|
|
| Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
+20glorijamk Gero Iko filip555 kocov feniks Wolf meth Subzero Генерал shady3 AlexGreat Profesionalec Makedon tonin Momak od Gjorce Зоран Волчко SIG Alvar 24 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11128
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/3/2012, 17:39 | |
| За ова искрено првпат слушам. Но знаеш како викаат, "кротко" јагне од две мајки цица. Може нам да ни замачкаат очи со некоја донација како би го тргнале вниманието од нив... а од друга страна да им помагаат и на УЧК-ите. Сево ова се разбира, доколку има некоја вистина во написиве. Да се разбереме, Франција и не ни е некој докажан "пријател" и "сојузник", напротив, историјата покажала поинаку. Секако јас како докажан франко-фоб и не сум особено објективен кон нив. ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/3/2012, 17:48 | |
| - Alvar напиша:
- За ова искрено првпат слушам.
Но знаеш како викаат, "кротко" јагне од две мајки цица. Може нам да ни замачкаат очи со некоја донација како би го тргнале вниманието од нив... а од друга страна да им помагаат и на УЧК-ите. Сево ова се разбира, доколку има некоја вистина во написиве. Да се разбереме, Франција и не ни е некој докажан "пријател" и "сојузник", напротив, историјата покажала поинаку. Секако јас како докажан франко-фоб и не сум особено објективен кон нив. Сети се на Жак - Ширак и како не неркуваше и како се однесувше. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/3/2012, 19:35 | |
| Ова е обид на одредени медиуми кои преку пласирање на дезинформации, сакаат да создадат слика за дестабилизација, изјавија за БезПардон од МВР. Од таму ги негираат тврдењата на локални интернет портали, дека во регионот на Липково и Радуша оперираат терористички групи. “Немаме такви информации, но очекуваме поединци или интересни групи и во наредниот период да користат одредени медиуми за пласирање на разни дезинформации, со надеж дека ќе ја вознемират јавноста, ќе ги уплашат граѓаните и ќе создадат слика на дестабилизација. И во минатото бевме сведоци на ваков начин да се обидуваат да добијат некакви политички поени , велат од МВР. Охридскиот веб портал Скај кој се смета за близок до опозицијата, излезе со тврдење дека во регионот на Липково има вооружани групи на УЧК кои се под команда на Малич Дрецај. Како што пишува порталот , поддржувач на оваа вооружена група нивната логистика е под директна контрола на тајната служба на Франција која во последно време е доста присутна во Република Македонија и Јужна Србија. --- За вас зулум што правите | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 28/3/2012, 19:46 | |
| за жал пакл истите новинари кои не зацрнеа 2001 си ја тераат агендата која не е наша! | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2012, 19:27 | |
| И 2001 немаше ништо... ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2012, 19:33 | |
| - Генерал напиша:
- И 2001 немаше ништо...
Има една разлика тогаш двоец беа Министерката Димовска и Министерот Пауновски дрим тим. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 29/3/2012, 21:13 | |
| „Не ме викај Торбеш, срцево ми го корнеш“
Македонија деновиве доби уште еден удар и тоа од внатре. Некои организации на Македонците со исламска вероисповест предводени од пратеникот Фијат Цановски, јавно се откажаа од својaта претходна национална припадност и се декларираa како Торбеши.
Тие со посебна Торбешка повелба усвоена на Првиот Торбешки форум, бараат да бидат запишани во преамбулата на Уставот, како Торбеши.
,,Нашата популација е многу злоупотребувана за целите на некои други етнички заедници и други политички партии, сметаме дека тоа не е во ред. Затоа сакаме на следниот попис да се декларираме како Торбеши и со тоа да покажеме дека сме некоја поголема бројка, поради што натаму ќе ни следува поголем државен колач, тоа е наше право, ќе изјави Шериф Ајрадиноски, претседател на невладиниот културно-научен центар "Румелија"
Според нив, оваа етничка заедница постои уште од 10 век и има свои посебни културни обележја.
И покрај тоа што зад ова барање стои организацијата „Румелија“, сепак повеќе од јасно е дека зад целата оваа идеја е пратеникот Фијат Цановски.
Но и самиот тој никогаш до сега нема изјавено што значи зборот Торбеш. Па така на почетокот од својата политичка кариера на митинзите на неговата партија ПЕИ, кога сакаше да ги именува Македонците муслимани, истите ги нарекуваше луѓето од мој сој. Самиот тој многу ретко го употребуваше името Торбеш, знаејќи дека со тоа ќе ги навреди.
Има неколку теории за настанокот на името торбеш од кои најпознати се дека поради маките од Турците овие луѓе ја ставиле главата во торба (и преминале во исламот) и дека ја продале својата христијанска вера за торба сирење. Ова мислење категорично е невистинито и неприфатено од нивна страна, бидејќи верата не се продава ниту купува, туку ова име е добиено поради нивното постојано патување на гурбет, со торба на рамо за да печалат пари за опстанок.
Сепак неоспорен факт е дека зборот торбеш, најчесто беше употребуван тогаш кога некој сакаше да ги навреди Македонците муслимани, тоа беше збор погрден за нив и никогаш не сакале така да бидат нарекувани.
Позната е изреката изкажана од самите Македонци Муслимани: „Не ме викај торбеш зашто срцето ми го корнеш“.
Па сега останува чудно како некој кој претходно бил Македонец муслиман, доброволно прифаќа самиот себе и луѓето од неговиот сој да се нарекуваат со оваа име.
Терминот торбеш не е единствениот збор според кој се наркувале овие луѓе.
Тие во зависност од крајот каде што живеаат се нарекувани уште и „реканци“, „дебрани“, „естовци“, „помаци“, „дримколци“, „бабуши“, па така речиси е невозможно сите тие да се обединат и да прифатат да се викаат под заедничко име торбеш, кое за многу од нив всушност не значи ништо. Најчесто помеѓу самите нив го употребувале терминот нашинци.
Единствен збор според кој сите биле обединети е зборот Македонец муслиман.
На барањето за нова торбешка нација на здружението Румелија и Фиат Цановски, веднаш им се спротистави Сојузот на Македонците со исламска религија. Според Исмаил Бојда, претседател на Сојузот, прифаќањето на ова барање ќе значи ново распарчување на Македонците.
-Зарем намерно да се отуѓат од својата македонска националност за да се заштитат некои туѓи интереси? Како да се заштитиме од вековните обиди за денационализација на овој народ само поради својата верска припадност, ги прашувам сите оние што секогаш се јавуваат со вакви налудничави идеи во времето на пописот користејќи го револтот за нивната незастапеност во власта прикажувајќи се како малцинство во сопствената држава. Дали сите ние Македонците со исламска вероисповед-муслимани, само поради незадоволството од несоодветната застапеност во органите и институциите на власта, од револт ќе формираме нова нација и ќе бараме корени од 5 или 10 век, ќе изјави Бојда.
Но што се крие всушност зад овие барања на Фиат Цановски.
Како што изјавува тој на овој начин торбешите кои ги има околу 150 илјади ќе добијат подобар статус во државата и со самото тоа ќе се оневозможи нивното претопување во Албанци и Турци.
Навистина во последните години постои масовна асимилација на Македонците Муслимани во Албанци и Турци.
Најдобар пример за тоа е општината Пласница каде речиси целото население го говори македонскиот јазик и помалку или повеќе ги негува македонските обичаи, што значи според сите карактеристики би требало да бидат Македонци Муслимани, но сепак според пописот од 2002 година, од 4.545 жители во општината 4.446 се изјасниле како Турци, 34 Македонци, 20 Албанци и 45 жители се изјасниле како припадници на други заедници.
Во општината речиси и да не постои човек кој знае да го говори турскиот јазик, а изговорот поради тоа најчесто е дека од страна на државата долго време не им било дозволувано да го говорат мајчиниот турски јазик.
Нешто што се разбира може да се побие со многу факти. Всушност после турското ропство во Македонија без разлика кој и да дошол на власт никогаш во целост не било забрането говорењето на мајчиниот јазик.
А и тогаш кога тоа било така од Македонците муслимани не се барало да говорат Македонски, туку доколку со одредена територија владееле Србите се барало да се зборува српски, а онаму каде што владееле Бугарите бугарски и Грците грчки.
Па останува чудно како кај нив бил зачуван баш македонскиот јазик.
Но она што се случува со Пласница може да се каже дека е масовна појава во голем број на региони од нашата земја каде што живеаат Македонците муслимани.
Сепак постојат голем број на населени место во кои наслението досега успешно се спротиставува на овие обиди за асимилација.
Најдобар пример за тоа е населението во селото Жировница каде во 2002 година од вкупното население од 1608 жители, околу 1340 се изјасниле како Македонци.
Вакви примери има и во многу други села во Западна Македонија.
По се изгледа дека со најновото барање на Фиат Цановски се сака да се удри баш врз нив, поточно врз оние Македонци кои се уште не се претопиле во Турци и Албанци.
Па сега баш тие Македонци да преминат во Торбеши.
Обидот за создавање на нација Торбеш по се изгледа ќе биде безуспешен, со оглед на тоа што многу е мал бројот на оние лица кои ја подржуваат оваа идеја.
Што значи дека со ова најново барање не е добро ни за самите Македонци Муслимани, а најмалку за нашата земја. Тогаш останува нејасно зошто некој сака да им наштети и на едните и на другите.
Неоспорно е правото на секој да се декларира онака како што се чуствува, всушност чувството за национална припадност е внатрешно чувство во кое никој не смее да се меша.
Но исто така неспорно е и првото на секоја држава да застане на патот и не дозволи на сите оние кои на директен или индиректен на повеќе или помалку лукав начин вршат асимилација на нејзиниот народ.
Или како што вели еден од најголемите борци за македонизмот Исмаил Бојда
- Оној што се срами од своето минато нема своја иднина, затоа повикувам „бездушници проклети, оставете ги намира џагурињата од Жупа-Македонија, мајчиниот говор нека им гргори во грлата и звездите господови ќе ве почестат со благослов македонски-оставете изборот да си го прават сами во сопствената држава.
М.Миличевиќ | |
| | | feniks
Број на мислења : 9
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2012, 01:28 | |
| Kratko i jasno,Torbesi se makedonci koi ja prifatile muslimanskata veroispoved,milum ili silum,toa e rezultat na pet vekovnoto vladeenje na Turcite..e sega da sum na nivno mesto,znaejki go faktot deka tie 99% silum ja primile taa vera,jas sega ke se deklarirav kako Makedonec od pravoslavna veroispoved,zatoa sto mojot praprapra dedo siguren sum deka ne ja sakal taa vera,no so ogled na okolnostite ja prifatil.Sepak nie sme Makedonci,a retki bile tie so cvrst karakter | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2012, 13:10 | |
| - feniks напиша:
- Kratko i jasno,Torbesi se makedonci koi ja prifatile muslimanskata veroispoved,milum ili silum,toa e rezultat na pet vekovnoto vladeenje na Turcite..e sega da sum na nivno mesto,znaejki go faktot deka tie 99% silum ja primile taa vera,jas sega ke se deklarirav kako Makedonec od pravoslavna veroispoved,zatoa sto mojot praprapra dedo siguren sum deka ne ja sakal taa vera,no so ogled na okolnostite ja prifatil.Sepak nie sme Makedonci,a retki bile tie so cvrst karakter
И јас го делам тоа мислење! И со многу торбеши имам расправано околу тоа... значи ајде тогаш не си смеел да се декларираш како христијанин-македонец, си се пишал муслиман, и знаеш дека тоа со сила ти е наметнато, ами сега кога никој не ти брани,никој не ти наметнува ништо, што не се вратиш на тоа што ти биле предците?! | |
| | | meth
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 30/3/2012, 13:20 | |
| - Frogfoot напиша:
- feniks напиша:
- Kratko i jasno,Torbesi se makedonci koi ja prifatile muslimanskata veroispoved,milum ili silum,toa e rezultat na pet vekovnoto vladeenje na Turcite..e sega da sum na nivno mesto,znaejki go faktot deka tie 99% silum ja primile taa vera,jas sega ke se deklarirav kako Makedonec od pravoslavna veroispoved,zatoa sto mojot praprapra dedo siguren sum deka ne ja sakal taa vera,no so ogled na okolnostite ja prifatil.Sepak nie sme Makedonci,a retki bile tie so cvrst karakter
И јас го делам тоа мислење! И со многу торбеши имам расправано околу тоа... значи ајде тогаш не си смеел да се декларираш како христијанин-македонец, си се пишал муслиман, и знаеш дека тоа со сила ти е наметнато, ами сега кога никој не ти брани,никој не ти наметнува ништо, што не се вратиш на тоа што ти биле предците?! заради тоа што воглавном (не би да вреѓам ама така е) торбешите се примитивни луѓе "попростички" и затоа торбешите се кажуваа турци , албанци и слично ... а уствари збор незнаат да зуцнат на албански или да склопат реченица на турски .. али среќа има сега помодерни торбеши па се кажуваат Македонци и сл еве как бојда на пример ... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог | |
| |
| | | | Македонија во Балканскиот вртлог | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|