|
|
| Ловно оружје | |
|
+8leopard JKD BABUN Momak od Gjorce beowulf SIG Генерал Alvar 12 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11101
| Предмет: Re: Ловно оружје 19/4/2014, 11:36 | |
| Ние на тони ќе им ги праќаме на америве да си тераат кејфои... а тука нема ни за лек. Којзнае колку расходувани кундаци има по магациниве на АРМ, ама они пре би ги запалиле у ќумбе отколку да ги продадат како вишок по дуќаниве. Инаку и јас повеќе мераклија по stock оружје, отколку преправано во ловечко. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Ловно оружје 31/5/2014, 20:23 | |
| Вчера и денес се јавував по продавници за да видам каква е понудата на карабини и како што претпоставував доминираат зброевката и заставата, посебно зброевката. Има и нешто егзотично. Од зброевка стандардно ги има моделите 550 во стандард и лукс верзија, а на многу места веќе го имаат донесено и најновиот модел 557. 550 стандард е 47-48.000, 550 лукс 50-51.000, а 557 е 53-56.000. Калибрите во кои ги нудат карабините скоро сегде се само 30-06. Само на две-три места имаше пошаренолик избор на калибри(308win, 300WM и 8x57). Заставите исто ко и зброевките најмногу(скоро секаде) ги нудат во 30-06 и 8x57. цената е од 36-41.000. Од поегзотичните брендови на неколку места има Тикка т3 74-75.000 денари. Чудно, но на многу места имаше преправани мосин наган кои ги продаваат како бугарски Мазава... калибар нормално 7.62x54r. Мазавата ја продаваа со оптички нишан, а цената е меѓу 800-900 евра. Со извадена оптика ги продавале нешто поевтини. Во Скопје во една продавница имаа ремингтон и штаер карабини. Ремингтоните беа 1300, а штаерите 2-2500 евра. Во друга продавница имаа од новите австриски Титар Реслер карабини со прилично реална и примамлива цена од 950 евра(во опција е Титанот, но што знам не ми се докажана фирма). Во Кичево го имаа најновиот Browning Maral со цена од 2450 евра, а во Струмица имаа Merkel KR1 и Merkel Helix 300WM. KR1 кошташе 1680 евра, а хеликсот 2700. Понудата е таа, скромна, но и за некој што сака нешто поквалитетно и поегзотично, секако и поскапо се наоѓа по нешто. Калибрите се тие, 90% од сите карабини се во 30-06, останатато е 8x57 и 300WM, некој промил останува на другите калибри. Се распрашував и за оптика....додуша не секаде ама на неколку места уз муабет прашав и понудата е крш, само некои конус, таско и по некој од најевтините бушнел модели. Крш. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11101
| Предмет: Re: Ловно оружје 31/5/2014, 21:30 | |
| Имаш во Микеи Swarovski оптика... али цена... На огласиве најдов еден нов Zeiss 3-12x56 AVT, но пак, цена... Х2. http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1251659Merkel-ов ми се интересни пушки, ама тоа затворачот... не знам, чуден некако. Се наоѓа некаде CZ 550 American? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Ловно оружје 1/6/2014, 16:00 | |
| - Alvar напиша:
- Имаш во Микеи Swarovski оптика... али цена...
На огласиве најдов еден нов Zeiss 3-12x56 AVT, но пак, цена... Х2. http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1251659
Merkel-ов ми се интересни пушки, ама тоа затворачот... не знам, чуден некако. Се наоѓа некаде CZ 550 American? Еден рече дека носел по порачка Леополд и Зајс. Леополдот бил од 400 евра па нагоре....само мене ми е страв да не се тоа кинеските леополд и зајс што на алиекспрес се продаваат по 50 долари. Околи Меркелите воопшто не би се сомневал во квалитетот иако и двата модели се реалтивно нови на пазарот. Обртночепниот КР1 ми е некако грд, многу модернистички дизајниран за мој вкус, а хеликсот естетски е убава пушка ама е прескапа, а и не ми се прави многу кејф за пушки со праволиниски затворач. Иначе кога за прв пат се појави хеликсот беше револуционерна по тоа што повлекувањето на рачката од затворачот за разлика од другите слични пушки, беше со многу помал од поради системот на запчаници(мислам дека се вика хеликоидни запчаници, од тука и името хеликс) што соодносот рачка од затворач - затворач го прави пократко во корист на рачката. Иначе CZ550 american нема нигде, само стандард и лукс. Стандардот се со стандарден тип на кундак со помалку изразен грб(или потполно прав) и без образина, а луксот се со класичен баварски кундак со изразен грб и образина. Имав прилика да пробам како лежи и едниот и другиот кундак, луксот дефинитивно е подобар...барем со механички нишани. Во Битола во една продавница гледав застава м70 во 300WM со амерички тип на кундак. Кога ја ставив на рамо пушката лежи катастрофално, треба да ја корегираш по висина горе-долу за да ги порамниш нишаните, америчкиот тип на кундак не е добар избор за механички нишани, кога би се ставила оптика работите сигурно ќе бидат подруги. | |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Ловно оружје 14/6/2014, 16:53 | |
| Дечки купив карабин ЧЗ 550 лукс во калибар 30-06. Пушката ја купив од Струга и ја платив 49.000 денари. И пред да појдам бев цврсто решен да купам 550 лукс баш во калибар 30-06, ама не ја пропуштив приликата да ги разгледам и другите карабини што ги имаа на лагер - 550 лукс во 8x57, 550 медиум лукс во 300 WM, Мазалат во 7.62x54 и Тикка Т3 во 30-06(додуша не пропуштив прилика нити да ги разгледам двата Танфоглио 1911 пиштоли ). Најпрво ги разгледав зброевките, па Тиката, па бугарската Мазалат. Цените на зброевките беа 50.500 за моделите во 30-06 и 8x57, а моделот во 300wm беше поскап со 10.000 денари, односно 60.500. Тика т3 беше 74.000, а бугарската мазалат(во предходните постови погрешно ја пишував како мазава) 54.000 денари заедно со монтирана оптика. Освен цените пушките ги разгледав подетално за да видам како е изработката на металните, дрвените(и пластичните) делови, и да видам како се финиширани. Заедничко за сите зброевки е високото ниво на надворешна изработка без траги од машинска обработка, квалитетено изработен финиш без грешки, квалитетни кундаци од баварски тип со добро, но не и одлично фклопување дрво/метал. Друга работа што ме бендиса, а ја проверив само на мојот карабин е тоа што цевката по цела должина е free floating - слободно пливачка. Ова го пробав со банкнота. Од механичкиот дел кај сите три модели што ги разгледав заедничка е крутоста на затворачот на кој мора да се користи малце повеќе сила за да се барата со него, ама тоа е одлика на сите карабини со маузер затворач. Исто така и тростепената кочница е крута и треба подоста сила за да се работи со нејзе. Чкрапалото има забрзица која се активира на тој начин што кога е запната иглата чкрапалото се турка за 3-4мм напред додека не се слушни клик, тоа значи дека забрзицата е уклучена и тогаш отпорот и одот на чкрапалото се многу мали како на снајперско или такмичарско оружје. Тоа би било се за зброевките на кратко. Одкако ги разгледав зброевките ми ги дадоа тиката и мазалатот. Прво нешто што се приметува кај тиката кога ќе се земе во раце е компактноста и малата маса на пушката во однос на зброевките со каталошки 3300г, а реални(на дигитална вага) 3580г. При манипулација со затворачот одма се осеќа разликата во однос на маузер системот. Затворачот кај тика има отклон од 70 степени(кај маузер 90степени), и при тоа е многу помек и полесен. Нишаните се battue тип и се со крупни светли трициумски точки погодни за услови со послаба светлина и брзо и инстинктивно гаѓање на мали далечини или кога дивечот бега. Очигледно сандукот од затворачот беше од алуминиумска легура бидејќи финишот на цевката и сандукот се разликуваше. Кундакот беше убаво направен очигледно од квалитетно дрво, но исти како и збровките споевите дрво/метал не беа нешто посебно иако во овој ценовен ранг очекував нешто повеќе. Се на се одлична кратка и лесна пушка што првенствено ја отпишав од листата поради тоа што не се вклопуваше во предвидениот буџет, а потао и поради кратката цевка. И на крајот мазалатот - бугарската преработка на мосин наган во ловен карабин....прво што паѓа в очи кај оваа пушка е дебелината на цевката која повеќе наликува на снајперска или такмичарска одколку на ловечка пушка. Наводно бугарите ставале чешки цевки. Мене цевките ми изгледаа, а најверојатно е така, како да се митралезки цевки вградени во мосин наган затворач. Затворачот на пушката имаше лесен и мал отпор при репетирање само што оптиката малку сметаше при репетирањето. Околу кундакот очигледно бугарите не се потрудиле многу бидејќи ни финишот на дрвото, ни чекираните површини ни споевите со металот не беа нити скромни, за добри да де правиме муабет. Е сега мојата пушка: Десната страна од пушката. Левата страна од пушката. Од назад. Дебел гумен амортизер на кундакот. Иако каталошки пушката е 3300г, дома дигиталната вага покажа 3580г и тоа празна. Со муниција, држач, оптика, плус дебелиот мек амортизер на кундакот ни малку наивниот 30-06 би требало да е кроток ко маче. Фабриката дава декларација за прецизност од испукани 3 куршуми на 50 метра. Јас ги измерив двата најодалечени куршуми на метата од центар до центар и ленгирот покажа 17мм или тоа би дошло 34мм на 100 метра. ако го претвориме тоа во МОА, би дошло 1 1/8МОА, што мислам дека е одличен резултат за еден ловечки карабин. Трите куршуми ги купив со карабинот бидејќи сега законски е со секое купено оружје да можеш да купиш(или да ти поклони продавачот) 3 куршуми за да имаш муниција кога ќе треба да се земат две испукани чаури. Муницијата на сликата е ППУ Гром 11.7г. Таму кај што припаѓаат. Цело оружје челично, поклопецот и донесувачот на муниција пластични. Оваа слика мислам излезе најубава. Отворен поклопецот на магацинот. | |
| | | leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: Ловно оружје 14/6/2014, 17:40 | |
| Со здравје да си ја користиш,долго да те служи. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11101
| Предмет: Re: Ловно оружје 14/6/2014, 17:41 | |
| Добар избор, со здравје да си ја користиш! Што имаше избор од оптика во Струга, ти фати ли нешто око? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: Ловно оружје 14/6/2014, 18:46 | |
| Браво Бео!!! Одлично парче е ова...со здравје да си ја користиш! | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Ловно оружје 14/6/2014, 20:08 | |
| Добар избор,со здравје да ја користиш | |
| | | beowulf
Број на мислења : 765
| Предмет: Re: Ловно оружје 14/6/2014, 20:52 | |
| Фала дечки, поуба да ви се врати. Алвар, за оптика не се распрашав што имаат ама на рафтовите имаше само кутии од Конус. Повеќе се интересирав за држачите кои беа од 4500 алуминиумските, 6000 челичните, а оригиналните ЧЗ беа 8500. Имаше и поквалитетни швенк 12.000. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Ловно оружје | |
| |
| | | | Ловно оружје | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|