Мене ме интересира,дали таворчето,оние верзии што има има ЕБР,спаѓаат помеѓу најдобрите пушки во светот ? или ако не спаѓаат моментално,дали кога ги купиле биле ? и споредба помеѓу таворчето и м4ка ?
Alvar
Број на мислења : 10947
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 26/8/2014, 16:17
JKD напиша:
Мене ме интересира,дали таворчето,оние верзии што има има ЕБР,спаѓаат помеѓу најдобрите пушки во светот ? или ако не спаѓаат моментално,дали кога ги купиле биле ? и споредба помеѓу таворчето и м4ка ?
Муабет за на гајба пред кооперација. Tavor-от како и нејзината последна верзија Х95 навистина спаѓаат во едни од најуспешните модерни борбени пушки (но воедно и едни од поскапите), со оглед дека е влезена во службена употреба од страна на израелската армија (референца само по себе), која пак важи за една од најсовремените армии во светот. Ја користат и Индија, Колумбија, Грузија, Украина, Азербејџан, Тајланд, Вијатнам и др.
Одкако пред година-две стана достапна и на цивилниот пазар во САД, од корисниците секаде е опишана во суперлативи, во поглед на издржливоста, доверливоста, прецизноста и едноставната конструкција. Сепак, ми се чини дека bulpap не е соодветно решение за онаа улога која и е наменета кај нас. Краток карабин со класична поставеност на рамката напред е подобра опција, по мене.
Инаку нашата полиција е опремена со постарата верзија на Tavor, CTAR-21... која полека се истиснува од употреба во IDF, и се воведува нејзината посовремена варијанта Х95.
______________________ Si vis pacem, para bellum
Последната промена е направена од Alvar на 26/8/2014, 16:26. Мислењето е променето 1 пати
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 26/8/2014, 16:25
Што му фали на муабетов за на форум ?
али реално,многу лошо изгледа...и го нема оној,опасен лик да речам,како на пример м4ките...ЕСЗ со м4ки во раце и фулл опрема на нив,би изгледале многу моќно...
на форумов прочитав мислење,дека еден тавор=2 м4ки.Дали беше кажано на шала,или е вистина,не знам.
Alvar
Број на мислења : 10947
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 26/8/2014, 16:31
Изгледот на оружјето, и тоа како изгледа во рацете на корисниците е битен само во Counter-Strike, Call of Duty и Battlefield. Реалноста нема многу многу врска со видео игрите. АК47 да речеме, од естетски аспект е ружна како ноќ, аглесто и грубо изработено парче железо со неколку дрвени елементи. Но по сите останати параметри е одлична борбена пушка. Секако, со оглед на тоа колку е застапена по боиштава, по медиуми, весници итн, итн... веќе никој не обрнува внимание на нејзиниот изглед бидејќи истиот е веднаш препознатлив и одомаќен, т.е. синоним за автоматска пушка.
______________________ Si vis pacem, para bellum
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 26/8/2014, 16:58
Само коментирав,не реков дека е битен
Alvar
Број на мислења : 10947
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 10/1/2016, 19:52
______________________ Si vis pacem, para bellum
Alvar
Број на мислења : 10947
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 10/1/2016, 19:53
______________________ Si vis pacem, para bellum
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 26/1/2016, 21:01
Прв братучед
DesertFox
Број на мислења : 6
Предмет: The TAR Podium Bi-Pod by FAB Defense 16/3/2017, 14:09
Alvar
Број на мислења : 10947
Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 23/3/2017, 18:51
Изгледа калта што ја користат од IWI е многу ретка... израелска, затоа не прави застои.