врши еден вид обележување на делови на западна Македонија со симболи на државност на друга држава (албанската) и на тој начин се прави обид да се минимизира, оневозможи и постепено разгради државноста на еден дел од територијата на земјата.

Претходната година бевме сведоци на скапи и велелепни прослави на државност на туѓа држава на наша територија, поточно централната прослава се одржа во нашиот главен град Скопје, со присуство на албанскиот и косовскиот премиер и со истакнување на албански знамиња низ цел град, како и за време на прославата во салата Борис Трајковски.

Ако од една страна можеме до некаде да очекуваме вакво однесување од припадниците на албанската заедница кај нас, кои тежнеат кон што поголемо промовирање на нивната посебност и националност со преминување на некои вообичаени граници на пристојност и умереност за да не ја навредат најголемата етничка заедница во државата - македонската, изгледа дека тоа е поттикнато и од индиферентниот и молчаливиот однос на македонските претставници во власта. Тие упорно замижуваат на овие појави и отсуствува каква било реакција од владата и министерствата. Дали е тоа поради „мирот во куќата", односно со цел да не се предизвика поголема дестабилизација на земјата или македонскиот дел од власта е уценет со излегување од Владата на ДУИ ако се наруши оваа пракса не знаеме, но факт е дека на овој начин полека се разјадува државноста на македонската држава и забрзано одиме кон федерализација и можна сецесија на делови од државата и припојување кон друга држава. Ако ова е факт што не ги загрижува нашите државни органи, што да прави обичниот македонски граѓанин во Струга, Кичево, Тетово, Гостивар и Дебар, каква верба да гради во својата држава и едноставно, кој пат да го фати? Дека нешто може да се направи и дека не треба да се седи со скрстени раце покажаа граѓаните на Струга кои на своја иницијатива покажаа голема храброст и решителност и истакнаа стотина македонски знамиња на денот на нашата државност, нешто што требаше да го направат органите на општината кои се финансираат од државни пари на државата Македонија. Во земјава пред извесно време се донесе Закон за знамиња со консензус и за него гласаа и претставниците на албанската заедница во власта. Тој закон јасно пропишува како може да се користи знамето на заедницата и во кои пригоди, во кој формат. Секое прекршување на овој закон треба да го санкционираат органите на власта задолжени за тоа, но во пракса тоа не се случува.

Оваа ситуација трае веќе неколку години, односно се интензивира по кратката војна во 2001 година, кога се усвои рамковниот договор кој требаше да ги смири состојбите и да даде поголеми права на албанската заедница, но тој договор изгледа се користи само како параван за одредени сецесионистички цели на албанските лидери и од ден на ден состојбата се влошува. Гледаме дека расте нетрпеливоста и бројот на тепачки низ Скопје и други места се зголемува и на терен не се забележува градење на соживот. Напротив. Индолентноста и молчаливоста на македонските власти не помагаат да се реши проблемот кој станува се посложен. Попуштањето, добронамерноста и замижувањето на овие појави се третираат како слабост, а не како доблест.

Не сум поборник на репресивни акции и полициски мерки, но треба да има граница во однесувањето на етничките заедници и не може една заедница да се однесува како што сака. Затоа се законите и уставот кој мора да го почитуваат сите, без разлика на националност и вера. Ако сакаме да ја зачуваме државата, треба да се преземат решителни мерки, пред се да се разговара за проблемот и да се најде по можност заедничко решение меѓу претставниците на сите поголеми етнички заедници во државата, првенствено македонската и албанската. На тој начин ќе се постигне внатрешна релаксација на односите во државата и дури и нашата надворешна политика ќе биде поуспешна. Но изгледа оваа релаксација и градење на соживот во државата не му одговара на некои значајни фактори (внатрешни и надворешни), па тензијата постојано се одржува и подгрева. Жално е што најмногу страда обичниот граѓанин, Македонец и Албанец, станавме држава во која родителите се плашат да испратат дете на училиште со автобус и стравуваат дали ќе се врати живо и здраво дома.

Тони Димитровски
http://www.mkd.mk/kolumni/albancite-znameto-go-upotrebuvaat-za-da-obelezhat-teritorija

Потпис од мене... од збор до збор.

______________________
Si vis pacem, para bellum


Последната промена е направена од Alvar на 28/11/2013, 13:45. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 13:44

Бугарската амбасада им нуди пасоши на отпуштените војници на АРМ
http://www.mkd.mk/makedonija/bugarskata-ambasada-im-nudi-pasoshi-na-otpushtenite-vojnici-na-arm

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 14:52

Alvar напиша:
Бугарската амбасада им нуди пасоши на отпуштените војници на АРМ
http://www.mkd.mk/makedonija/bugarskata-ambasada-im-nudi-pasoshi-na-otpushtenite-vojnici-na-arm
Навреда.affraid 
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 15:09

Добро е некој што ке се погрижи за нив барем, кога нашите не ги рецкаат.

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 15:35

Legija91 напиша:
Добро е некој што ке се погрижи за нив барем, кога нашите не ги рецкаат.
Како да с епогрижи .
Пасошот не носи работа.
Ова е нај големата утка на независниот синдикат на одбраната .
Бугарите се дареѓливи на муабет.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 16:26

Од фејсбук профилот на Ивица Боцевски.

Знае понекогаш да ме заинтересира некоја тема, па сакам да видам за што всушност зборуваме. Елем, еве ја статистиката за бугарските пасоши извадени од Македонци, презентирана според бројките на ЕУРОСТАТ. Овој пат се работи за прецизни бројки:

2002 - 1,369
2003 - 1,735
2004 - 2,302
2005 - 2,444
2006 - 2,933
2007 - 3,247
2008 - 3,637
2009 - 427
2010 - 439
2011 - 272

Или вкупно за една деценија 18,805 македонски државјани извадиле бугарски пасоши. Според проекцијата на ЕУРОСТАТ Македонија има 2,062,294 жители, односно 0,91% од македонските државјани поседуваат бугарски пасош. Уште поинтересно е тоа што бројките очигледно паѓаат по 2008 година, а тоа не гледам дека кој било го коментира во нашата јавност.
Затоа, повторно ќе запрашам ОД КАДЕ Е ЦЕЛАТА ОВАА ПАРАНОЈА СО БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ?!?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 16:48

Албанците маршираа по повод годишнината на албанското знаме и независност (ФОТОГАЛЕРИЈА)
http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/albancite-marshiraa-po-povod-godishninata-na-albanskoto-zname-i-nezavisnost#10

Во струшко Лабуништа поставен дваесетметарски јарбол со албанско знаме
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=67071#.Updla-LOSR0

Ништо полошо од овие одродени гнидосани мифки кој не знаат збор шиптарски а се чукаат в'гради дека се поголеми шиптари од шиптарите.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 17:20

Alvar напиша:
Албанците маршираа по повод годишнината на албанското знаме и независност (ФОТОГАЛЕРИЈА)
http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/albancite-marshiraa-po-povod-godishninata-na-albanskoto-zname-i-nezavisnost#10

Во струшко Лабуништа поставен дваесетметарски јарбол со албанско знаме
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=67071#.Updla-LOSR0

Ништо полошо од овие одродени гнидосани мифки кој не знаат збор шиптарски а се чукаат в'гради дека се поголеми шиптари од шиптарите.
Јадни Торбеши.

ке се докажуваат ке трчаат , и пак и за ОРКИТе ке бидат Торбеши само за нас се брака Македонци со Исламска вероисповед.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 17:26

За мене не се. Тоа све у една јама.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty28/11/2013, 18:01

Nemoj taka druzhe...imam povekje prijateli megju Makedoncite so Islamska veroispoved - i mozhe da ti kazham deka istite se i samite zgrozeni od ovaa pojava...a poznavajkji gi so godini istite - ti garantiram deka se daleku "porevnosni" Makedonci - odoshto jas ili ti...pishtol na glava da im stavish - pa pak nema da se odkazhat od Makedonskoto vo sebe i da se pishat Albanci, Turci ili shto bilo...poprvo bi umrele...

Verata e intimno chuvstvo na chovekot...utre da odlucham da sum Budist - toa istoto ne me pravi nishto pomalku Makedonec po nacionalnost (i da, znam shto kje kazhe nekoj - no bez obzir na moeto etnichko poteklo)...

Taka da, ako site se "stavaat vo ist kosh" - toa e neshto, shto lichno za mene - nitu e pravedno, nitu e vistina...

Izrodi imalo i kje ima sekogash i sekade...i najmalku mi e gajle od koja vera e chovek - dokolku si stoi cvrsto na sveto nacionalno "credo"...taka i sprema site Makedonci (koi se chuvstvuvaat za takvi) - a imaat razlichna veroispoved od mnozinstvoto drugi...

Mal primer...tatko mi pokoen, Bog da go prosti - od mladi godini zasnova blisko prijatelstvo so eden Makedonski Evrein, a koe vo godinite premina vo golemo megju-familijarno prijatelstvo...tatkoto na dotichniot prijatel na mojot pokoen tatko - pokoen Chichko Moni (Solomon) beshe "chistokrven" Evrein od Ashkenazkata Hebrejska linija...a kako takov - retko se rodil tolku "silen" i "postojan" Makedonec i Makedonski patriot...beshe prvoborec od NOB, i star "arhi-komunist"...golem Jugosloven - i ushte pogolem i "porevnosen" Makedonec...koga bevme klinci vo shega go "peckavme" - dali planira da se seli vo Izrael kako povekjeto od prezhiveanite Makedonski Evrei po Vtorata Svetska Vojna...sekogash "plamnuvashe" - deka nema shto da bara tamu "bidejkji kako Makedonec - toj si e vo rodnata Makedonska zemja"...koga pochina kon krajot na 70-tite - ne dozvoli prethodno ni Davidova Zvezda da mu bide obelezhena na grobniot spomenik...namesto toa, samo imashe Partizanska Petokraka...i kako vchera se sekjavam onaka star i bolen siromashkiot - kako pred da umre prosto naluteno im "preteshe" na negovite domashni - "da sluchajno ne im padnalo takva budalashtina na pamet - da mu nosat na pogreb nekakvi smrdlivi rabinishta...ako tolku sakale da mu se oddolzhat - neka se napijat rakiichka vo "Idadija" i neka ja porachaat negovata omilena pesna - "Slusham kaj shumat shumite"...taka daleku povekje kje go isposhtuvale"...i taka i napravija...

Chistokrven Evrein...i istovremeno MAKEDONEC - "do srzh" (i koj doma chuvashe slika na Tito - a vednash do nejze slika na Goce Delchev)...i toa od onie VISTINSKITE Makedonci koi se borele, krvarele i ginele za ovaa zemja i narod...

Taka da...verata nema nikakva vrska so sevo ova...Makedoncite so Islamska veroispoved - se povtorno Makedonci...isto kako shto se i onie koi se so bilo koja ostanata veroispoved...pa neka bile i Taoisti, Hindusi, Konfuchijanisti - i shto se ne ostanato...istoto toa - so nishto ne im ja "namaluva" nacionalnata pripadnost...verata e edna rabota - a nacijata sosema druga...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 16 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 16 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 58 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: