Во периодот од 08.07.2014 до 10.07.2014 година припадници на полкот за Специјални Операции во соработка со инструктори од Вооружените сили на САД на терените на АП „Криволак“ реализираа напредна обука за снајперисти.
Оваа обука е дел од билатералната соработка помеѓу вооружените сили на САД и Армијата на Република Македонија. Инструкторскиот тим од САД беше составен од припадници на Маринскиот корпус од Црноморските ротациони сили на САД во Европа. За носител на активноста беше одереден баталјонот за Специјална Намена. На самиот курс покрај припадниците на баталјонот за Специјална Намена учество зедоа припадници од Ренџерскиот баталјон, првата механизирана пешадиска бригада и баталјонот на воена полиција.
Целта на обуката- спојување на техниката и персоналот, детално запознавање со техниките и процедурите на овој вид специјалност, со цел постигнување на максимални резултати и извлекување на максимумот од перформансите на вооружувањето беше во целост постигната.
За време на обуката беа реалзирани гаѓања на неколку редни броеви со различни видови на снајперски пушки. Постигнатите резултати уште еднаш го потврдија високото ниво на обученост и професионализам.
Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“ На ден 10.07.2014 година Командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски присуствуваше на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“ која се одржува на воениот полигон „Југ“, Бујановац во Република Србија. На вежбата АРМ учествуваше со 32 припадници од Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции, покрај припадниците од вооружените сили на Србија, Бугарија, Романија, Азербејџан, Хрватска и Соединетите Американски Држави. Вежбовните активности се одвиваат во две фази и тоа во првата ќе се врши запознавање со можностите на несмртоносните оружја и нивно користење, додека во втората фаза на полигонот „Боровац“ се реализираа показни вежби за патролирање со возила и пешки, контролна точка, конвој и ескорт, привремена контролна точка, реакција на импровизирани експлозивни направи итн
Утре, во Радожда со почеток во 10:00 часот приадниците на пСО ќе изведат методско-показна вежба на вода, на која ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на ВС д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоеан Јолевски и НГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. http://www.arm.mil.mk/
Само што изгледав неколку видеа на Youtube кадешто се покажува физичката способност на Спецназ. Искрено да кажам светски паркуристи би биле импресионирани од тоа што го можат русите... Колку се ефикасни нашите елитни специјалци во движење во урбана средина? Претпоставувам само алпинистичките тимови имаат таков стил на обука.
Свесен сум дека овие вежби се воглавно за моторната способност на припадниците, а не тактики за дејствување на терен. На еден дел од видеото се гледа како еден(во стил на брејкденс) се врти неколку пати, ја крева пушката и се спрема за пукање. Тоа е одлична вежба бидејки јас така да се вртам ќе неможам да стојам а камоли да центрирам со пушка... Не е ништо ново дека руските специјалци имаат најбрутална обука во светот, но има ли нешто случно на ова кај нас?
Донација на облека и обувки за социјално загрозени семејства по повод 18 ти Август - Денот на АРМ
По повод чествувањето на Денот на АРМ – 18 Август денеска 14.08.2014 година, во собирниот пункт на Црвениот Крст на град Скопје во Момин поток се реализираше хуманитарна акција за донирање на облека и обувки од страна на АРМ.
Припадниците на полкот за специјални операции зедоа активно учество во оваа гарнизоната активност донирајќи неколку пакети со облека и обувки.
Прикажувањето на хуманата страна на припадниците на полкот е континуирана и се демонстира во секоја дадена можност на различни начини. Целта на оваа скромна донација е да се помогне на сите оние на кои во моментот помошта им е најпотребна.
Крводарителна акција во касарна „Илинден“ по повод 18 ти Август - Денот на АРМ
Во рамки на одблежувањето на Денот на АРМ – 18 Август денеска 15.08.2014 година, во касарната „Илинден“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Во оваа прилика припадниците на полкот за специјални операции во пресрет на Денот на АРМ на дело ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи 80 крвни единици, со што ќе придонесат да се спасат многу човечки животи во Република Македонија. Оваа акција е реализирана во соработка со Црвен крст на Република Македонија.
Хуманоста е една од највредните одлики кој може да ги поседува еден припадник на АРМ. Сознанието дека секоја капка крв ќе спаси нечиј живот е најголемата мотивација за реалзирање на една ваква активност.
Денес 18.08.2014 година во касарната „Илинден “ - Скопје се одржа свеченост по повод 18-ти Август денот на АРМ.
Пред започнувањето на прославата делегација составена од заменикот командант на полкот за специјални операции и командантите на баталјоните положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници на полкот во Вејце.
Свечениот строј по повод прославата на Денот на АРМ го сочинуваа ешелони од повеќе единици на АРМ кои се сместени во касарната „Илинден“. Пред стројот пригоден говор одржа заменикот команднат на полкот за специјални операции полковник Орце Јордев.
На свеченоста се реализираше и церемонија за доделување на стимулативни мерки, значки и обележја за покажаните резултати во изминатата година како и унапредување на офицери и подофицери во АРМ.