Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )

Go down 
+46
Спенсер
dzole
darkness
Momak od Gjorce
Panter
JKD
SIG
apajko
РИС
BABUN
Stamenov
Dejan N
ESN
tose
Smrtnikot
assasian
beowulf
Legija91
volcko1
IgorM
Iko
MatrinJ
Mrshajnoski
viktor
leopard
marijana
Goust
tigar
Alvar
Subzero
Генерал
dejand
Зоран
Vitoria
filip555
Desperado
glorijamk
tonin
Волчко
Тачка
Wolf
Profesionalec
diverzant
Makedon
1
AlexGreat
50 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 61 ... 100  Next
АвторПорака
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty5/1/2013, 20:07

Во текот на работниот ден, војниците имаат 2 часа за спорт, ваљда затоа играат фудбал. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty6/1/2013, 11:01

Momak od Gjorce навистина ме изненадува ова твое размислување. За човек кој се е долго време по форумиве не би требало така да размислуваш. Секој сегмент од АРМ си има своја улога и не се може без ниту еден дел. Во однос на професионализацијата или регрутите дефинитивни професионализацијата е далеку подобра. Регрутниот систем треба да се воведе да исклучиво за обука на младите а не и да ја потпираме целосната одбрана на тој систем.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty6/1/2013, 11:34

Конкретно, во нашиов случај, јас не гледам во што се ПФВ поспремни од еден регрут кој ќе ја помине 6 месечна или 9 месечна обука.

Сум да има професионална војска но воедно да постои и регрутација до 20%. Овој заклучок го носам само од физичкиот изглед и претпоставката за спремноста со оглед на него на припадниците. Едноставно не ми изгледаат како луѓе кои имаат константна обука и мислам дека во некаква вежба на пример со УС Арми, во симулиран ограничен дуел, нашиве нажалост дебело би попушиле поради тоа.

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty6/1/2013, 11:59

Momak od Gjorce напиша:
Не сте ме разбравте, јас сум само ПСО (Волци,Ренџери, Воена олиција да не ги набројувам) и пилотите да земаат плата и да бидат платена војска... остала армија да биде регрути, која ке се менува на 3 или пак 6 месеци... за џабе земаат ОНИ (остала багра) плата на работа играат фудбал... немаат скоро никакви активности... со тоа ке се намали процентот од буџетот наменет за плата од 95% на едно 20/25 % и со парите што биле наменети за плати ке се купи воена опрема... ама и не иде сега на улица да се остават 5/6000 луѓе... ако не се лажам годишно на еден војник се трошат 8000 евра...

Немаат активности бидејќи немаат современи борбени средства на кои би се обучувале.
Да ги имаат, и да нон стоп имаат практични (реални) вежби и обуки на нив... веројатно помалце ќе играат и фудбал. Smile
Значи ни треба многу поголем воен буџет од сегашниов (во корелација со опасностите во регионот каде се наоѓаме), помош од самата влада во купување на средства со пари обезбедени надвор од воениот буџет.
И да, се согласувам дека многу повеќе треба да ја истрчаат војскава... има доста гудиња во нејзините редови.
Како и да е, ми се чини терминот Багра сепак е преоштар за припадниците на АРМ надвор од пСО.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty8/1/2013, 01:13

Знам дека ова е форум и секој има право да си го каже своето мислење околку некоја дискусија. Но, кој не е добро упатен во некои реботи и не ги разбира, подобро да праша отколку да дава предлози и да кажува што треба а што не. Momak od gjorce nemoj da me svatis pogresno so dobra namera ova go kazuvam bidejki mislam deka dolgo vreme si na forumov e ne ocekuvav vakva replika od tvoja strana. I moram da si go kazam moeto mislenje vo vrska so diskusijata a toa e deka na makedonija i se potrebni regruti, poradi povekje pricini ke navedam nekoi:
1---Celata makedonska mladina neznae da koristi oruzje. (ova e vazno bidejki nikoj neznae kakvi predizvici ni nosi idninata) nedaj boze da fati kakva bilo vojna, jas stvarno neznam kako vo armijata ke zemat togas vojnici mladi a neznaat puska da drzat vrace.
2---Vo bilo koja armija (clenka na nato) ne e vo celost ukinat voeniot rok mozebi ima mali isklucoci no ne veruvam
3---VOeniot rok ke gi nauci mladite ne samo da rakovodat so oruzje tuku i so toa ke stanat polojalni clenovi na opsestvoto i lugje koi se spremni vo sekoe vreme da se mobiliziraat.
4---Ke se zastedat pari vo budzetot na MORM, koi istite ke se se kanaliziraat za modernizacija na armijata.
5--- SO STO KE SE POPOLNI REZERVATA NA ARM I MVR VO NAREDNITE 10-15 GODINI (KOGA NIKOJ NEMA DA IMA PUSKA FATENO VO RAKA, NEMA PUSKA I PISTOL RASKLOPENO VO ZIVOTOT, NEMA DA ZNAE STO E POIMOT KALIBAR, NEMA DISCIPLINA I ODGOVORNOST I NAVIKI ZA IZVRSUVANJE NA NAREDBI,NEZNAE STO E MAJOR A STO OFICER I STARESINA, NEZNAE STO E VOD, CETA, BRIGADA I STO USTE NE)
Smetam dokolku odsluzuvanjeto voen rok e drzaven interes toa ke bide realizirano po sekoja cena, i tuka nema da odlucuva niti MrBesimi niti nekoj drug orel.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty8/1/2013, 14:46

Mrshajnoski зато јас сум за враќање на воен рок истото ти што го напиша јас го мислам,замислете од 2004/5 година се укина задолжителена воена злужба,што значи дека од тогаш до сега скоро 10 генерации македонци се БЕС воена обука...недај боже да се пофтори 2001 ке биде многу полошо,со војска 7000 од кои 25% од старт избришетеги,ни остануваат околу 5200 луќе,со олку држава не се брани...

Wolf пола фамилија ми е во АРМ и МВР знам што како прават на работа...може имаат два саати на работа за спорт и спорцки активности но вистината е таа една недела се на работа две недели дома...што прават по цел ден во касарна ?
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty8/1/2013, 15:06

Па не се војниците криви за тоа, од министерството прекинаа да плаќаат за стража и за дневници и слободни денови им даваа, ти сакаш да се укине војската и да се истераат на улица 7.000 војници, добар дел од тие се искусни војници што биле и во 2001 и барем по еднаш во Авганистан\Ирак, сето ова сега што се прави не е дека и е гајле на државата за младите него ке се намалат трошоците а нив тоа им одговара.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty8/1/2013, 19:59

Wolf напиша:
Па не се војниците криви за тоа, од министерството прекинаа да плаќаат за стража и за дневници и слободни денови им даваа, ти сакаш да се укине војската и да се истераат на улица 7.000 војници, добар дел од тие се искусни војници што биле и во 2001 и барем по еднаш во Авганистан\Ирак, сето ова сега што се прави не е дека и е гајле на државата за младите него ке се намалат трошоците а нив тоа им одговара.

Ни малку сакам на улица да се остават 7000 војници и нивните фамилии,дури овој проблем го напишал на предходната страна...
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Армиските „Волци“ заедно со американски војници на   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty6/2/2013, 14:56

Припадниците на специјалната единица на АРМ „Волци“ и од 10 - та група на специјалните сили од вооружените сили на САД денеска презентираа дел од 11-та заедничка обука во зимски услови што ја спроведуваат на Шар Планина, пред министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и заменик-амбасадорот на САД во Република Македонија Брајан Агелер.

Организација на привремена база на снег, патролирање на снег со скии и кожи, симулирање на пребарување и спасување лица и опрема во лавина, со бипери „Баривокс“, како и евакуација и реанимација на затрупани лица, беа работните точки што ги изведоа во рамки на обуката која ќе продолжи и на АП „Криволак“.

Министерот Бесими нагласи дека ова е проект во рамки на соработката со САД, со кои имаме долгорочно стратешко партнерство на патот на осовременување на АРМ согласно највисоките стандарди на НАТО.

- Кога ние говориме дека секој ден работиме на членството на НАТО и секој ден сме чекор поблиску, тоа се однесува токму на вакви подготовки. Ова што денеска го правиме е пред се за мировната мисија на АРМ како на домашен, така и на меѓународен план, изјави Бесими, додавајќи оти АРМ придонесува за глобалниот мир, а во мировните мисии ги има достигнато највисоките резултати и признанија.

Упатувајќи благодарност до САД за поддршката што ја дава за Македонија односно за АРМ, Бесими потсети дека од 1993 година досега вкупната американска поддршка изнесува 130 милиони долари, а над 300 припадници на АРМ се обучени во високите воени школи на САД.

Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Котески информира дека во текот на 2013 година припадниците на АРМ ќе изведуваат поголем број заеднички вежби со армиите на земјите-членки на НАТО, но и земјите партнери кои не се членки на Алијансата.

- Единиците на АРМ ќе изведуваат обуки на целата територија на Република Македонија со цел да го запознаат теренот, но и да ја развиваат координацијата со локалните институции надлежни за одбраната и безбедноста, изјави Котески.

Заменик амбасадорот Агелер посочувајќи оти војниците од Македонија и од Амерка се на Шапка рамо до рамо, како што рече, исто како во Авганистан, подвлече оти е очигледно дека имаме многу предизвици во светот, но истовремено и многу успеси во заедничката работа.

- Партнерството меѓу Македонија и САД има многу аспекти. Ова денеска е само еден одличен пример и се надевам дека во иднина ќе имаме многу повеќе вежби тука во Македонија, изјави американскиот заменик амбасадор.

Според командантот на Полкот за специјални операции полковник Павле Арсовски, секогаш целта на оваа обука е да се разменат искуства, усовршување и унапредување на постапките и процедурите, тактиките и техниките, како и можност да се научи нешто ново. Арсовски изрази задоволство што имаат можност да работат заедно со специјалните единици на САД.

За Џон Хеген од специјалните единици на САД, заедничката обука на Шапка во зимски услови е секогаш предизвик и претставува големо искуство.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty6/2/2013, 16:52

пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 D89F41D19259BC48B37511509A3ABA43пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 1AD5ADF5CC83B745B8793A6E6624286FпСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 9892C1B553FF9A46AF5CBE9C30521B05пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 4AA019196DCC1F4CAFE745981BF4F9F7
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty
ПишувањеПредмет: Re: пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )   пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон ) - Page 23 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
пСО ( БСН „Волци„ и Ренџерски батаљон )
Вратете се на почетокот 
Страна 23 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 61 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Војник по договор - работа

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: