Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 1. Пешадиска Бригада

Go down 
+21
Momak od Gjorce
BoyfromKavadarci
dzole
Alvar
Panter
икс
bucko123
Braveheart993
ESN
AntiLigushi
leopard
РИС
SIG
Dejan N
Зоран
BABUN
Smrtnikot
JKD
Генерал
Legija91
Macedonian Knight
25 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 36 ... 54  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6114

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty20/8/2015, 23:16

За началник пак партиски послушник ставија?

П.С Што им текна Арсовски да го стават на заменик командант? нешто да не им се загрешил...
Вратете се на почетокот Go down
икс

икс


Број на мислења : 81

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty20/8/2015, 23:37

Сигурни нешо не им се свиѓал.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty20/8/2015, 23:39

Ja мислам дека Васко е подобро решение него ли Павле,додуша ке бидат добар пар
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty25/8/2015, 15:16

Свечено примопредавање на должност командант на прва механизирана пешадиска бригада

Денес 25 август 2015 година, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ.

Должноста командант на 1.мпбр од бригадниот генерал Павле Арсоски ја прими полковникот Зоран Милески кој досега ја извршуваше должноста началник на штаб во бригадата.

На свеченоста присуствуваа: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Рацај Мухамет, Командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од министерството за одбрана и ГШ на АРМ, поранешните команданти на бригадата, команданти на потчинетите единици и други гости.

Согласно Правилото за воен протокол пред стројот на припадниците на ЗОК со пригодни говори се обратија: командантот на ЗОК, досегашниот командант на 1.мпбр и новопоставениот командант на бригадата.

Командантот на ЗОК во својот говор истакна дека за првата механизирана пешадиска бригада не е потребно да се искажуваат многу пофални зборови, доволно е само потсетување за досегашните постигнати врвни резултати, докажаната обученост и професионализам, исклучителната посветеност кон работата, учеството во борбените операции како и многу други достигнувања.

На досегашниот командант на 1.мпбр му оддаде признание за досегашното командување и дадениот личен придонес во резултатите на единицата. На новопоставениот командант му честита за поставувањето и му посака успешно раководење и командување со единицата.

Досегашниот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Павле Арсоски истакна дека е задоволен од постигнатите резултати и му претставува големо задоволство што командуваше со овој состав, за што на сите им се заблагодари за укажаната поддршка.

Новиот командант на 1.мпбр полковник Зоран Милески истакна дека е голема чест и задоволство да се предводи респектирана и препознатлива единица како што е 1.мпбр упатувајки порака дека: „не очекува напорна работа за исполнување на сите очекување и притоа нема да биде лесно, но ви ветувам дека ќе ги делиме и напорите и успесите и ќе бидам заедно со вас во извршувањето на задачите“.

На крајот од воената церемонија следуваше примопредавање на военото знаме на бригадата со што се изврши и официјално примопредавање на должноста, командант на 1.мпбр, а потоа следеше воено дефиле на ешалоните од потчинетите единици на 1.мпбр.

Досегашниот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Павле Арсоски со Указ на Претседателот на Република Македонија е поставен за заменик на командантот на ЗОК.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/08/primopredavanje_prva_brigada.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 OzYLHJO

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 K5t9gol

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 WThofoT

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 L51re0Z

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 KorpqnJ

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 8I0w10U

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 ET13TT2

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 R5k4oyw

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 4Lauith

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 A9zHVo5

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 43XNWvA

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11033

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty25/8/2015, 17:28


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty4/9/2015, 14:32

Реализирана стручно специјалистичка обука во летни услови во кампот Радожда

Припадниците од извидувачките водови од составот на потчинетите единици на првата механизирана пешадиска бригада од Здружената Оперативна Команда, во период од 20.08.2015 година до 04.09.2015 година, во кампот Радожда на Охридското езеро реализираа стручно специјалистичка обука во летни услови.

Цел на обуката е оспособување на припадниците од овие водови за користење во техники и стилови на пливање, совладување на водени пречки и изведување на борбени дејства во вода, стекнување на самодоверба и сигурност при работа во плитки и длабоки отворени води, скокови во вода, давање на прва помош на давеник, користење и изработка на пловни објекти со прирачни средства.

Планираните активности се реализираа успешно и безбедно, а посебен акцент се даде на оспособување на персоналот за изведување на најсуштинските борбени задачи, извидувачки дејства и задачите од доменот на операции и дејства во вода.

Во сите форми од обуката персоналот покажа високо ниво на обученост и професионализам при што се стекнаа со потребните квалификации и самодоверба за изведување на борбени дејства во различни услови, односно на различни хидрографски објекти.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/09/obuka_vo_leto.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 GqEsXtu

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 GGdAjr1

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Z6o1tcb

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 UzUec1w

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 EwTQPbM

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 OKO5ye0
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11033

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty4/9/2015, 17:02

Гумениве/пластичниве ПАП од кога ги користат? Претходно ми се чини употребуваа дрвени пушки.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty14/9/2015, 17:38

Примопредавање на должност командант на инженерискиот баталјон

Денес 14 септември 2015 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста командант на инженерискот баталјон од потполковник Дејан Чиплаковски ја прими мајорот Васил Митевски кој досега ја извршуваше должноста началник – офицер за операции и планирање во С-3/5/7 секцијата во инжб.

На свеченоста присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (ГШ на АРМ), генерал потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК), бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, командантот на првата механизирана пешадиска бригада, полковник Зоран Милески, командантите на командите и единиците лоцирани во касарна „Илинден“ – Скопје.

На свеченоста, пригодно обраќање имаше командантот на 1.мпбр, полковник Зоран Милески. Тој истакна дека е горд на досегашните постигнати резултати и успеси кои ги постигна инжб во своите, не така лесни, секојдневни активности. Како командант истакна дека е особено горд на одличните резултати во обуката и вежбовните активности на инжб и од новиот командант очекува збогатување на обуката и успешно раководење и командување со баталјонот.

Свое обраќање на свеченоста имаше и потполковник Дејан Чиплаковски, досегашен командант на инжб. Не криејќи ги своите емоции, тој истакна дека својата досегашна должност ја извршувал со голема чест и гордост. Срдечно се заблагодари на сите припадници на инженерискиот баталјон во стројот, како и на оние кои се во Порој и Гевгелија каде ги извршуваат своите задачи.

Командантот на инжб, мајор Васил Митевски, во своето обраќање се осврна на историјата на инжб и нејзиното славно минато. Знаејќи дека пред него се построени прекалени војници и старешини, водени од вредности на љубов кон татковината, професионалци, дисциплинирани и пожртвувани, спремни да одговорат и на најсложените поставени задачи и предизвици, ќе продолжи со успеси да ја води единицата како и сите претходни команданти. Искрено му се заблагодари на досегашниот командант на инжб за се она што тој го постигна со своето командување за единицата.

Потоа следеше церемонијалното предавање на борбеното знаме на инжб.

Досегашниот командант, заминува на нова должност - Началник на Ј-7 во командата на СЕЕБРИГ во Лерин, Грција.

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 1

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 3

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 9

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 10
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty15/9/2015, 16:01

Примопредавање на должност командант на 1.механизиран пешадиски баталјон

Денес 15 септември 2015 година (вторник), во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се реализира свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во Здружена оперативна команда (ЗОК). Должноста командант на 1.мпб од потполковник Али Хајро ја прими потполковник Лулзим Нуредини кој досега ја извршуваше должноста началник на секција С-7 во 1.мпбр.

На свеченоста присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, началник на штаб во ЗОК бригаден генерал Азим Нуредин, командантот на 1.мпбр полковник Зоран Милески, градоначалници и претставници од локалната самоуправа, јавни установи и лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.

Со свои говори се обратија командантот на 1.мпбр полковникот Зоран Милески кој истакна дека 1.мпб има долга традиција достојна за почит, како малку која друга единица од составот на 1.мпбр.

Досегашниот командант на 1.мпб, потполковник Али Хајро упати пофални зборови за единицата на укажаната поддршка во текот на неговото командување. Новопоставениот командант, потполковник Лулзим Нуредини му се заблагодари на досегашниот командант за лидерството со кое ја водеше единицата и ги менаџираше сите процеси.

На крајот од воената церемонија следуваше свечено примопредавање на военото знаме на баталјонот и воено дефиле на ешалоните од потчинетите единици на 1.мпб.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/09/primopredavanje_1mpbn.html

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 1

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 2

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 4

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 6

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11033

1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty15/9/2015, 16:21

Касарниве се РАСПАД.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: 1. Пешадиска Бригада    1. Пешадиска Бригада  - Page 18 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
1. Пешадиска Бригада
Вратете се на почетокот 
Страна 18 of 54Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 36 ... 54  Next
 Similar topics
-
» Воздухопловен "ВИНГ"
» 63. Падобранска Бригада

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: