Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Е.Б.И „Лавови„

Go down 
+16
Спенсер
Smrtnikot
Panter
tose
JKD
Legija91
Kire1993
Mrshajnoski
IgorM
filip555
Goust
meth
Iko
Зоран
Генерал
SIG
20 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 12 ... 17  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty7/1/2014, 12:56

Бесценето.

АХ таа 2001.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty10/1/2014, 16:54

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty10/1/2014, 17:18

JKD напиша:
https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/t1/69497_744045685622871_916778580_n.jpg зошто има дрво на снајперитe..?

Не е дрво. Тоа транспортна торбичка за оптичкиот нишан. Ставена е како заштита на нишаните.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty10/1/2014, 17:19

Laughing 

Не е дрво другар, тоа е футролата од оптиката, па поради заштита од надворешни влијанија или пак несакани оштетувања е покриена со неа. Smile 
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty10/1/2014, 17:32

Frogfoot напиша:
Laughing 

Не е дрво другар, тоа е футролата од оптиката, па поради заштита од надворешни влијанија или пак несакани оштетувања е покриена со неа. Smile 

Хахах,добро незнаев,извинете.

Многу ми заличи на дрво,така ми се виде... lol! 
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty9/2/2014, 14:57

Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty30/4/2014, 12:34


Таа е единствената жена пожарникар во Македонија и била бранител во "Лавови"

30.04.2014 | 12:08
Извор: Нетпрес
Прочитано: 606 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Четириесет и петгодишната Билјана Сандева е единствената жена-пожарникар во Македонија.
По професија е графички техничар, во скопската Бригада за противпожарна заштита работи 10 години, а претходно била бранител во специјалната единица „Лавови“.

Вели дека за жените се мисли дека се кревки и нежни, но таа тоа го негира, а и го докажува. Мајка е на 26-годишен син и 22-годишна ќерка, а живее во Идризово.

- Можеби како жени сме поемотивни, но сме цврсти. За мене лично можам да кажам дека сум трудољубива, комуникативна личност и рамо до рамо учествувам со моите колеги во гасењето на пожарите, во обуките, тренинзите и вежбите. За да ја работиш оваа професија, треба да си храбар, издржлив, да знаеш да се снајдеш во секоја ситуација, но пред се', да ја сакаш – вели Сандева.

Бранителка и пожарникарка
Таа раскажува дека уште како мала ја сакала униформата.

- Не успеав да се запишам на Воената академија. Затоа, во 2000-тата година, кога почнаа немирите во Македонија, доброволно се пријавив како бранител. Бев во специјалната единица „Лавови“ со 50 мажи. Јас сум патриот, си ја сакам земјата и тоа беше првото што ме мотивираше да се пријавам како бранителка. Потоа, кога се трансформира оваа единица, јас и уште пет-шест колеги бевме распоредени во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, каде што работам и сега – вели таа.



На почетокот, се сеќава, се' и било чудно и тешко, паднала и по некоја солза, но сега таа е одличен и цврст пожарникар, кој не се разликува од мажите. Првиот пожар во чие гаснење учествувала, бил во населбата Драчево.

- Ни беше дојавено дека гори барака. Бев повеќе како гледач бидејќи се' уште учев. Бараката гореше, а станарите не беа дома. Ми потекоа солзи, ми падна жал. Тогаш почувствував дека оваа професија е ризична, но во исто време и хумана. Првпат видов што всушност значи борбата со огнот и колку треба да бидеш издржлив – констатира Сандева.

Првото соочување со оган не ја поколебало, а кога оди да интервенира, вели дека не помислува на стравот. Тоа чувство се јавува подоцна, откако се' ќе се заврши.

- Мислиш само на тоа да ги спасиш луѓето, ако има луѓе, а потоа да ги спасиш и материјалните добра. Сепак, срцето чука посилно и се чувствува одредена возбуда, што е нормално, бидејќи секој е човек и не знае што го очекува во животот – вели таа.

Лани гаснела 10 пожари
Лани таа учествувала во гасење на 10 пожари, од кои највпечатлив и останал пожарот од пред три месеци, кога изгоре стан во Kолонија Идризово.

- Сопственикот сам го запалил станот. Гореше целиот покрив. Kога пристигнавме го најдовме човекот со јагленосано лице, изгорен. Тогаш првпат се соочив со жртва од огнената стихија. Го покрив со чаршаф. Моите колеги го изнесоа и продолживме да гасиме. Ни беа потребни 4 до 5 часа за да го изгаснеме пожарот – се сеќава таа.

Гаснела пожар и во родното село и вели дека соселаните не ја ни познале дека е жена, бидејќи работела со шлем. Kуќата што ја гаснеле изгорела до половина.

За да биде во кондиција, Билјана секојдневно ги посетува вежбите како што се качување со јажиња на пожарникарската кула, качување по спасителните скали, тренинзите во сала, како и наставата во која се анализираат пожарите.



- Моите колеги немаат никакви предрасуди кон мене. Можеби на почетокот им беше малку чудно, а и јас самата се срамев, но со текот на времето и тие се навикнаа на мене и јас на нив. Сега и јас покажав дека го знам и го можам истото што и тие – потенцира Сандева.

Во Бригадата има четири чети, а во секоја по 55 пожарникари. Секој од нив си ја знае работата и е подготвен веднаш да реагира на повик. Штом се огласи ѕвоното, вели Сандева, пожарникарите за една минута се во камионите и се упатуваат кон местото од каде што ги повикале. Опремата, како униформа, шлем и чизми, им е во ранец и ја облекуваат по пат.

Спасувала заглавени во лифт
Единствената пожарникарка Билјана Сандева, освен во гасење пожари, учествувала и во разни технички интервенции.

- Еднаш со колегите интервениравме во заглавен лифт во зграда во Центар. Во лифтот беа заглавени 8 млади луѓе, кои беа во паника. Имаме посебен клуч за одглавување лифтови, со кој го отворивме лифтот. Луѓето беа пресреќни кога не видоа – вели Сандева.

http://tocka.com.mk/1/125238/taa-e-edinstvenata-zena-pozarnikar-vo-makedonija-i-bila-branitel-vo-lavovi
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty11/7/2014, 15:59

Може некој да ја образложи причината за зачнувањето на оваа единица, и дали има можност повторно да имаме потреба од неа?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty11/7/2014, 20:44

Сега ја имаме ЕБР. Нема реална потреба од таква единица повеќе.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty11/7/2014, 21:06

Освен ако не пукне пак.

Можда нема да се вика Лавови,ама каква и да е ќе биде слична на неа,бидејќи ќе биде составена од доброволци.

БТЊ,слушав интервју со Југослав Петрушич(мислам така се презиваше) и кажа за војната во 2001,покрај тоа што уште во Јануари месец им дал информации на нашиве за точни села кога и како ќе се напаѓаат,кажа и дека над 400 припадници од Србија,нивни специјалци,предводени од познат криминалец од Лесковац,биле донесени овде по повик на Министерот за внатрешни работи,да ги обучуваат Лавовите и да учествуваат во војната,за 10 илјади евра на месец од човек.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Е.Б.И „Лавови„   Е.Б.И „Лавови„ - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Е.Б.И „Лавови„
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 17Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 12 ... 17  Next
 Similar topics
-
» 1/35 ОТ M-113 Лавови 2001 година

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: