Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Косовска војна

Go down 
4 posters
АвторПорака
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Косовска војна Empty
ПишувањеПредмет: Косовска војна   Косовска војна Empty4/10/2011, 15:45

Терминот косовска војна се користи да се опишат настаните и воениот конфликт во Косово. Од почетокот на 1998 то 1999, војната се водеше помеѓу југословенските полициски сили, југословенските паравоени формации и југословенската војска од една и албанските милитанти и терористи кои се бореа од другата страна. Се смета дека како резултат на војната биле раселени околу еден милион луѓе од Косово.


Периодот пред НАТО интервенцијата

Косово во Титовата Југославија (1945–1986)

Тензиите помеѓу Југословенските и Косовските лидери кулминирале низ 20иот век и неколку пати еруптирале во големо насилство,главно околу Првата Балканска Војна, Првата Светска Војна и Втората Светска Војна. Социјалистичката влада на Тито системски забрануваше националистички манифестации низ Југославија, барајќи да се осигура да нема Југословенска република или националност да доминира над другите.Во главно, моќта на Социјалистичка Република Србија, најголемата и најнаселената република, беше намалена со формирањето на автономните влади во провинцијата Војводина на северот од Србија и Косово на југот. Косовските граници не одговараа прецизно на населбите каде што Албанците беа мнозинство во Југославија (голем број на Албанци имало во Македонија, во Црна Гора, додека Северно Косово останало етнички Српско.
Сепак, од пописот од 1921 година, мнозинството биле Албанци. Косовската формална автонимија, создадена со југословенскиот устав од 1945 година, значела многу малку. Титовата тајна полиција (УДБА) ги казнуваше националистите. Во 1956 година, голем број на Албанци беа осудени во Косово за шпионажа и предавство. Опасноста од сепаратизам била минимална, затоа што тие групи кои бараа унија со Албанија беа политички многу малку.Но, сепак нивното значење врз случувањата во Косово и во Југославија постепено се зголемувало посебно по формирањето на Револуционернат Организација за Албанско единство од Адем Демаќи. Истиата организација подоцна ја формира и Ослободителната Војска на Косово.Демаќи заради тоа бил затворен во 1964 година, заедно со неговите приврзаници. Југославија имаше и период на економска и политичка криза во 1969 година, кога масовната владина програма на економски реформи направи разлики помеѓу богатиот север и сиромашниот југ од државата.
Студентските демонстрации и безредија во Белград имало во јуни 1968 и се префрлиле во Косово во ноември истата година, но овие протести биле загушени од Југословенските безбедносни сили. Сепак,некои од студентите бараа воглавно, повеќе моќ за Албанците во Српската и Југословенската власт, и подобро признавање на Албанскиот јазик кои биле признати од Тито. Универзитот во Приштина бил формиран како независна институција во 1970 година, завршувајќи долг период кога институцијата беше заложник на Белградскиот Универзитет. Во 1974 година Косовскиот политички статус стануваше се подобар кога Југославија добила нова конституција за политички права.Заедно со Социјалистичка Провинција Војводина, Косово беше декларирано како провинзија добивајќо повеќе моќ како еквивалентна република: седиште во федералното претседателство и сопствен парламент, полициски сили и национална банка.
Раководењето на државата сѐ уште било во рацете Комунистичката Парија, во која се наоѓале и етнички албанци. Смртта на Тито на 4 мај 1980 година, створила долг период на политичка нестабилност, која се влошувала со зголемената екомонска криза и националистичките пробудувања.Првиот голем конфликт почнал во главниот град на Косово, Приштина, во март 1981 година, кога Албанските студенти протестирале околу долгите чекања во факултетскита менза. Овој инцидент брзо се прелеал низ цело Косово и се претворил во демонстрации од големи размери во многу косовски градови. Протестантите барале Косово да стане седма република во Југославија.
Сепак, ова беше политички неприфатливо за Србија и за Македонија. Некои во овие барања виделе предвесник за формирање на Голема Албанија којашто би ги опфаќала деловите на и Црна Гора, Македонија и самото Косово. Претседателството на СФРЈ ги спречило овие немири со испраќање на милицијата и армијата и со прогласување на вонредна состојба. Југословенските медиуми објавиле дека околу 11 луѓе биле убиени (според други биле убиени 1000 а 4200 биле уапсени).


Косово и Слободан Милошевиќ (1986–1990)

Во Косово зголемениот aлбански национализам и сепаратизам резултираше со тензии помеѓу Србите и Албанците.
Нерешавањето на проблемите на Косово било поттик на Српската акаедимија на науки и уметности да постави анкета на Србите кои го напуштиле Косово во 1985 и 1986 година.Извештајот покажал дека голем број од оние Срби кои го напуштиле Косово биле под притисок од Албанците да го напуштат.
16 членови на САНУ почнаа со работа во јуни 1985 кога документ бил произнесен во јавноста во септември 1986 година. Меморандумот на САНУ, како што бил и познат, беше многу контроверзен. Се фокусираше на политичките тешкотии кои ги имаа Србите во Југославија обвинувајќи го раководството на Тито и ослабнувањето на Срската моќ и тешкотиите на Србите надвор од Србија.
Меморандумот посвети специјално внимание на Косово,аргументирајќи дека провинциските Срби се предмет на физички, легални и културен геноцид и во отворена и тотална војна која била од почетокот на 1981 година. Признато е дека Косовскиот статус во 1986 година беше голема историска загуба за Србите од ослободувањето од Отоманците во 1804,иако ранкирајќи го над катастрофите како Наци окупацијата и Првата Светска Војна и окупацијата на Србија од Австро-Унгарија. Авторите на овој Mеморандум открија дека 200.000 Срби се преселиле надвор од покраината во претходните 20 години и предупредија дека нема да има ниту еден Србин таму, ако нешто не се преземе. Лекот, според меморандумот, беше поголема сигурност и еднаквост на сите луѓе кои живеат во Косово и Метохија и враќање на Српските бегалци. Овој меморандум заврши со тоа дека Србија не треба да биде пасивна и да чека и види што другите мислат, како што направиле и претходно.
Меморандумот на САНУ, резултирал со големи реакции во цела Југославија. Албанците во него гледале закана.Тие сметале дека сите Српски емигранти го напуштиле Косово од економски причини. Другите југословенски националности, вклучувајќи ги Словенците и Хрватите, го виделе како закана и желба за доминација на Србија во СФРЈ. Србите истотака биле поделени, едни го прифатиле Меморандумот, а други ја нападнале неговата порака. Еден од нив кој не го поддржал беше и претседателот на Сојузот на комунистите на Србија, господинот Слободан Милошевиќ,
Во ноември 1988 година, главниот од Косовскиот провинциски комитет бил уапсен. Во март 1989 година Милошевиќ ја започнува т.н. Анти бирократска револуција со која се ослободува од неистомислениците и ја укинува автономијата на Косово и на Војводина - со тоа се нарушува и рамнотежата на силите помеѓу републиките на ниво на СФРЈ. Истовремено објавил промена на власта и вонредна состојба во Косово поради насилните демонстрации, кои резултирале со 24 мртви вклучувајќи и два полицајци.[се бара извор] Милошевиќ и неговата влада признаа дека уставните промени биле потребни за да ги заштити Србите кои останале во Косово против албанското мнозинство.


Укинување на автономијата (1990–1996)

Слободан Милошевиќ ја оневозможил демократизацијата во двете провинции во 1990 година била укината автономнијата на Косово и Војводина. Сепак, двете покраини го задржале правото на глас во осумчленото Претседателство на СФРЈ (со и ова му даде на Србија на Милошевиќ добива 4 гласа на федерално ниво - Црна Гора во тој период ја поддржува политиката на Србија. Српските политички промени биле ратифирани на 5 јули 1990 со референдум кој бил одржан низ цела Република Србија, вклучувајќи го и Косово. Како резултат на овие мерки повеќе од 80.000 Косовски Албанци биле избркани од нивните работни места во Косово. Нови српски работни места биле формирани низ сите високо институциски образовни кадри во Косово, марка која била одбиена од страна на Албанците која резултирала со формирање на нивен паралелен образовен систем.
Албанската културна автономија била укината. Единствениот Албански весник, Rilindja, бил забранет, а телевизиските и радио емитувања на Албански јазик воопшто не ни постоеле.Албанскиот јазик повеќе не бил официјален јазик во провинцијата. Универзитетот на Приштина бил сметан центар на Албанскиот национализам беше елиминран десеткуван: 800 професори во Приштинскиот факултет биле избркани и 22.500 од 23.000 студенти биле избркани.Околу 40.000 Југословенски трупи и полиција ги преместиле оригиналните Албански полициски сили. Тој режим бил идентификуван како полициска држава.Сиромаштијата и невработеноста достигнаа катастрофален степен, и околу 80% од Косовската популација биле невработени. Третина од машките Албанци одбраа да емигрираат во светот посебно во Германија и Швајцарија за да најдат работа.
Кога Сојузот на комунистите на Косово бил укинат од страна на Милошевиќ, доминантните албански партии ја формирале Демократскиот сојуз на Косово, на чело со Ибрахим Ругова. Но, Ругова не сакал војна, имајќи предвид што се случувало во текот на војните во Босна и Херцеговија и во Хрватска. Тој сепак ги повикнал Албанците да ги бојкотираат југословенските и српските институции, да не учествуваат на никакви избори, да го избегнуваат служењето на воениот рок кој бил задолжителен во тоа време и најважно да не плаќаат никакви даноци кон државата. Тој повикал на формирање на паралелни Албански училишта, клиники и болници. Во септември 1991, Косовскиот Парламент организиал попис кој резултирал со 90% одзив на Албанското население во близина на милион гласови којшто резултирало победа и формирање на независна Република Косово. Во мај 1992 година, бил одржан и втор референдум кој го одбрал Ругова како претседател на Косово. Српската влада ги прогласила двата референдуми илегални,и нивните резултати како фалсификат и неважечки.


Чекор кон војната (1996–1998)

Претседателството на Ругова,резултирало Косово да биде мирно во текот на војната која се водела во Словенија и војните во Хрватска и Босна,во текот на 1990тите. Сепак дошло до формирање на Ослободителната Војска на Косово,која според информациите била формирана недалеку од Загреб со помош на Албанците во Хрватска,поранешниот Хрватски претседател Стјепан Месиќ кој му дал прибежиште и финансиска помош на Албанците.ОВК била истотака поддржувана од страна на Албанската емиграција,која дала финансиска помош.Во 1990тите години Ругова ги молел ОН, за да се стационираат мировни сили во Косово.Во 1997 Слободан Милошевиќ бил промовиран во претседателството на СРЈ,се до април 1992.
Скоро неприметливо во јавните гласила, војната на Косово започна на 22 април 1996 година, каде се воделе борби помеѓу албанските герилци од ОВК, и југословенската полиција. Најголемиот дел од наоружувањето на ОВК, потекнувало од Албанија, каде што воените складишта на албанската армија биле опљачкани во текот на немирите поради падот на пирамидалниот систем во банките. Оружјето било пренесено преку тешко проодните планини на југословенско-албанската граница. ОВК истотака имала центри за обука на територијата на Албанија.
Првите жртви на ОВК се состоеле од Албанци кои биле припадници на МВР на Србија или на некој друг начин соработувале со властите во Србија. Наесен 1997 година, припадниците на ОВК изведиле напади како група од непознати групи, меѓу кои најважна била дреничката група на чело со Адем Јашари. По неколку напади на припадниките на Српската полиција и неуспешните акции за фаќање на Јашари, на 5 март 1998 година, полицијата ја опколила куќата на Јашари во селото Доње Преказе. Јашари бил убиен во борба, а загинале околу 60 лица меѓу кои жени и деца.
Оваа Српска политика ги радикализирало многу Албанци,кои одлучиле да дадат отпор којшто ја променил ситуацијата.Во април 1996 година, четири напади биле извршени во неколку делови на Косово.Непозната организација која се нарекла ОВК спровела одговорност.Оваа организација тогаш била многу мистериозна.
Се веруваше дека ОВК примила финансиска и материјална помош од дијаспората на Косовските Албанци.Рано во 1997, Албанија колапсирала и се претворила во хаос следувајќи со пад на претседателот Бериша. Воените магацини биле украдени од криминалните групи,и ова оружје завршувало во западно Косово,кое резултирало ОВК арсеналот на постане се поголем во воена смисла.Бујар Букоши заменикот премиер во егзил во Цирих Швајцарија,формирал група ФАРК,Воени сили на Република Косово,која што била преименувана во ОВК во 1998.Југословенската влада ја сметала ОВК како терористичка организација,која напаѓала полиција и цивили,додека Албанците ја виделе ОВК како борба за слобода.
Во 1998 Американскиот Стејт Департмент, ја прогласил ОВК како терористичка организација ,и во 1999 година Репувличкиот комитет на Американскиот сенат, покажал голема загриженост околу алијансата со Клинтоновата администрација со ОВК поради големиот број на репорти кои доаѓале од неофицијални ресурси...дека ОВК била поврзана со надворешна Албанска криминална мрежа...и со терористички организации мотивирани од идејата на радикален Исламизам,вклучувајќи муџахедини од Иран и со големиот Осама Бин Ладен,кој според многумина престојувал во камповите во Северна Албанија во 1997 година.
Во 2000 година, ББЦ објавил дека Нато во војна покажува како Америка,која ја опишала ОВК како терористичка организација сега планирала да формира врска со неа.
Американскиот пратеник Роберт Гелбард ја идентификувал ОВК како терористичка организација.Подоцна поради критицизам, пред Комитетот за Меѓународни односи објаснал дека додека ОВК извршила терористички активности,истата не била класифицирана легално како терористичка организација.Во јуни 1998 година, тој одржал разговори со двајца кои тврделе дека биле политички лидери.
Во меѓувреме, САД држеа надворешен ѕид од санкции кон Југославија, кои биле поврзани со причини, и Косово било една причина. Овие санкции сепак биле спроведени, иако договорот од Дејтон каде се завршила војната јасно посочил дека треба да ги завршат сите санкции кон СРЈ. Клинтоновата администрација тврдеше дека мотивот на Дејтон бил Југославија да држи дискусии со Ругова околу Косово.
Кризата ескалираше во декември 1997 година на Заседанието за Мировна имплементација кое било бо Бон,каде Меѓународната заедница (според Дејтонскиот договор) се согласила да му даде на Високиот претставник во Босна поголема моќ, вклучувајќи правото на отпуштање на одбраните лидери. Во исто време, Западните дипломати инсистираа Косово да биде дискутирано, и дека Србија и Југославија треба да одговорат на Албанските барања таму. Во знак на протест, делегацијата од Србија веднаш ги напуштила овие средби.
После ова следуваше враќањето на Контакт Групата која ги виде последните фази од Босанскиот конфликт и декларациите од Европските сили кои инсистирале Србија да го реши проблемот во Косово.
Нападите од ОВК одеднаш се интензивирале, и биле скоцентрирани во регионот на долините околу Дреница, со сили пропратени од Адем Јашари. Неколку дена подоцна, Роберт Гелбард ја опишал ОВК како терористичка група, Српската полиција одговорила на нападите од ОВК во регионот околу Ликосане, и ги провоцирала некои војници на ОВК во Цирез, кои резултирале со смрт на околу 30 Албански цивили и 4 Српски полицајци..
И покрај тоа што имапе некои обвинувања за егзекуции и убиства на цивили, осудите од западно европските градови не биле толку високи колку што покасно биле. Српската полиција почнала да ги гони Јашари и неговите соборци во селото Доње Преказ. Масивни борби се воделе против Јашари кои резултирале со масакр на 60 Албанци, од кои 18 биле жени и 10 биле под 16 години.

На 24 Март, Српските сили го обиколиле селото Глоѓане, во операциската зона Дукаѓини, и ги нападнале Албанските терористи.
И покрај тоа што имале огромна моќ, Српските сили не успеале да ја уништат ОВК иако тоа му било цел. Иако имаше мртви и повредени во животна опасност од Албанската страна, борбите во Глоѓане биле многу панични. Токму ова село беше едно каде биле најголемите борби во Косовската војна.
Северна Албанија истотака сервираше како друг центар за активност за ОВК, кои биле скоцентрирани околу градот Тропоја. Следувајќи го Албанскиот цивилен конфликт од 1997 година, делови од Албанија не биле под контрола на владините сили. Понатаму, магацините на Албанската армија биле покрадени. Повеќето од ова оружје завршило во рацете на ОВК, додека ОВК ја зеде граничната зона со Косово. Ова беше клучен момент за напади и шверцување оружје до борбите кои се воделе во Дреница. Патот помеѓу овие региони бил низ Ѓаковица, низините на Метохија, и општина Клина, кои биле најмногу на мета на терористичка активност од страна на ОВК во почетокот на Косовската војна.
Првиот чекот на ОВК беше да го соедини регионот околу Дреница,кој бил нив најјак центар со Албанија, и ова би ги оформило првите неколку месеци од борбите.
Србите истотака го продолжиле нивниот обид за дипломатија, обидувајќи се да направат разговори со Ибрахим Ругова (кои Ругова одбил да ги посети). По неколку неуспешни средби, Ратко Марковиќ, претставникот на Српската делегација, ги поканил претставниците на малцинствата кои живееле во Косово да присуствуваат, иако претставникот на Албанците не дошол. Српскиот претседател Милан Милутиновиќ присуствувал на една средба, иако Ругова не присуствувал. Ругова и неговите претставници инсистирале да имаат дискусија со Југословенските власти, но не со Српските, и на овие средби само да се дискутира Косовската независност.
Нова Српска влада била формирана во ова време, водена ос СПС и СРП. Ултра националистичката партија и нивниот претседател Шешељ станал заменик премиер. Ова го пораснало незадоволството од Српската позиција меѓу западните дипломати.
Рано во Април, Србија спроведила референдум за меѓународно мешање за Косово. Српските гласови одлучно одбиле секакво надворешно мешање во кризата. Во меѓувреме, ОВК ја прогласил областа во и околу Дечани и територијата во селото Глоѓане и соседството како нивна територија. Така да, на 31 мај 1998 година, Југословенската армија и Српското Министерство за внатрешни работи почнале со операција да се расчисти границата од ОВК. Одговорот на НАТО за оваа офанзива се случил во средината на Јуни,кога НАТО изведе воена вежба на Југословенските граници.
Во текот на ова време, Југословенскиот претседател Милошевиќ постигнал договор со Борис Јелцин на Русија, да се стопираат офанзивните операции и да се спроведе дискусија со Албанците, кои, преку цела оваа криза, одбиле да зборуваат со Српската страна, но не со Југословенската. Единствена средба помеѓу Милошевиќ и Ругова била на 15 мај во Белград, два дена од кога Ричард Холбрук најавил дека ќе дојде до некоја средба. Еден месец подоцна, Холбрук, по посетата на Белград кадешто му се заканил на Милошевиќ дека ако не почитува, "што е останато од твојата држава ќе биде распукано" тој истотака ги посетил и граничните зони опфатени со борбите рано во Јуни, каде бил фамозно сликан со членовите на ОВК. Публикацијата на овие слики му испратила сигнал на ОВК, на нивните поддржувачи и симпатизери, и до набљудувачите генерално, дека САД одлучно ја поддржуваат ОВК и Албанската популација во Косово.
Договорот со Јелцин вклучуваше Милошевиќ да дозволи меѓународни претставници да створат мисија во Косово и Метохија за да ја надгледуваат ситуацијата таму. Ова беше КДОМ која почна со операциите рано во Јули. Американската влада го одобрила овој дел од договорот, но објавила волја за меѓусебен прекин на огнот. Наместо тоа, Американците барале Српско Југословенската страна да спроведе прекин на огнот без обвинување за терористички активности.
Цел јуни и средината на Јули, ОВК напредувала успешно и ги завзела градовите Пеќ, Ѓаковица и поставиле главен град кај Малишево,северно од Ораховац. ОВК трупите се инфилтрирале и кај Сува Река, и северозападно од Приштина. Тие подоцна го зевзеле и Белачевец касно во Јуни, заканувајќи се дека ќе ја исклучат електричната енергија во регионот. Нивната тактика обично била концентрирана на герила и планинска борба, и малтретирање и заседи за Српските сили и полициски патроли.
Бранот продолжил во средината на Јули, кога ОВК го освоил Ораховац. На 17 јули 1998 година, две села во близина на Ораховац, Ретимилје и Оптеруша беа истотака освоени. Слично, иако со помалку систематски збиднувања кои биле во градчето Ораховац и во поголемото Српско село Велика Хоча. Православниот манастир Зочиште 3 мили од Ораховац бил уништен, а свештениците биле депортирани во контентрациски кампови од ОВК, и, целосно празни, и цел иконостас и целата градба на манастирот биле срамнети со земја. Ова резултираше со серии на Српски и Југословенски офанзиви кои ќе продолжат и во почетокот на Август.
Нови бранови на напади од страна на ОВК биле спроведени во средината на август кои предизвикале Југословенските операции во јужно централно Косово на патот Приштина Пеќ да се интензивираат. Подоцна селото Клецка беше освоено и Југословенската полиција открила крематориум од страна на ОВК, каде биле пронајдени и нивни жртви. ОВК почнала со офанзива на 1ви септември околу Призрен, предизвикувајќи Југословенска воена активност таму. Во Метохија околу Пеќ, друга офанзива предизвика осуди поради тоа што меѓународните власти искажале страв дека голем бран на бегалци би бил нападнат.


ИЗВОР: Википедија

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
kocov




Број на мислења : 137

Косовска војна Empty
ПишувањеПредмет: Re: Косовска војна   Косовска војна Empty28/5/2012, 21:40

Косово за време на СФРЈ за бегалците албанци од северна албанија беше ел дорадо, сфрј сакај ги да направи паралена
држава на албанскта држава дава не видени права на албанците во косово и во македонија, како од давање на земја
на механизација, потоа на куки, станови, универзитети, и добри плати, и никој досега незнаеш зошто СФРЈ си го копаше гробот преку албанците, дали тоа беше правено како контра
тежа на православниот дел на југославија( мислам на ПРВО на СРБИЈА, и ние како нивен сателит) или се крија некој многу поголеми планови
како да се добилижи некој до големите рудни богатства на Косово.




Вратете се на почетокот Go down
Legija91

Legija91


Број на мислења : 1330

Косовска војна Empty
ПишувањеПредмет: Re: Косовска војна   Косовска војна Empty10/6/2013, 13:25

„Novosti“ sa ruskim specijalcima koji su 1999. zauzeli prištinski aerodrom ispred nosa Zapada. Nije nas brinulo 40.000 vojnika Alijanse, iako nas je bilo samo 200 - kaže pukovnik Sergej Pavlov

[You must be registered and logged in to see this link.]

Opaaaaaa......

______________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Косовска војна Empty
ПишувањеПредмет: Re: Косовска војна   Косовска војна Empty14/6/2015, 17:10

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Косовска војна Empty
ПишувањеПредмет: Re: Косовска војна   Косовска војна Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Косовска војна
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Прва Светска Војна ( Големата Војна )
» Студената војна
» Втора Светска војна низ слики
» Хрватската војна за независност
» Македонија во II-та Светска војна (НОБ)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Воена историја-
Отиди до: