Момци ве читам и лиги ми течат...јас да имам дозвола доволен ми е и еден од овој словенски или чив и да беше,што се натегате дали е добар или не...
Alvar
Број на мислења : 11128
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 28/5/2014, 12:42
Ти земи учи за екстерното тестирање... нека не ти се врткаат пиштоли низ глава, нема да се паднат на испит.
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 28/5/2014, 12:46
Alvar напиша:
Ти земи учи за екстерното тестирање... нека не ти се врткаат пиштоли низ глава, нема да се паднат на испит.
Хаха,абе кој го врти екстерно...проаѓам 100%
Reigns
Број на мислења : 16
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 28/5/2014, 21:20
Alvar напиша:
Reigns напиша:
Предходно пиша дека имало луѓе што имале проблем со Танфоглио (пукнати делови, цевки, рамови и навлаки) дали можеби познаваш некој со вакви проблеми ? по што јас сосема спротивно ти тврдам дека луѓе што знаат да ракуваат со пиштоли и што го имаат овој пиштол немале никогаш вакви проблеми а не станува збор за толку малку испукани куршуми како ти што кажа верувај ми.
Заборавив предходно да те прашам дали си пукал некогаш со Танфоглио ?
Не, но не гледам како е тоа одлучувачки дали е Tanfoglio подобар пиштол од Glock? Не сум јас референцата која ќе го реши тоа, но светскиот пазар претпоставувам је. Ако е подобар како што упорно тврдиш, наведи ми барем една армија или полиција која го користи како службено оружје. Процентот на проблеми кој го имале корисниците на овие пиштоли, е поголем од оние со кој се соочиле корисниците на Glock, тоа го имам сретнато повеќепати како информација низ годините во кој ја пратам литературата за оружје (26-27 години). Да, има Glock-ови кој се распаднати, распукани, експлодирале при користење... но тоа е поради фактот дека е најпроизведуван и користен пиштол на денешницава. Такви работи при екстензивна експлоатација се случуваат. Но доколку моите пари ги ставам на тезга и треба да изберам помеѓу Glock или Tanfoglio.. тоа секогаш ќе биде првиот. Извини вака, личен став, личен избор.
А овој да сменеше куршуми па да видевме дали е до пиштолот или е до куршумите ?
Викаш светскиот пазар решава а ? а знаеш кои се најпродавани патики на светскиот пазар ? оние што се од Кина а знаеш дека фала богу има многу подобри патики од нив еве Најк да речеме,и сега замисли овие Кинескиве да се подобри ради тоа што се попродавани и поевтини од овие другиве (оргиналов)
Значи се е ок немам ништо против тоа што имаш Глок како што предходно зборевме тоа е личен вкус,лично јас не ги препорачувам Глок пиштолите ради тоа што како прво и основно НЕМААТ КОЧНИЦА. Замисли купиш кола без кочница ? а за пиштол муабет да не правиме... Ставаш куршум репитираш Глокот го оставаш после тоа незнаеш дали е репитиран или не што е според мене страшно нешто,значи страшен минус што нема удирач.Не ми се свиѓа дека Глок пиштолите ги прават најдобри ради тоа што се најпродавани или најевтини,едноставно тој е наменски пиштол и е добар за полиција и армија...
Побарај на нет ќе видиш дека има и Глокот проблеми и не само глок тоа може да се случи со секој пиштол,лично ти гарантирам дека познавам многу луѓе што имаат Танфоглио и се сите супер задоволни и немаат никакви проблеми,ако имаш некогаш можност пукај со Танфоглио па после ќе праиме муабет. Сепак и сам кажа дека не си пукал со Танфоглио. Тоа е тоа нема што повеќе да се каже цело време е истиот муабет. Зирни го пиштолов најверојатно ќе биде мој во иднина...
Генерал
Број на мислења : 2343
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 29/5/2014, 01:05
Пријателе не сакав да навлегувам во подлабока дискусија ама неможев а да не ти реплицирам. Еднаш ти кажав и пак ќе ти кажам: Глок има троен безбедносен систем или тројна кочница. Додека оние надворешни кочници со лост за кои ти зборуваш нудат само една заштита. Додека не го повлечеш чкрапалото заедно со лостот кој излегува од него нема ни теоретски шанси да испука. За тоа дали е полн или празен се проверува на тој начин што од десната страна има еден мал механизам што излегува кога во цевката има куршум и со допир или визуелно можеш да дознаеш дали има или не куршум во цевка. Немам намера да дебатирам за подобри или полоши пиштоли туку сакам да ти укажам на погрешните факти кои ги пласираш.
______________________ Потта штеди крв!
Reigns
Број на мислења : 16
Предмет: Re: Пиштоли и револвери 29/5/2014, 11:23
Генерал напиша:
Пријателе не сакав да навлегувам во подлабока дискусија ама неможев а да не ти реплицирам. Еднаш ти кажав и пак ќе ти кажам: Глок има троен безбедносен систем или тројна кочница. Додека оние надворешни кочници со лост за кои ти зборуваш нудат само една заштита. Додека не го повлечеш чкрапалото заедно со лостот кој излегува од него нема ни теоретски шанси да испука. За тоа дали е полн или празен се проверува на тој начин што од десната страна има еден мал механизам што излегува кога во цевката има куршум и со допир или визуелно можеш да дознаеш дали има или не куршум во цевка. Немам намера да дебатирам за подобри или полоши пиштоли туку сакам да ти укажам на погрешните факти кои ги пласираш.
Мислам дека не ме разбираш ама ок нема врска
Stamenov
Број на мислења : 58
Предмет: Пиштоли и револвери 30/5/2014, 15:11
Незнам за вас момци ама замене берета-М9 е закон
______________________ Воената победа се завршува со карневал во црнина...!!!!