Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Букурешки мировен договор, 1913-та

Go down 
4 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 14:25

Мхм, мхм.... "грешка". Откако излезе во јавност кој е и што е С. Радев (види био. на Wiki).
Инаку ќе ја протнеа таму меѓу другите и никому ништо.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
BABUN

BABUN


Број на мислења : 133

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 14:45

Како и се друго овде, него најинтересни ми се овие нашиве шо мислат дека некој че го ревидира договоров, демек ќе го укини... зар грција ќе се откажи од пола територија така од ќеиф???? или бугарија??? чисто сумљам
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 15:15

Nikade ne postoi odredba za revidiranje na dogovorot - nitu vo Londonskiot, nitu vo Bukureshtkiot Dogovor...pravno gledano - se delela dotogash Osmanliska drzhavna teritorija (od koja Otomanskata Imperija kako voeno porazena strana vo konfliktot morala da se odkazhe vo korist na Balkanskite sojuznici) - a ne nekoja suverena drzhava po ime Makedonija....kolku i da e bolno po nas kako nacija, sepak kje mora da se soochime so toj chisto praven fakt...i Londonskiot i Bukureshtkiot Dogovor se prifateni na Versajskata Mirovna Konferencija i megjunarodno usvoeni od Drushtvoto na Narodite...podocna i na Pariskata Mirovna Konferencija po Vtorata Svetska Vojna ovie odredbi se potvrdeni - taka da i pokraj nashite snishta...na seto ova e odamna "stavena tochka"...

Uostalom...vo nekoe SF scenario eve i da gi imame tie teritorii....nie jadni ne mozheme Tetovo i Gostivar i cela Zapadna Makedonija da gi zadrzhime - a ne pak Solun da go kontrolirame....Rolling Eyes...razbudete se so vreme i ne sonuvajte glupi romanticharski sonovi...zoshto od mnogu spienje i ova shto go imame sme na dobar pat da go izgubime zaradi nashata ochigledna nesposobnost i totalno odsustvo na drzhavotvoren segment vo nacionalnoto tkivo...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 15:57

Alvar напиша:
Неговото Величество, Царот на Елините:
Неговото Превозходство Елефтериос Венизелос

Еве денеска Поповски се сретнал со Венизелос, па можеби ќе го договорат враќањето на териториите. Wink 

Попоски и Венизелос половина час разговарале за името
[You must be registered and logged in to see this link.]

Него Ико, гледам на грчкава политичка сцена едни те исти фамилии се менуваат веќе 100-тина и повеќе години.
Претпоставувам станува за истите, а не некој со исти презимиња?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 17:07

Ne...i pokraj opshto rashirenoto pogreshno mislenje - ne se voopshto vo nikakvo srodstvo...Elefteris Venizelos beshe so familijarno poteklo od Krit, dodeka deneshniov Prof. D-r. Evangelos Venizelos e so poteklo od Solun (familijarno negovoto semejsvo e so poteklo od Mala Azija od kade prebegale 1923 vo togashnata golema razmena na naselenieto pomegju Grcija i Turcija po nivnata posledna megjusebna vojna)...krvno ne se vo nikakvo srodstvo....samo imaat isto prezime...
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 17:09

Ama zatoa klanovite Karamanlis i Papandreu naizmenichno se smenuvaa od 1940-tite do denes...dur konechno na narodot vo Grcija ne mu prepuka film poslednive godini od niv...
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 18:32

Inaku iskreno...site onie godini koi gi pominav so Grcite zaedno i zhiveejkji vo Atina dosta vreme...mi se prichini bar deka deneska - iako mozhebi nam toa ne ni izgleda taka, ama sepak - D-r. Venizelos e eden od retkite sovremeni Grchki politichari koj lichno mi ostavi vpechatok na porazumen chovek i pofleksibilen politichar...mi deluva na chovek so kogo mozhe da se razgovara mirno i razbrano - vo krotok duh i bez istorisko-nacionalni emocii....taka da ne e losho shto nashive se sretnale so nego...on ima golema "pozadina"...dolga i uspeshna politichka kariera i bogato i kvalitetno edukativno portfolio...negoviot zbor se slusha shirum cela Grcija, a negovoto mislenje se pochituva - duri i da ne bide usvoeno...negovoto ime ima "tezhina" vo sovremeniot Grchki politichki zhivot...eden od navistina poretkite deneshni Grchki sovremeni politichari - koj deluva povekje vo sovremen "Evropsko-diplomatski" manir - odoshto vo tradicionalen "Balkansko-nacionalistichki"...pak kje kazham...ne e losho shto so nego pochnale da kontaktiraat...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 18:55

Без разлика, ми се чини дека колку и да изгледа по-"префинет" или по-"мудар" од едно копито како Самарас или Караманлис, сепак ја следи линијата на надворешната политика на Грција... која е таква каква што е, а која нели сите добро си ја знаеме.

Сепак, да не се одалечуваме од темава. Smile 

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Iko




Број на мислења : 503

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty22/7/2013, 19:04

Nedvojbeno....no sepak so nego mozhe bar da se sedne i da se razgovara...so ovie kopitava ni tolku...kako i da e, da se navratime navistina na temava...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty23/7/2013, 13:50

Македонија базичен дел на Карнеги извештајот!

Во Карнеги извештајот за Балканските војни, централно место има делот за Македонија и движењето за нејзината независност. Карнеги комисијата имала амбициозни планови, вели за ДВ историчарот од Сорбона, Надин Ланге-Акхунд

Пред 100 години, на 21 јули 1913 членовите на Карнеги Фондацијата од Њу Јорк одлучиле да испратат своја комисија на Балканот која ќе ја истражи вистината за масакрите од Балканските војни, а причините и последиците од нив, ќе ги образложи во свој извештај кој треба да стаса до меѓународната јавност. Идејата била Комисијата да има меѓународен карактер и во неа да членуваат 10 до 12 претставници од САД, Велика Британија, Франција, Русија, Германија, Австро-Унгарија. Со оглед што Балканот и за Американците претставувал своевидна „лабораторија на историски искуства“, Карнеги Фондацијата од 20 август до 28 септември 1913 година испратила своја експедиција на Балканот. Според Надин Ланге-Акхунд, доктор по историја и балканолог во истражувачкиот центар на Универзитетот Сорбона во Париз и на Колумбија Универзитетот, Мисијата го изгубила саканиот меѓународниот карактер, зашто поради разни причини многумина од првично планираните членови го откажале патувањето. Патот од Виена, преку Белград, Солун, Атина до Софија и назад до Париз, истражувањата на потегот Битола – Охрид и подготвувањето на извештајот - паднале на товар на само четворица членови: Жустин Годар - адвокат и пратеник од Франција, д-р.Хенри Брајлсфорд - новинар од Велика Британија, Павел Милјуков - член на руската Дума и д-р.Семјуел Дутон - професор на Колумбија Универзитетот од САД.
„Извештајот на 400 страници бил објавен во мај 1914. Имал 7 поглавја , а во четири од нив широко се дискутирало за македонското прашање. Македонија била вистинска тема, а не само фактографски спомнувана. Новинарот Хенри Брајлсфорд во второто поглавје од Извештајот детално го објаснил македонското национално движење со комплетната генеза, потеклото и развојот на ТМОРО со што сакал да покаже дека не станува збор за пробугарска организација, како што во тоа време се говорело, туку за движење кое се борело за независноста на Македонија. Извештајот, меѓутоа, не дал одговор ниту решение на македонското прашање, но ја осудил војната и масакрите врз цивилното население“, објаснува за ДВ Надин Ланге-Акхунд. Таа подвлекува дека Карнеги извештајот бил широко критикуван заради неговите отворени пробугарски позиции што е комплетно вистина, но и зашто Милјуков и Брајлсфорд го одбрале бугарскиот агол.

Амбициозен проект што бил заборавен

Иако Карнеги извештајот бил адресиран до меѓународната јавност реакциите на него биле различни, умерени и човек би кажал - млаки. Особено кога е во прашање Македонија.
„Точно е дека Извештајот немал никакво влијание врз македонското прашање, зашто експедицијата на Балканот се случила паралелно со Букурешкиот договор. Како што е познато, со Букурешкиот мир, Македонија била поделена, распарчана. За несреќа, поради Првата светска војна, извештајот бил целосно заборавен. И посебно бил изолиран зашто се залагал против војувањето и го промовирал мирот“, подвлекува Надин Ланге-Акхунд според која иако Извештајот не бил објавен практично до деведесеттите години од 20 век, широко бил користен од историчарите. Не бил особено експониран, но е исклучително значаен зашто станува збор за документ во кој за првпат во историјата се покренало прашањето за одговорноста во војните. Кој давал наредби, со која цел, кој сносел одговорност за масакрите врз цивилното население. Иако извештајот бил прелиминарен, останал во формата во која првично бил составен. А, оние кои го составиле сакале уште да дискутираат за темите кои биле начнати. Поточно, целта била да се осудат војните и да се покаже дека Балканот бил жртва на европските одлуки на големите држави, дека луѓето од Баланот биле игнорирани и вистински не учествувале во донесувањето на одлуките кои се однесувале на нив - почнувајќи од Берлинскиот, па се' до Букурешкиот договор. Замисла била Комисијата да има улога на адвокат и застапник при што се инсистирало на транспарентност во политиката и во одлучувањето.
Од истражувањата кои ги извршила Надин Ланге-Акхунд, неспорно е дека членовите на Карнеги комисијата во 1914 година, пред објавувањето на Извештајот имале повеќе средби. „На нив разговарале за геополитичките визии за Балканот, но и за евентуалната ревизија на Берлинскиот и Букурешкиот договор кои би резултирале со одредени промени во регионот и создавање вид федерација на Балканскиот полуостров. Покрај политичкиот аспект, се разговарало и за практични мерки кои требало да го обезбедат прогресот на регионот и тоа преку испраќање експерти кои би придонесле за подобрување на инфраструктурата. Извештајот во мај 1914 година бил објавен на француски и англиски јазик“, кажува Надин Ланге-Акхунд. Два месеца подоцна, започнала Првата светска војна и Карнеги извештајот заминал во историјата.

Рефлексиите од Илинден

Надин Ланге-Акхунд долги години се занимава со Балканот и посебно со македонското прашање. Дали гледа поврзаност меѓу распарчувањето на Македонија во 1913 година и сегашните проблеми кои ги има земјата со соседите: оспорувањето на името од страна на Грција и негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија?
„Не, не мислам дека сето ова е тесно поврзано. Тоа би било премногу далеку! Мојот докторат го работев токму за македонското прашање во периодот на 1900 година, од аспект на документите во француските и австриските архиви. Посебно акцентот го имав ставено на Илинденското востание и оригиналното создавање на ТМОРО. Илинден не го сметам за неуспех, зашто резултат на Илинденското востание беше токму Мирцштегската спогодба, а таа според мене е прва меѓународна интервенција од нов вид. Затоа и испраќањето на Карнеги комисијата десет години по Илинден на Балканот, како да го следеше минатото. Тоа се убави паралели од секој аспект. Мирцштегската спогодба место војна го отвори дијалогот на меѓународно помирување. И Карнеги извештајот го осудува војувањето, а како алтернатива го зема новиот тип меѓународна интервенција“, образложува Надин Ланге-Акхунд. Колку за потсетување, Мирцштегските реформи кои на Османлиското царство му ги наметнаа големите сили и се однесуваа на Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот вилает, делумно биле спроведени од 1904 до 1909 година. Тие биле одговор на Илинденското востание.
Ако се има предвид дека пред 100 години територијата на Македонија била без пардон поделена, а сега иако веќе 23 години земјата е независна се’ уште има проблеми со соседите, прашуваме: ќе опстане ли Македонија - како Македонија?
„Се надевам! Најискрено се надевам! Земјата постои, тоа е факт! Што се однесува до спорот со Грција околу името, ќе се најде начин и проблемот ќе се реши. Ако требаше Македонија да исчезне, тоа до сега веќе ќе се случеше“, коментира за ДВ Надин Ланге-Акхунд, доктор по историја на париска Сорбона и на американскиот Колумбија Универзитет.
[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Букурешки мировен договор, 1913-та   Букурешки мировен договор, 1913-та - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Букурешки мировен договор, 1913-та
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 3Отиди на страна : Previous  1, 2, 3  Next
 Similar topics
-
» Војник по договор - работа

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: