Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+18
shady3
Wolf
beowulf
tose
JKD
Mrshajnoski
gladiator_17
Iko
alexmkd
Генерал
assasian
Momak od Gjorce
РИС
Legija91
Smrtnikot
Зоран
Alvar
SIG
22 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 56 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty16/11/2013, 20:17

Абе што знам...не се до толку заутени ми се чини за да можат вакви заебанции да прават, им фаќа за вакви работи на нив кликерот, имаат искуство оние во Мала Речица.

А инаку до вториот дел...па брат, нели е подобро мајка ми да ми носи цигари в затвор него на гроб? Smile 
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty16/11/2013, 20:28

Не велам дека треба да си стратег искочен од Вест Поинт за исценираш тепачка во автобуси... но причините, и пред се тајмингот не се туку така. Ова се случува веќе извесен период, и се приметува одреден патерн на делување кај оркиве.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty17/11/2013, 02:55

Alvar напиша:
Не велам дека треба да си стратег искочен од Вест Поинт за исценираш тепачка во автобуси... но причините, и пред се тајмингот не се туку така. Ова се случува веќе извесен период, и се приметува одреден патерн на делување кај оркиве.
Секогаш пред голем настан добо осмислен и темелно планиран.
И се сомневам дека се деца!!!
тепале дозирано да нанеста болак и гнев , не да убијат!!
Утеруваат страв у коски....дефиниција за тероризам.
Црн голф без таблици ало
има некој у градов, има 1000 км улици и никој да дигне телефон ало 192  без гајле без пари е.
а
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty17/11/2013, 10:44

Да појасниме, тепачки во автобус има буквално секој ден и сите се глуви и слепи за тоа. Само кога власта ќе сака да предизвика одредени меѓуетнички тензии ги пушта своите медиумски мегафони кои го тупат за тоа како албанци нападнале Македонци. Излишано е да збориме за некаков заговор или некаква цел да се предизвика конфликт од страна на албанците, тие буквално секој ден напаѓаат Македонци во автобус, а тоа што сите ќутат е друг муабет. Политички срања, со цел на претседателските избори да играат на картата на патриотизам.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty17/11/2013, 17:12

Маркетиншки трик или провокација
Албафон ја „илиризира“ македонската историја
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/albafon-ja-ilirizira-makedonskata-istorija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty17/11/2013, 22:18

Нека нѐ заштити полицијата за да не дојде до поголема беља

По завчерашниот инцидент, кога во автобус со бројот 65 беа претепани осум патници, жителите на селото Стајковци се револтирани затоа што полицијата досега не отворила свое одделение и покрај фактот дека инцидентите во тој дел од Скопје веќе станаа секојдневие

Еден ден по инцидентот во Cтајковци жителите порачуваат

Само зајакнатото присуство на полицијата сведочи дека завчеравечер во скопското село Стајковци се случи инцидент кога засега непознати насилници без причина претепаа случајни патници во автобусот со бројот 65.

Вчера таму беше навидум мирно, но се чувствуваше гневот на жителите на Стајковци исто онака како што облаците надвиснуваат над небото и чекате буквално во секој момент да зафати страшна бура.
Уште од почетокот на населбата Сингелиќ врие од полиција, на секоја автобуска станица. Патниците влегуваат само откако полицијата ќе ги претресе нивните џебови и торби, а контролираат и внатре во автобусот. Едни полицајци седат мирно, на нозе, други пак дремат во блиските кафеани кај основното училиште „Кирил и Методиј“ во центарот на Стајковци. Ги има и внатре во училиштето.

Се враќав од училиште и поради големата мешаница во автобусот едвај успеав да застанам до вратата и така настрадав во завчерашното дивеење на некои за мене непознати насилници. Ме тепаа по главата, по рамената, секаде каде што стигнаа, сведочи 15-годишниот Мартин, ученик во средното сообраќајно училиште, за хоророт што завчеравечер се случи во автобусот со бројот 65, кој сообраќа на релацијата од Транспортниот центар до селото Раштак.

- Полицијата реагираше брзо, дојде за пет минути, веднаш зад автобусот. Бевме во станица, дадовме изјави. Нѐ прашаа дали ги познаваме насилниците, но како да им кажеме кои се, кога тие беа маскирани со капи и со шалови. Токму затоа мислам дека нападот беше смислен - вели Мартин.

И 14-годишниот Марко завчера се возел со истиот автобус во кој настрада Мартин.

Според неговото сведочење, вечерта автобусот застанал на автобуската станица кај црквата во Сингелиќ и во истиот момент црн „голф“ му го попречил патот. Од него излегле пет-шест луѓе, а ним им се придружиле уште неколкумина, за кои Марко не знае точно да каже од каде се појавиле.

- Автобусот само што ги отвори вратите, насилниците наеднаш се појавија и почнаа да тепаат без никаква причина. Тепаа кого стигнаа да удрат, најмногу настрадаа тие што беа блиску до вратите, особено оние на последната врата. Го молевме возачот да ги затвори вратите, ама ништо не можеше да направи. Беше огромен метеж. Стигнавме некако на автобуската пред основното училиште и потоа дојде полиција - раскажува Марко.

И Стефан и Диме и Александра ја раскажуваат истата приказна.

- Ова се случува многу често, најмногу долу, кај џамијата во Попово Маало. Таму најмногу жители се Албанци и прават што сакаат. Дење можеби не е толку страшно, но навечер нам девојчињата ни е страв сами да си одиме дома. Ни свиркаат, нѐ допираат по косата, намерно седнуваат зад нас во автобус - раскажува 13-годишната Александра.

НА СИТЕ ИМ Е ДОСТА ОД НЕВИНИ ЖРТВИ

Повозрасните жители на Стајковци го носат истиот гнев ако го споменете проблемот со инцидентите. Едни велат дека на честите инциденти мора да се одговори со иста мера, други, пак, се категорично против.
- Работев во Германија 42 години и со радост дојдов тука мирно да си ја трошам пензијата. Ама не било така. Ми ја напаѓаат куќата секојдневно. Живеам во Попово Маало и тука е најризично. Секој прави што сака, никој ништо не им може. Никогаш нема да се навикнам на овој менталитет и на овој начин на живот - се пожали седумдесетгодишниот Ѓорге Арсовски.

Тој смета дека дошол моментот кога ќе мора да им се спротивстават на сограѓаните Албанци, зашто, како што вели, Македонците секогаш го извлекуваат подебелиот крај.

- Полицијата мора веднаш да отвори свое одделение тука во Стајковци. Сѐ додека се полицајците тука, ситуацијата е мирна. Штом заминат, почнуваат инцидентите - вели дедо Ѓорге.

МОРА ДА СЕ ЖИВЕЕ ЗАЕДНО, АМА НЕ КАКО ДОСЕГА

Костадин Митевски, пак, смета дека одмаздата не е решение.

- Од ова не треба да се прави драма. Сите ние треба да ја смириме ситуацијата. Месните заедници да ги посочат виновниците. Тоа се провокатори и ги има и кај нас и кај нив. Потоа да се оди преку институциите, а треба да се дејствува и преку родителите. Четириесет години живеам тука и овие тензии се случуваат само последниве две или три години - вели чичко Костадин.

На состанокот на месните заедници од Стајковци, Раштак, Сингелиќ, Булачани, Црешево и други населени места од овој североисточен дел на Скопје, кој се одржа завчеравечер, а на кој присуствуваа градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, и заменик-министерот за образование, Сафет Незири, било договорено од Министерството за внатрешни работи да се побара отворање подрачно одделение на МВР во Стајковци .

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по инцидентите што завчера се случија во автобуси на ЈСП, информира дека МВР ги презема сите мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот.

- Завчера имаше повеќе инциденти, од кои најсериозен беше во автобусот на ЈСП, а МВР интензивно постапува по сите случаи во рамките на своите надлежности и дејствувања - изјави Јанкулоска.

Во врска со завчерашниот мирен протест на месното население во Стајковци, кое го блокира патот по инцидентот, со барање за отворање полициска станица и зголемено присуство на полицијата на територија на селото, министерката Јанкулоска нагласи дека сите барања што пристигнуваат до МВР соодветно се разгледуваат и анализираат и дека тоа е доказ оти граѓаните имаат доверба и можат да се потпрат на полицијата.

Според Јанкулоска, ваквите зачестени инциденти не се само безбедносно прашање туку проблемот може да се лоцира и во нарушениот систем на вредности.

- За ова се спроведуваат низа проекти во соработка со повеќе институции, кои имаат за цел да го намалат бројот на ваквите инциденти помеѓу малолетниците, а преку отворен разговор да го издигнат нивото на општествените вредности кај децата - вели Јанкулоска.

Завчеравечер, околу 19 часот, осум средношколци беа претепани во автобус на ЈСП со бројот 65, кога во него влегле десетина маскирани лица вооружени со палки и метални прачки.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111613829408&id=12&prilog=0&setIzdanie=23029

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty18/11/2013, 14:09

Секогаш пред избори е исто, користат нечија несреќа за добивање на политички поени. Жално...
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty18/11/2013, 14:50

Smrtnikot напиша:
Секогаш пред избори е исто, користат нечија несреќа за добивање на политички поени. Жално...
На кои избори мислиш.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty18/11/2013, 17:33

Андов: Го одбив предлогот на Глигоров за „Славјанска Република Македонија“ (ВИДЕО)

Стојан Андов ја потврди информацијата на првиот грчки преговарач за името Елефтериос Карајанис, дека екс претседателот Киро Глигоров се согласил да биде постигнат договор со Грција за „Славјанска Република Македонија“.

Тоа, како што вели Андов, се случувало во јуни 93-тата година, два месеца по приемот во Обединетите нации со референцата ФИРОМ.

Андов, кој тогаш ја вршеше функцијата претседател на Собранието на Република Македонија, за Канал 5 се потсети кога претседателот Глигоров, невообичаено за неговите дотогашни посети, тоа утро побарал средба многу рано. Андов тврди дека кај претседателот Глигоров препознал подготвеност за потпишување на еден таков документ.

Од оваа временска дистанца и дури сега Андов ја осознал причината зошто неколку дена по средбата со Глигоров до него стигнала иницијатива за распуштање на парламентот со што би се отворил пат за предвремени парламентарни избори, во кои Глигоров, според него, гледал можност за нов распоред на силите и со тоа за добивање зелено светло за предлогот.

Како што јави Канал 5, во вчерашниот настап, Карајанис нагласи дека предлогот содржел за националност - „Славомакедонци“, јазик - „славомакедонски“ и идентитет - „славомакедонски“.

Додека бил на функцијата претседател на Собранието, до Андов не дошле информации за ниту еден прифатен предлог за името од наша страна.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=23061


Значи покрај тоа што ни накалеми 150-200.000 косовари кој денес и во иднина ќе ни бидат огромен проблем, киклопот сакал да ни накалеми и ново име и индентитет.
Таман за навек ќе не решел со јунанистанциве, како што не реши со шабаниве. Evil or Very Mad

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty18/11/2013, 18:56

Зоран напиша:
Smrtnikot напиша:
Секогаш пред избори е исто, користат нечија несреќа за добивање на политички поени. Жално...
На кои избори мислиш.
На сите во последните 8 години, а во сегашниов случај на претстојните претседателски избори.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 13 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 13 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 56 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: