|
|
| пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) | |
|
+46Спенсер dzole darkness Momak od Gjorce Panter JKD SIG apajko РИС BABUN Stamenov Dejan N ESN tose Smrtnikot assasian beowulf Legija91 volcko1 IgorM Iko MatrinJ Mrshajnoski viktor leopard marijana Goust tigar Alvar Subzero Генерал dejand Зоран Vitoria filip555 Desperado glorijamk tonin Волчко Тачка Wolf Profesionalec diverzant Makedon 1 AlexGreat 50 posters | |
Автор | Порака |
---|
Panter
Број на мислења : 455
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 5/3/2014, 19:19 | |
| АРМИСКИТЕ „ВОЛЦИ“ СЛАВАТ 20-ТИ РОДЕНДЕН
СУПЕРЛУЃЕ СО ВОЛЈА ШТО ЛЕСНО МИНУВААТ МАРШ ОД 100 КИЛОМЕТРИ
Што е толку специјално во специјалните сили? Ова прашање на шега одамна се поставува кога се зборува за американските „зелени баретки“ или за британските САС. За почеток, физичките критериуми, кои се стандардизирани и се исти и за македонските специјалци - баталјонот за специјални намени „волци“ и за споредба се речиси двојно построги од оние за другите воени единици. Но тоа е само дел од приказната. За да се стане дел од „глутницата“ најважен е карактерот и мотивираноста, спремноста секогаш да се направи уште еден чекор повеќе, да се биде индивидуалец, но истовремено тимски играч, велат „волците“, кои својот дваесетти јубилеј го одбележуваат под мотото „20 години семејство“.
Стандард е границата на можното
Стандардите за физичката подготвеност во баталјонот за специјални намени на АРМ се на границата на можното, а на селекција за влез во единицата и над тоа, затоа што се бара границата на физичката, но и на психичката издржливост, велат „волците“. Иако стандардите се различни за различни старосни групи, просекот на македонските специјалци е најмалку 65 склека за две минути и 65 стомачни за толкав период. Маршот од 27 километри, со најмалку 25 килограми во ранец, покрај редовната опрема, се минува за најмногу три и пол часа. За споредба, вообичаениот стандард за склекови во други единици е 35-40 за две минути.
- За влез во единицата, на селективниот курс, минималниот стандард за трчање за две милји, односно 3,2 километри, е 14 минути и 30 секунди, но во единицата има и „волци“ кои ги трчаат за помалку од десет минути. Осумдесет отсто од луѓето тука вообичаено прават резултати над стандардите, најголемиот дел прават по повеќе од 80, па и стотина склека и стомачни, на пример – вели мајор од единицата за специјални намени.
Секогаш се бара предизвик, се поместуваат границите.
- Секогаш тежнеат да ги поместат границите, чуден е нивниот карактер – вели мајор од полкот за специјални операции, чиј дел се „волците“, кој и самиот неодамна го минал селективниот курс.
На курсот за селекција, кој трае 24 деноноќија, кандидатите првпат се соочуваат со новиот стандард – нивниот физички и психички максимум. Kандидатите за специјалци доаѓаат од редовите на АРМ, што значи дека веќе минале основна војничка обука и дека се во добра форма. Но, и покрај тоа, селекцијата ја минуваат меѓу 3 и 8 отсто од пријавените. На селекцијата се бараат физичките и психичките граници на секој кандидат, објаснуваат „волците“.
- Селективниот курс е во два дела. Во првиот дел добиваат активности со надворешна мотивација, бодрење, храбрење. Но, бараме чекор повеќе, па во вториот дел се избегнува давање надворешна мотивација. Ни треба човек со внатрешна, сопствена мотивација, со јака волја. Само така можат да го минат, на пример, маршот од 100 километри, без да им се каже за колку време треба да го завршат. Тука се гледа како ќе се справат со тешкотиите, кога врне, кога се гладни, немаат чизми или униформа. Бараме луѓе од малку поинаков калибар, кои размислуваат на повисоко рамниште, може да импровизираат, да носат одлуки за многу кратко време под одреден притисок – вели командантот на „волците“, потполковник Горан Илиоски.
Kурсот за селекција е дизајниран да го „скрши“ секој кандидат, односно да ги покаже границите на неговата физичка и психичка издржливост, а го минуваат само оние со најсилна волја. Тие треба да станат дел од тим, кој ќе работи изолиран, без поддршка, длабоко во непријателска заднина, и ќе биде силен колку што е силен неговиот најслаб припадник, велат „волците“.
Од војник до војник на специјалните сили
Разликата од „војник“ до „војник на специјалните сили“ е во ентузијазмот, мотивираноста, креативноста и готовноста секогаш да направи чекор повеќе, објаснува командантот на баталјонот за специјални намени на АРМ, познатите „волци“.
- Тој е спортист кој сака да се натпреварува, индивидуалец кој сака предизвик, прифаќа хаос, зрачи со ентузијазам, високо мотивиран, ги почитува другите, има иницијатива, може да се приспособи, да работи и да се вклопи во тим, одважен е, се самоедуцира, интелигентен и критички размислува, морално храбар и го кажува своето мислење. Тој е тивок професионалец – вели командантот.
„Волците“ своите идни припадници ги избираат од доброволци, а предност имаат атлетичари, мајстори на боречки вештини, луѓе што знаат странски јазици, алпинисти, нуркачи, падобранци... Наместо едноставниот војнички живот, „волците“ им нудат адреналин и постојано поместување на границите на способностите.
- Тие понатаму ќе ги доразвиваат овие вештини, а ќе се усовршуваат и во странство. За споредба, првиот тест за пливање пред селекцијата е педесет метри, а во специјалистичката обука, нуркачите пливаат најмалку 15 минути со товар од 7 килограми во рацете, кој мора да го држат над водата. Вообичаено на здив нуркаат по најмалку 40-50 метри – вели мајорот.
Но, нагласуваат специјалците, за да се стане „волк“ најважен е карактерот. Тоа е најважната карактеристика на специјалецот во војна, без информации, со премногу случувања, со премногу тешкотии што го оттргнуваат од целта.
Токму карактерот е причината што завршувањето на курсот не значи и автоматски влез во единицата. Kрајниот збор го дава командантот, откако лично ќе ги запознае сите кандидати што ја минале селекцијата.
- Многу е важен изборот на личноста. Подоцна, како припадници на единицата, ќе одат на мисии од стратегиска важност. Физичката подготвеност не ни е најважна. Во тоа многу брзо ќе ги подготвиме. Вештините се еден отсто талент и 99 отсто работа – вели командантот.
Работата почнува со специјалистичката обука, која трае околу една година, кога новиот припадник на баталјонот за специјални намени добива воено-евиденциска специјалност – специјалист за оружје, инженерија, врски или санитет.
- Тежнееме кон повеќе специјалности и многу често се случува човекот да го преместуваме за да видиме која специјалност најмногу му лежи. Тоа се оние 1 отсто за кои има талент – објаснува командантот.
Потоа, следи напредна обука, кога идниот командос се оспособува да виде дел од специјализиран тим
- Во основната обука секој добива една специјалност. Потоа се надградува со алпинизам, нуркање, падобранство, добива обука во рамки на противтерористички тим, заштита на важни личности или снајперска обука. Многу е важно да може да работат како тим, како композитна целина. Kога еднаш ќе си го најдат своето место, остануваат заедно. Тимот што победува не се менува – вели мајорот.
ПРВИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ НА АРМ
Специјалните сили на АРМ „Волци“, првата професионална единица на АРМ, беа формирани на 1 март 1994 година под полуофицијално име 6.Одред. Во 1998 година единицата доби формација во тимови, како специјалните сили на западните армии. Под мотото „секогаш и секаде први“, „волците“ ги изведоа првиот подофицерски курс, првата падобранска и нуркачка обука и првите обуки и вежби со странски армии во АРМ. Беа први и во сите битки – од неформалните „тензии“ на границите во деведесеттите години, до првата борбена операција на македонската војска надвор од границите на татковината - „Слобода за Ирак“ и наменските сили во операцијата „Феникс“ во Авганистан. Тие се првата единица која во 2005 година го доби Орденот за воени заслуги од врховниот командант, претседателот на државата, и првите медали за храброст.
Орденот се чува во спомен-собата на „волците“, заедно со оружје, признанија и предмети од историјата на единицата. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 27/3/2014, 18:07 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 27/3/2014, 18:12 | |
| Посета на полкот за специјални операции од учениците на СУГС „Методи Митевски Брицо“ и СУГС „Никола Карев“ Денес, (27.03.2014 година) ученици од средното фискултурно училиште „Методија Митевски Брицо“ и гимназијата „Никола Карев“ од Скопје остварија посета на полкот за специјални операции (пСО). Оваа посета е дел од соработката која пСО ја има со цивилните структури. На учениците им се обрати командантот на пСО бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски кој им посака добредојде и убав престој во касарната, потенцирајќи ја можноста учениците одблиску да се запознаат со она што го работат припадниците на пСО. Околу 80 ученици кои беа присутни, имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата со прикажување на тактичко технички збор, на кој беа изложени возилата и вооружувањето кои ги користи единицата. За учениците беа организирани показните вежби: „Работа и постапки на контролна точка“, ,,Демонстрација на употреба на повеќенаменска алпинистичка кула“ и „Обезбедување на високи воени раководители“. Учениците беа воодушевени од прикажаното, при што дел од нив искажаа желба да станат идни припадници на АРМ и пСО. http://www.arm.mil.mk/vesti/pso/2014/03/poseta_ucenici_nikola_metodi.html | |
| | | ESN
Број на мислења : 1594
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 29/3/2014, 15:30 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- Сега кога го прелистував по втор пат каталогов приметив на 28-ра страна дека припадникот на БСН држи Глок...ако не се лажам ова е прва слика каде што било кој припадник на АРМ да има Глок,може му е лично воружување,но и на 31-та страна исто така припадникот кој е потпрен на доџот за врски има глок,може е истиот...и друга работа,зелениве комбилизони до сега ги немаат покажано вајда им се нови...
Има многу работи кои се кријат кај волците.Инаку зелените униформи уште 1998 ги имаат чичко ми снајперистот у арачиново со зелената униформа беше и после се врати со дупка на бутот од шрапнел со мои очи ја гледав.така да како што кажав за зелената униформа јас знам,глокот и уште многу други работи што ги имаат волците не се знаат. ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
| | | Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 29/3/2014, 17:24 | |
| - ESN напиша:
- Momak od Gjorce напиша:
- Сега кога го прелистував по втор пат каталогов приметив на 28-ра страна дека припадникот на БСН држи Глок...ако не се лажам ова е прва слика каде што било кој припадник на АРМ да има Глок,може му е лично воружување,но и на 31-та страна исто така припадникот кој е потпрен на доџот за врски има глок,може е истиот...и друга работа,зелениве комбилизони до сега ги немаат покажано вајда им се нови...
Има многу работи кои се кријат кај волците.Инаку зелените униформи уште 1998 ги имаат чичко ми снајперистот у арачиново со зелената униформа беше и после се врати со дупка на бутот од шрапнел со мои очи ја гледав.така да како што кажав за зелената униформа јас знам,глокот и уште многу други работи што ги имаат волците не се знаат. Ne se isti uniformi, novi se ovie kombizoni, mnogu se dobri i se nosat pri vezbanje. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 29/3/2014, 18:54 | |
| Волф, претпоставувам станува збор за Nomex пилотски тип на комбинезони? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 29/3/2014, 19:47 | |
| - Alvar напиша:
- Волф, претпоставувам станува збор за Nomex пилотски тип на комбинезони?
da, vo idnina bi trebalo i crni da ima. | |
| | | ESN
Број на мислења : 1594
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 29/3/2014, 20:00 | |
| не се исти ама јас кажувам дека волците зелената униформа ја имаат уште од 98 година. ______________________ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 29/3/2014, 20:48 | |
| - Wolf напиша:
- Alvar напиша:
- Волф, претпоставувам станува збор за Nomex пилотски тип на комбинезони?
da, vo idnina bi trebalo i crni da ima. Crni kombilizoni imaat od 1994. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 29/3/2014, 20:54 | |
| - Зоран напиша:
- Wolf напиша:
- Alvar напиша:
- Волф, претпоставувам станува збор за Nomex пилотски тип на комбинезони?
da, vo idnina bi trebalo i crni da ima. Crni kombilizoni imaat od 1994. treba novi da ima. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) | |
| |
| | | | пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|