| T.A.R-21 ( Тавор ) | |
|
+5Alvar Зоран Momak od Gjorce SIG Генерал 9 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: T.A.R-21 ( Тавор ) 20/3/2012, 23:59 | |
| Пред да се посветам на T.A.R-21 ( Тавор ) сакам да напишам збор два за новиот дизајн на автоматските пушки. Се позастапен е еден нов правец во дизајнирањето на автоматски пушки кој отстапува од традиционалниот. Станува збор за ултракраки пушки на кои механизмот за испукување и сандакот за муниција се наоѓаат во кундакот. Со овој дизајн се остава повеќе простор за цевката, односно овој дизајн дава можност за употреба на подолга цевка која во комбинација со поместувањето на тежиштето кон задниот дел на пушката, малата должина на пушката и одличната ергономија овозможува лесно маневрирање а со тоа и подобрена прецизност. Овој дизајн е познат како Bullpap.
Следејќи ги современите текови и Израелската наменска индустрија во соработка со Израелската војска ја дизајнира пушката Тавор со официјална ознака T.A.R. 21 ( Tavor Assult Rifle for 21-st century - Тавор јуришна пушка за 21-от век ). Најголемиот дел од пушката ( рамот ) е изработен од специјален полимер што значително ја намалува тежината. Механизмот е изработен од нерѓосувачки алуминиум и челик со што пушката добива на цврстина. Пикатини шината е поставена на самиот гасен цилиндер со што се неутрализира потребата од дополнително подесување на оптичките нишани што се поставуваат. Интересен момент е тоа што постои опција за 2 минути пушката да се преадаптира од потребите за деснорак стрелец за потребите на леворак стрелец. Друга и поинтересна преадаптација е можноста за промена на калибарот од 5х56 во 9мм.
Фамилијата на Тавор пушките ја сочинуваат: T.A.R.-21 ( Tavor Assult Rifle ), C.T.A.R ( Comando Tavor Assult Rifle ) командо верзија, MTAR ( Micro Tavor Assult Rifle ) микро верзија, STAR (Shart Shooting Tavor Assult Rifle) верзија за прецизно пукање и Tavor+M203 т.е пушка тавор плус подцевен фрлач на гранати М203.хх
Технички карактеристики на T.A.R.-21
Калибар 5х56 мм Должина 725 мм Должина на цевката 460 мм Тежина без рамка 2.8 кг Тежина со рамка 3.27 кг Тежина полна 3.635 кг Брзина на зрно 590 м/с Капацитет 30 куршуми
______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 00:12 | |
| Да илустрираме STAR-21 CTAR-21 GTAR-21 | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 00:14 | |
| ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 00:14 | |
| Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така? | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 01:09 | |
| - Frogfoot напиша:
- Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така?
Мислмад дека Tavor TAR-21 и Micro Tavor MTAR-21... | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 16:03 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Frogfoot напиша:
- Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така?
Мислмад дека Tavor TAR-21 и Micro Tavor MTAR-21... ја имаат и снајперската изведба. | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 10941
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 17:39 | |
| - Frogfoot напиша:
- Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така?
Да, кратката CTAR-21, и онаа со стандардна должина.. STAR-21, т.е designated marksman верзијата. Фина пушка е Tavor-от, но со доста солена цена. На претходниот воен форум имав еден поголем текст со цени, кои земји колку ја имаат платено, и со каква опрема ја имаат купено пушкава.. но за жал истиот се избриша. Мака ми е да барам по нетов по вторпат за истата работа... но нејсе, колку паметам за цената на еден Tavor што ја платија Индијците можеа да се купат 3-4 М4-ки комплетно опремени. Интеесно е дека иако во IDF Tavor-от влезе во употреба неодамна... истиот веќе отстапува место за неговата "покомпактна" варијанта X-95, така да оние единици кои веќе беа задолжени со Tavor, истите ќе ги отстапат на единиците кои сеуште користат CAR-15 (M4) карабините... а ќе бидат вооружени со новите X-95. | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 18:53 | |
| Алвар ај линкними нешто за новата 95 ка. Попатно кој колку ке палти зависи и од политичките односи. | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 10941
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 19:01 | |
| | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) 21/3/2012, 19:03 | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор ) | |
| |
|
| |
| T.A.R-21 ( Тавор ) | |
|