|
|
| Е.Б.И „Лавови„ | |
|
+16Спенсер Smrtnikot Panter tose JKD Legija91 Kire1993 Mrshajnoski IgorM filip555 Goust meth Iko Зоран Генерал SIG 20 posters | |
Автор | Порака |
---|
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 11/4/2015, 18:36 | |
| Во разговорот помеѓу Мијалков и Латас имаше еден дел кај шо Мијалков му вика на Латас нешто у стил "Не ме заебавај ја ви го средувам Велија како што го средив, онака на мој начин, а вие ме заебавате...". Нешто околу партиска пропаганда на сител беше муабетот ако не грешам. Побарај го имаш на јутуб. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 12/4/2015, 01:27 | |
| Абе тоа не значи ништо,можда се било легално ама го средил во смисла што добро го обработил.Не заборавај дека за А1 не беше прв пат да се проба да се направи контрола,официјално пробале пред тоа затварање да направат контрола 3 или 4 пати.Ако било се легално,немаше таква џева да се крева од тие кокодајките што крештеа на врата и правеа шоу за граѓаните,а уствари никој ништо не им правеше освен што нормално им беше забрането да влезат внатре,бидејќи добар дел од документи имаа и изнесено од зградата...а зошто ? затоа што сите беа умешани во тие матни бизниси. | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 12/4/2015, 08:54 | |
| Мојата теорија у кратки црти е дека Велија бил умешан, па можеби и организатор на финансиски криминал со огромни суми на пари, меѓутоа најверојатно откажал послушност кон "фамилијата", па го изеде. Меѓутоа да не заебгуваме, тоа е сосем друга тема. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 12/4/2015, 12:36 | |
| - Smrtnikot напиша:
- Мојата теорија у кратки црти е дека Велија бил умешан, па можеби и организатор на финансиски криминал со огромни суми на пари, меѓутоа најверојатно откажал послушност кон "фамилијата", па го изеде. Меѓутоа да не заебгуваме, тоа е сосем друга тема.
Па многу нормално,но тоа не го мења доказот дека ПРАВЕЛ криминал...тоа ти е исто ко да фатат еден убиец и да се буни на ТВ,мене ме уапсија пошто идам у штаб на сдсм,а оној иде во дпмне и не го апсат...не мења тоа ништо. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 12/4/2015, 13:02 | |
| - Smrtnikot напиша:
- Мојата теорија у кратки црти е дека Велија бил умешан, па можеби и организатор на финансиски криминал со огромни суми на пари, меѓутоа најверојатно откажал послушност кон "фамилијата", па го изеде. Меѓутоа да не заебгуваме, тоа е сосем друга тема.
Велија беше финасиски манипулатор Но 1 со години и го трпеа и црвените и плавите ( упоропаст многу фирми дури и мој бликиски настрадаа од него) и месту му е во затвор но зашто го трпеа толку долго зашто. А да братучдот му Кастиљо води на сите ранг листи за неплакање данок.( но не во друштво со роднината му). Прашање Зошто , Арамиите во затвор добро мото. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | Panter
Број на мислења : 455
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 15/4/2015, 01:16 | |
| Se znae koj e atentatorot na Saso Brada? izlegol za 6 meseci a Brada uste ne bese oporaven i lezese vo bolnica a ubiecot na sloboda uste li e koj e se znae?
На 27-ми Ноември 2003-та беше извршен обид за атентат на дел од бившите Лавови. Вест Мистериозно ракетирање на "лавови" кај Карпалак Завчеравечер, околу 22 часот, на автопатот Скопје - Тетово во месноста Карпалак, кај подвозникот за тетовското село Церово, сообраќајна патрола пронашла напуштен автомобил "опел аскона", на кој имало ...
...Речиси 2 часа бившите команданти на лавовите покажуваа што им се случило ноќта на 27. ноември кај Карпалак. Со возилото што требаше да ја претставува нивната Аскона, Марковски и Лазаревски пред полицајците, крим техничарите, истражниот судија и заменик јавниот обвинител објаснуваа што им се случувало во средата вечерта. Влегуваа и излегуваа од возилото, покажуваа што виделе и што слушнале, одеа по патот ...
...Тргнавме на вечера кон Тетово заедно со Сашо Лазаревски Брада. Пред нас возеа наши пријатели кога кај Карпалак видовме црвена светлост и експлозија. За да не удриме во возилото пред нас закочивме и удривме во браникот од автопатот по што избегавме од возилото. Вака денеска Маријан Марковски Мачето го опишува инцидентот што се случи завчера кај месноста Карпалак кога тој и неговиот пријател од расформираната единица „Лавови“ беа нападнати со автоматско оружје и ракетни фрлачи. Брада и Мачето знаеле дека ги следат на патот кон Тетово. „Ги видовме беа 6-7 души ...
На 6-ти Мај 2005 година е извршен втор обид за атентат врз Сашо Лазаревски - Брада , инспектор во СВР - Битола и поранешен член на Лавовите.Над него се извршени десетина операции за да го одржат во живот.Атентаторот излезен од затвор после 6 месеци. Во Март 2006-та на Лазаревски му е натоварено уште едно дело, организирање на кражба, а во моментот на кражбата тој е во Клиничкиот Центар во Скопје, уште неопоравен од сообраќајката од минатата година. Целата приказна за наводната кражба е трагикомична. ПО РАСВЕТЛУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО КВАЛИТЕТ КОМЕРЦ Бизнисменот негира дека должел пари, а обвинетиот во болница
По расветлувањето на пожарот во битолски "Квалитет комерц" и поднесените пријави за четворица битолчани, битолскиот бизнисмен негира дека пожарот бил подметнат поради долгови.
Бизнисменот Јане Шијаковски за "Дневник" ја кажа својата вистина за големиот пожар на својата фирма "Квалитет комерц", во кој беше причинета штета од околу 300.000 евра. Тој ги негираше полициските тврдења дека му должел пари на првообвинетиот за палењето, Сашо Лазаревски-Брада.
- Лани во март од Уни банка во Битола Сашо Лазаревски, како мој добар пријател и поранешен вработен, подигна кредит од 150 илјади денари на 36-месечна отплата. Нема 11 други негови пријатели, кои подигнале пари за мене и кои јас наводно сум ги заглавил бидејќи не сум го враќал кредитот. Тоа е чиста лага - тврди Шијаковски.
Според бизнисменот, кредити подигнале неговата жена и најблиските роднини, и сопругата на полицискиот инспектор Трајче Димчевски, која работи кај него. Тој не ги ни познавал другите тројца обвинети. Шијаковски редовно ги враќал сите рати, со тоа што задоцнил со уплатата на декемвриската рата, за која платил камата. Проблематична била јануарската, која требало да ја плати на 17 јануари.
- Не можев да верувам дека за 5.400 денари Брада може да ми ја запали фирмата. Тој е во Државната болница во Скопје и знам дека се кае што во момент на слабост и нервоза го направил тоа. Тој од 14 години работеше во мојата фирма, се додека не замина во "лавовите". Лани на 6 мај, кога направи сообраќајка и имаше тешки повреди, јас го носев по болници, го враќав и го земав.
Неофицијално, полицијата ги намирисала сторителите по нивните маски. Дел од нив се од битолското село Ивањевци. Тие во полицијата "пропеале" дека ги организирал Сашо Лазаревски-Брада, кој и ги водел со своето црно "ауди", а потоа заминал во болница во Скопје. Тој се уште е во Државната болница во Скопје, а тројцата други осомничени биле приведени од полицијата. | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 15/4/2015, 01:28 | |
| Сега Смртник ќе пише дека се кафански муабети и чиста случајност | |
| | | Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 18/4/2015, 08:22 | |
| - JKD напиша:
- Сега Смртник ќе пише дека се кафански муабети и чиста случајност
Тогаш, повели господине конспиративец објасни ни околу сите овие случаи кои ги коментиравме на оваа тема и дај ни валидни аргументи. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 18/4/2015, 12:29 | |
| - Smrtnikot напиша:
- JKD напиша:
- Сега Смртник ќе пише дека се кафански муабети и чиста случајност
Тогаш, повели господине конспиративец објасни ни околу сите овие случаи кои ги коментиравме на оваа тема и дај ни валидни аргументи. Абе нема што да ти објаснувам,нит сум задужен а нит па сакам,на крај краева,нит па ќе читаш и ќе мислиш за тоа што би го пишал или што го пишуваат другите,имаш тврд став дека се е кафански муабети и чиста случајност,јас не делам такво мислење,пошто ни девојка ти да те остаи не е случајност,а не па политика. | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ 2/6/2015, 23:54 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Е.Б.И „Лавови„ | |
| |
| | | | Е.Б.И „Лавови„ | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|