Ај малце патрони.
Моментално имам 120тина патрони од 9 различни производители и во гранулација од 2.9мм до кугли 18.5мм.
Сите.
Реденикот.
А еве што се имам од 9 различни производители во стандард и магнум полнење. Првиот ред се крупни сачми, или таканаречени драмки по наше или buckshot што би рекле американците. Вториот ред се сачми со калибар од 2.9 до 5мм во стандард и магнум и третиот ред се кугли.
Прв ред од лево на десно - Италијански Baschieri pellagri big game со 15 сачми пречник 8.6мм, а десно иста муниција но со 12 сачми. Цената на овие со 15 е 80 денари, а на овие со 12 75 денари. Следниот патрон со кафеава чаура е грчки Club Магнум со 12 сачми 8.6мм, цена 50 денари парче. Десно од него српски Крушик Специјал 9 сачми 8.5мм цена 26 денари парче. Следен грчки Ламбро 9 сачми цена 40 денари. Десно од ламброто, исто со бела проѕирна чаура турски Оскурзан со 9 сачми калибар 8.6мм цена 35 денари. До турскиот Оскурзан е Крушик Магнум со сачми 7.65мм, цена 45 денари. До него винчестер со 16 сачми 7.4мм, цена 80 денари парче. До него чешки селиер белот магнум со 41 сачма 6.09 калибар, цена 55 денари. И последен најдесно белом со сачми 6.25мм, цена 22 денари.
Втор ред од лево на десно - Крушик специјал 34 грама сачми, ги имам во гранулација 3, 3.5 и 4.5мм. Цена 26 денари. До него турски озкурзан 34г сачми лаборација 4мм, цена 25 денари парче. Десно до него зелениот фишек е грчки ламбро прима 34г сачми гранулација 5мм, цена 32 денари. До него грчки ламбро тордо 32г, ги имам во лаборација 3.7 и 3.3мм, цена 24 денари. До него, плавиот фишек е грчки Клуб 32г сачми гранулација 2.9мм, цена 18 денари. До него Белом 32г сачми гранулација 3.5мм, цена 22 денари. Црниот фишек до него е Крушик Магнум со 50г сачми гранулација 5мм, цена 45 денари. Последниот најдесно чешки селиер белот магнум 53г сачми, го има во гранулација 3.5 и 4мм(како трза овај
), цена 35 денари парче.
Третиот ред од лево на десно - Италијанска кугла тип ,brenneke, Нобел Спорт, цена 70 денари. На средина српски белом со кугла тип ,gualandi, цена 60 денари и десно грчка кугла ламбро тип ,gualandi, цена 70 денари. Имав и подкалибарни Крушик gold hawk, страшно непрецизна кугла.
Лево нобел спорт, на средина белом и десно ламбро.
Грчињата освен грчкиот, англискиот, германскиот, францускиот, италијанскиот, пишуваат и на македонски на кутите(додуша намерни или ненамерно згрешиле некоја буква)
Тип на затворање, роловано(со пластично
џамче и ѕвездасто). Дефинитивно најлошо затворање има грчката униција клуб магнум со крупни сачми(трите кафеавите) и чешките селиер белот.
Испукани. Имам испукано 100 и кусур.