Другари и другарки,конечно добив дозвола за набавка на Полуавтоматски ловен карабин.Идејата ми е да си купам м-59/66 Паповка(небитно дали е со бајонет и тромблонски нишан или пак без нив,иако за нијанса пооргинална ми е со бајонет и тромблонски нишан) Не сакам преправена паповка во однос на дрвениот дел,сакам автентична.Би ве замолил ако сте во можност да се распрашате во градовите доколку некој од вас е од внатрешноста,освен Скопје,имаше една во Тетово ,ја продадоа во Понеделникот ден пред да прашам,220 евра ја продале.На пазар 3 имаше некој човек од Крива Паланка Моме е потпишан, му пишав не ми одговори.Ловни верзии на Калашников не доаѓаат предвид иако низ Скопјево и тие се ретки.ги имаше едно време сега поретко.Втора варијанта ми е ловна верзија на ПАСП М-76 меѓутоа цената беше 1500 евра,пренадувана и преоптимистичка.Дозволата не ја подигнав бидејки знам каква е ситуацијата низ продавнициве,тешко дека некој ќе направи нарачка за Паповки или пак М-76,најлошата опција е да земам Калашников ловна верзија,што не ми лежи на срце. Секако голема улога играат финансиите бидејки имам одобрение и за полуавтоматска ловна пушка,меѓутоа и Сајга 12 нема кај нас.А од странство имало проблем со набавките,кога би набавил сам индивидуално,проблем биле нашите замрсени дозволи со категориите.Така ми кажаа службеничките во ПС Автокоманда.
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Ловно оружје Нед 30 Мар - 19:38
Леопрад, како прво честито на одобрението. Е сега да те прашам за што ќе ти биди пушката, за лов или онака сакаш да си имаш полуавтоматски карабин? Ако ти е за лов јас би ти препорачал да бегаш од било кои варијанти на воени пушки преадаптирани на ловни карабини и тоа од неколку причини: Како прво и прво тешки се, гломазни, долги, за манипулирање со командите треба поприлична сила - не оди ништо така нежно и тивко како цивилен ловен карабин(било да е репетирачки или полуавтоматски) и најбитното доверливоста им е ниска, посебно со ловна муниција која има поизразен заоблен врв.
Пред некој ден еден другар купе цивилен полуавтоматски снајпер М76, тука во Битола го плате 102.000 денари. Ја видов ја разгледав пушката, ја расклопив и вистина пушката е направена како тенк, се на нејзе е масивно и направено да трае, дури се зачудив колку дебели се ѕидовите на сандукот и на рамката - воена машина нема збор, ама како ловна пушка мене лично не ме бендисува....абе тешка е упм, онака празна без оптика(пошто има помасивен кундак од оригиналот) тешка е 5кг, додај му на тоа оптика, носач за оптиката, 10 куршуми во магацинот и масата лесно доаѓа накај 6кг, вака 6кг и не се многу, ама кога ќе треба да ја влечкаш цел ден по планини, плус ранец од 10тина кг на грб, тогаш друг ќе е муабетот. Иначе ергономски пушката е одлично решена, прво кревање и ставање на рамото нишаните одма се поклопуваат, додатната тежина ја прави постабилна и 'помирна' на рамото. Кога ја пробувавме(на суво) со муниција како ги работи куршумите една работа малце ме заплаше кај пушката. Кога се репетира мануелно затворачот за да ги исфрли куршумите од цевката, забележавме дека на исфрлените куршуми имаа мали вдлабнатини на капсите...тоа најверојатно е од инерцијата која ја создава ионака премасивниот и пресилен затворач на иглата. Ова во најлош случај може да предизвика самоактивирање на куршумите . И друга работа што забележавме е дека после повеќекратно 'играње' со исфрлување на куршумите од цевката, зрната во чаурата веќе се разлабавени и провртени. War machine јбг. И кога ја купуваше пушката другар ми, продавачот му кажа дека најверојатно ќе има застои со ловни зрна со изразен заоблен врв. Исто, од прва рака искуство, човек кој лично поседува полуавтоматски калаш, ми кажуваше дека калашот често му кочел со муниција со заоблени зрна. Лео, ако си за полуавтоматски карабин јас би ти препорачал да си земеш Brownbing Bar, преубава пушка и естетски и функционално. Немам пукано, но имам држено в раце, ем лесна, ем кратка, големи крупни трициумски нишано, мераци.
А паповка ако најдеш мислам дека не смееш да ја поседуваш со бајонет и тромблонски додаток.
leopard
Број на мислења : 583
Предмет: Re: Ловно оружје Нед 30 Мар - 22:26
Не ми е за лов...мада не е чаре ради друштво ќе излезам да прошетам отколку да ловам.повеќе ми е како еден вид сувенир,сеќавање на воен рок.Затоа и поддадов специјално за таа категорија,едноставно во убави сеќавања ми остана,знам дека има милион подобри,знам дека е воена..и се останато што го наброја.а баш и некако навикнат сум на воено оружје и голем приврзаник на воениот изглед на ловните пушки,настрана мааните нејзини, со 10 куршуми од 10 полнења на секое трето полнење кочи на 8 куршум И искрено да ти кажам и ловна ќе треба да купам..ама пак сега таа ич не ми е важна..прво паповка.Инаку држи вода муабетот за М-76...има тој и други маани,ама навика си е навика.Види ако слушнеш дека некој продава Паповка,пиши на ПП...стандардна не доработувана.Околу ножот и тромблонот знам дека не смее..меѓутоа така ги продаваа во продавница.
MDS
Број на мислења : 5
Предмет: Re: Ловно оружје Пон 31 Мар - 22:10
Некако успеав набрзинка да ги исчитам овие неколку странички што ги имате напишано , никаде никој нема напишано ништо за законите. Епа вака како (ловџија) уште лани се зборуваше за спроведување на законот кој забранува носење на полуавтоматско оружје на лов (терен). Значи оној кој поседува (нерепетирачко оружје) полуавтоматска пушка кај нас популарно наречена (петометка), или полуавтоматски карабин му се забранува носење на истото оружје на лов, со тоа што ако биде фатен на лице место истото ќе му биде одземено и притоа следи солена парична казна.Истото може да се има но не и да се користи... но не сум ни јас многу информиран така да не ме држете за збор.
Да се вратам на темава/ ќе се позајмам слики од интернет но моделите се тие Не сум фанатик по полуавтоматското оружје
м85 Застава ист како на сликава , но постара верзија. Нуди добар да не кажам сериозен удар, нема некој претеран пад на зрното.Најдобро се покажува со тапите зрна.
Монте Карло 16 Има инзвонредно тесни цевки , добра е за далечина односно сачмата ја сее во мала група (јато),не е магнум, со истата имам средено неколку диви свињи така да тоа е тоа.
SUHL cal 16 Оваа е од дедоми , супер е за зајачиња и среден дивеч волци лисици и тн.
SIG
Број на мислења : 6117
Предмет: Re: Ловно оружје Вто 1 Апр - 17:13
Alvar
Број на мислења : 11101
Предмет: Re: Ловно оружје Сре 2 Апр - 21:43
@Леопард.
______________________ Si vis pacem, para bellum
beowulf
Број на мислења : 765
Предмет: Re: Ловно оружје Нед 6 Апр - 13:22
MDS напиша:
Некако успеав набрзинка да ги исчитам овие неколку странички што ги имате напишано , никаде никој нема напишано ништо за законите. Епа вака како (ловџија) уште лани се зборуваше за спроведување на законот кој забранува носење на полуавтоматско оружје на лов (терен). Значи оној кој поседува (нерепетирачко оружје) полуавтоматска пушка кај нас популарно наречена (петометка), или полуавтоматски карабин му се забранува носење на истото оружје на лов, со тоа што ако биде фатен на лице место истото ќе му биде одземено и притоа следи солена парична казна.Истото може да се има но не и да се користи... но не сум ни јас многу информиран така да не ме држете за збор.
Едно се пишаните закони и правила кои ги поставува законодавецот, друга е реалноста и начинот на кој тие закони и правила се спроведуваат. Колку што ми е мене познато со законот за ловство дозволено е користење на полуавтоматско оружје за лов, но само ако тоа има капацитет на магацинот од 2 куршуми, а ако тој капацитет на магацинот е поголем треба да има граничник за да тој биде 2 куршуми во магацинот плус 1 во цевката. На терен ако се носи полуавтоматско оружје кое не ги исполнува овие критериуми кои ги пропишува законот, единствено можат да ти прават проблем државни инспекции од министерството за Земјоделие(бидејќи ловот е под тоа министерство) и МВР, а концесионерите на ловиштата не се замараат многу со тие работи околу оружјето, нив многу побитно им е при легитимирањето и контролата да видат дали си член, дали имаш платено членарина во друштвото, дали имаш дневна дозвола и дали вршиш криволов. Иначе сега се слуша дека ќе имало некои измени во законот за ловство со кои ќе било забрането да се ловат диви свињи со пушки сачмарки. Сеуште не се знаело дали сачмарките потполно ќе бидат исклучени како ловечко оружје за крупен дивеч(до сега од крупниот дивеч со сачмарка беше дозволен лов само на диви свињи и тоа само со крупни сачми и кугли) или истите ќе бидат дозволени за лов на диви свињи ама само со единечни кугли. Ако оваа измена се усвои и ако сачмарките потполно се забранат за лов на диви свињи, фактички разните инспекции, контроли и ловочуварите кај концесионерот воопшто и нема да пуштаат да се влегува во ловиштата со сачмарки ако на дневната дозвола имаш дозвола за лов на крупен дивеч(срна, дива свиња).
MDS напиша:
Да се вратам на темава/ ќе се позајмам слики од интернет но моделите се тие Не сум фанатик по полуавтоматското оружје
м85 Застава ист како на сликава , но постара верзија. Нуди добар да не кажам сериозен удар, нема некој претеран пад на зрното.Најдобро се покажува со тапите зрна.
Монте Карло 16 Има инзвонредно тесни цевки , добра е за далечина односно сачмата ја сее во мала група (јато),не е магнум, со истата имам средено неколку диви свињи така да тоа е тоа.
SUHL cal 16 Оваа е од дедоми , супер е за зајачиња и среден дивеч волци лисици и тн.
Солидна колекција. Во кој калибар ја имаш 85ката, 7.62x39 или 5.56?
Alvar
Број на мислења : 11101
Предмет: Re: Ловно оружје Пет 18 Апр - 12:02
Еве една егзотика... од тие евтините.
______________________ Si vis pacem, para bellum
leopard
Број на мислења : 583
Предмет: Re: Ловно оружје Пет 18 Апр - 17:32
Alvar напиша:
@Леопард.
Благодарам многу ....ме разнежнува Паповкава дефинитивно.Патем,блиску сум до набавка на пушкава.Најдов една во Кр Паланка,половна,дрвото е лукс верзија,гравура на кундак,баш во ловна пушка преправена,без бајонет,тромблонскиот додаток е сеуште на место(слики не би постирал бидејки сеуште сум во преговори,чисто од почит према сопственикот)Пушката е од вишокот на АРМ,репарирана во Кочани,се продава 500 евра,пратив колеги да ја видат,само цевката ме интересираше,ја видоа рекоа дека е солидно зачувана истата,единствено дрвото долниот дел према крајот-устата на цевката е подолго од вообичаеното,па на сликите што ми ги пратија се гледа бела стега пластична,најверојатно како дополнително осигурување?бидејки не е пукнато дрвото ..држач не се гледа.можеби од внатрешниот дел е нешто зазнато ,што е и најверојатна опција.Иако не сум ќејфлија на доработувана Паповка,во неможност да најдам оригинална,би ја купил и гореспоменатава,доколку проблемот околу стегата е решлив и доколку се спушти во цената 50-70 еур.