Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 22/9/2013, 20:52 | |
| „Пензионирање“ на хеликоптерот - Испратен од воздупловната бригада И хеликоптерите се „пензионираат“. Вака изгледаше постапката на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во Петровец во месец јуни оваа година, поточно на 24.06.2013 година. Транспортен хеликоптер од типот Ми-8МТ со регистерска ознака 307 од Сквадронот на транспортни хеликоптери при Воздухопловната бригада беше повлечен од употреба после истекот на временскиот и часовен ресурс на моторот и на хеликоптерот. Тоа значи дека иако хеликоптерот беше исправен, правилата за употреба и одржување налагаат негово повлекување од употреба по истек на ресурсите. Значајно е што хеликоптерот беше искористен максимално, дење и ноќе, па во согласност со неговата намена целта беше оправдана во однос на дадените пари за негов ремонт и одржување. Последниот лет на овој хеликоптер беше направен од страна на летачки персонал од Командата на Вбр. Честа да се направи последниот лет го имаше екипаж на чело со командантот на Воздухопловната бригада, полковник Кире Колевски, кој со својата посада од командата и земскиот персонал од сквадроните, го направија последниот преглед и проверка на системите во хеликоптерот. По полетување се упатија кон градот Скопје, за после 20-тина минути, посадата со хеликоптерот и со сиот персонал, кој сите години наназад го одржуваше и беше присутен на последниот лет, беа дочекани од бројното присуство на припадниците на Вбр, на платформата каде и беше стациониран транспортниот хеликоптер. Хеликоптерот Ми-8МТ со регистарски ознаки 307, на свечен чин беше испратен на „заслужен одмор“ на аеродромот во Петровец. Кратки спомени за хеликоптерот Темелите на македонското воено воздухопловство беа удрени на 10 април 1992 година, кога претседателот на РМ ја потпиша одлуката број 60 за формирање Команда на Воено воздухопловство и Противвоздушна одбрана. На Командата ì беше потчинета Авијациската бригада како прва воздухопловна летачка единица на Армијата на Република Македонија, со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон. Во согласност со Планот за летање од 9 јуни 1992 година, изработен за летачкиот ден 10 јуни 1992 година, полета првата македонска посада. Во чест на тој историски настан, 10 јуни традиционално се слави како ден на македонското воено воздухопловство. Овој тип на хеликоптери е набавен девет години по формирањето на воздухопловните сили, односно во текот на 2001 година во состав на 301. транспортен хеликоптерски сквадрон. Во 2005 година, со програмата за реконструкција на АРМ, Воздухопловната бригада се трансформира во помала, покомпактна единица наречена ВИНГ (скратено: Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група). Таа започна со нови предизвици како што се програмата за модернизација на воздухопловите и земање учество во меѓународни НАТО и ЕУ-мисии за заштита на мирот. Овој хеликоптер беше опфатен со модернизацијата, проект за чија реализација Владата ја задолжи израелската компанија „Elbit Systems Limited”. Усовршувањето на овие хеликоптери беше дел од модернизацијата на Армијата на Република Македонија за приближување кон НАТО-стандардите. ...повеќе во печатеното издание http://www.morm.gov.mk/contentr/?9111E9723246B8F562B8CDB950E04F66B59303F1 | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 27/9/2013, 19:55 | |
| | |
|
legend1979
Број на мислења : 48
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 17/11/2013, 21:26 | |
| Znaci imame dva Mi-17 302 & 303, tri Mi-8MT 305, 306 & 308 i dva Huey 321 & 322? | |
|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 17/11/2013, 21:37 | |
| Со Хјуиве грешка некако си со регистрациите..121 едниот беше. | |
|
legend1979
Број на мислења : 48
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 17/11/2013, 23:28 | |
| Avionite Su-25 nosat 120 (UB), 121, 122 & 123 zatoa sto bea vo 101. Avijaciska Eskadrila.
Hueys nosat 321 & 322 zatoa sto bea vo 301. Transportna Helikopterska Eskadrila, denes skvadron. | |
|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 18/11/2013, 00:26 | |
| Во право си, моја грешка. | |
|
legend1979
Број на мислења : 48
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 18/11/2013, 07:03 | |
| Frogfoot, mislis deka ke se kupi transporten avion vo C-130 klasa? | |
|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 18/11/2013, 09:11 | |
| Јас мислам дека ќе се купи. Кога ќе најдат некој за 20 000 долари ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
legend1979
Број на мислења : 48
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 18/11/2013, 10:02 | |
| Jas sum optimista. Ke kupat... | |
|
legend1979
Број на мислења : 48
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" 18/11/2013, 10:03 | |
| Vozduhophovna Brigada
Komanda
Skvadron na Borbeni Helikopteri "Nokjni Molnji"
Skvadron na Transportni Helikopteri "Bukefal"
Skvadron za Vozduhoplovno Tehnicko Odrzuvanje
Flajt za Obuka i Trening "Kolibri"
An-2R 150
Zlin 143L Z3-DCS
Mi-24V 201 Mi-24V 202 Mi-24V 203 Mi-24V 205 Mi-24V 206 Mi-24V 207 Mi-24V 209 Mi-24V 210
Mi-17 302 Mi-17 303
Mi-8MT 305 Mi-8MT 306 Mi-8MT 308
UH-1H 321 UH-1H 322
Toa e toa :-) Mislam? | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Воздухопловен "ВИНГ" | |
| |
|