Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Воздухопловен "ВИНГ"

Go down 
+37
gol_den_phantom69
Motorola
momo
leopard
ESN
Momak od Gjorce
BoyfromKavadarci
Alvar
Macedonian09
Panter
debarska
Macedonian Knight
assasian
Iko
Dejan N
JKD
legend1979
РИС
Legija91
MarkoMKD
dzango86
Goust
ZaMakedonija
Mrshajnoski
Wolf
filip555
andrej
Зоран
Генерал
Desperado
shady3
Subzero
SIG
Тачка
Makedon
Profesionalec
AlexGreat
41 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 36 ... 66  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty3/4/2012, 21:46

Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
Во школата за обука на пилот ќе се купат хеликоптери Белл-206, и симулатори за Ми-24 и Ми-17. Е сега се прашувам...дали можеби од Елбит ќе склепаат и симулатори за Су-25.. а што да не lol!

Ова со симулаторите е навистина одлична инвестиција. Поекономично, побезбедно навистина е најдоро решение, а згора на се може да се вршат обуки на припадници на други армии што нормално дека добро ќе го наплатиме

Да,но знај дека ниеден симулатор неможе да го замени чувството на пилотот кога се наоѓа во воздухопловот..било авион или хеликоптер. На пример Г-сила неможеш да почувствуваш на симулатор, едно од клучните работи во летањето.. немам ништо против, нека вежбаат што повеќе на симулаторите, али да не се занемари и реалното вежбање.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty3/4/2012, 22:03

Далеку од тоа дека треа да се занемари реалното летање. Зборот ми беше за основните обуки и почетоците.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
filip555

filip555


Број на мислења : 94

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty3/4/2012, 22:05

Не само Г-Силата и доживувањето на пилотот до кокпитот е многу различно од симулаторот ,ама прво треба да се научи на симулатор за да можи да лета во хеликоптер или авион Cool

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty6/4/2012, 00:59

Висок лет на Школата за пилоти во Скопје


Педесет и двајца школувани пилоти ќе добие Македонија во следните осум години. Тие ќе бидат најдобри од најдобрите, ќе минат комплетен скрининг, ќе бидат подготвени за справување во најсложени ситуации. Ќе бидат силни во главите и способни на небото. За таа цел ќе ги добијат најсовремените услови за школување. Осумнаесетмесечната обука ќе биде модерна и ефикасна.

Ова е визијата на израелско-македонските партнери, кои работат на Центарот за обука во воениот дел на скопскиот аеродром. Бизнисот е прилично едноставен: Владата, односно Министерството за одбрана во 2010 година потпиша договор со израелската компанија „Елбит“ за основање на школата за пилоти. Македонија им плати 43 милиони евра на Израелците, а нивна задача е да создадат одлични услови за работа, да донесат летала за обучување, да го менаџираат целиот процес и да произведат квалитетни пилоти. По истекот на договорот, целата опрема (сосе хеликоптерите) останува во земјава и нашите старешини го преземаат управувањето со школата.

„Компјутери, авиони, хеликоптери, тоа и не е толку важно, тоа може да се купи, а на крајот на краиштата - и пилоти можеш да обучиш. Ама, менаџирањето на целиот процес, таа посветеност кон работата што ја имаат нашите партнери од Израел и таа способност да го извлечат најдоброто - тоа не се купува со пари. Учиме од нив. Ако на крајот од тие осум години, не бидеме способни да го управуваме процесот како нив, ништо не сме направиле“, ни вели Валентин Иваноски, проект-менаџер на МО.

Школата за пилоти распиша конкурс за првите кадети (www.morm.gov.mk), кој ќе трае до крајот на идната недела. Очекувањата се дека ќе се пријават неколку стотици заинтересирани, кои не смеат да бидат постари од 28 години, треба да имаат завршено прв циклус на студии, да го минат прегледот на воено-лекарската комисија, да знаат англиски јазик и да не се осудувани.

„Во првата селекција, веројатно ќе останат 100-120 кандидати, а со втората дваесетина. Потоа, два месеци ќе бидат на скрининг. Ќе бидат оценувани нивните ментални, здравствени и физички способности. Ќе бидат одбрани четири до шест кадети, кои треба да бидат силни личности, кај кои ќе има голем капацитет да се соочат со стравовите, проблемите, дилемите“, вели Јари Шрага, директор на Центарот за обука.

Тој е искусен пилот, со реализирани над 6.000 лета. Во земјава дојде пред два месеца. Додека шетаме низ старите бараки на АРМ, кои сега се модернизирани, Израелецот ни објаснува тоа е само привремен објект. За 14 месеци ќе никне комплекс, во кој ќе бидат сместени собите за спиење, просториите за учење, хангарите каде што ќе се чуваат хеликоптерите и една писта.

Одбраните кадети со десет инструктори во својата 18-месечна обука, ќе минат низ три фази: најпрво ќе ги учат елементарните карактеристики, па ќе летаат со едноставните авиони „злин“ и на крајот со хеликоптерите „Ми-17“ и „Ми-24“. Авионите се сопственост на АРМ и како што велат домаќините, за првпат сите пет ќе бидат способни за летање. Работниците без престан работат на нивно оспособување. Четирите хеликоптери се обврска на Израелците и во Македонија ќе долетаат за неколку месеци. Она што и' дава шмек на обуката се двата т.н. симулатори, кои набргу ќе пристигнат од Израел. Станува збор за кабина, приклучена на електрика, опремена како вистинско летало. Кадетите влегуваат во неа и се соочуваат со истите услови како и да летаат на небо. Временските услови се менуваат, врне, има сонце, мрачно е или ден, може да откажат системите за навигација, и тука се развиваат вештините на пилотите.

„Ем посигурна ем многу поевтина вежба, оти еден час лет чини 4.000 долари“, ни велат домаќините.

Првите школувани пилоти ќе ги добиеме за дваесетина месеци. Ќе бидат способни да одат во мировна мисија, да гаѓаат цели или да спасуваат луѓе. Ќе можат да работата за војската, полицијата или другите државни институции. По шест месеци, ќе следува нов оглас. Желбата е да се привлечат кандидати и од земјите од регионот, оти Македонија ќе ја добие
најсовремената школа за пилоти.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BE709F8BC828D6468EE3E0DED53AB5E7
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty6/4/2012, 01:11

Убаво звучу Smile Него.. Белл-овите се надевам ќе се џишка нови или?
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty6/4/2012, 14:13

Frogfoot напиша:
Убаво звучу Smile Него.. Белл-овите се надевам ќе се џишка нови или?

Аха нај нови ама во душа сум скептик.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty6/4/2012, 21:46

Зоран напиша:
Frogfoot напиша:
Убаво звучу Smile Него.. Белл-овите се надевам ќе се џишка нови или?

Аха нај нови ама во душа сум скептик.

Зоки време е за оптимизам. Smile

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty7/4/2012, 18:41

ОТПИШАНИ ПОВЕЌЕ ОД СЕДУМ ГОДИНИ

„Сухоите“ почиваат на воениот аеродром

Министерството за одбрана нема планови за борбените авиони, иако заменик-министерот пред пет месеци наЈави дека е можно повторно да полетаат

Четирите борбени авиони „сухој су-25“ на АРМ почиваат на стојалиште на воениот дел од скопскиот аеродром во касарната „Страшо Пинџур“, матична база на Воздухопловната бригада. Министерството за одбрана формално ги отпиша „сухоите“ од евиденцијата на опрема на АРМ во 2005 година, но тие беа приземјени најмалку една година претходно.

Официјалниот став на Министерството за одбрана е дека борбените авиони не се опфатени со плановите ниту за модернизација ниту за враќање во формацискиот состав на армијата. „Сухоите“ не постојат во списоците на опрема на АРМ.

Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев пред пет месеци изјави дека е можно „сухоите“ повторно да полетаат.

- Размислуваме за оправданоста да ги модернизираме и да ги активираме борбените авиони „сухои“, кои извесен период не се во функција, во рамките на балканската иницијатива за обезбедување на воздушниот простор. Но пред да се случи потребни се многу пресметки и одлуки дома, со нашите сојузници од НАТО и од ЕУ. Треба да се земат предвид сите околности и да се донесе одлуката – изјави Димитриев во интервју за весникот „Нова Македонија“ во декември 2011 година.

Но Министерството за одбрана досега не го поддржа ставот на Димитриев.

АРМ ги набави четирите повеќенаменски борбени авиони „су-25“ од Украина во текот на конфликтот во 2001 година. Авионите, од кои три се едноседи и еден двосед, пред с` се наменети за блиска воздушна поддршка на копнените сили за што и беа употребени во конфликтот. „Сухоите“ на АРМ, дизајнирани по советските искуства во борбите во Авганистан, во 2001 година беа употребени неколкупати, а едно од борбените дејства им беше кај Радуша.

По конфликтот, меѓународната заедница инсистира АРМ да се ослободи од борбените авиони и од стотината тенкови „Т-55“. Во пролетта 2003 година Владата декларира намера да се ослободи од оваа опрема, а во 2004 АРМ ги приземји и ги конзервира авионите, додека тенковите беа исечени како старо железо.

Борбените авиони следната година едноставно исчезнаа од списокот со воена опрема. Со новата формација, во јуни 2005 година, АРМ ја формира Воздухопловната извидувачко-напаѓачка група (ВИНГ), во која немаше формациско место за „сухоите“, но и за неколку борбени хеликоптери „МИ-24“, дизајнирани за идентична намена – блиска поддршка на копнените сили.

Оттогаш се разгледуваа неколку опции за судбината на „сухоите“. Првата идеја беше авионите да се продадат на пазарот за половно оружје, но оваа варијанта набргу отпадна. Се разгледуваше можноста да ~ се вратат на Украина во замена за транспортен авион или за неколкугодишно сервисирање на хеликоптерите на АРМ. Но ни оваа опција до денес не се реализира. Авионите неколку години стојат конзервирани на воениот аеродром, избришани од списокот со опрема на АРМ.

Воени извори тврдат дека не е невозможно авионите да се ремонтираат или да се модернизираат и да се вратат во употреба, но нагласуваат дека е друго прашање колку би чинело тие повторно да полетаат.n

Игор К. ИЛИЕВСКИ

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5AAE49A3C8E8134EB3C690FD83CEB44E
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty7/4/2012, 19:56

Ах болна тема е оваа,доста точен и прецизен текст,би кажал реален,но една работа не ми се верува дека е точна,а тоа дека нашиве авиони се конзервирани...
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty8/4/2012, 02:05

Зошто мислиш дека не се?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ"   Воздухопловен "ВИНГ" - Page 7 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Воздухопловен "ВИНГ"
Вратете се на почетокот 
Страна 7 of 66Отиди на страна : Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 36 ... 66  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: