Добри се, добри. За бенелито од прва рака можам да кажам дека се одлични пушки иако времето кое ја имам пушката и бројот на испукани куршуми не се некој репер за тоа.Имам испукано преку 100 куршуми, различни марки, различна гранулација и различна грамажа од најлесни спортски трап куршуми со 24г сачми до тешки магнуми со 50-53-55г сачми и досега сум немал ни еден застој. Со еден збор пушката голта се, само полни што ќе ти дојде при рака и пукај.
Е сега со скромното ловно искуство што го имам работите малце се сменија, праксата ме натера да го сменам мислењето за полуавтоматите во корист на двоцевките. Единствената предност која ја фаворизирав кај полуавтоматите - поголемиот капацитет на магацинот се покажа дека во пракса не значи ништо. Малата маса кај полуавтоматите не би рекол дека е некоја голема предност пошто данокот ќе го плати рамото. Еве на пример мојата ја мерев на дигитална вага, тежи 2915г, а капата од кундакот не е нити обична гума туку пластика. Летно време кога ќе пукав со магнум муниција со полнење од 50 и кусур грама олово, трзајот ај да не претерам ама е баш машки. 4-5 куршуми и рамото е целото поцрвенето. Имав правено некои пресметки за енергијата на трзај и споредував со енергиата на трзај на други калибри, излезе дека 12магнум од пушка лесна 2.9кг има ист трзај како пушки за лов на слонови во калибар .458.
Една голема предност која сеуште останува на страна на полуавтоматите наспроти двоцевките е можноста да се расклопи цела и да се дојде до најситните делови од механизмот без претходно никакво знаење и без ризик дека нешто може да заебите. Еве на пример за рутинско чистење и подмачкување на механизмот за чкрапање и полнење кај полуавтоматот потребно е да се избие една чивија и тој како еден склоп е надвор за секунда. Кај двоцевките(освен оние со blitz механизам), за да се извади механизмот потребно е да се извади кундакот, а ако се прави тоа многу често можно е кундакот да се разлабави.
Од друга страна предностите кај двоцевките се поголеми. Како прво, со иста должина на цевки полуавтоматот е подолг од двоцевката за добри 15тина цм. На терени со густа вегетација да се протнуваш со пушка долга како копје и те како е тешко. Друга предност кај двоцевките е кочницата која е поставена на вратот на кундакот и нејзиното активирање и деактивирање е многу природно и лесно. Ова е многу битно за инстиктивно и брзо гаѓање кога дивечот го гледате само една секунда и потоа веќе го нема. Кај полуавтоматите, односно кај најголем дел од нив кочницата е crossbolt тип, односно е поставена попречно веднаш зад чкрапалото и нејзиното активирање и откочување(е ова е битно) и не е толку природно и брзо. Единствено знам дека мосберг полуавтоматите и пумпариците имаат кочница поставена како кај двоцевките. Трета голема предност кај двоцевките е полнењето, празнењето и менувањето на муниција со различна гранулација или грамажа, односно џенталменскиот брз, тивок и чист начин на кој се прави тоа. Кај полуавтоматот тоа го нема. Следно, можноста за бирање на цевка од која прво ќе се пука - со поситни или со покрупни сачми, прво послабо чокирана, па појако чокирана цевка итн, итн.
Да не го спомнувам филингот кога на рамо ќе ставите двоцевка со хоризонтално поставени цевки(чифте) и напред на шината гледате крупна месингена мушица наместо црвена фиберглас цевка, мераци.
Е затоа за следната сезона ќе барам да купам чифте(да не ме разберите погрешно, не дека не можам да гаѓам со бенелито, напротив учинокот ми е 100%
) и тоа ќе гледам да купам некое евтино да не ме боли многу срцето како кога ќе видам некоја гребаница на кундакот од бенелито.