Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 26/2/2014, 20:40 | |
| Во Домот на АРМ во Скопје изложба по повод jубилејот „20 години сили за специјални операции“ По повод јубилејот „20 години сили за специјални операции“ денес во Домот на АРМ во Скопје е отворена изложба на слики, обележја и униформи на специјалните сили на АРМ која ќе биде отворена до први март. Изложбата може да се посети од 09.00 до 22.00 часот во сала број 2 во Домот на АРМ каде се поставени различни видови на униформи кои се користени од припадниците на единицата во изминатите дваесет години, обележјата на Полкот за специјални операции и неговите потчинети единици, награди, дипломи и плакети кои се добиени во изминатиот период. Покрај ова, поставени се и фотографии од секојдневната обука, активностите и мисиитe во кои учествувале пСО. Се покануваат граѓаните на Република Македонија да ја посетат изложбата каде може да се подетално да се запознаат со историјата на специјалните сили на АРМ во изминатите 20 години. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/2/izlozba_pso.html | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 27/2/2014, 12:17 | |
| | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 27/2/2014, 12:23 | |
| Утре, во касарната „Илинден“ во Скопје свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции на АРМ Утре, 28-ми февруари 2014 година (петок), со почеток во 11.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе се одржи свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО) и одбележување на Јубилејот ,,20 години сили за специјални операции“. На свеченоста ќе присуствуваат: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, високи претставници од МО, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа од општините и градот Скопје и други високи гости. На 1-ви март 1994 година е формиран баталјонот за специјални намени, кој беше основната единица при формирањето на одредот за специјални намени, кој подоцна се трансформира во пСО. Пред 20 години, со формирањето на оваа единица, АРМ ја започна професионализацијата, а во составот на пСО од неговото формирање до денес, се наоѓаат само професионални војници. Кандидатите за прием во пСО, подлегнуваат на исклучително ригорозни критериуми на селекција, со кои од нив се бара висок степен на психофизичка подготвеност, како за старешините, така и за професионалните војници. Во изминативе 20 години, припадниците на најелитната единица на АРМ, создадоа препознатлив имиџ на единицата, која се стекна со висок рејтинг, како во Република Македонија, така и во меѓународни рамки. Тие, во изминатите две децении постигнаа врвни резултати на полето на стручно-специјалистичката обука, а беа високо оценети и одликувани за петгодишното учество во мисијата ,,Слобода за Ирак“ во Ирак и за учеството во наменските сили ,,Феникс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан. Основната мисија на пСО е изведување на специјални операции во мирновремени и во услови на конфликт, борба против тероризмот и други дополнителни активности. Покрај ова, една од задачите на пСО како дел од декларираните сили на АРМ, е учество во меѓународни операции за поддршка на мирот, како и превенција и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН и ЕУ. Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат и да известуваат за настанот. Заради запазување на процедурите за влез во касарната ,,Илинден“ пристигнувањето пред пријавницата на касарната, треба да биде најдоцна до 10.30 часот. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/2/pokana_den_na_pso.html | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 28/2/2014, 14:15 | |
| | |
|
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 28/2/2014, 14:46 | |
| | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 28/2/2014, 14:48 | |
| Не,само има блиц појше сликава | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 28/2/2014, 14:56 | |
| | |
|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 28/2/2014, 14:57 | |
| | |
|
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 28/2/2014, 18:03 | |
| Ако не се лажам, на ниту една од фотографиите го нема министерот Таладин. ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) 28/2/2014, 18:23 | |
| Затоа е тука секретарот со врвно воено искуство. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) | |
| |
|